Самотијата ме уништува, како последица на врсничкото насилство кое го имам доживеано, никогаш не успеав да се вклопам во средината да изградам свои социјални кругови, мојата младост помина во 4 зида, никогаш не ги доживеав оние искуствата кои моите врсници ги доживеаа како излегувања и дружења, времето минуваше но самотијата остана. Сегашноста во средината на дваесетите години каде што сеуште немам свој круг на пријатели, каде животот го гледам како повторно ми тече на истиот начин, но ништо не можам да сменам поради блокади кои си ги наметнувам веројатно сам како и социјална анксиозност која ме спречува да се обидам да фатам некој нормален тек на животот. Болката од ден на ден расте за уништената младост, за сегашноста која е иста како минатото во кое јас сум само една бледа точка додека другите веќе градат кариери и си оформуваат семејства што според се изгледа за мене е недостижна цел. Додека порано и јас имав некакви мечти и соништа за остварување на живот кој го посакував сега полека останува само помислата за напуштање на овој свет во кој никогаш нема да бидам среќен и да ги остварам целите за кои сонував уште од раното детство.
Искуствата на сите им се различни ама во глобала секој си носи своја тежина. Никој не е целосно задоволен од животот и секој си има некоја желба на душата. И јас немам некој голем круг на пријатели, веројатно јас сум најголемиот самотник на светов. Мене гужвата ме заморува. Денес со целата оваа техника и технологија не ти требаат луѓе за ништо, дури може да ти бидат проблем. Се можеш да исполниш ама треба да сакаш тоа сам да си го одработиш. За почеток седни и запиши си ги плановите на различни листови и полека почни по потточки да ги надградуваш и исполнуваш. Сега се имаш на интернет за да си олесниш. Живееш во 21ви век, историски немаш поубаво време од ова.
Mnogu dobro te razbiram, zatoa sto imam pominato niz istoto neiziveana mladost ili tinejdzerski godini poradi toa sto bev osamena i ne izleguvav bev zatvorena doma bidejki nemav so koj i ne ziveev kako sto ziveeja moite vrsnici.. Znaci za se mnogu dobro te razbiram i znam kako ti e iako nekoj ke rece pominalo , sekoj nosi svoja tezina ama znam deka ne e taka bolkata ostanuva bidejki mladosta taka pominala a nisto nemas doziveano kako drugite sto imaat, nikade nemas izlezeno kako drugite so imaat, i taka zivotot proaga.. Sekogas ke ostane taa bolka ama navikni se da zivees so toa najdi si devojka koja ke ti stane zena i oformi semejstvo so nea toa e moj sovet bidejki jas od kako imam decko ne sum tolku osamena da go nemav sigirno bi se izgubila sebe si i nemase da znam sto so sebe ama sega e poinaki izleguvam so nego, pominuvam dobro vreme so nego i ne mi trebaat drugarki razmisluvam na brak i semejstvo taka da veke i zaboraviv da sakam drustvo i da izleguvam taka i ti si ke najdes devojka ke zaboravis na se iako pak ke fali nesto ne ne e izziveano ama ke se trudis da se vozdrzis..
@Estate дали ти би сакал да ја промениш ситуацијата, да излезеш од овој пекол? Размисли дали навистина би го сакал тоа. Како што ти опишуваш тешко ти е многу и нормално да ти е тешко, сосема оправдано. Ако мислиш решение е смртта, се лажеш. Млад си. животот пред тебе е, зашто да го згаснеш самиот предвреме? Вреди ли мислиш? А што можеби би пропуштил некои преубави моменти кои во иднина те чекаат, не мислиш на тоа? И, од тебе све зависи, не од другите. Ти ако си решен да си помогнеш на самиот себе, да пресечеш дека мора да промениш некои нешта, верувај се ќе тргне на подобро. Храброст мора само и решителност. Ако тебе ти е „убаво“ во таа комфорт зона и ништо не сакаш да смениш, уште потешко би ти било. Ќе се самосожалуваш и цело време ќе бидеш опседнат со црни мисли. Гледаме дека воопшто не ти е убаво во своја кожа моментално, па зошто конечно не собереш храброст и да пробаш чекор по чекор да си помогнеш? Дали си се обратил на психолог, психијатар? Да поработиш на себе си со стручно лице кои правилно ќе те насочи. За се има решение освен за смртта. После смртта, толку е од тебе за жал.. Затоа дур е жив чоек надеж мора да има и да не се откажува. Седни и размисли и сериозно почни да преземеш мерки, полека, постепено но да се движиш во насока на прогрес, а не тапкање во место. Пак ќе речам, ако сакаш да си помогнеш и тебе лично подобар да ти е животот. Те разбирам многу добро, тука сме за поддршка кога и да треба.
