Не ги "прочитале" или не им се сакало да ги прочитаат? За жал, на никого не им е гајле. Самоубиствените мисли се третираат како нешто нормално и 'стручните лица' (од мое искуство) не спроведуваат протокол кога некој ќе побара помош, па дури и експлицитно. Каква свест, или ја има или ја нема. Не се ни тие криви понекогаш, Македонија е на многу ниско ниво во поглед на економија и образование и се. Се е зависно едно од друго.
Зошто гугл кога кје отвориш било која болест психичка пишува можно е самоубиство, од моја гледна точка јас никогаш не сум размислил за тоа, ама ми дојде многу тежок период и почнав опсесивно да размислувам за тоа, не се откажувам продолжувам да живеам
Точно е дека е на ниско ниво, но не на најниско. Добрата и охрабрувачка вест е тоа што нашиот народ кога е инспириран од нешто што му има смисла и го мотивира да дејствува и да создава убави и корисно-применливи работи, многу брзо и со леснотија ги прифаќа тие работи и на чудесен начин процветува и избива на површина скриениот и заспан талент со надареност за многу работи...Тогаш се преобразува во една творечка и вдахновена сила која може да пронаоѓа револуционерни изуми и ред други позитивни работи кои оставаат силен белег и неизбришлива трага и кај нас и во светот со својот неоспорлив придонес и во наука и во многу други сфери....Мислам дека мал интелектуален поттик и детско љубопитство му треба на нашиот народ за да ја покрене неговата креативна машинерија и е способен да му ја разбуди најдобрата и најсоѕидателна страна за да го направи и својот дом и земја како и светот подобро место за живеење....Само кога би немал кочници, рамнодушност, стравови од минатото, предрасуди и свртеност само кон себе во вид на егоцентризам и осуство на заедништво и сплотеност како и психолошки бариери, предизвикани од разни свесни и несвесни околности, состојби и перцепции, штетни влијанија и случувања кои го трујат критичкиот начин на размислување на човекот да размислува со своја глава.Јас имам такво чувство и таков впечаток и тоа го гледам кај нашиот народ дека може да изгради и да си обезбеди светла иднина само кога би ги елиминирал сите овие горенаведени пречки. Се зависи од нас.Тргнувајќи од овој оптимизам, нема причина некому да му идат самоубиствени мисли зошто ако веќе некој го достигнал дното тоа значи дека подоле не може да оди од тоа и тогаш повторно огрева сонцето па нема друга алтернатива освен да се искачуваме нагоре по патот на успехот и природно се наметнува да стануваш се посреќен и посреќен...Таков е природниот ред на нештата и космичката законитост го сакале ние тоа или не.
Зошто размислуваш за вакви работи? Ако си вознемирен земи нешто за смирување, поразговарај со некој. За ништо на свет не вреди да си го одземеш животот.
Ова сите го викаат ама не верувам дека е вистина си имам историја и со психијатри и психолози и на крај сфаќаш дека не на никој не му е гајле дури ни тие што те создале
Ne ima mnogu takvi ako toa ti dava nekoja podrska.Ali I samoubistvoto ne e nacin da gi resis svoite problemi.Probaj da te fati inat pa za niven inat da uspees vo zivotot.Pa posle sekako vrati so ista mera.Ne misli na vakvi raboti lesno e da se umre tesko e da se zivee.Razmisli za ova sto ti go pisav samo napred,srekno
Ednostavno ako e vo prasanje biohemiski deficit na hormoni na sreka ne pomagaat ni soveti ni bihevioristicka terapija, samo psihijatar moze da predlozi odredeni stimulansi na tie hormoni da ja supresiraat "tagata" i suicidalnite misli.
5 години скоро сум на антидепресиви, анксиолитици, еден антипсихотик, редовно земам мелатонин. Сега го прекинав антидепресивот не помага повеќе ниту лекарите. Немам пари за терапевти сум бил и искрено се каам што порано не бев кога бевме дома во подобра финансиска состојба.
Здраво на сите. Прво да кажам, членка сум на форумот под друго име. Поради тоа што никој не знае низ што поминувам, а не сум анонимна на форумот направив нов профил. Ме интересира дали во Македонија функционираат help-lines за разговор? Ако да, ве молам за број. Тоа што најдов на Google, не ѕвони. Веројатно не се 24/7
@Небитноooo Само ова ми излезе како поново од 2022 година, односно 988 и 1-800-273-8255. https://parentnetworkwny.org/mk/the...eline-is-now-988-suicide-and-crisis-lifeline/ Ако не функционираат, би ти предложила да прашаш во темата за психолог, подобро да те насочат каде можеш најбрзо да закажеш. И ти посакувам побрзо да го надминеш тоа што те мачи
Можеби да пробаш во брза помош, па да те насочат на право место. Или бројов за итни повици 112 Moжиш и директно да одиш во брза помош исто така.