Побарај психолог, добар совет ти кажувам.Гледај помогни си на повеќе начини.Барај групи, дружи се, тежок е тој нов начин на живот, но реален е и изводлив. Искуства од младоста не е точно.Сите имаат некој нешто што градел, има некој што уништувал.Не се споредувај со луѓето.Едноставно, ова е животот на некој начин да ти кажам.Борба е сурова за живот.Но, не треба да се откажеш за вакви падови. Сум немал ќорав денар во џеб, сум одел да работам во странство.Но, не сум се откажал.Немој и ти ако имаш еден или повеќе црни денови.Не вреди да се откажеш.Не знаеш што те чека во иднината.Се само ќе си дојде со текот на годините. Поминувај го времето со твоите најблиски, роднини, доколку немаш пријатели ќе ги најдеш со дружба, хоби некое...Има сигурно некои настани во твојот град, дружи се, труди се.
Знам дека околината може многу да влијае на перцепцијата за животот т.е временската рамка кога одредени работи е "нормално" да се направат, но само ако погледнеш од една друга страна ќе сфатиш колку тоа нема врска. Пробај само за момент излези од состојба на жртва и замисли на колку луѓе животот им започнува во 30ти, 40ти, па дури и 50ти години. Секој има свое темпо и животен пат за одење. Тоа што твојот не е ист како на повеќето од твоето опкружување не значи дека не е вреден. Не биди толку остар спрема себе. Почни од малите работи, тие потоа ја прават големата слика. За почеток, побарај помош од психолог. Кога ќе почнеш да се освестуваш, ќе ја смениш перспективата. Промената започнува одвнатре, секогаш.
Знам дека околината може многу да влијае на перцепцијата за животот т.е временската рамка кога одредени работи е "нормално" да се направат, но само ако погледнеш од една друга страна ќе сфатиш колку тоа нема врска. Пробај само за момент излези од состојба на жртва и замисли на колку луѓе животот им започнува во 30ти, 40ти, па дури и 50ти години. Секој има свое темпо и животен пат за одење. Тоа што твојот не е ист како на повеќето од твоето опкружување не значи дека не е вреден. Не биди толку остар спрема себе. Почни од малите работи, тие потоа ја прават големата слика. За почеток, побарај помош од психолог. Кога ќе почнеш да се освестуваш, ќе ја смениш перспективата. Промената започнува одвнатре, секогаш.
Средината и крајот на дваесетти се период од животот кога се диференцира детското, наивното од материјалното, опортунистичко сфаќање на светот. Како во театар, ги набљудуваш луѓето како преминуваат во овој вториот светоглед, и преку ноќ се зацементираат во кариери, станови, семејство, бизниси, и што се не друго. Она што не го гледаш дека повеќето од нив пополнуваат некој одамна подготвен калап, или фамилијарно- роднински, класен, социо-културен... Дури и за да одиш во странство и да успееш таму, треба да имаш стабилна емотивна и функционална семејна историја. Не дозволувај да те убедуваат во нивниот хокус-покус и дека нешто ти фали, само зашто за тебе нема еден готов калап. Да, знае да биде осамено чувството, но човек на 20 и нешто и треба да се истражува, преиспитува, па и да тресне неколку пати на носот. Еден ден оваа болка ќе ти биде од корист (цитат на Марко Аврелиј, колку го имам негирано и се имам шегувано на негова сметка, но од денеш аспект, знам дека е 100 отсто во право).
Читај Estate, не си сам сите на некаков начин искусуваме, доживуваме работи во животот, добри, лоши тоа е животот за жал или среќа добро што си пиша на форумов и доби многу мислења. Заклучок е дека треба да си одиш на психолог да си кажеш се што ти тежи на душата, може да ти даде и некои таблети да ти се зголеми сератонинот. Мораш да почнеш од некаде. Пријатели забави дружби ќе имаш ако се решиш да излезеш од таа безнадежност, мораш самиот да си дадеш кураж во животот и само позитивно да размислуваш да се смееш прави работи што те прават среќен како точак дали ќе возиш, на Водно ќе се качуваш, пешачи па и да излезеш во ноќен клуб сам може ќе се запознаеш со некој/а. Има многу начини како да си помогнеш
Многу луѓе се во ваква ситуација, не си само ти. Ама, не се предаваат. Немој ни ти. Побарај стручна помош. Работи на себе. Шетај, менувај околина.
Имам шише со апчиња за црн ден, ама го хранам мозокот со дистракции и некако терам, интересно ми е колку ке истраам. Барем си го знам краjот ако нешто не ми се деси до тогаш.
Молам за чат , за прв пат во животот сакам да заминам... Ми најдоа чвор и ме праќаат на биопсија. Уморна сум од борби. Најдлабоко ве молам стоп за тие со додворувачка цел. Најпријателски ве молам.
Кога човек ќе скокне од мост, во моментот на пад сфаќа дека се можело да биде подобро, и дека се можело да се поправи и смени, и сфаќа дека само тоа што во моментот паѓа и оди во директна смрт не може да го смени, размислувај вака, животот не ни дава болка и предизвик со кој што не можеме да се носиме, колку повеќе борби и предизвици, ќе бидеме поотпорни кон се што ни се случува во иднина и поиздржливи, ништо нема да може така лесно да ни влијае и повеќе ќе си се сакаме себе и животот.
Пиши ми Се најдов вчера во слична ситуација, и во тие неколку мигови на првичен шок, првата мисла која ми проструи беше напротив, дека морам да живеам,дека сакам да живеам, самото сознание дека тука некаде е можен крајот кој секако еднаш е неизбежен, ми донесе потсетник колку всушност е убаво да се живее, да се дише,да се биде тука, да се постои...
epa vaka.. dolgo vreme razmisluvam na ovaa tema .. padnav finaniski vo kriza poradi krediti.. so mm se karame zaradi toa a zaradi nego se zemeni .. imam dve zlatni deca no ne mozam vekje da podnesam .. mn pritisok e ova .. samo nz so shto bi go izvrsila toa... znam deka posle mene na nekoj ke mu e mnogu polesno
А на твоите деца како ке им биде? Себична си Ти да се спасиш а дечињата сираци без мајка да бидат цел живот
Кој зима треба да знае дека ќе треба и да врати. Сè дури имате две раце, две нози значи дека може и да работите. Макар тоа било и по две работи. Решение има, ти го избираш полесното.
Молам за повеќе емпатија. Океј, најискрено, секој ден сакам да се убијам минативе 14-15 години? Не се убивам, затоа што верувам или барем се залажувам дека од утре ќе биде подобро, ама многу работи се сменија во тие 15 години, многу работи се расипаа, ама и многу се подобрија. Јас знам како е ни кал под нокти да немаш, ама гледано од денешна перспектива ти велам, не вреди да се убиеш за глупост како пари. И знам дека имаш тешки моменти и моменти на слабост, сум ги имал и јас, но доколку мислиш или сериозно планираш да посегнеш по својот живот, те молам обрати се на стручно лице. За сите проблеми има решение, ништо не е нерешливо. Ај да не ви реплицирам поединечно, малце бидете поемпатични, никој нема вакви изблици на форум ако не му е ептен тешко, на членката верувам дека моментално и е колапс систем во главата, и не се фаќајте за секој збор.