1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Самодоверба

Дискусија во 'Психологија' започната од Schmetterling, 21 декември 2009.

  1. JustBeYou

    JustBeYou Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    490
    Пол:
    Женски

    Недостаток на самодоверба !? Женските не смеат да имаат недостаток на тоа поле ... А кога го имаат утредента им поминува. Секоја жена е сакана, всушност секој човек на овој свет е сакан, барем од двајца :) :inlove:
    Довербата искрено сметам дека е битен фактор во текот на нашите животи од причина шо тоа не поттикнува, не прави горди, убави, насмеани ... Се она што треба да го поседуваме ...
     
  2. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Самодовербата тешко се стекнува, а лесно се губи.
    Многу е важно да имаме самодоверба во себе, самодовербата не се стекнува толку брзо со тоа што некој ќе ти рече дека си убава, дека не треба да се секираш имаш 10-ка тело, или пак имаш 300 лајкови на профилната.
    Тебе можат да ти викаат дека си убава и на 15 кила вишок, ама ако имаш своја самодоверба и ако си се прифатиш таква каква што си нема тоа да ти пречи. Има некои кои што пукаат од самодоверба и не ги интересира што ќе речат другите дали имаат вишок кила, фустанот не им одговарал, шминката била нападна, штиклите вакви, ташната онаква, главата горе, не се замараат и си тераат гордо, еден :clap: за нив.
    Еве неколку корисни совети:
    Набилдајте ја својата самодоверба

    Секој од нас има комплекси со кои се бори и кои еднаш месечно испливуваат на површина и ја рушат самодовербата.
    Но тоа не мора да биде така, ви откриваме како да ја “набилдате” својата самодоверба.
    Прекријте ги недостатоците на лицето
    Секојдневно користете коректор. Не служи само за прикривање на темните кругови околу очите, туку и за коригирање на стратешките места со што ќе го подобрите целокупниот изглед на вашето лице.
    Нанесете го на надворешните и внатрешните агли на очите, надворешниот дел на носот и надворешниот дел на усните.
    Понастрана од огледалото
    Истражувањата покажаа дека жените кои премногу време минуваат пред огледало и го проучуваат секој свој недостаток стануваат незадоволни. Тоа никако не значи дека не треба да се грижите за својот изглед, туку негата нека биде умерена.
    Исправете се
    Дури и познатите манекенки кои имаат совршено тело пред да излезат на пистата го користат овој трик за да ја напумпаат својата самодоверба.
    Исправете го `рбетот, издолжете го вратот, рамената зафрлете ги наназад и истакнете ги своите гради.
    Ставете малку боја на лицето
    Потемен тен изгледа поздраво отколку бледото лице со подочници, но без претерување. Во вашата хидратантна крема ставете неколку капки од кремата за самопотемнување. Тоа ќе биде доволно за да му ја вратите свежината на лицето. Ако користите руменило изберете бронзени нијанси и со голема четка нанесете на двете страни на лицето, на челото и на брадата.
    Променете ја бојата на косата
    Истражувањата покажуваат дека жените кои одвреме на време ја менуваат бојата или нијансата на косата имаат поголема самодоверба. И најмалата промена што ќе ја направите на вашата коса позитивно ќе влијае на вас.
    Исчистете го паричникот
    Не станува збор за шопинг, туку за буквално чистење. Одвојте време и исфрлете ги сите непотребни работи од вашиот паричник – визитки, сметки, пораки. Експертите велат дека ова позитивно ќе влијае, па ќе почувствувате контрола над животот.
    Парфемот симнува килограми
    Научно е докажано дека жените кои користат цветен парфем изгледаат послаби одошто навистина се. Ако мислите дека имате некој килограм повеќе пробајте го овој трик.
    Гледајте ги луѓето во очи
    Ако разговарате со некој, гледајте го право во очи. Ова ќе ја нагласи вашата самодоверба и ќе ја сокрие непријатноста и несигурноста што ја чувствувате.
    Не седете подгрбавено
    Покрај тоа што ова му штети на вашиот `рбет и може да ви предизвика болки во грбот, подгрбавеното седење може да предизвика чувство на незадоволство и недостаток на самодоверба. Пробајте да се сетите на ова додека седите на компјутер или додека пиете кафе.
    Ослободете се од облеката што не ја носите
    Во плакарот имате облека што не ја носите или едноставно не ви е повеќе точна – подарете ја некому. Вам ќе ви остане она позитивно чувство дека сте направиле добро дело.
    Шопинг
    Екстремното решение за сите женски проблеми. Ситници како што се обетки, шминки, ремен и марама можат за момент да го подобрат вашето расположение.
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. WhatDreamsMayCome

