Имам пријателка која се самоповредува по секоја расправија, разговорот со неа и прашањето зошто секогаш во мојата глава звучат како потреба за внимание.Немој да ме сватиш погрешно не те декларирам како драма queen него потребата за внимание е само во нашите мисли. 1.Никој не ме сваќа.-па кој е сватен во денешно сите размислуваат различно. 2.Немам добар живот.-сите имаат проблеми и се зависи како гледаш на работите. 3.Дечко ми не ме сака или некој ме искористил бла бла.-Сите сме биле повредени некогаш ако добро размислуваш ќе го сватиш како лекција за работа на твојот каратер. И се ова излегува од недоволна самодоверба,предизвикан непотребен стрес.Како што кажа феминката погоре фокусирај се на себе, вежбај, шетај повеќе во природа тоа помага во разбистрување на главата и повеќе не тера да мислиме позитивно.И за крај биди среќна со секое твое ново разбудвање, РАДУВАЈ СЕ НА МАЛИТЕ РАБОТИ на пример колку убав ден е денес.
благодарам ке се потрудам да се сменам и јас имав направено многу од овие работи синоќа се скарав со дечко ми и си ја расеков едната рака се пласам да не ми стане навика
Малку страни се, али многу ме мрзи да ги читам и затоа се извинувам. Да ви кажам нешто - BEEN THERE, DONE THAT! Се најдов во ситуација од која сметав дека нема излез, не можев да се носам со емоциналната болка, ја префрлив на физичка болка и НЕ МИ ПОМОГНА. Се сечев со жилет и стигнав до горење цигари по тело. Барав помош, се молев моите да ме приметат бидејќи навистина не се осеќав добро, но беа многу зафатени со нивните проблеми, за кои мислев дека се моја кривица, а секако дека не беа. И знаете само што остана од тоа? ЛУЗНИ! Ништо друго, само лузни кои сега, после 10години, ги сметам за голема грешка. Дојде денот кога си ја чукнав главата и сфатив дека моето ЗДРАВО ТЕЛО го унаказувам во буквална смисла, а луѓе низ светот патат, се лекуваат, прават чуда за нивното тело да е здраво ко моето. Почнав да читам книги, влегував во друг свет и реално немав време да се повредам. Кога се случуваа расправии наместо да фатам по себе, фатив пенкало во рака и пишував. ХАРТИЈА СЕ ТРПИ. Верувајте дека ве разбирам. Секој човек мисли дека неговите проблеми се најголеми и најстрашни и се, за него, но не заборавајте дека се е минливо. Не е страшно да се поразговара со доктор кој животот го посветил на тоа, е стручен и нема да ве осудува. Никој нема да ве осудува. Ако се најдете во ситуација да не можете сами да престанете, ве советувам да побарате помош од СТРУЧНО ЛИЦЕ, ќе помогне.
Тоа во зависност се претвора. Јас почнав да се повредувам себеси кога имав 16 години (ако добро се сеќавам) бидејќи имав тешкотии во животот, физичката болка ми ја потиснуваше психичката. Престанав да се повредувам на 19. Се случуваше да немам проблем, веќе ги надминав, но тоа да го правам едноставно бидејќи сакав да го правам.
