Самостоен живот

Дискусија во 'Брак' започната од winnie02, 20 септември 2023.

  1. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.051
    Допаѓања:
    17.275
    Пол:
    Машки
    Ахх, темата во која сите останати се криви, а само тие си се најсовршеното битие на светот. :inlove:

    Инаку за немир и неспокој Биљо ич да не ми кажуваш, еве ти ја членката оваа истата шо вика дека не било потребно ни 1 денар да се тргни на страна, активно тргната по кредити и брзи кредити за суми кои се доволни само за преживување, така да плукни се во таквата оаза на мирот и спокојот :nod:
    Еве кој нема проблеми, затоа и се толку гласни :emo:
    849.jpg

    Доволно.
     
    На Anyshka, Mnik и simoncelicius им се допаѓа ова.
  2. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    9.827
    Пол:
    Женски
    Се супер, ама како ќе купиш свое ако не штедиш ич? Македонија не е држава во која можеш цел живот да го поминеш под кирија, без да се замараш за финансии.
    Утреден дете нели сакаш да имаш? Пелени, едно друго, едниот останува без работа, заглавува некој месец дур да најде друга, после?
    Најдобронамерно ти кажувам, штеди колку можеш, макар тоа биле и само 300 денари месечно.
    Убаво ми кажа еден постар човек, Албанец и скроз е во право. Човек без барем 3000 еур на страна, ништо не е.
    Ете ако не се може, не мора да се 3000,ама барем 1000 еур е одлично да ги имаш.
    Не е се црно бело, во животот еден куп нијанси има. А многу често, непосакувани нијанси.

    Знаеш на мене и мм лани колку непланирани трошоци ни излегоа? Од заштеда од скоро 2000 еур, на 500 ни отиде. Да ги немав, што ќе правев?
     
    На Selena01, eliesaab, simoncelicius и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.495
    Допаѓања:
    37.355
    Пол:
    Женски
    За мир и спокој, ќе ја трпиш на врат банката поради кредит, или ќе ја трпиш свекрвата, ама за разлика од свекрвата банката има камата.
     
    На Bratot му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.269
    Допаѓања:
    189.646
    Банката има камата, свекрвата зема данок.

    Појма немам кој што и како, ако немате што да кажете на темата, може да ја прескокаете. Кисело е грозјето, у реду.
     
    На Осе, anggell, eliesaab и 3 други им се допаѓа ова.
  5. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.951
    Допаѓања:
    36.958
    Пол:
    Женски
    Па сега... не читам по форуми како се жалат од банката дека им чепка по плакари, ги оговара, им наредува, нарушува приватност и сличнимитиработи... Со банката работите се прецизно утврдени и сите среќни и весели. Додека со свекрвата..... Ехехееееее. Затоа и ќе ве читаме и фаќаме сеир по темиве :^)
     
    На Осе, Калатеа, anggell и 7 други им се допаѓа ова.
  6. winnie02

    winnie02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    1.943
    Пол:
    Женски
    Логистика и менаџмент дупло повеќе уклучен, ни блиску до идеално, само потешко е да се најде кривец.

    Неколку предизвици:

    - Социјална изолација - освен родендени и куќни слави, секое додатна активност вклучува напнат план за организација за едно кафе пиење, посебно ако таа недела има некои поправки, останати активности што чекат на тебе ургентно. Нефлексибилен си за пријателите и запознавање нови луѓе и настани за разлика од човек што живее во заедница кој полесно се справува околу ова.

    -Недоволна емоционална поддршка - Не можеш да го однесеш детето на вакцина/роденден/курс? Еве ќе го однесе бабата/тетката. Кај тебе си ти и само ти. Стресен ти е денот? Ќе го споделиш со некој во куќата. Тука мораш да канализираш емоции.

    -Споделување обврски - Освен финансии, барем еднаш ќе пушти некој друг перална, ќе ти зготви, ќе поправи некој штекер евентуално.

    -Кариерен развој - Да не се лажеме full time домаќинлук се одразува на која и работа да ја работиш. Намален фокус, дистракција, физичка намалена сила, приоритизарање домашни финансии и мисла на тие домашни работи отколку следната промоција.

    Не жалам за овој чекор, меѓутоа гледам луѓе што ги имаат сите бенефити од тој аспект, буквално до средновечна возраст живеат со помош од пензии на стари и ќе се осудам да кажам дека уживаат од многу страни. Бараат сожалување за "третманот" од фамилијата, меѓутоа многу добро ги имаат ставено картите на маса дека не сакаат да се жртвуваат себе. Затоа не им одговараат советите за осамостојување и одма ќе ви кажат како ќе заглавите со кирии или кредити.

    Всушност за душевниот мир, се скратуваме од надворешна комоција и те како.
     
