Понекогаш е подобро да застанеш и да си речеш:" Не! Ова не треба да бида вака! Ти, женска, да седнеш веднаш и да поработиш на самата себеси!" Но, друг пат, треба да ја гледаш светлата страна и да си речеш: "Еј, остави го тоа, не си ти виновна. Смири се. Немој толку да си лута на својата личност.". Јас, почесто сум некритична кон самата себеси. Па зошто да се самокритикувам? Треба да уживам, да будам убаба и да се трудам да успеам во тоа што ЈАС го сакам, а не некој друг. Па и да се карам сама себеси поради туѓи желби и интереси. Нема шанси.
Мојата самокритичност е на големо ниво. Дури сега некако почнав да ја контролирам, а тешко е кога сум си набила комплекси дека сум грда и навистина го мислам тоа. Морам да намалам со самокритичноста, тоа само повеќе ми ја намалува самодовербата (што ја немам).
Дали мислите дека е доблест или маана? До одредени мерки е доблест, но мислам дека кога ќе се помине некоја одредена граница станува маана. Дали знаете одвреме навреме да си удрите шамар и да си кажете некоја критика? Критики постојано си кажувам себе си, секогаш се трудам да мислам позитивно нопремногу сум самокритична. Дали претерувате во самокритикување? Постојано претерувам како што кажав погоре, понекогаш мислам дека сето тоа што ми се случува мене е моја кривица, но не секогаш... Како може да влијае самокритичноста на личноста? И те како лошо доколку „излезе“ од контрола... На пр. јас од што сум премногу самокртична сум ептен повлечена, срамежлива, мислам дека сум најгрдата личност на светот...
ЈАс мислам дека е доста важно да бидеме самокритични, бидејќи дака ќе можеме да донесеме поправилни одлуки и да бидеме подобри личности.Но тоа не треба да биде до степен каде што се нарушува самодовербата.
Денес сите се самокритични.. Но според мене најмногу тинејџерите се критикуваат сами. Јас немам некое големо искуство во споредба со другите луѓе, затоа што сум и јас тинејџер. Го разбирам овој поим многу добро. Тинејџерите ова време сакаат да изгледаат како многу познати личности или како некои нивни пријатели, затоа нон стоп се критикуваат самите си мислат како неможам да бидам како неа што има таа повеќе од мене... И тука почнуваат да се оптеретуваат со тие работи.. Јас најмногу ги разбирам затоа што и јас сум иста. Затоа сакам да кажам дека не е можно тие мисли да престанат и родителите да не настојуваат на некои работи затоа што денес е друго време. Денес наместо да го живееме овој живот се натпреваруваме меѓу себе. Светот се смени денес не е можно да се излезе со некоја блуза која била во мода претходната година или со некоја блуза која повеќето луѓе ја имаат... Светот се менува а со тоа и луѓето :/
Уф, колку само им фали самокритичност на луѓето. Дотолку што, сметаат дека се самокритични а кога некој друг ќе им упати критика, наместо да ја прифатат и да размислат за истата, тие се во состојба да се нафрлат како диви ѕверови врз критичарот. Тешко е човек да се научи на ова. Треба прво да се избори со своето его кое му вели дека тој е секогаш во право, дека тој е во се нај, дека никој не смее да му се спротивстави и да каже за него нешто лошо. Човек најчесто не сака да признае дека нешто згрешил и тука е проблемот. Ќе бидам самокритична и ќе си признаам дека понекогаш, кога ќе добијам критика од некој, не признавам од прва дека некаде грешам, но секогаш ги препознавам грешките и ги признавам или на другите гласно, или самта на себе. Самокритичноста ја поврзувам со искреноста, а да научи човек да е вистински искрен кон себе е дефинитивно доблест.
Сметам дека самокритичноста преставува вистинска доблест во денешно време кога сите се сметаат себеси за нешто посебно и супериорно. Можам за себе да кажам дека сум доста самокритична особено кога станува збор за моите научни трудови и теории, кое ме доведува до поголем успех. Сепак, дури и самокритичноста треба да има одредени граници на применување. Со други зборови, има позитивен ефект кога некој поединец се обидува да го подобри своето себе, ама има негативен ефект кога самокритичноста се злоупотребува за да се постигне совршенство, а совршенството како поим не постои во реалноста. Инаку, се согласувам со теоријата на Sidney Blatt која се однесува на личноста и главно се фокусира на самокритика и зависност. Според него, карактеристиките на личноста влијаат на нашето искуство со депресија и се вкоренети во развојот на нашите меѓучовечки интеракции и самоидентитет. Тој теоретизира дека личноста може да се сфати во смисла на две различни димензии - меѓучовечка поврзаност и самоопределување. Овие две димензии не само што ги претставуваат карактеристиките на личноста, туку се и производи на доживотниот процес на развој. Нарушувањето во самодефинирањето или идентитетот доведува до самокритика, а нарушувањето на поврзаноста доведува до зависност.
Самокритичноста е особина со која можеме да ги откриеме сопствените слабости и недостатоци за да се пронајдеме во дејноста и во општеството. Личноста која е способна сама да се критикува може да работи на себе и да ги продлабочува потенцијалите со цел усовршување во достигнувањата.Посегнувањето кон критиката ја покажува човечката величина на достоен начин разобличувајќи ги карактерните недостатоци. Искреноста и храброста се основа на применување на самокритиката. Личноста која развила способност да продре во себе и да гради свој препознатлив идентетит е зрела личност. Самокритичноста ја применувам секогаш кога имам потреба од себеанализирање и работам на подобрување на личното его.Таа има позитивна димензија кога недостатоците ги воочувам без ничии компаративни постигнувања.Градењето на идентитетот е невозможен обид без цврста основа за личен развој. Работењето на себе и признавањето на недостатоците е континуирано запознавање со себе низ времето. Црвената линија е онаму каде што нема да се посомневам во самодовербата.
