Iam 12 godini i vekje sakam da se ubijam.Ne ja znam pricinata no ete sakam da se samoubijam :/ ne znam so da napravam Help me [mod-kirilica:2g6pqlzw][/mod-kirilica:2g6pqlzw]
Help Moра да има причина за тоа,не може тек така да се разбудиш и да речеш не можам повеке ке се убијам.
Help Каков проблем може да има едно 12 годишно девојче па да сака да се убие? На куклата и се скина фустанчето или..? Не се занесувај, животот е пред тебе, не си искусила ништо па за самоубиство ке збориш, бре бре.
Help Девојче не знаеш колку ѓи има само што се борат за живот со сета сила а ти здрава, права сакаш сама да си го одземеш.
Help ^Koлку и да изгледа шеговито, девојчето можеби навистина има проблем. Животот нуди толку убави работи, затоа и ти е подарен. Биди благодарна што си жива и можеш да го гледаш светот. И толку си млада за такви мисли. Ќе видиш со тек на времето дека се‘ ќе се среди
Help Немој! Со тоа ништо нема да подобриш, туку само ќе ги влошиш работите. Колку и да ти е тешко, запомни дека секогаш постои решение. Не дозволувај да те обземаат црни мисли, едноставно не врти такви мисли во главата. Од голема помош може да биде ако си го свртиш вниманието со некоја занимација, на пр. музика која тебе ти се допаѓа во моментот, или гледај ги облаците и сончевите зраци, радувај им се на убавината. Најди некого со кого во доверба можеш да разговараш - на пример појди кај психолог или психотерапевт и разговарајте за тоа што те мачи. Може тоа да биде и еден од родителите, или роднина, баба, дедо или наставничка или некој во кого ти имаш доверба. Дури и да нема некој таков доволно е човек кога ќе ги изговори гласно проблемите и ќе се слушне самиот себе си што зборува, честопати се случува и повеќе од пола проблем да се реши. На некои им помага кога за своите маки, грижи и неуспеси ќе ги запишат во обична тетратка, нешто како дневник, убаво е таму да се запишат и убавите моменти, и тоа помага
Help Ајде, ајде. Ништо страшно, само малку ја удрил филмот во глава девојче, на 12 години и јас сакав да се убијам а не ја знаев причината. ете, баш како тебе. ама после кога созреав ми текна дека е од многу гледање филмови Сакаш да се убиеш, бараш начин, ке го најдеш начинот, ке се изнапишуваш проштални писма и доаѓа моментот а ти се фрлаш в оган за да не виде мајка ти, а за да се убиеш храброст немаш. Озбилна сум, за ништо паѓав во депресии. Мој совет? ~ помалку гледање филмови и седење на фб, повеќе излегување и играње со другарките размислувај позитивно, биди весела и не мисли на лоши работи. Ке помине и ова, период е.
Самоубиец не се станува. Самоубиецот се раѓа. Тој што нема милост за свој живот,можете да замислите тогаш колку ги ценел другите околу себе. Многу добра констатација. Тој што нема милост за себе, нема за никого. Со предодреден самоубиец е пекол да се живее. Јас и моите деца го минавме сето тоа. 30 години живеевме со самоубиец кој мислеше дека знае се, дека е најдобар во се, дека е најумен, највреден и никој друг на Светов не е како него.А кога ни се случи убав момент во животот на кој неизмерно се радувавме, се обеси. Не можеше да гледа среќа во нашиот дом, ами само страдања. Така, не дозволи и на таа единствена среќа да и се дорадуваме. Сепак, неговите брат и сестра,мајка, иако гледаа и знаеја се, на друг да ја префрлаат вината за неговата постапка, само да го оправдаат. Немаат никаква грижа за нашите чувства. Значи, не гледа никој објективно на ваквиот чин. Секое мислење е субјективно, за жал.
Да, сум размислувала. Потоа сватив дека навистина е кукавички потег, потег на слабак. Но, на моменти не сум толку силна за се. Па размислувам, ако би ме немало на кој ќе му текне за мене? Ќе свати ли некој колку сум вредела? Знам, треба да се докажам. Да докажам дека вредам, да се борам да ја преминам секоја пречка на патот кон успехот, па колку и да била тешка. Не знам дали е до пубертет, години, ама на моменти навистина имам размислувано за ова. Мама знае и затоа се плаши, зборува со мене за секој проблем и го ценам тоа. Но стравот од паѓање, од неуспех ме плаши да посегнам по успехот..
