За џабе сиот тој стрес, ама моја препорака ти е да си посетиш психолог, лошо е и тешко да со хипохондрик. Знам по себе.
Ете, нели ти кажавме. Знам колку е стресот и стравот ужасен за целиот организам, криво ми беше и за тебе кога те читав дека од ништо си правиш проблем. Немој веќе така, ако треба побарај и помош од психолог.
Хипохондријата како таква мислам дека не е засебна сигурно нападите на паника или некоја психоза може да го манифестира нерационалниот страв од болести.
Pomogneti me neznam kako da go preziveam ova se osekam mrtva megu zivite mojot maz izvrshi samoubistvo ostanav sama so tri deca od togas ziveam vo pekolot se osekam ponizeno posrametone unishteno so grza na sovest kako ne primetiv kako ne spreciv se gusham od tovarot sto go nosam nemam snaga
Каков товар, што ти претставува товар? Фактот дека сопругот се самоубил? Ако и ти го направиш тоа, децата што ќе прават? Со кого ќе останат? За нив треба да се живее. Дали имаш финансиски или некој друг проблем во животот освен тоа со сопругот? Децата не те прават среќна?
Побарај помош од психолог ако има потреба и психијатар понатаму. Ќе ти биде полесно да разговараш за проблемите со коишто се соочуваш. Мисли на децата, не смееш да ги оставиш сами. Тие ти се водилка во животот, мораш да си храбра за нив.
Многу ми е жал, прими сочувство. Знам дека вака изгледа лесно да се каже, но ти не си виновна, ок? Има милиони луѓе што го направиле истото а биле во среќни врски и бракови. Некогаш е невозможно да се предвиди, и не си ставај сол на рана сега да мислиш на што би било ако би било. Знам дека е претешко, емоциите до плафон - но барем ради децата пробај да размислуваш рационално. Запрашај се, што е правилно сега да направам, како може да сум од помош за себе и моите деца - немој да запаѓаш во дупка, тешко се излегува. Те молам биди добра и посети психолог. Те гушкам!
Навистина ми е жал за ситуацијата во која си, сочувство. Не можам да замислам како се осеќаш, но ако нешто знам е дека не си виновна и не можиш да бидиш виновна за ваква ситуација. Се шо можам да ти кажам е да најдиш причина за живот - децата. Зошто кога си даваш причина многу полесно е да продолжиш напред. А ти имаш основ за многу силна причина да продолжиш напред. Побарај стручна помош, пред се за нив. Ќе си поможиш себеси и воедно ќе бидиш силна родителска фигура за нив. Психотерапија ќе биди многу полезна за тебе, но јас би однела и децата пошто и тие имаат загуба и им треба да ја разберат и обжалат ситуацијата (нормално тука и возраста е релевантна за кој би работел со нив и кога).
Сочувство до тебе. Знам дека е страшно, но, ќе биде подобро.. Дај си време првично, и колку и да изгледа страшно сега, знам дека ќе се справиш со бурата од чувства и стравови што ги имаш сега... Убави совети ти дале феминките. Додека бараш психолог/психијатар, а сакаш да разговараш со некого, во меѓувреме, пиши ми.
ме прават среќна и само за нив принудена сум да живеам и да се борам додека душата ми крвари не го обвинувам него не му се лутам на него се обвинувам себе и немозам да си простам како може да си со некој толку години да не го познаваш доволно и да сетиш и да предосетиш како не успеав да спречам се тешам понекогаш а другите така ме тешат судбина али не верувам во судбина
Не е твоја вината, како човек ти не можеш да читаш мисли. За жал иако неубаво, сепак тоа бил негов чин. Може е подобро да се дружиш извесен период со пријателки кои имале загуба на сопруг. Секако, ако имаш во близина. Тоа мислам повеќе ќе ти помогне во комбинација со психолог.
еве ја лично да ве замолам ако некој некогаш помислил на тоа веднаш да си удри сам на себе шамар и да побара помош на психијатар со таков чин се прави масакар се убиваат и други луге и тоа своите најблиски се оставаат да гораат живи во пеколот еве јас имам 27 години цел остаток од животот ке горам жива во пеколот уништена со болка во душата со грижа на совест да се колнам секој ден како не сум приметила со 3 деца децата се искрени па ме викаат дека личам на страшен костур се колнам себе секој ден
Ништо не постигнуваш со тоа што се колнеш сама себе, само повеќе со негативна енергија се полниш. А моментално ти е потребна сета позитивна енергија на светот. Најди некоја активност во која ке можеш да се претопиш и да не мислиш на ништо друго. Било каква. Сети се што ти претставувало некогаш задоволство и пробај да го правиш тоа, чекор по чекор.. прво нема да е лесно ама ке продолжиш. Наспроти тоа ке си закажеш на психијатар каде што верувам ке ти препорачаат и добар психолог кој ке ти помогне со справувањето со загуба од овој тип. Лесно е да се откажеме, она што не прави големи луѓе е да продолжиме напред и покрај сите препреки. Ова доаѓа од личност која си го изгуби детето. Можеш да ја замислиш таа загуба? Те молам собери се, им требаш на децата.. а и на себеси. Се ке помине.