Веќе не знам дали да пишам, ама сегде пишам исто. Ни многу самокритичност, ни малку. Ако се нема самокритичност се работи за нарцисоиден човек, егоцентричен најчесто, кој не размислува за своите последици и не чувстува потреба да се преиспита за своите дела. Од друга страна пак, ако се има премногу самокритичност, најчесто се работи за човек со разнишано его, со ниска самодоверба, кој не верува ни малку во самиот себе. Ама пак, ни малку, но ни многу самокритичност е секако - здрава. Се работи за личност која ги знае своите квалитети, но и знај кога греши и не се плаши или срами да го кажи тоа. Тоа е здраво, исправно. Во секој случај одење и тежнеење кон одреден правец не е добро. Повеќе како личност почитувам човек кој е самокритичен, наспроти човек кој сака да критикува други.
Работите не се црно и бело, па според тоа не би ја сместила самокритичноста исклучиво во групата на маани или пак во доблести, затоа што има доза на присутност на двете нешта во самата појава. Барем кај мене. Ја сметам за доблест, затоа што носот ќе ми беше во облаци ако ја немав истата. Од друга страна, може да биде и голема маана, затоа што понекогаш не знам за граници, па честопати знам да се повредам себеси со тоа што премногу се критикувам.
Самокритичноста е многу добра особина според мене Да имаш храброст да кажиш да згрешив извини јас сум крив тоа кажува многу за таа особа да имаш храброст и да се самокритикуваш самиот себе во дадена ситуација е голем +за тебе како карактер сепак самокритичноста ја сметам за позитивна особна
Јас сум мноогу самокритична. Некогаш дури и се потценувам сама себе. мислам дека сето тоа е резултат на мојот страв од преценување. мразам кога ќе си ги преценам можностите и работите не одат како што треба и тогаш се обвинувам
Самокритична сум и тоа претерано многу. Кај сум со прениска самодоверба,капак на се е и постојаното критикување и фаќање забелешки на себе... Значи за се што правам мора да најдам 500 маани и забелешки. Кога грешам некому знам да се извинам,ама искрено,многу е тешко човек постојано сам себе да се обвинува и критикува барајќи постојана вина во себеси...
Јас сум личност која дефинитивно ги преминува границите за самокритичност. Секогаш ја барам вината во себе поради мојата ниска самодоверба. Да не заборавам дека и премногу ги анализирам работите со што тоа секогаш завршува да се обвинувам себе си се повеќе и повеќе...
Сум самокритична, за работи за кои знам дека не ги правам правилно. Најчесто сама си знам каде грешам, но се случува и некој да ми укаже... Но прифаќам само издржани, аргументирани критики. Само нафрлање вина, нема да ми го смени мислењето.
Мора да сме првин самокритични за да може и другите да ги критикуваме. Самокритична сум, во граници на нормалата. Знам да си ставам прст на чело и да видам кај сум згрешила.Ако може да се поправи, го поправам најбрзо што можам.
Самокритичноста е лоша според мене. Колку пати сте налетале на луѓе кои имаат мани а сепак изгледале совршено во очите на другите? Зашто тие си ги прифатиле своите маани и се сакаат како такви со се нив. Сите имаме и мани и доблести.Мора да постои баланс. Самокритичноста не доведува до никаде. Кога бев во депресија постојано се обвинував за се нешто што сум направила погрешно во минатото. И тогаш сфатив дека сега сум повозрасна со друга свест и сфатив дека за џабе сум се обвинувала кога тогаш сум мислела дека тоа е правилно. Само од тие грешки можеш сега да сфатиш што не би направила, или како сега си постапила. А, не да се обвинуваш. Бидејќи така можеш да си срушиш самодоверба.
Самокритична - не би рекла . Реална , да . Ако нешто не чини , не чини . Ако сум дебела , си кажувам - дебела сум . Одамна научив дека треба да ја согледаш вистината , најчесто за свое добро . Ако за нешто сум во право , ќе настојувам да го докажам тоа . Јас знам дека имам вишок килограми . Се мачам со тежината , и тоа е факт . Пробав разни диети и не бидува . Сега е лето , ќе се фрлам на пешачење малку . Ваљда тоа ќе ми помогне .
Дали мислите дека е доблест или маана? Не знам. Дали знаете одвреме навреме да си удрите шамар и да си кажете некоја критика? Често, дури и кога немам основана причина. Дали претерувате во самокритикување? Да. Како може да влијае самокритичноста на личноста? Одење во пропаст ако се нема граница. Самокритичноста води кон перфекционизмот, а овој па скроз утепува.
Дали мислите дека е доблест или маана? Ако е во умерена доза, секако дека не е штетна. Умерената самокритичност и склоност кон анализа на сопствените постапки и способности е знак на интелигенција, според мене. Дали знаете одвреме навреме да си удрите шамар и да си кажете некоја критика? Секако. Не сум безгрешна, никој и не е. Дали претерувате во самокритикување? Не претерувам, свесна сум за своите способности и квалитети. Како може да влијае самокритичноста на личноста? Претераната самокритичност може да натера човек да пропушти многу можности... Премалата самокритичност може да доведе до непромислени и импулсивни постапки.