Јас имам еден проблем , пред малку приметив дека ќерка ми се има самоповредено, на двете раце (на едната повеќе) гребаници , и се шокирав. Има 15 години, оди прва година средно, од секогаш си е повлечена тивка мирна и не се отвара многу.. друштвото и е исто , бидејќи живееме во мал град се познаваме сите и знам со кого се дружи. На школо е редовна , општо нема проблеми. По ова ми кажа дека размислува за минативе 2-3 години кој што викал негативно за неа , дека и е страв од некои предмети математика особено бидејќи не и иде (а од годинава почна да оди на приватни часови) , ми кажа дека се чувствува дека е глупава за разлика од другите деца... и сега сето ова Јас до разговор се обидов да го решам дека треба да не и е гајле што другите мислат за беа, дека не миже се да ни оди и дека не мира да имаме одлични оцени по се во школо... секогаш разговарам со неа, но ете од секогаш била така повлечена , да ксжам зборовите од уста да и ги вадам треба. Ми рече ете сега одма на тато ќе кажеш и тој ќе каже на баба ми дедо ми и сега јас и ветив дека нема да кажам но доколку се повтори дека ќе морам... дали добро направив? Сакам да има секогаш доверба во мене.. многу ми е тешко до пред месец немав забележано ништо , а и беше лето ете носеше кратки ракави и немав забележано гребаници никогаш. Страв ми е ова,да не прерасне во нешто повеќе. И ете сега е тука со нас, утре ако студира и оди на др место , секако ќе не можам да и водам сметка што како прави..Што да направам многу ми е тешко
Многу често разговарај, излегувајте заедно, имајте си време за себе, сами двете. И секако не ја форсирај со учење. Јас би ја носела и на психолог. Ова школото некако многу стресно стана во денешно време за сите, и за децата и за родителите. Кај вас не знам како е, кај нас ај што програмата него и наставниците децата ги третираат како на факултет. Стравувајки и јас за син ми да не развие анксиозност, многу е чувствителен, почнав постојано да му зборувам да учи за него не за оценка, да не се стресира, пошто гледам од оваа година ептен хаос им почнува. Плус притисоци од наставниците.
Да , тоа се обидувам од секогаш да го правам, да не ја занемарувам и неа и помалата. Тука сите деца секако кој колку може да си дозволи одат плус на приватни часови по физика хемија математика и др во зависност кој правец од втора средно ќе планират да изберат. Бидејќи ќерка ми сака здраствен , посетува поручек по школо 4 пати неделно математика, хемија, физика и литература. Околу 12 часа неделно. 98% од децата ова го прават, бидејќи не е доволно тоа што го предаваат во школо. Им предаваат и тоа е. Но не е доволно и затоа сите вака одат. И плус два дена англиски, но ајде со ова ќе заврши годинава. Не , ни јас не ја притискам, колку учи толку. Му кажав и на маж ми. Рече ништо нема да и кажува. Ако пак нешто забележам ќе барам помош. Утре ќе посетиме психолог барем на нас двајца да ни каже што да правиме со неа.
Дали имате семејни проблеми бидејќи ѝ е страв од реакцијата од таткото и од другите од семејството? Тоа малку ми падна во очи. Мора да ѝ најдете стручно лице, не е од ништо да се самоповредува. Дури и да е некаква фаза, сепак треба некој да ја процени и да даде насока.
Мислам дека е повредена од некакви разговори од близок круг на другар(к)и, не може да преиспитува толку многу наназад. За да дојде до самоповредување треба ептен подолг период да е делувано од страна на тие што се дружи. Може и да не сподели и да мисли дека тие ликови ѝ мислат најдобро. Биди ѝ поддршка прво ти, направи простор да ти го сподели секое чувство (без притисоци). Безвредноста ја немаат тивките деца, просто нешто се има случено и не мислам дека одма би ти признала. За психолог/психијатар имам поделено мислење, барем на почетокот може е најдобро да се консултирате и да не форсирате. Да не дојде кон целосна одбивност и недоверба?
@Angie1432 немаме семејни проблеми, туку маж ми за нешто озбилно е паничар и веднаш сака да се советува и со др луѓе и тоа и смета. Вчера кога ја видов се усрами и не сакаше да ми каже, баш случајно ја видов. Јас се обидувам да не паничам иако немам спиено цела ноќ , се обидувам смирено да и зборам да не се враќам повторно на таа тема. Не знам дали е добра идеја да ја проверувам повторно. Гледам да и зборам други работи, маж ми исто гледа да ја насмее. Вака среќа излегува денес два пати излезе со децата, среќа не сака дома да седи , а кога седиш цел ден дома мислиш на глупости. Вака се дружи со истото друштво со години а да едната другарка и има преречено и ете тоа го кажав погоре баш. Јас и објаснував да не и е гајле што другите мислат за неа. Зошто во животот секако дека ќе се среќава и со такви луѓе и не само во школо и понатаму. Дека не мораме се да земаме здраво за готово кој што рекол...
