Самоповредување

Дискусија во 'Психологија' започната од anastasiarawr12, 10 мај 2013.

  1. anastasiarawr12

    anastasiarawr12 Активен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    3
    Znachi pred nekolku meseci odev so eden dechko i mn go zasakav i bevme zaedno 1 mesec, i toa bevme zaedno i za nova godina i bevme mnogu bliski. 4 dena posle nova godina toj mi raskina i ottogash zapochnav da se secham po racete i po teloto. vo toa vreme imav i ask.fm i tamu dobivav mn komentari i strashno se nervirav. edno vreme velea deka toj me skinal(neto4no), me iskoristil i me ostavil.. i posle nekolku nedeli dobivav i drugi komentari za mojata tezina ... 54 kila sum a sum 160cm visoka. ii sega vekje 1 mesec odam so drug dechko so kogo mi e prekrasno ama problemot ne prestana.. shto mi se sluchuvaA? zoshto ne mozam da odoleam da ne se povreduvam? :( HELP!
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.253
    Пол:
    Женски
    Сечење :/

    емоционалната болка ја правиш физичка. Едноставно, со новиот или фамилијата нека те занимава со нешто кога ќе сакаш да се сечеш, преземи некое хоби и самата кога ќе допреш нож, потсети се дека себе се уништуваш, а има и луѓе кои те сакаат
     
    На Blond8 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. curious-doll

    curious-doll Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    762
    Сечење :/

    и јас го имав сличниот проблем, не поради дечко, навика ми беше кога и да се изнервирам, ја гризев долната уста колку што можам, често неможев да јадам, од крв, и прстите,ноктите исто, неможев ни телефон да допирам, значи премногу, се додека мајка ми не ми кажа, дека ја повредувам неа така многу, ја боли да ме гледа така... и сега цело време тоа ми е во памет
    и другите ги повредуваме со тоа, така да, девојче, кога ти дојде тоа да ги правиш, помисли на другите, твоите блиски како им е да те гледаат така?
     
  4. macedonia.timeless

    macedonia.timeless Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2012
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    136
    Сечење :/

    Охх мила...
    Пробај да се занимаваш со нешто и да сватиш дека животот е нефер ама сепак убав...
    Ке заборавиш на се...
    Разговарај со некоја разбирлива личност..
    Терапии кај психијатер или сл,
    Ке помогне секако и верувај еден ден ке велиш:
    Луда ли сум била??" и ке си се смееш себеси, само тој ден ќе биде кога добро ќе се опоравиш..
    И да точно ѓи повредуваш и тие што те сакаат но најмногу од се си нанесуваш себеси болка ...
     
  5. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.317
    Допаѓања:
    8.381
    Сечење :/

    пробај да се занимаваш со некои нови нешта во животот,ако не си физички активна-спортувај,зашо таму ќе ја трошеш целата негативна енергија и ќе бидеш оптеретена околу тоа што ќе немаш време за самоповредување..
    разговарај со твоите родители,кажи им ги проблемите,тие ти мислат најдобро и секако ќе те поддржат и ќе пробат да ти помогнат
    исто така можеш да посетиш и психолог,и тоа не е ништо срамно туку напротив,добро е чувството кога проблемот ќе го споделиш со некој
    и на крај,пробај да се самоконтролираш..самоконтролата е мн битен сегмент,кој ќе ти помогне да се соочиш со нештото и притоа да не потклекнеш на искушенијата за да се повредуваш..
    и животот е еден,суров или не,тој е..тој ти е подарок,и го имаш само еден..зарем не мислиш дека токму поради тој факт треба да го искористеш максимално.Да се посветиш на нештата шо те исполнуваат,да посветиш внимание на луѓето кои го заслужуваат,да постигнуваш успеси,да бидеш гордост на твоите родители.Љубовта е убава работа,но на моменти е болна.И не е крај на светот ако имаш раскинато со дечкото,животот пред тебе,уште колку потенцијални дечковци ќе запознаеш не може ни да претпоставиш,уште низ колку лудории ќе поминеш..И кога ќе пробаш повторно да се повредиш,ќе те замолам да помислиш на твоето семејство..
     
  6. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.034
    Доста болна тема за мене.

    Самоповредувањето е зависност, барем јас така го доживеав. Ако еднаш почнеш, секој нареден пат кога ќе почувствуваш емоционална болка, мислејќи дека ќе ти биде полесно, го претвораш во физичка.
    Не е до болката, на пр. кога ќе се пресечеш не чувствуваш болка туку олеснување.
    Fucked up.

    Не е дека не можеш да се одвикнеш. Само секогаш ќе имаш лузни. Можеби не видливи, но ќе имаш.
    Млада си, бегај што можеш побрзо од тоа.
    А не си имала некоја особена причина, искрено.
    Има многу момчиња на светов.

