Самокритичност...некој ја има, некој не. Дали мислите дека е доблест или маана? Дали знаете одвреме навреме да си удрите шамар и да си кажете некоја критика? Дали претерувате во самокритикување? Како може да влијае самокритичноста на личноста? Повелете, дискутирајте
Самокритичноста е дефинитивно доблест. Добро е да знаеме навистина какви сме, за да можеме да се менуваме на подобро. Често сум самокритична, но тоа не го покажувам пред другите. Тоа го правам во себе или кога сум сама. Не сакам да покажам пред другите дека сум самокритична за да не си земат за слобода да ме критикуваат. Сакам сама да се оценам и да се поправам за да немаат таква можност. Никоја самокритичност не е претерана, додека е реална. Ако веќе претераме тоа е поради имање комплекси на пониска вредност. Сума сумарум, влијае само позитивно. Доколку е проследена со анализа на сопствените мани и нивна корекција.
Дали мислите дека е доблест или маана? па доблест е во секој случај....единствено ако се оди во крајност со самокритичност тогаш е веќе мана Дали знаете одвреме навреме да си удрите шамар и да си кажете некоја критика? ретко сакам да си признаам сама на себе иако ги согледувам работите за кои грешам....ама некако тешко е сам себе да се искритикуваш...не често ама така понекогаш знам да си се искритикувам :roll: Дали претерувате во самокритикување? не Како може да влијае самокритичноста на личноста? како што кажав погоре во постот позитивно влијае врз личноста која е самокритична и е доблест....само долколку е во граници на нормалата......се што е без претерување е во ред
Па јас сум самокритична,знам да си дадам критика и да признаам за некоја грешка,реално гледам на стварите кога нешто сум направила лошо,и кога нешто правам добро,и се трудам некои работи да ги сменам на подобро,мислам дека е пожелно секој човек да ја има оваа доблест само не претерано затоа што се што е претерано и не чини
Уф...да ,сум самокритична на моменти,ама кога ептен не сакам друг да ми посочи на грешката.И мислам дека добро е да бидеш самокритичен,сепак се знае кои се границите на величање на работите што сами ги правиме.Сите знаеме да згрешиме,па добро е да си согледаме каде и зошто е тоа.И мислам дека ако не сме воопшто самокритични...еее тогаш тоа веќе преминува во нарцисоидност.
Луѓето што не се самокритични не можат да напредуваат, бидејќи не можат да се согледаат какви се навистина и да се поправат. Нормално дека самокритичноста е доблест и ни помага да согледаме каде грешиме, да се поправиме и да продолжиме напред.
Самокритичноста ја поседувам и мислам дека ми е доблест.Знам да се самокритикувам, нечекам некој друг да ме критикува, мислам човек што самиот се критикува е свесен човек и може да ги увиде своите грешки и да ги признае, најпрво на себе си , а потоа ако треба и на другите.Умерено критикување, зашто па и да си претерано самокритичен и тоа нечини се нешто ќе наогаш што ти смета и тоа преминува во мана.Позитивно влијае на личноста доколку е умерена , но не секогаш треба да покажуваме дека сме самокритични (ако на пример самокритичноста некому е слаба точка) не треба луѓето да ја знаат слабата точка зашто можат да ја искористат.
Самокритична сум и тоа го сметам за маана затоа што стварно имам многу ниска самодоверба и за се се критикувам...незнам више што да правам
Дали мислите дека е доблест или маана? - Мислам дека самокритичноста во секој случај е доблест и е нормално секој човек по малку да ја има.НО,секако во границите на нормалата бидејки се што е претерано не е добро Дали знаете одвреме навреме да си удрите шамар и да си кажете некоја критика? Па знам и тоа често,но сепак мислам дека со тоа само си укажувам на грешките и спречувам повторно да ги повторам истите.Така да,мислам дека е добро што сум самокритична Дали претерувате во самокритикување? Па бидејќи сум девица во хороскоп ќе кажам ДА! Тоа е карактеристично за нас-Самокритични и никогаш задоволни Како може да влијае самокритичноста на личноста? Па како што реков мислам дека позитивно.Бидејки е подобро човек и да ги критикува своите постапки кога греши а не секогаш да биде задоволен од себе -па дури и кога греши
Дали мислите дека е доблест или маана? Понекогаш доблест понекогаш маана. Доблест бидејќи ти помага да се усовршиш, маана бидејќи понекогаш може благодарение на самокритичноста да се намали самодовербата Дали знаете одвреме навреме да си удрите шамар и да си кажете некоја критика? Многу често си удирам шамар ама подобро сама да си удрам него ли некој друг да ми удри Дали претерувате во самокритикување? Да! Само што тоа никогаш не го покажувам пред другите Како може да влијае самокритичноста на личноста? одговорено во првото прашање
Самокритична..да,и тоа често.. Некогаш некои работи не сакам сама да ги согледам па треба други да ме критикуваат за тоа,а некогаш некои работи си ги критикувам самата и тоа премногу.. Но,гледам дека ништо нема да биде ако само се самокритикувам а ништо не превземам за тоа.Затоа,место да губам цел ден да се критикувам каква сум,ќе пробам да го сменам тоа. Искрено,самокритичноста е добра во умереност зашто можеш да станеш невротичен, како шо знам и јас да бидам на моменти.
самокритична сум, и често го споделувам и пред други..дури некогаш и кога не треба се трудам да го поправам тоа што не ми се допаѓа кај себе но не ми успева секогаш..
