Во темана анксиозност фрчат навреди. Само самите можеле да си помогнат, а не е вистина, сам ништо не можеш во овој живот. Посебно со анксиозност, ти треба афирмација од други и поддршка од голема група. Мислам, премногу е. И таму реков, ако немаш нешто корисно да пишиш, не пишувај воопшто. Испаѓа, како изживување некако.
Особено осетлива тема...се надевам дека тие што си ја пишале маката нема да се ослонат на мислењата од еден форум. Како и да е, се согласувам дека треба повеќе човечност...
Тој што не осетил на своја рака и/или нема познавање од медицината во која секако спаѓаат менталните проблеми не е компетентен да дава совет и мислење и така се доаѓа до кафе муабетот што генерално треба да се заобиколи.
Според тебе е проблем, според мене и за мене не е. 2023 е т.е. завршува, значи offended се осеќам и тоа значо дека ти треба да промениш нешто кај тебе а не јас
Јас нигде не кажав дека тоа е навредата,ниту пак дека одењето на психијатар е погрршно.Уште не сфаќаш кај ти е грешката...
Ако ти е навредливо некој да ти каже дека треба да посетиш психијатар за психичкиот проблем кој го имаш, да, специјална снегулка си. Не знам зошто сметаш дека е навредливо некој да ти каже да посетиш стручно лице за да ти помогне околу проблемот.
Специјална снегулка и драматизира не се соодветни зборови за во вакви чувствителни теми. На тоа мисли @The.E.T. Тоа е навредливо, не е навредливо одењето на психијатар.
Не се навреди само ако се перципираат како навреди. И ако сам себе не сакаш да си помогнеш никој не може да ти помогне е вистинскиот израз,. И ова е единствената вистина. На кого му се допаѓало или не, го разбирал или не. И јас така мислам. Овде е место за дискусија и различни искуства, не само она што на одредени им одговара да го чујат. И не можеме да чекориме ко по срчи, само заради хиперсензитивноста на истите тие одредени некои. Иако да, треба емпатија на овакви теми (како и анксиозност) .
Не не, барај погоре друго е, а за ова пак да не збориме, ова "снегулка" е само потврда за нивниот став Кога се работи за самоубисто,односно за суицидни мисли тогаш кажуваш тоа ќе одговара а не без да размислиш да треснеш свашта
Па не само на таа тема, туку на секоја, не дај Боже да си ја каже некој маката, веднаш "паметните" скокаат и напаѓаат. Некој/а што помислила на самоубиство сигурно има некој сериозен проблем, не сме им во нивна кожа па да знаеме, ама ако немаат некој совет нека го прескокнат мислењето.
Толку е тешко да се воздржите од паметување?? Не можете да се ставите на место на некој депресивен јасно ми е али пробајте, на депресивно лице му фали уште специјална снегулка да го нарекуваат и онака се обвинува себеси доволно, малку почувствителни бидете аман.
Имајќи предвив дека за здравството и здравјето денес се зборува за и преку грамофонот на политиката во истото и не за медицината и тегнологијата во здравството камоли за превенција нивото и образованието генерално е многу ниско и ниту е чудно ниту ново....
Devojki zabraviv da vi pisam.jas koja sto dramev okolu hpvto deka mi izleglo na pap nemam hpv vcera bev po rezultati I nemam nitu eden tip site se nedeaktivirani I mn sum srekna...pak ke pravam kontrola na 6 meseci so pap ama bitno sea za sea nema hpv se nadevam nema ni da ima...