Дали сте помислиле на самоубиство? Што мислите за самоубиството? Дали ние самите сме тие што треба да одлучиме кога нашиот живот ќе заврши? Еве мое мислење: Ние ли даваме живот? Кој сме ние да го одземеме? Еден е - на крајот од краиштата. Што потоа? Самоубиства поради неподесување на душевната болка, безизлезна ситуација, темни денови, апсурден живот? Да, тешко е, неподнесливо, ама да се бара излезот во одземање на сопствениот живот не е правилно. Животот има поставено правила според кој ќе имаш можност да се бориш, да паѓаш, да стануваш, да си на врвот, да си долу во калта, да одиш понатака, да ја гледаш светлата страна која ќе те наговори да сакаш да го живееш животот. И јасно е дека некој ден на сите ќе ни дојде крајот на овој земски живот, но важно е да умреме човечки. Животот на сите ни е траги-комедија.. секој настан или ќе завршит со тажен (непосакуван) крај или со убав, среќен крај. Ова ме чуди: некој викаат да си го одземиш својот живот е кукавички потез, а некој измери си ја храброста со одземање на животот! Апсурдно нели?
Не оправдувам,ниту признавам самоубиство во никој случај и тоа за мене е кукавички чин. Лабилни луѓе што изгубиле секаква верба во се, без храброст и без сила да се борат понатаму во животот.( Браво за темата :up: )
Значи НИКОГАШ не сум помислила на самоубиство. Животот ни е дар кој еднаш го добиваме и кој ни нуди толку многу убавини, а општопознато е дека подарокот не се враќа. Животот не се одзема, тој се живее. Самоубиството за мене е апсурден, бескорисен и себичен чин. Со тоа ниту си помагаме себеси, туку само им одмагаме на другите што се околу нас и кои не сакаат и се грижат за нас. Се самоубиваат слабите, нестабилните, оние кои немаат храброст да живет. Нивно оправдување секогаш ќе биде дека биле во многу тешка ситуација, а не размислиле дека постојат луѓе со многу потешка ситуација од нивната. Немам почит за таквите луѓе. И за крај, како што кажа и Брајт самата:
Што мислам за самоубиство? Ништо не мислам,затоа што тоа е до психата на човекот,некои луѓе работите ги сваќаат многу лично,односно се соживуваат со нештата,но тоа не значи дека треба да си го одземеш сопствениот живот.Навистина е ГРЕВ да си го одземеш сопствениот живот а камоли друг.Ми е жал и криво зошто тоа се случува,но верувајте дека во животот постои за се решение,иако мислиме дека нема излез.Животот е најдрагоцено нешто што го имаме,тоа што сме живи,тоа треба да ви е доволен поттик за да го живеете животот што подобро,ако сте згрешиле негде,извинете се,поправете ја грешката и не ја повторувајте,ако ви згрешил некој простете му,не му земајте за зло,затоа што која е целта ако некому наштетиш,па и другиот има душа која што сака да живее,да се радува итн.Никогаш не сум помислила на самоубиство нити ке помислам,затоа што животот ми е најдрагоцено нешто.Веќе ме допре темава во душава што ги заборавив другите прашања поставени на почетокот од воведниот дел на темата.Незнам што да кажам само трагично е тоа што така размислуваат луѓево и на таков начин ги решаваат проблемите во животот.
Никогаш, ама баш никогаш не сум помислила на самоубиство.Зарем толку со моиве одвај 21 и нешто години сум имала нерешливи ситуации па ајде,друго нема па ќе се бесиме.Не знам како им се посега по сопствениот живот.За се има решение,се ќе си дојде на свое место во текот на животот.Не може се да биде совршено hock: .КАкви луѓе со огромни проблеми има па не се самоубиле,си живеат,како е така е ,надежта последна умира :? Тие што се осудуваат на такво нешто според мене се болни личности. Животот ти е дар од Бога,и од родителите.И мораш да го живееш.КАко,ќе си одлучиш сам,ама кога ќе ти заврши ќе ти одреди Бог!