    WhatDreamsMayCome Активен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    5
    Ако индиректно го сфати тоа од мојот текст, се извинувам. Јас само кажав дека недостатокот на самодоверба може да доведе до избрзани и не баш паметни одлуки.
    Не мислам дека инстант дечко ќе ја подобри самодовербата, моментално можеби, но на долги стази може да има и контра ефект. Ако тргнеш од фактот дека ти треба дечко за да ти биде подобро, што ќе правиш кога ќе го нема или кога нема да ги исполни очекувањата?
     
    На samanthago му/ѝ се допаѓа ова.
  4. WhatDreamsMayCome

    WhatDreamsMayCome Активен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    5
    И уште нешто. Психологот не смее да дава совети, туку да ти помогне да сфатиш што е најдобро за тебе. Она што за мене е добар совет, може за тебе да биде катастрофален.
     
  5. Cloee

    Cloee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    35
    Немам самодоверба и не верувам дека во брзо време ке ја стекнам.Мислам дека самодовербата се стекнува кога ке се видиш во огледало и ке бидеш задоволна од тоа што го гледаш.Комплиментите можеби некогаш и некому помагаат,но се зависи и од многу други работи.Еве мене пример џабе и колку да ми зборат колку сум убава или не,единствено мислење што ми е битно е моето и никој не може да ми го смени.Се додека јас не бидам задоволна од тоа како изгледам нема да имам самодоверба.
     
  6. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Поголем пример за самодоверба...
    Да немал самодоверба немало да се пријави да се натпреварува со мускулести и стегнати мажи, а притоа да знае дека нема шанса, ама сепак битно е да се учествува.. :)
    А вие сте немале самодоверба, пфф... |(
    [​IMG]
     
  7. si.exs

    si.exs Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    140
    Сметам дека самодовербата не се гради доколку ги ПРИКРИВАШ недостатоците.Туку само ако се СООЧИШ со нив и се прифатиш таква каква што си.
    Совети од типот среди се ,нашминкај се,облечи се во нешто што ги истакнува твоите делови од телото кои ги сакаш...сметам дека е привремена самодоверба. :)
    Сакам да кажам дека луѓето кои направиле естетски операции,ставиле силикони на г*з,ц*цки не можат да ме убедуваат дека имале самодоверба. :!: Таквите личности ги сметам за личности кои не можат да се соочат со проблемот.

    Додека пак,работи кои по природен пат можеш да ги постигниш како пример слабеење,не прифаќам совети од типот прифати се дебела.КОга всушност тебе ти тежи салото ,пукаат фармерките,стомакот го прекриваш со широки маици.Како би можела да се чувствуваш убаво,м? Едно големо НЕ,за неприфаќањето на одговорноста кон себе.На должноста која ја имаме-да се грижиме за нашето тело и здравје. :)
     
