Премногу сум самокритична, што понекогаш дури ми влијае на самодовербата. Во одредена доза самокритичноста е доблест, но мене ми е мана зошто понекогаш стварно претерувам
Самокритичноста ако не ја преминува црвената линија, тогаш е доблест. Треба да се цениш самиот себе, но воедно и да си ги знаеш своите мани и да не ги истакнуваш пред други луѓе. Кога си затворен во соба, пред огледало сам, тогаш кажи си дека имаш и целулит, ваква ти е косата, такви ти се нозете.. битно самиот си свесен за своите мани. А додека ако ги искажуваш пред луѓето треба да очекуваш и да те сожалуваат, па и да те навредат(сакајки или несакајки). Јас кој самата себе сум строга во критикувањето, ама пред другите можам и да се преценам .
- ја имам за жал -мислам дека е маана -знам да си удрам шамар и да си кажам критика многу често -сепак мислам дека не претерувам -кај мене мислам дека влијае на тој начин што ме прави наивна и што другите од тоа гледдат да извлечат некаква корист
Самокритична сум премногу,и ја мразам таа особина кај мене затоа што е многу изразена,а и ми смета најискрено.Сакам да го сменам тоа...на ситници многу ставам пажња,ако ноктите некогаш ете се деси не ми се баш тазе налакирани(а секогаш ми се средени 99%)па некогаш нормално е да немаш време,сите имаме безброј обврски и сл.и јас се нервирам на пример ноктите ги спомнав онака за пример,или косата ми стрцело некое влакненце или незнам што...а бе за глупости тотално,и паметот тука ми е и неможзам да се опуштам како што сакам и сл.кај мене веќе се плашам дека би можело да ја премине границата Многу сум ситничар,а не е убаво така за менталното здравје,сакам се на место да биде,воопшто така сум навикната,и ми смета многу,и во такви момети сум многу самокритична-претерано.Се повредувам самата себеси...како што созревам се повеќе се спознавам себеси и можам да се дефинирам,да кажам што сакам што не,што е убаво што е лошо(за мене),,,да требаше да ги кажам овие работи пред 4,5 год.немаше да можам да одговорам и да се дефинирам.Постепено човек нормално е значи да се спознава,да се изградува и да се стреми колку толку да го менува тоа што мисли дека е неубаво и да му пречи низ животот. ДАЛИ НА НЕКОЈ МУ СЕ СЛУЧУВА ОВА СО САМОКРИТИЧНОСТА? ме загрижува во повеќето моменти.
Самокритичноста е, ај да кажам ок. Но на и да се претерува. Тогаш, од постојаното жалење на мааните, ќе прераснат во комплекси. Но некогаш е сосема ок, но нели, се што е претерано не е добро....
Самокритична сум, но до одредена граница. Не дозволувам тоа да ми влијае на самодовербата и да ми создаде комплекси. Ако сум навистина виновна, секогаш си признавам, прифаќам туѓи критики и совети, но без претерување.
Се согласувам со Hipica, самокритичноста е добра во зависност од случајот ! Сепак, има случаи кога треба да бидеме задоволни од себе !
Самокритичност... колку тоа лошо звучи... А кога малку повеќе ќе размислам.. Па тоа и не е така лошо како што го замислуваме. Замислете цел живот да правите лоши работи и да сте задоволни од тоа. Да немате грам грижа на совест. Замислете да не сте свесни за своите постапки, да бидете нарцизоидни без мера и секоја одлука да биде проследена од вашето срце. Спојлер И?! Што би настанало тогаш? Збрка во животот, во делата, збрка во умот.. Самокритичноста е добра. Самокритичноста е виша сила која не турка понатаму, без неа ние стоиме во едно ќоше без капка волја за понатаму. Самокритичноста е ѕвезда водилка. Самокритичност-rocks \m/
Самокритичност е доблест....но се со граница На некое наше направено дело добро е да се каже "можам јас и подобро", но не и да се префорсираме околу тоа!
