Со самото што си ги напишала ова овде веке си кашала некому ! Еве Јас не те сожалувам ни на крај памет не ми пага да те сожалувам ама сакам да ти посочам да седнеш да размислиш зошто и како почнале такви мисли ти паѓаат напамет .Штом си свесна дека тоа се само мисли, мислам дека уште имаш време да да почниш да дејствуваш ко отстранување на тие мисли .Молимте побарај си стручна помош тој што е стручен во таа област ЈАС ти гарантирам дека ке те свати ке ти помогне !
Задолжително обрати се кај психолог ,нема тука срам ова она. Ќе ти помогне да го пронајдеш коренот на твојот проблем кој те наведува на такви мисли. Ти посакувам многу среќа и безгрижност ,драга Sweet25 Главата горе ,мисли на твоите чеда ,Бог те благословил со такво богатство
Јас се надевам дека ќе успееш да го пребродиш овој тежок период. Верувај дека не постои проблем што неможе да се реши, треба да бидеш упорна и да мислиш позитивно. Сите имаме лоши денови, затоа главата горе и престани да мислиш на такви работи... Имаш деца, на нив помисли и ќе ти стане јасно, знаеш ли колку си им потребна? Како и да е, обрати се кај стручно лице. Ти посакувам се најдобро, и многу многу среќа!
Сите грешиме фала богу ама како ке учиме ако не згрешиме? Имаше исто една трагична случка во мое семејство еден мој далечен братучед што не сум го видела којзнае колку време замина америка за да ја земе жената што многу ја сакаше.. во меѓувреме нејзе татко и и наоѓа маж ама он одлучил ке замине па макар и на црно ако треба.. стигнува братучед ми таму и оди да ја земе ама оваа во бел фустан облечена и одлучува му кажува на мажот дека сакам да заминам со тој што го сакам Маж и психопат од бес.. со бел фустан прво ја обесува нејзе па послем со пиштол се убива и самиот себеси!! Сите се грижевме за состојбата на братучед ми затоа што знаевме колку ја сакаше... остана во америка послем 3 години се заљуби пак и сега има детенце.. пред некој ден видов слика Надежта последна умира.. и никогаш не оправдувам самоубиство!!
Не мора да имаш проблеми за да имаш вакви мисли,тоа е се умот,психата...Сте слушнале сигурно( а и тука прочитав) за ситуации Имаше се,совршен живот но се самоуби,зошто!? Јас на пример имам се,но не сум задоволна од себе,и ги имам и тие мисли....
и тој кој сака/решил да се самоубие треба да има гоолема храброст за да го направи истото!! замислете како им е во нивната глава кога им се вртат такви мисли и кога тоа им е единствениот спас??? но да се живее е уште похрабро. да се соочиш со се` пред тебе!!!!, а не да побегнеш! затоа испаѓа дека самоубиството на крајот е сепак кукавичлук! За тие кои сакаат да си сторат нешто себе си, нека сфатат кој дар е животот!!! Да се родиш и живееш како човек!!! Имате тешкотии - СЕ` ќе помине. После дождот секогаш доаѓа сонце!!! (Во спротивно ќе бидете `чудо` за три дена, а потоа ќе паднете во заборав, светот ќе продолжи напред, а вие, само вие сте изгубиле, никој друг!)
Таквите луѓе не треба да се сожалуваат тие се кукавици, психички слаби личности што мислат дека проблемите ќе ги решат со самоубиство, тие се себични кои си мислат само на себеси не мислат на најблиските што ке патат за нив.. Па сите ние имаме проблеми за се има решение па на крај краева секој излегува на крај со проблемите. На сите ни е од се преку глава, на сите ни е тешко ама мора да се иде напред да се бориш зашто животот е борба, мораш да се соочиш со реалноста. Моја познаничка се обиде многупати да се самоубие и ништо не постигна со тоа освен сожалување од околината и од нејзинито семејство. Катастрофа
Лабилна е таа личност која ќе посегне по својот живот. Зошто? За да избега од проблеми. Господ ти го дал животот, зошто да си го одземаш? Проблеми? Сите имаат проблеми. Секој проблем има свое решение. Само треба да се потрудиме да го најдеме. Самоубиство е најголем кукавичлук.
Никој не е повреден од мене па да се убивам поради него. А сите проблеми можат да се решат кога-тогаш!
тоа го прават луѓе кои дефинитивно се многу слаби карактерно и душевно.Мислам како може девојче од 20 год убава,млада полна со живот да помисли на тоа а камоли да го стори....зошто ?заради дечкото....мислам дај молимте зашто и да е тоа се слаби луѓе пред се себични кои воопшто не помислуваат на болката што ќе им ја остават на најблиските
јака тема.. тоа се моменти на потсвеста.. мислиш дека е полесно и дека само тоа е решение.. а за правенје е лесно и секој мозе.. не викам не.. но сепак не го одобрувам тоа...
Не е храброст да си го одземеш животот, туку недостиг на храброст да го живееш.-бар јас така го сфаќам. И јас се чудам на умовите на некои луѓе, ако воопшто ги имаат.
И мене не ми е јасно самоубиството. Секој човек има инстинкт да преживее, а овие луѓе како да го немаат тој инстинкт.
Токму тоа и мене ме збунува. И јас сметам дека тоа се луѓе што немаат храброст да се соочат со проблемите, но од друга страна СИТЕ имаме инстинкт за преживување, така што мое мислење е дека сигурно е потребна и храброст за човек да си го одземе животот. Сите си знаеме колку ни е мил животот...
Незнам дали на оваа тема имам коментирано ама ајде пак ќе прокоментирам. Ги читам коментарите и си размислувам да го читав ова пред едно три години со многу коментари во стилот тие што се смоубиваат се кукавици, немаат храброст да се соочат со проблемите, да ќе се сложев, но денес не! На самоубиството ( поточно на желабата за самоубиство ) гледам како болест, излечлива или не! Доколку се случи самиот чин неизлечлива болест. Зошто така? Човек кој се решава на таков чекор има психички проблеми, тој човек треба да се лекува! Реков за пред три години да се додека на таков чекор не се реши еден мој многу близок за кој ќе речам беше неизлечливо сооглед на тоа што посетуваше и психијатри, имаше сеанси и сепак немаше резултати. Жално!
Помислата на самоубиство е момент на слабост. Еве јас сум помислувала повеќе пати на тоа кога ке се скарам со дамашните или пак кога сум се карала со дечко или пак нешто сосема друго најлесен начин ми било да поминслам на такво нешто. Но Храброста ја немам и веројатно затоа не сум го направила тоа. Затворена во соба со 4 ѕида плачам и си мислам епа ке се самоубијам еве ќе одам на таван ќе се забесам. Најлесен начин но реков и ќе речам Треба да имаш Храброст што во мојот случај ја немам ни 1процент.
Самоубиец не се станува. Самоубиецот се раѓа. Тој што нема милост за свој живот,можете да замислите тогаш колку ги ценел другите околу себе. Само господ нека ме чува од таквите подалеку.
ПА тоа е потсвест на разочарување саматапсиха го отепува човекот и го тера на едно РЕШЕНИЕ! Потполно се согласувам, Ама ние ако сме ништо тогаш зошто се трудиме да живееме самите?