    Најдобар начин да се откажеш е да ја пренасочиш болката во друг правец. Бокс, трчање, мавај по душекот, по перницата, што сакаш.
    Станува полесно со тек на време.
     
  7. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.406
    Пол:
    Женски
    Не е во физичката болка, туку е емоционалната болка.
    Јас кога сум во моменти на стрес се гребам по рацете, фала богу не е поминало на нешто поголемо.
    Нема да постигнеш ништо со тоа што ќе си ги сечеш рацете, само добиваш лузни. Лузните останваат доживотно, кога детето ќе те праша од што ти се тие лузни, ти што ќе одговориш? „Се сечев кога без тажна, депресива...“ каков пример би му дале на детето, а и на другите околу вас.
     
  8. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.253
    Пол:
    Женски
    и јас порано почнав ама фала богу кратко беше, се сечев по рацете...што ми било не знам сега се сметам за ненормална :D емоционалната болка мораш да ја манифестираш преку физичка. Знам како се чувстваш, но немој. Се поминува, а раните остануваат. Потоа преминува во неубава навика. Разговарај со некој близок или психајатар нешто, немој да пропаѓаш во себе
     
  9. Maca-BT

    Maca-BT Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    163
    Сечењето ти е зависност исто како наркоманијата, алкохолизмот... Не за џабе викат „If you decided to make the first cut, you're on for the full ride“ т.е. „ако еднаш почниш, назад нема“ - сакала ти или не организмот то го чувствува како потреба и самиот од себе го бара, а дури не го добие ке те тера во гнасни кризи се дури не попуштиш. Одвикнувањето е многу многу тешко, ама вреди да пробаш - јас имам пробано на 5-6 наврати ама никако да успеам.

    Совет: Земи ножињата/жилетите со кој шо се сечиш дај му ги на некој другар/близок да ги фрли негде далеку (или евентуално фрлиги ти сама), кај шо нема да можиш никогаш да ги најдиш, и после то кога ке почувствуваш потреба да се сечиш клај ластиче *обично* на рака и тегни го и пуштај го се дури не ти помини кризата.

    Мене то најмногу ми поможи, и две и пол години бев чиста дури функционираше тој метод - ама на се му иди крајот, за жал. Тебе би требало полесно да ти биди, зато шо се сечиш многу кратко време *во споредба со мене*.....пробај го ова шо ти го кажав - мислам дека ке ти поможи :)
     
  10. Blond8

    Blond8 Активен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    3
    никогаш се немам самоповредувано.имам паѓано во депресии ама никогаш се немам самоповредувано ке се согласам дека во себе чувствуваш емоционална болка и ја манифестираш со физичка болка се согласувам со Mаца бт и PSYCHIC . со тоа што се самоповредуваш имаш чувство на олеснување дека така полесно се чувствуваш но сепак тоа е некој вид зависност од која мораш да се откажеш тешко е верувам во тоа но мораш на себе да си дадеш до знаење дека така не постигнуваш нисто повредувајќи се себе си...само си правиш да имаш лузни и утре кога твоето дете ќе те прааша во врска со лузните што ќе му одговориш? значи мораш на себе да кажес дека си јака и дека ке го пребродиш тој кризен период од твојот живот дека имаш ти за што да живееш да се бориш да бидеш среќна..... најди си нешто што те исполнува читај, запиши се на играње фитнес промени направи во твојот живот собата ...отиди направи некоја нова фризура направи нокти улагај у себе наоѓај си разни занимации денот да ти биде исполнет со обврски секогаш кога ке посегнеш по самоповредување сети се денеска некој мож умира од некоја болест и се би дал да го има твојот живот да може да прави различни работи да сака да биде сакан да е опкружен со луѓе кои ги сака кои му значат нешто ........ ;)
     
  11. selfharm

    selfharm Активен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Има и други форуми на ова тема и скоро сите размислувања се дека ова се прај само за внимание..ама верувајте дека не е така и јас сум зависник од а имам само 14 години (сега ќе си речите што проблеми може да има девојче од 14 години) епа вака годинава завршив осмо одделение и сите осум години сум била понижувана од другите , малтретираана , исмевана и што уште не мал е зборо малтретирање за тоа што го доживував на училиште и капак на се е тоа што сум дете со еден родител мајка ми почина уште кога бев малечка се сеќавам на незе ама не до толку.неможам да се искажам овде ама премногу ми е тешко дома само караници , само тепања неможам да издржам. и немам пријатели воопшто никој не сака да се дружи со девојче како мене , никој!!!!!!!!!!
     