Да не ви даде господ ваква самокритичност како мојата затоа што не е на арно Секогаш го барам виновникот во мене, а и до мене е. Кога ќе прелее чашата знам да си кажам. Кој како ќе си нареди. Епа твоето Пинк не си си го наредила и сега трпи си. Не ја победувам оваа состојба и факт е дека секогаш ќе наоѓам маана во себе. Понекогаш од чиста причина што ми е жал другиот да го обвинувам. И тоа мое сожалување крајно ме нервира. Мислам дека тоа може ми е од мајка ми затоа што знае доста да ме искритикува, а само така кај мене се добиваат резултати. Како оваа оценка си ја добила. Епа кога не учиш, наставниците ти се криви. Ти не си седнала и да загрееш столче, само слаби оценки носиш. или Зошто ова не е на место ? Нема да добиеш веќе пари. Ама и токму тоа ме научило на прецизно, одговорно и навремено завршување на работите
Сметам претставува доблест. Секако, човек мора да си ги знае границите кон ова прашање. Самокритична сум, многу, перфекционист, го сметам ова нешто за добро.
јас повеќе мислам дека е мана. добро сега може да бидеш амлку самокритичен, ама не ко мене премногу-.- ептен сум самокритична, секогаш ја барфам вината во себе не во другите , постојано се критикувам и моите ми велат дека нечини ама пак јас тврдоглава-.-
Јас спаѓам во исклучително самокритични личности и не навлегувам во тоа дали е доблест или маана, едноставно знам дека понекогаш ми пречи. Секогаш гледам да ја видам сопствената вина често и си ја наметнувам како можно сценарио,дури и кога навидум ја нема.Воопшто знам да претерувам со анализи и синтези и разно-разни тези и мисловни апстракции и конкретизации онака како мозочна фитнес рутина ми е тоа.Ама секогаш разгледувајќи ги од сите агли нештата дури и кога објективно знам дека другите се виновни еве ако конкретно нешто ми рекле јас ги премотувам сите разговори кои сум ги водела со конкретната личност бидејќи се прашувам со што,кога,каде и зошто па макар и во минатото сум ја навела на таква реакција во сегашноста.Реално ова е често пати тотално непотребно и ми троши многу мисловна енергија залудно,но не можам да си помогнам себеси,посилно е од мене. Инаку сметам дека без никаква самокритичност се емотивно и мисловно незрелите луѓе кои како лесно достапен одбранбен механизам го користат трансферот на својот неуспех кон околината,со тоа сметајќи дека се измиле од него.Тоа е на некој начин и жално,бидејќи таквото постапување го задржуваат до крајот на животот,еве конкретно еден стар човек на работа почна да негодува бидејќи се удрил во еден предмет зошто бил таму поставен,а локацијата на предметот не беше погрешна.Тоа е типичен пример на несамокритичен човек кој цел живот мора да бил таков.Бидејќи созреана личност прво ќе се обвини себеси за својата невнимателност и погрешна проценка во просторот ако се удри во нешто,бидејќи ајде овде станува збор за предмет поставен од други луѓе,меѓутоа и на некое дрво утре да се удри ќе пцуе и ќе му е криво дрвото нели што се нашло на неговиот пат. Искрено сум сведок на голем број луѓе кои имаат дефицит на оваа особина и често кукаат како Петко,Трајко или Славко или владата или некој минат систем или што ти знам јас кој е виновникот и се само со вперени прсти кон некого како првачиња кои тужакаат на учителката „тој беше,тој е крив,не бев јас„.Во ред не велам дека некогаш вината не е во други личности или настани или виша сила,меѓутоа ако за буквално секој неуспех се обвинува некој однадвор станува збор за дефект одвнатре на конкретната личност бидејќи нема шанса да немаме вина за ништо и никогаш.Ако пак е така трк по ореолот и извинете што сум се огрешила во вашата пресветост, .
Дали е доблест или мана? Па би рекла дека е доблест, но во мојот случај ми е голема мана. Претерувам со самокритичноста. Знам да се критикувам до тој степен дека сум одбивна, здодевна и никаква личност. Ич не ја сакам оваа особина, иш! Во овој дел најмногу се пронајдов, ма иста ја.
Мм, не можам да кажам дека сум премногу самокритична личност. Секогаш мислам дека можам подобро, да, но задоволна сум и од она што сум го направила. Знам да си увидам грешка, маана ми е што не секогаш го признавам тоа пред другите (битно мене во совеста ми е удрена рецка дека сум згрешила, па јанѕа ме јаде пред спиење), ама знам да пресечам или одбегнам тема што се однесува на тоа. Гледано од другата страна на паричката, многумина почнаа самокритичноста да ја користат за да си ја нахранат вечната потреба за внимание, па ја модифицираат до форма на некое самосожалување и fishing for compliments. Па офкаат, лелекаат, како ништо не можат да направат како што треба, а всуштност само пробуваат да добијат афирмација за она што го прават.
многу сум самокритична маана е, но не треба другите да го препознаат тоа, ке мислат дека си несигурна и тоа не е добро
На прашањето дали е доблест или маана би рекла дека повеќе работи се добри доколку се умерени. Често си кажувам критики, секојдневно. Претерано сум самокритична. Во мојот случај влијае негативно, самодовербата и не ми е на завидно ниво. Порано беше добро, но сега како растам, се` повеќе и повеќе ја губам самодовербата. Се` е поради мојата самокритичност.