    На Noemi му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.495
    Допаѓања:
    37.355
    Пол:
    Женски
    Секој има свое мислење и немора да се сложи со вашето, во ред?
    Па од банката не се жалат по форуми, се жалат по пријатели.
    Човек да не пише мислење.
    Банката не чепка по плакари, чепка по џебот. Еден мир со кредити ептен, да мислим секој месец да платам рата, вака барем си ставам на страна, нека чепка ако нема друга работа, а и сега не ни седам таму, ете ова е некој издувен вентил.
    А тие што фаќаат сеир, алал да им е.
     
    Последна измена: 25 септември 2023
  8. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    9.827
    Пол:
    Женски
    Се' ова што го напиша, и на луѓе што живеат сами, многу знам, на кои им се наоѓа стално некој за помош. Јас, иако не живеев со брат ми, ги носев децата до градинка, ги земав, ги носев кај нас дома, ги чував кога немаше баба сервис во моментот.
    Золва ми во странство, тазе породена беше, другарки и идеа и седеа со неа по цел ден, и носеа ручек, поголемото дете и го земаа и го шетаа,го пушти на викенд со нив.
    Не сакам да набројувам понатака. Колку сакаш биди самостоен, ќе дојде момент во животот кога ќе ти притреба некој надвор од домот за помош. И јас свеки, мајка ми, не ги користам за ништо и никој друг, реално наместени ми се коцките во тој поглед, ама умре татко ми, моравме да одиме на погреб. На кого да го оставев? Или да го носев со мене требаше?
    Малце претерувате со осуда.
    @Bratot ете ви пиша за членката дека барала брзи кредити. Поарно свекрва или мајка ќе трпам одреден период, отколку кај лихвари да се задолжам. Рата 10.000 денари 12 месеци, за кредит од 60.000. Имам искуство, мајка ми зимаше едно време.
    Мое мислење е ова, распнете ме ајде
     
    Последна измена: 26 септември 2023
    На *Amethyst*, Bratot и Anyshka им се допаѓа ова.
  9. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.951
    Допаѓања:
    36.958
    Пол:
    Женски
    Супер за вас де... Секој со своите приоритети и размислувања.
    И за сеир сте, пошо сакате на готово се, комоција со финансии, а ви сметаат последиците кои одат со тоа т.е свекор, свекрва, заедничко живеење и сл. Всушност не сте за сеир, за жалење сте, пошо као троа недозреани ми личите. Ако веќе си решил дека сакаш да живееш со свекрва, тогаш биди свесен за последиците и носи се со нив. Симпл ;)
     
  10. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    9.827
    Пол:
    Женски
    Знаеш како, за едно ќе пукам сеир, ама за друга работа во животот, ќе плачам. Така си оди тоа. Само на форумов пукаат сеир, дома си знаат како им е и што проблеми имаат.
    Замисли кога ќе се пожалат од нешто, да им пукаш сеир.
    Треба да си поголем човек од нив. Кога тогаш, многу работи ни се удираат од нос.
     
    На Осе, *Amethyst*, H.VAGA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.951
    Допаѓања:
    36.958
    Пол:
    Женски
    А, како да не бидете за сеир кога по сите теми плукате и плачете од свекрвите, а немате храброст и доблест да преземете нешто околу тоа или недај боже да бидете одговорни и да се осамостоите! Да ве жалиме треба?!!! Па, не сте деца, возрасни сте!!!
     
  12. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    9.827
    Пол:
    Женски
    А јас живеам во заедница ли?
    Само тие што живеат со свекрва ли плачат и кукаат од истата? Или и мене ко по шаблон ме ставаш во тие со мамини синчиња мажени?
    Намали со извичниците, не си по дома
     
    На *Amethyst*, H.VAGA и Anyshka им се допаѓа ова.
  13. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.951
    Допаѓања:
    36.958
    Пол:
    Женски
    Не знам за тебе, не ве следам поединечно.
    Темата снаи и свекрви е полна со плачки, плукања итн... 99% живеат или во заедница, или во иста куќа, различни спратови или во дом кој го обезбедиле свекор / свекрва.
    Одговорност и зрелост не е само физички да се одделиш од мама / тато, туку и психички ;)
     
  14. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    9.827
    Пол:
    Женски
    Ако не знаеш за мене, не ми реплицирај на тој начин, мене.
    Мене ме допре моментот "пукаме сеир". Не е во ред.
     
    На *Amethyst* и Anyshka им се допаѓа ова.
  15. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.477
    Допаѓања:
    10.927
    На секоја што му одговара ручекот да е направен од свекрвата која ја озборува по форуми, ќе вели овде дека осомостојување во Македонија е невозможна мисија.

    Туку не, на поединци ви одговара да чекате да го платите курсот на детето од пензијата минималец на толку лошата форумска свекрва.
    Се друго е само изговор.
     