  12. TargaryenBurn

    TargaryenBurn Активен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2013
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    4
    Сум се справила и сум се извлекла. Но сеушта ја имам таа грда навика да се самоповредувам во сон со моите нокти. Еднаш лицето си го распарав така.
    Се извлеков кога самата себеси си признав дека имам проблеми(самоповредување, булимија) затоа што тоа е прв чекор кон оздравување. Бев хоспитализирана поради булимија но сепак ми е мило (иако отпрвен присилно, по инсистирање на родителите) што разговарав со психолог и тоа ми помогна многу.
     
  13. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.407
    Пол:
    Женски
    Само шамари си лепам. :D
     
  14. Emotional123

    Emotional123 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    2.979
    Допаѓања:
    5.648
    Пол:
    Женски
    Кога се има ваков проблеми мора да се побара стручна помош- од психог, психијатар..
     
  15. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    3.983
    Допаѓања:
    45.828
    Пол:
    Женски
    Сум се навредила самата себе со збор ако е тоа самоповредување :lol: ама да кренам рака на себе никогаш,па тоа не води никаде само подлабоко ќе тонеш во самиот себе,за таквите луѓе треба стручна помош во секој случај
     
  16. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.860
    Допаѓања:
    113.014
    Тука има две врсти, луѓе што го прават тоа за внимание (познавам некои такви) и луѓе кои стварно имаа проблеми и сметаат дека тоа е решение (верувајте не е иако имало период кога мислев дека е) :* , ама тука спаѓа и несвесно самоповредување како на пример тоа што јас го правам додека спијам и се будам со еден тон гребнатини низ лицето и вратот и дома ми се смеат „Бебе, сакаш нараквичиња да ти купиме?“ или „Леле како сакам да ти сечам тие ноктите“ ... :$
    А и да ... дур спијам неколку пати си ја имам глата расцепено од ѕидот.
     
  17. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.213
    Допаѓања:
    1.287
    Ти препорачувам да не правиш такви глупави работи како самоповредување...секогаш постои решение. Најди го!
    Со тоа што се повредуваш себеси не правиш ништо корисно, не напредуваш и не добиваш ништо добро...
    Не е доцна...заборави на се и почни од почеток. Можеш. Не барај изговор.
    Гледај ја убавата страна на животот...Среќно во новиот почеток! :* ;)
     
  18. poffy.pie

    poffy.pie Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    10
    Познавам девојчиња кои се сечат 24/7 и ми е многу тешко, јас се имам сечено порано, еднаш беше од досада :tmi: а следниве 2-3 пати од емоционални причини.. немој ова да си го правиш бидејќи кога ке станеш мајка и кога твоите деца ке ги видат тие бели трагови - белези на рацете и на телото, како ке им објасниш? мислам дека треба да седнеш во твојата соба и сама да си разговараш, да скршиш една чаша од лутина и тоа да ти пројде. Можеш и да промениш нешто во својот изглед, пример нешто во врска со косата да ја скратиш, некоја друга идеја за шминка, која може да ти го промени видувањето во огледало, да излезеш на прошетки, итн. но не се самоповредувај. :|
     
  19. bemmy

    bemmy Активен член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    7
    Многу добро те разбирам... Само еднаш да се исечеш, само една сеченица е доволна за да почнеш да го правиш тоа редовно. Сигурна сум дека кога ќе се изнервираш или кога ќе ти се случи нешто лошо првото на што помислуваш е сечење со жилет, ноже од острилка за моливи или пак огледалце. Сечењето за оние кои што се сечат е исто како и дрогата, кога ќе им се случи нешто со сечењето мислат дека ја намалуваат болката, кога се сечат мислат на проблемот и за извесно време им олеснува, како да испиле некоја таблета за смирување. МНОГУ Е ТЕШКО да се оттргнеш од ова, МНОГУ! Сечењето одело генетски, во твоето минато сигурно имало некој кој го правел тоа, можеби можеш да предпоставиш која е личноста. Доколку многу долго се сечеш тоа може да прерасне и во ОПАСНА навика. Пиши ми инбокс, би сакала да разговараме. И јас бев ваква едно време. :|
     
  20. coralin-e

    coralin-e Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2013
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    97
    Како што кажа една форумџика во претходните постови...fucked up.
    Кога еднаш ќе почнеш тешко можеш да застанеш а кога ќе сакаш да кажеш некому тешко дека 100÷ ќе може да ти помогне. Доколку имаш чувство дека ја губиш контролата над тоа тогаш веднаш побарај помош. Пренасочи ја енергијата кон нешто друго, и внимавај, ваквите работи секогаш можат да завршат фатално и не онака како што очекуваш. Butterfly effect е проект кој им има помогнато на многу луѓе со овој проблем, за него можеш да најдеш повеќе на интернет, се надевам ќе ти помогне и тебе.