    На Sara123 и la-lita-e им се допаѓа ова.
  8. WhatDreamsMayCome

    WhatDreamsMayCome Активен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    5
    СЕ СОГЛАСУВАМ СО СЕ, ОСВЕН СО ДЕЛОТ ДЕКА НЕ МОЖЕШ ДА СЕ САКАШ АКО СИ ДЕБЕЛ. МЕНЕ ЛИЧНО ПРЕМНОГУ СЛАБИ ЛУЃЕ МИ ДЕЛУВААТ ИЗГЛАДНЕТО И НАМАЧЕНО
     
  9. debela123

    debela123 Активен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    5
    неколку совети би ми дошле добро :) откако се здебелив цели 10 кг немам воопшто самодоверба во себе се мислам дека се врти околку мојата тежина,не искачам затоа што се чуствувам предебела мислам дека секој што ке се насмее мене ми се смее , се што ке облечам ми смета премногу ми е тешко можам да паднам во депресија кога сакам :D хахахаха барем тоа можам се се врти околу мојата тежина неможам да се засакам себеси си каква што сум затоа неможам ни да им дозволам најверојатно ни на другите да ме засакат немам дечко мислам дека нема ни да си фатам затоа што се осеќам премногу дебела се обидувам да ослабам ама некако премногу слабо ми иде некогаш мислам дека најубаво е да не постојам ,немам храброст на кого да му го кажам ова па затоа тука го пишав
    позз :*
     
  10. Emche-kremche

    Emche-kremche Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    112
    Ако ти самата не се сакаш не треба од другите тоа да го очекуваш.И јас сум дебела (не мн,ама сум) еве сега сум на диета.Не треба да се секираш за нешто што има решение,започни некоја диета,вежбај и ке ослабеш,тоа лесно се средува,ама самодовербата тешко.
    Јас+самодоверба=катастрофа.Ете немам самодоверба,не дека сум дебела и нема да си фатам дечко,не ни сакам дечко,никогаш во животот,ама ете потојат др причини заради кои што немам самодоверба и тоа ми е голем проблем.
     
  11. debela123

    debela123 Активен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    5
    ради кои причини неемаш ти самодоверба се надевам дека барем на тебе ќе ти помогнам ако неможам на себеси можеби ке можам да ти помогнам на тебе ,единственото нешто добро кај мене е тоа што на сите им помагам ако сакаш пиши ми во лп
     
  12. Mia-K

    Mia-K Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    721
    Допаѓања:
    310
    Пол:
    Женски
    Јас нај искрено немам самодоверба во себе,можда нема ни да имам!
    Бидејќи имам пеги на лицето ми е срам од сите,се чувствувам дека не сум како сите останати. :((
    Сите ми викаат дека сум убава но не им верувам(своја глава),демек ми стоеле пеги!
    КАКО НЕ!
     
  13. machhe

    machhe Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    951
    Да се има самодоверба е навистина тешко мислам за мене,јас искрено немам самодоверба :\
     
    На love93 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Shortie

    Shortie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2011
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    71
    Пол:
    Женски
    Гледај го тоа што е околу тебе,што твоите очи можат да го видат и фатат,ти си посматрачот а можеш да бидеш и главната улога во филмот наречен живот.Знај дека ти си креаторот на тоа совршено ремек дело.И учествувај активно во тоа што сам си го создал пред тебе.Учи од грешките на луѓето и поправај се самиот .Само така ќе научиш да се љубиш самиот себе(САМОДОВЕРБА) <3
     
  15. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Јас имам многу голема самодоверба во себе.Си верувам самата себеси,што да кажам,што правам и како постапувам.А си се држам во свој стил и не ми е гајле друѓите што мислат за мене или дали ме свиѓаат.Важно јас кога сама си имам самодоверба во себе а никој друг не слушам!!!
     