Самоубиство или у превод бегање од проблеми!!Како идеа може да му падне само на човек со ментално здравје...самата помисла да си збрцам нож или да се фрлам од негде или било шо е НЕНОРМАЛНА!!!има свашта.... own: own: own:
За мене самоубиството е најмизерниот начин да заминеш од овој свет.Сметам дека секој треба да замине на достоинствен и човечки начин,да замине во моментот кога Бог ќе одлучи.Колку и да ни се чини дека нема излез мора да продолжиме со борба,всушност тоа е смислата на животот.Ако нема падови ќе нема воздигнувања,ако нема тага како ќе знаеме што е радост,ако нема глад како ќе знаеме што значи да си сит?ЗАTOA CAMOУБИСТВО НЕ !!! own:
Самоубиството е потклекнување пред сите! Со извршувањето на овој чин,мислам дека човекот нема да се реши од проблемите-бидејќи верувам во задгробен живот hock: и сметам дека и после смртта т.е. после самоубиството,на единката ќе и биде судено... :arrow: Лично верувам дека на светов нема среќен живот туку има само среќни денови,и ако на некого му бил лош денот-или воопшто лош период го следело човекот,не е решение да се посегнеме по сопствениот живот... Најпрво грешка е ако се мисли дека ќе си ги решиме проблемите и маките со тоа,второ-треба да размислиме за личностите што ни се најблиски,за оние кои ќе бидат најмногу повредени од таквата постапка и трето мораме да размислиме за иднината,за убавините на животот,за слатките искушенија и т.н... Ако се наоѓаме сред криза,ќе помине и тоа-но не со самоубиство... И најискрено,многупати имам размислувано и дискутирано на оваа тема,но директно да помислам за јас да си наштетам-НЕ...Свесна сум дека тоа не е решение...
Не сум помислила никогаш на самоубиство,и не поддржувам,не ги осудувам остро луѓето што се самоубиле затоа што стварно не знам што им се вртело во главата за да дојдат до таков чин,само мислам дека за се во животот има решение дали за кратко или подолго време,животот е убав и краток и дар за секој човек
ne bi se osudila za tie sto se samoubile da vikam vakvi se takvi, kako moze toa i slicno. da ne bidam pogresno sfatena,no, site nie tuka,da imame problemi pomali ili pogolemi, no nikogas ne mozes da znaes vo kakva sostojba ke se najdes eden den i so kakvi ne problemi i sto ke ti se vrti vo glava.ne velam deka e toa nekakvo opravdanie, no sepak i ne sme mnogu kompetentni da donesuvame zaklucoci
Сум помислила мнгу пати ама ништо(штом ова го пишувам)онака ми текнало од што сум била тажна или понекогаш помислувам дека на луѓето околу мене ке им биде подобро ако ме нема но тоа е затоашто понекогаш се чуствувам отфрлено,но никогаш не би се самоубила,самата помисла на смртта ме плаши и сакм да живеам уште многу години и да умрам како старица на 80 години,а луѓето што се самоубиваат не размислуваат за ништо освен за нивната болка и тага,и наместо да зема антидепресиви или да се дружат малце со пријателите,за жал посегаат по својот живот.
Тоа е несозреаност и бегање од проблемите што нели сите ги имаме во животот. Тоа е нестабилност на самата личност а и непочитување. Кога не се цениш самиот себе си како личност. Да си го одземеш животот, си се трудел си учел, си работел, и ред други работи и со еден чин кажуваш дека ти си всушност човек кој не ги вреднува благодетите на животот.
На самоубисто не сум помислила ама баш никогаш, ама сум посакала многу пати да има можност барем еднаш да бидам невидлива appear offline за да видам како ќе се однесуваат тогаш сите личности што ги познавам, знаејќи дека ме нема. Инаку самоубиството го сметам за психичка болест која настанува во момент на афектна состојба. Неодамна имав проелт за самоубиство и многу го проучував. Постојат многу факти кои докажуваат дека е психичка болест и дека нјчесто настанува кај лабилни личности кои не се спремни да се борат во животот за да постигнат нешто или да надминат некој проблем, туку едноставно се откажуваат од се, размислувајќи површински без да ги предвидат последиците, едноставно мислат само на тоа дека е моментно решение за крај на проблемите.