Jas nikogas ne bi podrzala vakov cin, no sepak gresno e da mislite deka so toa tie sakale da si gi resat problemite, stvarno neznam vo kakva sostojba bile i mozebi im bilo mnogu tesko sto ednostavno nesakale vise da ziveat a za nekoi problemi nekogas stvarno nema resenie i pravata odluka ne e dali mozes ili ne, tuku dali sakas da prodolzis...mozebi ima vrska so jak karakter, no ako veke tie gi preziveale tie problemi, ednostavno im se zgadil nacinot na koj stojat rabotite...[mod-kirilica:2ufzwfn9][/mod-kirilica:2ufzwfn9]
Татко ми еднаш рече дека самоубиец не се станува, туку се раѓа. До некаде се сложувам бидејќи колку што имам слушано доколку во моментот кога личноста е решена да се убие го вратиш тој во тие неколку минути не е тој, всушност тој што се самоубива во миговите пред самоубиството е некоја друга личност скриена во него. Од друга страна пак ги имам тие ‘проблеми‘ во средината која живееме и таа кохезија во општеството што доведуваат до тој чин. Јас во ниеден случај не го подржувам ни оправдувам самоубиството, ако сите си ги решававме на овој начин проблемите тогаш ќе згинеше човечкиот род. Исто така мислам дека сепак е најважно она што доаѓа од семејството, од гените и од воспитувањето.
Самоубиството во никој случај не го оправдувам. Ги разбирам луѓето што помислуваат на овој чекор и што пробуваат да дејстуваат во истиот. Меѓутоа ова не е решение за перманентно решавање на проблемите. Ова е кукавичлук. Животот не за џабе е еден... Треба да се живее без разлика на тоа колку разочарани и изморени сме од секојдневниот живот.. Секој проблем си има свое решение. Ако почнеме сите нашите проблеми да ги решаваме со самоубиство каде ќе ни биде крајот?!? Проблем на работа? - Бап се убиваш. -Ова ми е тотално глупаво и несфатливо. - Глупава постапка...
самоубиството е најлошиот начин на завршување на животот. за секој проблем има решение..едноставно кога лугето го прават овој чекор не размислуваат доволно за тоа што следува..односно последиците.. ова е најлглупавиот начин..со тоа се повредуваат бликсите...оние кои те сакале..а ти мислиш дека многу правилно си направил
Едно големо НЕ. Покрај сите падови,покрај сите глупости во нашите животот,самоубиството не е начин да ги решиш своите проблеми.Знам,на сите ни е преку глава од некои работи.Не заминувај од овој свет како кукавица,замини како борец.Има и светла страна од нашите животи - пријатели,семејство,љубов итн итн. Како што се вели: Бог ти го дал животот,Бог ќе ти го земе. И јас имам проблеми во мојот живот (па кој нема?).И јас сум била омалажувана,предавана,навредувана.И јас сум се покајала за некои работи,сум плачела и сум се смеела.Секој ден ова ми поминува низ мислите "Животот е еден".И пак си правам глупости и уште не ми иде 'аклот'. Имам подршка од другарки за некои нешта но немам најдобри другарки со кои би можела да споделам СЕ ама буквално се.На семејството некогаш неможеш да кажеш се. Колку ми е само жал кога ќе помислам на некој што починал а несакал,а потоа помислувам на оние што сакаат да умрат.Го прочитав одговорот погоре од fanzani ... па уште си на почетокот на својот живот,помисли на иднината и на убавите работи кои ти се случиле,ти се случуваат и ќе ти се случат.Сваќам дека ти е тешко,но на 12 години да се самоубиеш... Кога и да помислам дека сум преживеала многу само се насмевнувам и велам "Животот е убав".
Така е, секој има проблеми и секому неговите му се чинат најголеми. Ама, херојство е да живееш и да се спротивставиш на сите животни искушенија. Не е херојство да избегаш, тоа е кукавичлук. Да ги оставиш оние кои си ги создал или те создале тебе е голем срам за тебе, а неизлечива болка за нив. Мислиш некој тебе ќе те сожалува или нив?! Не, не залажувај се да му ја препуштиш душата на ѓаволот кој сака да те поведе во неповрат, да го уништи твојот и животите што постојат заради тебе. Помисли на оние што остануваат зад тебе, иако многу те сакале од преголема болка многу ќе ти се лутат. Дури и кога ќе ти простат знај, не си го уништил само твојот живот - си ги уништил и нивните. За сите животот ќе продолжи исто, ама твоето семејство веќе ќе е уништено. Сите ќе си се на број на маса, само на вашата трпеза ќе има празно место што никој никогаш не ќе може да го пополни. На него ќе седи ѓаволот кој не се гледа, ама во секое време се чувствува неговото присуство.