  16. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    самодовербата моментално ми е на нула,можеби и испод нула :) ,можеби од некои работи што ми се случија во последно време,а и домашниве имаат голем придонес за тоа,на пр. татко ми како да се плаши да ме пофали во нешто(а добра сум си,си работам,заработувам и многу пати ги имам извлечено од калта,се запишав и на факс сега оти немаа пари да ме издржуват порано а сега сама си се издржувам,сум се откажувала од својата срека само за да не ги посрамотам),само ми повторува дека сум била себична,мрзелива,од мала ми зборува дека за ништо нема да ме биде,дека сум паразит,ваква онаква,иако секогаш бев подобра од другите во околината :wasntme: и свесна сум за тоа,моиве дома никогаш ме немат пофалено,да беа поинакви до сега ке имав постигнато мн.повеке и ке бев посрекна ;( ,а овој тегавецот од брат секогаш бев подобра од него и се трудеше и се труди во секоја прилика да ме навреди,смотана,никаква,најзапеза,најникаква,овца,коза и многу други животни
    кој и да е на мое место тешко дека би имал самодоверба
     
  17. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    1.835
    Како мала до 7 години многу сум зборувала со луѓе, се што ми одело на памет ми излагало од уста, со сите луѓе сум зборела. Но, понатаму се повеќе се затварав во себе, не зборев, не искажував чувства, цело време си оставав тоа што ме мачи, па и тоа што ме радува да остане во мене. Ниту со родители, ниту со други луѓе не бев опуштена да зборам за било што што е поврзано со моите мисли (со она ја што го мислам и што го чуствувам), освен со една другарка која ја имав од мала, па се до 14-15 години, бидејќи ми беше како сестра (имам пишувано мислам дека за неа тука). И вака си бев до пред 1-2 години, почнав малку да се опуштам. Сега сум супер во споредба со порано каква бев, но сакам уште повеќе да се опуштам. Уште ме мачи тоа да одговарам пред цел клас (кога одговарам добивам многу ниски оцени, но кога е писмено оценката ми е многу повисока од усната), уште ми е незгодно во некои ситуации. Додека зборам си мислам во себе леле што ако кажам нешто па сите ми се смеат, или што ако направам нешто па ќе ме памтат цело време по тоа (се помалку си мислам вака, ама сепак постојат моменти посебно кога пред повеќе луѓе, што не ги знам и ме гледаат вака :^) треба да се искажам за нешто). Имам размислувано зошто вака правам и секогаш истиот одговор ми доаѓа на памет, а тоа е во основно ( мислам дека беше или 3 или 4 одделение) наставничката ме посрамоти пред цел клас, па и уште ме потегна за косата, поточно од страните на косата каде што најмногу боли. Не ја памтам причината зошто ми го направи тоа, ама знам дека освен тие што ми беа во одделение никој друг не знаеше, т.е. никој уште не знае освен сега вие тука. Не е којзнае што да ми се случило па да ми остави белег до крај на животот, ама секогаш кога ќе се прашувам вака ми е во сеќавање сликата како сите ми се смееа и како бев понижена (освен тогаш никогаш друг пат не сум била понижена, посебно не пред повеќе луѓе). Сега не ми е битно, тоа што се случило се случило, не ми текнува на тоа, сеедно ми е вака како збор, ама мислам дека ептен длабоко во мене тој ден нешто се сменило. Не глумам сега нешто дека сум трпела злоупотреби незнам какви, ама ете. Има тема на форумов за повлеченост во себе, има за молчаливост, ама јас сметав тука да пишам бидејќи можеби ми се нарушила самодовербата. Не е дека тотално не верувам во себе, си се сакам самата себе каква сум, се прифаќам и сум океј за сите други мои несовршености и совршености, знам дека не можам да бидам некоја друга личност, ама за вакви работи сакам да се сменам очајно. Благодарение :lol: до една другарка и дечко ми прилично многу се опуштив (за разлика од порано нели), ама сакам уште повеќе. Сакам да не ми е гајле дали и што некој ќе мисли, сакам да бидам слободна да го кажам тоа што го мислам и да правам тоа што чуствувам. Значи не пишувам за да се испразнам или нешто слично сакам да ми дадете совет што да направам. Сакам да бидам слободна кога одговарам во школо (макар последнава година од средно да ми биде добра), сакам да покажувам и кажувам повеќе чуства кон дечко ми и кон родителите, па и другарките. Сакам да знаат дека сум искрена спрема нив (а можеби сега уште не го знаат тоа). Значи имам доверба во нив, знам дека бар они нема да ме повредат, навредат и слично, ама кога ќе дојде до некој момент некогаш-не секогаш се кочам. Очајно сакам да се опуштам, се трудам секој ден постигнувам нешто, но малце. Можеби ваш совет ќе биде така малце по малце ќе успеам, да почекам време да помине уште малку, не знам, дајте ми совет било каков.
    Фала што издвоивте време да ме прочитате :) :hug:
     