    На Skyler, winnie02 и An-na им се допаѓа ова.
  16. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.495
    Допаѓања:
    37.355
    Пол:
    Женски
    Само на форумов имате среден живот, блазеси ви, кога не познаваш некој, како си дозволуваш да судиш? За да сум на готово, треба да чекам ручек од свекрва, да ми плаќа сметки, итн, а ништо од тоа нема, Така да не чекам на готово од никого, можеби вие чекате, само на форумов се удирате во гради како се сами сте постигнале на 20+, извини, ако сте постигнале сами на 20+, од 10 години ли почнавте да работите?
    Ај ви сее молам престанете да судите нечиј живот, кога не сте им во кожа!
    Не ми прави ручек свекрвата, не се секирај, нејзиното готвење не ми се допаѓа, ниту па мајка ми ми прави ручек како на некои тука.
    Па незнам зошто е форумов тогаш, кога не смееш да се пожалиш?
    Пукале сеир бе, оффф, можеби на нив бетер им е дома, ама знаеш, гордоста им е појака, и тоа само едни исти членки, на 20+ постигнале сами, можеби купиле стан со парите од родендени, еве јас незнам како на 20+ се постигнува се. И како се осудуваат да судат некој кога незнаат во животот како им е. Ете можеби планирале стан, ама животот е непредвидлив, не е се како што планираш, тој што немал во фамилија некој болен, незнае колку пари се даваат по болници, така да кога ќе ги облечат чевлите на некој друг, тогаш може да судат.
     
    На Осе, simoncelicius, *Amethyst* и 2 други им се допаѓа ова.
  17. emal21

    emal21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2023
    Пораки:
    275
    Допаѓања:
    344
    Пол:
    Женски
    Ниту сум посегнала јас по кредити ниту имам потреба,секој како кој си разбрал,а форумов можам да поставам и прашање кое и беше потребно на моја пријателка затоа што јас лично не сум во можност таков одговор да и дадам бидејќи не сум запознаена со такви работи.
    А и за сите што ми ја разбравте поентата на моето размислување,не викам дека пари на страна не треба да се имаат туку за еден старт и самостоен живот не се плашете на почеток и да не ви останува ништо многу е побитен мирот.
     
  18. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.824
    Допаѓања:
    5.092
    Пол:
    Женски
    Од личност што живее сама веќе 10 години, мислам дека можам да си дозволам да споделам мислење на оваа тема.
    Да, не сум мажена, ама во сериозна врска сум, сме разговарале на темава и на истиот начин размислуваме т.е не сакаме во брак да живееме во заедница.
    Низ сите овие години, сум поминала низ многу проблеми сама, болести, операции, се и сешто и сум преблагодарна за секоја помош иако најголемиот дел од товарот беше на мене.

    Ако немав сопствен стан, ќе отидам под кирија со маж ми. Зошто? Затоа што мирот е непроценлив. Затоа што слободата е непроценлива. Сум го минала истото со цимерки низ годините и знаев дека сакам сама да живеам, а подоцна би сакала со партнер. Едноставно не можам да си замислам дека 70 годишна жена треба да ми биде цело време на располагање на мене, и ниту би сакала. Перење, готвење, чистење, плус други работи. Да напоменам дека не би живеела и со моите. Јас сум свој човек, сакам и таков партнер со кој заедно ќе градиме живот. Кога си во брак, најтесна фамилија ти се партнерот и децата.
    Ова одделување не значи дека вие си ги мразите родителите, не значи дека нема да ги видите никогаш веќе, не значи дека ако можат нема да дојдат и да ви помогнат со деца, со било што. Родителите најпрво треба да се горди на децата што тераат самостоен живот затоа што треба да бидат свесни дека еден ден ќе ги нема и тоа дете на 40 и плус години ќе треба да се научи на навики ококу домот, но и решавање проблеми, способности за сам да си градиш живот.
    Да, попрво ќе си ја плаќам ратата од киријата, ќе си ја плаќам и каматата и ќе штедам колку можам што пред неколку години со ниска плата ми беше невозможно ама растат плати, си учиш, бараш подобри опции и така се челичиш и бориш според мене.

    Од друга страна, знам случаи со живеење кај старите, ги има и на форумов еден куп каде што свекрва/свекор си дозволуваат да ги командат младите затоа што овие уште живеат кај нив. Па ако малце им се противречи, неретко се закануваат и со тоа дека ќе ги исфрлат од дома. Да се плукнам на таков мир, попрво би плаќала камата и кредит. Прекинете да ги идеализирате заедниците како sunshines & rainbows.
    Пред да ме нападнете со коментари дека не можат сите да штедат и да живеат настрана само ќе ви кажам дека имав период во којшто живеев месец за месец, дојде здравствен проблем којшто го пребродив со помош од банка бидејќи моите родители не беа во можност да ми помогнат со целосната сума. Сум ги поминала сите фази, и знам како е. А плус и како пар, мислам дека проблемите, комуникација и поддршка делуваат многу на блискоста т.е нема поубаво кога знаеш дека сами сте се избориле за животот што сакате да го градите.
     
    Последна измена: 16 ноември 2023
    На drugarka, Kaja991, eliesaab и 10 други им се допаѓа ова.