Би рекла дека е доблест, но не би рекла дека не е мана! Секако дека е доблест, човек сам да си биде свесен за своите грешки, мани, способности, па ваљда таа свест за сопствените недостатоци би ја потикнала личноста да се стреми кон споствено усовршување и поправање на своите грешки! Но што кога самокритичноста негативно влијае врз самодовербата, изгледа во тие ситуации самокритичноста е всушност мана која негативно влијае врз личноста! За себе би рекла дека сум самокритична, понекогаш и повеќе од потребно, но од сопствено искуство се научив дека не секој заслужува пред него да биде искажана мојата самокритичност! Сум се нашла во ситуација кога критиките кои сама сум си ги упатила да ги злоупотребат за туѓо задоволство! Сега веќе внимавам пред кој ја покажувам мојата самокритичност! Зависно од тоа за кое подрачје од животот станува збор, јас сепак имам ситуации кога претерувам со самокритичност! Претерано самокиритчна сум кога се во прашање моите односи со семејството, претерано вината ја наоѓам во себе, претерано си наоѓам грешки во мене кога се во прашање семејните односи! Самокритичноста како особина на човекот во денешно време многу малку може да му биде од корист на човекот! Ретко кој цени способност кај др.луѓе за соспствено критикување и признавање на грешките! Многу повеќе се цени власт, моќ, пари отколку признавање на сопствените недостатоци! Она што ме вади од такт е тоа што многумина глумат лажна самокритичност! Истото го имам забележано и на форумот во темата Модни критики каде некоја типка со вкупно 50кг става слика на која изгледа многу слабо и вели ,,занемарете го вишокот, знам дека го имам ,, Лилееее! И ај не си пукни де! Јас таквата самокритичност ја сфаќам во смисла ,,јас сум слаба и згодна, па ај сега потврдете ми го моето мислење,, Е тоа ме нервира и ми се чини дека таквите лажни самокритичари се поопасни и од арогантно нарцисоидните створенија кои барем зрачат со самодоверба а не со лажна скормност! own:
Самокритична сум. Но, не во смисла дека во секоја ситуација ја барам вината во себе, туку постојано барам од себеси повеќе. Не го сметам за доблест, затоа што во одредени ситуации критикувајќи се себеси, можете да се префорсирате. Перфекционист сум и секогаш го барам совршенството во нештата. Тоа може да ви овозможи сериозен прогрес, затоа што постојано ќе барате да се надоградувате и да се исовршувате. Ама ако не знаете да ја контролирате самокритичноста, на крајот може да се искомплексирате затоа што никогаш нема да бидете задоволни од себе.
Сум, но не многу, едноставно во моментот правам најдобро што знам и умеам, а ако згрешам само менувам начин без многу драми, сожалувања, преголеми анализи, самоанализи...го поминав тој период и се надевам нема да се врати ...премногу е напорен но и конструктивен Умерена-да, колку да не забегам во некој нереален свет и да станам pain in the ass за секој со кој ќе стапам во контакт, а и без неа тешко до некое лично созревање, но се трудам да не претерувам и премногу да не се оптеретувам...chillin
Самокритична сум понекогаш, тоа ми дава поттик да наредниот пат не ја направам истата грешка. Самокритичноста е доблест кога е до умерени граници, ако ја премине границата, е тогаш веќе е мана.
Добра особина е самокритичноста според мене, те носи напред и те тера да даваш уште повеќе од тебе. Јас знам да бидам самокритична но не сум премногу , зависи на ситуации. Ако се работи за нешто што е стварно битно, пр школо тогаш да си велам, е ова можев вака, она онака.. Сепак не е добро да бидеш претерано самокритичен пошто се претвора во опсесија да бидеш секогаш најдобар и секогаш да се присилуваш да дадес уште повеќе и да постигнеш уште подобри резултати, што на крај доведува до тоа да се несреќен и вечно неисполнет.
Човек ако не е самокритичен тогаш е самобендисан-а тоа е лошо. Секогаш сум искрена и самокритична,знам да речам да се извини. Сметам дека самокритичноста е доблест кај човека.
Сама си давам критики и пофалби, но никогаш не претерувам! Знам да бидам искрена со себе, а и да се скарам со самата себе! Тоа не е знак за лудос, тоа само е знак на дилема на галс! хахаха Инаку, Самокритичноста не е мана а ни доблест, само треба да се има рамнотежа. Спојлер Еве како јас кога нешто ми оди си велам јас сум гение, а нешто кога неможам да сватам си велам каква тапа сум јас! Па така си држам рамнотежа, со тоа што си признавам кога не сум во право а признавам и кога сум во право, златна средина зар не?
.... .самокритична сум...секогаш....за било што тргам од мене....било која ситуација добро ја анализирам,од добрата и лошата страна,дали на мене би ми одговрало тој или оној начин,исто и кога се работи за избор на облека,анализирам дали е за мене,добро ли ми стои,и сл,....за раб место кога требаше да донесам одлука,беше комси комса,ама се осетив силна да одам далеку од моите и да работам,често размислувам каде грешам и како би можело нештото да се поправи...ама секогаш решението и причината ги барам во себе си.....
Дали мислите дека е доблест или маана? * Маана Дали знаете одвреме навреме да си удрите шамар и да си кажете некоја критика? *не сум си удрила шамар поради тоа,ама можам да си кажам некоја критика Дали претерувате во самокритикување? *не,многу ретко се критикувам Како може да влијае самокритичноста на личноста? * па не вљијае добро... незнам што да кажам за ова...
Сум,но не претерано.Во одредени ситуации мислам дека е доволно она што сум го направила и нема потреба од повеќе,или мислам дека треба да биде уште подобро то што сум го направила,односно си кажувам што сум згрешила за тоа да се поправи. Кога треба вина да се најде понекогаш,си признавам дека не се обвинувам себе си,но кога навистина сум виновна признавам.Мислам дека треба да имаш самокритичност,многу, но не премногу.