    На Sara123 и PeaceLoveBasketball им се допаѓа ова.
  18. si.exs

    si.exs Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    140
    Има денови кога самодовербата ми е толку ниска ,што би сакала да ме проголта земјата. Да исчезнам некаде каде нема никого. Таму единствено се чувствувам најсигурно.
    Се плашам од луѓето,нивните постапки и однос спрема мене. Се осеќам мизерно. Тоа чувство е неописливо....Посебно тогаш кога јас треба да сум во центар на внимание. И кога сум присилена да правам нешто пред мнозина луѓе кои не ги познавам. Кошмар! :x
    Ме интересира баш дали уште некој го има тоа чувство и дали се справил со тек на време со него и како . :worried:
     
    На Sara123 и lola-86 им се допаѓа ова.
  19. x.bella.x

    x.bella.x Активен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    10
    Само дај ми добар парфем и високи штики и светот е мој :!: :lol:
    Најозбилно ова. Кога мирисам убаво и носам високи штикли фрчам самодоверба. Се осеќам моќно како да го имам цел свет во раце. :rock:
     
  20. Bubbi

    Bubbi Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    563
    si.exs да, и јас сум го имала тоа чуство, ама мислам дека тоа повеќе е прашање на срам и страв, измешано.
    Јас сум имала ден, т.е. денови кога не сум сакала за се изјаснам за нешто, за одредена тема, во друштво, зошто сум мислела дека со мојот исказ ќе лупнам некоја глупост или така ќе се избламирам што ќе бидам после мета на исмевање. Затоа понекогаш сум молчалива, и така љубезно и чисто од култура ставам насмевка на лице, колку за да останам во темата и кругот на дружење, и колку да не покажам дека ете самодовербата ми е пониска.
    А сум имала и ден, т.е. денови кога самодовербата вриштела од мене. Не дека сум била во центар на внимание, тоа никогаш и не го сакам, туку едноставно како некоја позитивна енергија зрачела од мене. А тогаш не прибирам многу-многу зборови, тоа што сакам да го кажам го кажувам гласно, а тоа што другите го кажуваат го слушам и меморирам но и не си го ставам при срце. Едноставно критиката (позитивна или негативна) или советот кажан од другите го примам, но не ми влијае многу на расположение или на размислување (на ставови и на психа). Е, да....тогаш зборам многу, и брзо и пафтам со рацете додека зборам....чисто за да ја доловам сликата на говорот :D

    Мислам дека градењето на самодоверба оди заедно во пакет со крадењето на карактер. Особините и ставовите кои една личност ги носи, ќе му ја зголемат самодовербата и проценката на способностите кој тој/таа сам/а може да ги поднесе.

    Кога бев помала и носев наочари, децата од одделение често знаеа да ми се смеат и да кажуваат одредени фрази (кои сега не ги памтам) што мене ме деморализираа. И дојдов дома неколку пати расплакана, знам дека и со моите правевме муабети (ми збореа на таа тема) и после одреден период, ич е ми беше гајле што тоа они зборат за мене. На тие деца не им давав да го препишат моето домашно :lol: ]:)
     
    На Sara123, si.exs и lola-86 им се допаѓа ова.