ova e vishe ne izdrzlivo nemozam da izdrzam psihicki se umoruvam mozokot mi e zasemeten ili ke se razbolam ili ke poludam i skrenan vrakanje filmovi pa kako ne sum primetila ova pa kako ne sum primetila ona pa jas sum kriva pa da sum primetila ke sum sprecela ke me razboli psihicki grizata na sovest vo nitu eden moment ne go obivinuvam nego mu prostuvam za sto ke go goram ziva vo pekolot problemot sum jas kako da si prostam kako ne sum primetila
Не си во можност на идеш на психолог или психијатар? Ништо не праиш вака што се обвинуваш. Жено прибери се деца имаш, они се зависни од тебе, им требаш!!! Ако не за себе, мисли на нив. Уште една траума ли треба да доживејат? Тешко ти е, нема секако да забораиш и не ни моеш ама мораш да мислиш на твоите деца и да се вратиш во живот. Тешко ќе биде ама немаш друг избор.
Прими сочуство за сопругот. Сега читам што си пишувала наназад периодов и колку чуствуваш вина за тоа што се случило. Претпоставувам дека ова се случило не така одамна, зошто не само што си во процесот на жалење за него, но си и сеуште во состојба на шок и траума. Тоа што ти не си знаела во колку лоша психичка состојба се наоѓа придонело да неговата постапка ти биде шок, нешто што ти направило траума со својата екстремност и изненадност. Таа немарност и запуштеност на себе (а потоа и на сите околку тебе) се само симптоми на таа траума. Навистина мислам дека ти треба помош од стручно лице да ти помогне во овој период, со тоа што прво би се насочил на надминувањето на траумата, а потоа и низ процесот на тагувањето. Кога ќе можеш да излезеш од таа првична траума, ќе можеш да се дефокусираш од него на себе. А кога ќе си ти подобро, ќе бидеш доволно добра и за децата да се грижиш. Размисли дали не е добро да добиеш грижа од блиските (па и од стручно лице) околку децата додека ти да се опоравиш... Можеби сега ова нема да допре до тебе, мислам дека е сеуште рано. Но еве ќе остане овде, ако сакаш да им се навратиш некогаш подоцна на советиве: Прво, треба да знаеш дека луѓето кои се во депресија многу често тоа вешто го кријат за сите други околу нив. Дури може да се прават како да се осеќаат сосема спротивно од тоа што го чуствуваат, весели се, насмеани се, одат на работа, нормално се дружат, не се жалат и навидум функционираат во секојдневниот живот без проблеми. Ако самите не си кажат што ги мачи, не се доверат или не побараат помош другите немаат како да препознаат. Да не се обвинуваш дека си можела да приметиш без да ти каже самиот. Второ, и да си знаела, најмногу што си можела да направиш е да му бидеш поддршка кога тој самиот ќе решел да побара помош и ќе работел на себе (ако признаел дека има проблем и почнел со лекување). Никој не може да оздрави друг без негова воља, ниту може да оздрави за него. Таа битка ќе морал да ја избори сам за себе. Значи контролата повторно ќе била во НЕГО, не во ТЕБЕ. Трето, тој бил возрасен човек и одговорноста за таа одлука е негова, а со тоа вината. Твоето знаење за состојбата, твојата помош и поддршка не се гаранција дека ваквиот исход немало кога-тогаш да се случи. Опоравувањето во целост не е гарантирано, обично има добри и лоши денови во процесот на лекување и тие лошите треба да ги издржи (дури и кога би имал план како да се постапува во тие моменти). Затоа и постојат СОС линии и слични канали за итна интервенција - за луѓето кои имаат депресија, во моментот кога се на дното да побараат итна помош и во тие моменти да не посегнат по себе. Но, дури и тогаш тие самите се тие кои треба да смогнат сила да ја побараат таа помош, барем тронка воља да алармираат дека им треба помош. Доколку не можат тогаш треба да се хоспитализирани во институција и под 24 часовен надзор против самоубиство, додека не излезат од таа криза. Зошто нивните домашни не се доволни за да ги спречат и не можат да ги следат нон-стоп. Често се неискрени кон домашните, ги лажат за да скријат што планираат, за да се ослободат од контролата нивна и сл. Значи тој надзор не е воопшто лесен за да биде совршен, дури ни за добро обучени професионалци. Четврто, ти си само човек. Не си суперхерој, не си сезнаечка, сеприсутна, семоќна. Не можеш да спасиш друг човек. Може да се спасиш само себе. Верувам дека ќе си помогнеш самата на себе и ќе го пребродиш ова. Охрабри се да побараш помош од други, потребна ти е.
Претпоставувам дека ти е свежно искуството. Навистина мораш да побараш стручна помош за да го надминеш ова. За доброто на децата и за твое добро. И не ти не си никако виновна за неговата постапка. И да може да не си приметила затоа што имаш три деца за кои си се грижела. Не си ти виновна за неговите постапки. Сами си пресудил. Уште и ако не ти се доверил дека му е тешко како би знаела. Те молам побарај стручна помош.