Самокритична сум да,секогаш добро размислувам пред да направам нешто,а ако тоа што сум се одлучила дека е добро да го направам излезе дека не било тогаш буквално се јадам самата себеси.Умерената самокритичност е доблест ,а онаа претераната е веќе мана. Не се фалам самата себеси,но знам добро да се искудам и искарам некогаш кога знам дека нештото сум можела да го направам поинаку,а не сум го направила тоа или пак нешто ако сум кажала ,а не требало.Воглавно во таквите ситуации анализирам и донесувам суд дали тоа било правилно или не и ако излези второто учам од грешката и се трудам тоа да не се повтори нареден пат.Знам секогаш кога е во мене вината да си ја признаам. Не сум претерано самокритична во ниедна ситуација се трудам да ги разграничам нештата,да си кажам самата себеси дека тоа не е во ред,ќе се јадам како што напоменав погоре одредено време,но не претерано,сепак сите сме луѓе и несакано некогаш грешиме.
Вреди да си самокритичен,да си одговорен за сопствените постапки и да учиш од сопствените грешки. Самокритичноста како особина ја посакувам да ја има секој човек,бидејќи само тогаш вредноста на човекот е на големо ниво. Човек кој не е самокритичен и кој за себе си има створено своја слика и идеал како најсовршено човечко битие,пред да си ги анализира своите постапки за мене не е човек. Бидејќи и дете од 5 години да се самокритизира има поголем авторитет отколку возрасен без трошка самокритичност.
Дали мислите дека е доблест или маана? Мислам дека е доблест. Навистина е добро да знаеш сам да се поправиш и да се искритикуваш кога ќе згрешиш. Затоа што мислам дека (според мене) полесно е сама да си кажам, а потешко ми е друг кога ќе ми каже. Дали знаете одвреме навреме да си удрите шамар и да си кажете некоја критика? Да си удрам шамар не Ама често си се критикувам сама себе, многу често. Дали претерувате во самокритикување? Па, можеби понекогаш по малце.
Јас сум многу самокритична.Пред да кажам или направам нешто многу размислувам.И мислам дека добра особина на човекот е да е самокритичен...
Премногу сум самокритична, а не сакам, али дел од карактер. Сепак не е мана, ок е секој човек во својот живот да има барем мала доза на самокритичност.
Одсекогаш сум била самокритична.Дури и премногу. Понекогаш не чини тоа,ама некогаш пак е добро да си знаеш како стојат работите кај себеси.
Премногу сум самокритична,што е дел од мојот карактер.. Премногу, до таа таа мера,да од мојата самокритичност си стварам комплекси..од кои едниствено јас патам
Дали мислите дека е доблест или маана? Понекогаш доблест некогаш маана. Дали знаете одвреме навреме да си удрите шамар и да си кажете некоја критика? Даа и тоа добар шамар и голема критика Дали претерувате во самокритикување? Па некогаш да Очекувам премногу од мене ! Како може да влијае самокритичноста на личноста? Преголема самокритичност, перфектцизам
Уф да не зборувам за самокритичност. Тежок карактер сум и знам не понекогаш туку секогаш да си давам критики.. За некои работи сум перфекционист, и мислам дека ако имам мала маана, дека сите тоа ќе го заприметат. Секогаш си мислам дека не сум убава, дека сум глупава, дека можам повеќе да правам, но другите сосем спротивното го мислат. Ценета сум од многу мои блиски, пријатели, професори, но ете јас мора да се самокритикувам. Ко некоја глупача сум, не знам зошто но во се маана си наоѓам...
Самокритичност? Премногу,навистина премногу сум самокритична. Понекогаш,тоа е убава доблест,но,се во граници на нормала. Некогаш во некои полиња сум тооолку самокритична,што за малце у депресија ќе западнам. А ми имаат давано и комплименти за самокритичноста.
Тоа се луѓе кои повеќе бараат од себе самите отколку од другите. Самокритичност (висока) е формула за успех!
Доста сум самокритична кон себе со цел да бидам подобра и поуспешна личност,што некогаш ми е криво кога ќе видам колку себични луѓе има,се ценат и се оправдуваат самите себе и кога се во криво,а ние само критичните биле во право биле во криво ќе си ја земаме вината врз себе,не ни е лесно и на нас
Дали мислите дека е доблест или маана? Мислам дека е доблест, т.е на некој начин ја сваќам како самоконтрола затоа што може многу да помогне на промена кон подобро. Дали знаете одвреме навреме да си удрите шамар и да си кажете некоја критика? Знам Дали претерувате во самокритикување? Делумно.. Како може да влијае самокритичноста на личноста? Може да успееме да се смениме и да се усовршиме