Се чувствуваш заглавено и безизлезно само затоа што не си го пронашол решението на твојот проблем од една страна, а и не си расчистил со минатото од друга. Мозокот ти е фокусиран на истиот тој проблем, не знае како и дали се решава и се чувствуваш како да засекогаш ќе живееш со истиот тој проблем што одма повлекува мисли од типот: ова не вреди, па мислиш на суицид итн. Објективно гледано, најдобро е да побараш помош од луѓе да те насочат кон решавање на тој проблем што секако е сериозен и ќе бара напор и ангажман и длабинско истражување од твоја страна штом толку долго се влечел низ годините. Се се решава.
Брат помислата да си ја споделиш со психијатар затоа што за се има решение. Сите имаме проблеми во животот, но решението не го гледаме во јажето. Ке тргнам од мене,100 пати поголеми проблеми имам од тебе, но поставив цел и ке ја достигнам,ако треба и ползејки ке стигнам до неа. Не се обесхрабрувај, се има свој почеток и крај и твојата агонија.
Сепак не може да се каже дека е „кукавички чин“. Луѓето поминуваат низ најразлични работи за кои ние никогаш нема да дознаеме и не можеме толку лесно да ги наречеме „кукавици“ бидејќи не знаеме низ што поминувале и колку била тешка нивната состојба и колку долго се бореле со тоа. Реално гледано ако некој е кукавица не би го одзел својот живот. Денес има и многу мали и невини деца кои извршуваат самоубиство бидејќи поминувале низ тешки ситуации од страна на своите врсници и кој знае колку долго тие се бореле со тоа во себе си без да побараат помош. Дали и за нов би рекле дека се кукавици? Не можеме да даваме предрасуди толку лесно за некого или за нешто кога знаеме само мал дек од приказната, односно не смееме да даваме предрасуди само за она што сме го виделе или чуле без да ја знаеме вистинската причина за нештото, а никогаш нема да ја дознаеме и затоа според мене е безвредно и неубаво да даваме предрасуди.
Ептен те разбирам, дали знаеш дека секој втор истото го има доживеано не си само ти, но не се откажале толку лесно. Најди некоја работа, ќе си имаш обврски ќе се дружиш со колегите, треба да му дадеш шанса на некој, не се сите така лошо, тоа шо било и поминало, не се сите такви луѓе не ги ставај во ист кош, треба да започнеш да веруваш на другите и да се дружиш, смени место околина, шетај и патувај, најди си некоја работа во странство, еве гледај дека сите си одат и одат сами не со некој, таму си запознаваат луѓе за дружење.
Не се споредувај со другите луѓе, кој како живее/л, што прави/направил, итн., имаш свој живот за живеење. Од истата причина, не се споредувај сам со себе во минатото, не можеш ништо да промениш таму, но можеш тука, во сегашноста. Нејќам да звучам ко мотивационен life coach, ама стварно секој ден е нова прилика за промена. Зошто животот е сега во овој нов ден, сега се одвива и во реалност баш затоа минатото не е битно. Најпрво, почни со психолог. Потоа, почни со нови активности во секојдневието.