Јас со ова не се согласувам. Самоубиецот се раѓа, генетски ли е предодреден? Кои се параметрите да родите дете-самоубиец? Нормално дека самоубиец се станува. За некого проблемите и борбата наречена живот е претешка, полесно потклекнуваат, посклони се кон депресија, едноставно се нашле на дното, без никаков излез, и си пресудиле... Околината, животот, проблемите го обликуваат човекот, го прават цврст и жилав или самосожалив и слаб. Ако остануваме со истите карактеристики со кои се раѓаме, малтене сите ќе сме окезени со цуцли в уста. Мајката и таткото ни го дале животот. По логикава - мајката и таткото треба да се одговорни да ни го одземат? Кои сме ние да го одземеме? Единствените господари на сопствениот живот и себеси. Хипотетичка ситуација бр. 1 Дознавате дека боледувате од тешка болест, шансите за оздравување се минимални, дури непостоечки, и ви велат - ако сакате да се борите, ќе мизерувате и сосем можно е повторно да го изгубите животот. Или можете следните 6 месеци / години да си ги изживеете до максимум. Вие се решавате за второто. Ве прави тоа самоубиец, кукавица? Не е дека јас оправдувам самоубиство, ама се обидувам да погледнам и од другата страна. Не за џабе се рекло - walk a mile in my shoes... сите забораваат на тоа... Сите пукаат позитива и удирање во гради, ама теоријата е едно, праксата е друго... Онаму во темата - За кого би го дале животот, скоро сите наброиле по некого... Да го дадеш животот за некој е - драгоцено дело, да си го одземеш истиот - е кукавичлук? Бре, бре... Комплексна е темава и ме мрзи да пишувам, можеби порано ќе пламнев и категорично ќе речев НЕ, ама сега, not so sure... Плус, убаво напиша некој - ако бирам помеѓу тоа дали сама да си го одземам животот или некој да ме убие, ќе го одберам првото. Животот си е мој, секој за себе си одговара на крајот.
Науката вели дека постои конституционална склоност, односно вроден ментален склоп кој ги прави одредени луѓе повулнерабилни, односно помалку толерантни на фрустрации и животни премрежја. Според Фројд пак, Танатос тлее во секој од нас. Но, настрана филозофски, научни, религиски сфаќања. Лично сметам дека факторот средина е толку моќен и пресуден за донесување на ваква одлука, особено во овие денешни услови на живеење. Суицидот може да биде мотивиран ирационално поради душевна болест. Понатаму, може да биде разумна и разбирлива одлуката во терминална фаза на неизлечива болест или длабока старост. Но, што е тоа што една навидум нормална и здрава личност ќе ја натера на ваков чекор? Можеме да зборуваме за нестабилни, помалку стабилни личности, длабоки животни проблеми, искушенија, изгубено достоинство и бројни други мотиви. Убедена сум дека чувството на изолираност, отуѓеност, недостаток на поддршка од околината, е клучен фактор за зголемен број на самоубиства во ова наше таканаречено, високоразвиено општество. Денес сведоци сме на една апсурдна ситуација кога комуникациските технологии се доведени до совршенство, а сепак човекот се чувствува поосамен од кога било. А статистиките ќе пласираат броеви, социолозите и психолозите ќе теоретизираат. Државата ќе се сети на маргиналците, сиромашните, болните...само кога ќе излезат да зборуваат пред камери. Луѓето ќе комуницираат површно, за тривијални работи, без обид да навлезат во емотивниот свет на другиот. И бројот на самоубиствата се повеќе ќе расте.
Книгата„Вероника реши да умре“ од П.Коељо ја читам и препрочитувам по 99 пат и да ви кажам со секое наредно читање откривам нови моменти. Многу реално и можно сценарио за сите што се одлучуваат на ваков чекор-ретко кој има шанса да увиди дека самоубиството бил погрешен чекор и дека покрај сите проблеми има за што да се живее. Прочитајте ја....ќе ве замисли....колку е само едноставно да му се радуваш на животот.