Колку и да ти делува моменталната ситуација безнадежно и колку и да мислиш дека нема излез, да знаеш дека има. Еве кога и да сакаш можеш да пишеш тука, во порака било каде само не губи надеж.
Имам лошо искуство со брзата помош во Скопје... Не сакам да ширам негатива, темава воопшто не е за тоа. Се надевам дека има некоја институција каде што озбилно ја сфаќаат работава...
Да, добро сум. Уште сум на „физички“ добро. Работиме на другиот дел. Имам кризи секоја вечер, ги тргнав сите предмети од дома што ги гледам како потенцијално опасни. Јас само ќе додадам тешко на тој што ќе затропа на тие врати. Јас сум страшно разочарана од односот во 8ми септември.
Таму ми рекоја девојче оди си дома, кај да ти најдам доктор сега... Барај си кај матичната од понеделник преку ден. Еднаш решив да побарам помош, еднаш... и никогаш веќе!
Цитирам: „живееш 200 пати подобро од просечен Македонец, што е сега, зашо вака?“ Им кажав фала, станав и си заминав. Да ти е шубе да бараш помош испаѓа работава ама ај..
Од тоа " имаш се што ќе посака човек" и " мисли позитивно " ми се повраќа кога ке чујам. Добро ,во 21 век сеуште мислат дека "ако имаш се" или "мислиш позитивно " депресија нема да те фати? А? Па згора на тоа доктор ова да ти го рече...страшно
Дали те прегледа дежурен психијатар или само општ доктор? Имаш во секое време опција да одиш на приватен психијатар што ќе те лечи долго време ама ако е акутна работата е за во болница. Инаку добро е да се бара помош и да не се откажува лице со психички потешкотии од помош. Тој што е самиот свесен дека има мака на добар пат е ако самиот бара излез. Оваа тема е тешка и свесноста кај нас е на многу ниско ниво зашто се повеќе млади лица се изложени на сериозни психички проблеми.
Луге веке 3 години размислувам за самоубиство. Никој не ме разбира зошто имам потреба од долги психолошки разговори. Можда незрело од моја страна. Аама сама сум крива за се . Дали некој знае како да се справи со тие самоубиствени мсли.
Мораш да им веруваш. Тие знаат подобро. Штом си била кај повеќе и сите ти даваат терапија, мораш да ги послушаш и да соработуваш. Можеби ти изгледа невозможно ама не е! Штом се бориш досега значи дека си силна и можеш. Верувај во себе и во нив.
Не знам дали веќе сум пишувал тука или во друга рубрика, но, да повторам... Прво, сите кои што имате вакви мисли ве молам да се обратите кај психолог или психијатар, има тука добри сугестии низ форумов и многу искуства на луѓе ... Второ, ако ви се зборува за тоа, а немате со кого, мислите дека другите нема да ве разберат, не сакате да им се наметнувате, срам ви е од тие мисли, ако немате пари, ако собирате храброст да одите кај стручно лице, ако не сте го нашле соодветниот психолог/психотерапевт , ако тој ви закажал за три недели, ако се обидувате да се „симнете“ од АД , ако едноставно немате волја, ако е премногу доцна навечер и нема со кого да зборувате, а имате криза. пишете ми... Нешто ќе смислиме заедно, и ќе ве сослушам без осудување... Можеби нема веднаш да ви одговорам, веројатно сум зафатен, ама ќе ви одговорам...Не сте сами и не сте единствени...