Така е, не знаеме низ што проаѓаат и што им се мота низ глава, какви се болки трпеле и трпат и со што сѐ се соочувале. Јас не осудувам, ги разбирам многу убаво. Сум имала таков одвратен период, на самиот раб бев да го направам тоа, спремна и го чекав моментот. Нешто ме спречи, мислев, мислев и премислував и сепак ете не го направив. Сто пати си го поставувам прашањето, дали ставарно немав храброст? Треба храброст за ова и те како, не е така едноставно. Ама дали реално вистинска храброст е тоа или е привид? Мислам, со деновиве и недели ти се врти у глава, бираш начини, од друга страна мислев и на најблиските, нив како ќе им биде. Веројатно тоа ме спречи, ајде можеби и тоа дали успешно би се извршило, дали болно ќе биде и слично. Еден тон прашања и стравови од непознатото имаш во тој момент на очај. Сам си со себе, криеш од сите, се осамуваш, и чекаш да видиш дали ќе собереш храброст. Ни на крај памет во тој момент не ти иде да земеш да разгласуваш по луѓе што планираш, ниту да им наговестуваш претходно, туку буквално се доживуваш сам и се соочуваш. Еве до ден денес јас на никој неам кажано. Тој период зад мене е, ама знам да се потсетам понекогаш што глупост ќе напраев и многу ми е срам најискрено. Се надевам дека во иднина не би се осмелила веќе слично нешто да ми се мота во глава и ќе бидам поразумна, колку и да е тешко. И еве да речеме, имаш муда, си го одземеш животот и што потоа, што си постигнал? Што знам дали мирот ќе си го најдеш и на другиот свет, којзнае. А најблиските личности, оние кои вистински те сакале, што со нив? Зацрнети засекогаш, и они едвај ќе продолжат со животот, а на другите баш гајле ќе им е, одма ќе те заборават, ко да не си постоел никад. И ништо од храброста нема да остане. Затоа кукавички е на некој начин, биди похрабар и бори се, не да се предадеш. После нема назад.
Секојдневно, кога гледаш како твојот живот тапка во место, кога си во средината на дваесетите години и гледаш како другите градат кариери, оформуваат семејства, гледаш какво црно минато си имал исполнето во самотија додека другите граделе искуства од младоста кои ги немаш доживеано, каква црна сегашност и дека иста таква иднина во самотија те очекува, кога гледаш дека твоите желби никогаш нема да се остварат а не бараш многу само еден просечен живот со пријатели, оформување на семејството, просечна финансиска стабилност. Тоа што е нормален тек на животот за останатите за мене е недостижна цел, кога гледаш дека се што си посакувал во животот нема да се оствари.
Фала ти за ископаново мислење од пред 15 години. Апсолутно не го мислам истово, ниту судам веќе некој за нешто, ниту пак мислам дека е кукавица.
Пак забораваш дека до тебе е се ова? Ај за пропуштеното, во ред е да тагуваш и криво да ти е, зборам за тоа допрва што те чека. Ако не ти, кого друг го чекаш да ти го среди животот? Не е лесно, сто пати кажувам дека не е лесно, ама и од самосожалување исто така нема полза.
Другар, млад си имаш цел живот пред тебе, ама се додека се фокусираш на "црно минато" тој дел од животот ќе трае. Ако имаш проблем со перцепција за себе, работи на себе, теретана, здрава исхрана, курсеви исл. Вработи се, тоа е "дипломирање" во живот кога ќе си заработуваш за себе и за своите потреби,и ќе се социјализираш со колеги и ќе научиш многу од нив. Најди си хоби, секакви групи има, од читање новели, спорт, аниме, игри, што и да те интересира имаш денес стотици можности каде се собираат или онлајн дружат. Најважно не си се ставај во категорија на жртва , тоа е пат кој мора да го пресечеш, сите тие размислувања што си преживеал во школо, што не си имал, и некаков си "нормален тек" живот, се ментална пречка за што можеш да бидеш. Веќе си возрасен, мораш да прекинеш површно да ги гледаш работите и да се мериш со другите луѓе. Знаеш што сакаш, работи на тоа, животот е пред тебе, седејќи дома гледајќи тик ток нема да те донесе близу до ниедна од тие цели. Може ти звучат сурово некој работи од постов ама пишани се со најдобра намера, мора да работиш на себе, иако тебе гледајќи од страна ти изгледа дека другите лесно доаѓаат до тој "просечен живот" воопшто не е така како што замислуваш, животот не е така лесен и за другите, ама тој вложен труд ќе ти донесе позитивни работи и радости. Почни што порано да работиш на промена, со среќа.