И јас сум од секогаш повлечена и сличен карактер како твојата ќерка, па до некаде и ја разбирам. Од тој аспект , мислам дека добро имаш направено што си реагирала одма со смирен разговор , мирно без да и викаш а тоа многу значи, друго позитивно е дека сепак си успеала да извлечеш колку-толку некоја информација за тоа како се чуствува девојчето. Ова болдираното мислам не ти е исправно ,си и рекла дека ќе кажеш, ја условуваш. Верувај, иако одамна имав 15г тоа е голем притисок , наместо да ја спречи тоа може да ја натера уште повеќе да ги крие чуствата или самоповредувањето од страв дека ќе биде разоткриена или изложена на срам иако нема ништо срамно. Срамно е ако не се збори и човек не се труди да реши било кој проблем. Сите понекогаш кажуваме, не се замарај кој што сака нека мисли, ама колку е тоа во реалноста така? Иако е со добра намера , кај 15г звучи како омаловажување со тоа со што се соочува. Мислиш лесно е на некој кој се соочува со емоционален притисок, страв од неуспех по некој предмет , некој што се чуствува како глупав и помалце вреден од останатите, а сите се исто, нема попаметен и повреден, страв од осудување мал град каде што повеќето се знаат, осудување од фамилијата? Јас и ден денес останав повлечена и често да ме погодува кој што мисли иако сум свесна дека тоа треба да е нешто беззначајно. Мислам дека сето ова е период кој што ќе и помине и ќе го надмине ,ако познавате стручно лице од доверба би било супер решение да поразговара со неа, можеш само ти да ја однесеш ако ти верува , добро би било да поразговара со психолог и секако дека нема ништо лошо во тоа. Не се секирај, мислам, нема лоша намера кон себе, туку сето ова е се предходно насобрано, затоа децата треба да бидат пооотворени со родителите и да споделуваат што и како им се случува во животот. а не да држат во себе и после резултатот да биде самоповредување,
@franca да имаш право. Не требаше така да и реагирам на почеток, не очекував такво нешто да видам истовремено се исплашив и и подвикнав исплашено дека мора да му кажам на татко и. Потоа и ветив дека нема. Ама му кажав , не можев да издржам а секако дека он треба да знае. Денес ми вика сигурно си му кажала на тато. И викам не , не. Го отворив малку муабетот дека ако нешто чувствува и што сака слободно да кажува барем на мене, да не го чува во себе и да и биде тешко. Да се искажува.
Ова последново е најбитно. Да знае дека може се да си каже слободно што ја мачи. Искрено и јас со ќерка ми имам муабети што се само меѓу нас две. Не се многу, ама си имаме наши тајни. И има доверба да ми каже се, зошто со тек на време и докажав дека нема да пренесам на другите. Моите деца не сакаа да кажувам работи на баба им и дедо им, од помали уште се лутеа. Моите родители никогаш не биле строги кон нив, но самите така го објаснија тоа дека толку ги ценат баба им и дедо им што би им било срам да тие знаат нешто што згрешиле. Многу зборувавме, дека и тие им мислат се најдобро и дека не се од кристал да се скршат ако дознаат нешто неубаво за нив, дека нема да им се смени сликата за нив, ама џабе. Се обидов да им објаснам дека нивната баба им е мене мајка и дека како што тие мене се ми кажуваат можам, сакам и јас на неа да и кажам. Но заради довербата од нив, престанав да кажувам она што ќе побараа. Едноставно морав. Мора да има safe haven со тебе. Мора. Инаку ќе те држи неинформирана и сама ќе се справува со проблемите неадекватно.