abe psihata e slozena rabota,ne se site luge isti i silni kako vas,nekoj se samoubiva za ocena a nekoj gubi se i rabota i semejstvo pa se drzi...razlicni zivotni prikazni,razlicni luge,razlicni karakteri....da ne im sudime koga ne sme bile u nivna koza
Некогаш се разочаруваме во животот па не ни се живее, но тоа не значи дека треба да посегнеме по тој потег. Треба да бидеме храбри и да ги надминуваме препреките за среќен живот. Јас мн пати сум се разочарала во животот но никогаш не сум помислила на таков кукавички потег.
se soglasuvam so tvoeto mislenje koj nema problemi? nestata koi pravat entropija i samiot proces se vika entropija i nie se obiduvame da vospostavime nekoj red i balans i toa e vsusnost zivotot. a tie koi se samoubivaat toa go pravat vo moment na slabost i sekoja minuta e kriticna za nivnata odluka. ima razni pricini z da se napravi toa , nekoi od razoracaanost vo ljubovta (sto jas ne go opravduvam toa) nekoi zavlegle vo kocka , nekoi znaat dela ke umrat pa si vikaat aja da si gi skratam makite (sto i toa ne go opravduvam oti za mene se sebicni i ne mislat deka na drugite vo semejstvoto im go crnat obrazot-edno e koga lugeto ke recat be se bolen od rak bolest i umre a drugo .toa e normalno e koga ke recat imase rak i se samoubi) . za ovie poslednive gresat ako mislat deka ja pobedile smrtta na takov nacin
леле темава... колку пати имам помислено на самоубиство, два пати пробав со таблети да си го одземам животот... Не сум нестабилна личност но се најдов во една многу тешка ситуација, едноставно се што правев за се што сум се борела во животот го снема за еден ден. Останав сама, буквално сама. Се најдов во ситуација да немам на кого да му кажам што чуствувам колку ми е тешко. Бев во многу тешка депресија, моите родители како и секогаш не ни приметуваа дека постојам на нив им е битно само да постигнам некој успех и подоцна да можат да се фалат пред нивните пријатели. Многу ми беше тешко. Едноставно пред светот мора да глумиш дека се е во ред со тебе, морав да се смеам додека внатре се распаѓав, секој ден се потешко и потешко ми беше, единствен излез наоѓав во самоубиството, како што кажав погоре пробав но за среќа не успеав. Поминаа две години од тогаш сега ми е многу подобро... едноставно го сменив начинот на размислување сватив дека ништо нема да постигнам ако се убијам или ако бидам во депресија, морав да најдам начин самата да си помогнам бидејќи нема никој покрај мене немам ниту еден искрен пријател/ка... Морав да научам да живеам со тоа што го имам макар и сама... Понекогаш имам кризни моменти но никогаш повторно не би го направила тоа, никогаш не би се обидела.
Самоубиство...?! Тоа е многу деликатна и психоделична ситуација за жал. Луѓето кои не успеваат да се изборат со своите проблеми и со целокупната ситуација пристапуваа кон ваков чин, меѓутоа мислам дека не е излез. Јас изгубив многу блиска, драга, сакана личност и во тој момент сакав да ме нема, едноставно сакав да ме земе со него меѓутоа ни во таквите моменти не помислив самата да си го одземам животот, едноставно чекав да ми се случи нешто во тој момент и на мене па да бидеме пак заедно и од таа страна. Меѓутоа ете и тоа помина, не дека веќе не ме боли ама едноставно мора понатаму, ништо нема да се постигне ако се самоубиеш, само оставаш уште поголема трагедија зад себе
samoubistvo-znak na slabost i jas se glupirav mnogupati so takva pomisla ama ajde sto ne se ubiev nemam hrabrost za toa sepak sakam da ziveam i mora da se soocam so problemite kakvi i da se a ne da se glupiram ke si go odzemam zivotot ke se pravam kukavica
Самоубиство вршат оние коишто имаат многу слаб карактер, и не сакаат да се соочат со проблемите кои што им се случуваат.Според мене тоа е многу кукавички потег и никако не го оправдувам.Сега, секој во животот си има некој проблеми, па што треба сите да се убиваме?!