Цело време. Во безизлезна ситуација сум и не гледам друг излез. Знам дека е грев ама... Како рекле, Господ ни дава товар колку што можеме да носиме, ,но претерано е тешко... Претешко... Суѓ била на психолог, не се замара нормално 5мин разговор и "ќе биде во ред јака си ти ќе го пребродиш ова, уште да ме советуваше како, чинам тоа им е работа.... Не се издржува луѓе верувајте
Јас ќе те советувам Ќе пишеш на јутјиб Ana Bucevic и ќе видиш како Многу е лесно ама никој не ни кажува затоа што и самите психолози не знаат како Верувај ми До 18 години само на самоубиство мислев После открив како откако почнав книги да читам како Моќта на потсвеста од џозев Марфи, мисли и збогати се, разговори со бога 1 2 и 3, богат татко сиромашен татко и сличните на нив Многу е едноставно Од самоубиство ќе стигнеш до тоа да не сакаш никогаш да умреш
Јас досега сум била на повеќе места на психолог, и не сум задоволна од државно, саат време минимум е потребно за да се осети таа разлика, Јас и учам психологија 4та година сум ако можам да ти помогнам ке ти дадам мој контакт, мој совет е да побараш некој добар психолог јас пред 3ипол години почнав да одам и жената ми го смени животот целосно, благодарение на неа се преродив и изградив како личност.
Уште толку ќе сакаш да се самоубиеш после овие прочитани "дела". Кога ќе сфатиш дека нема книга да ти ги реши проблемите. После едно поглавје, просветление, после две, милионер, а на крај веќе нема да сакаш ни да умреш, туку да живееш вечно. Сериозно, ајде малку со реалноста. Да можеше тоа така лесно, психолозите ќе беа заменети со библиотекари. Психолозите не знаат како, ама Ана Бучевич знае.
Да не беа книгите ќе бев само убиена до сега. Поентата во книгите не се парите и милионите, па ни просветление. Иако насловот е мисли и збогати се- поентата нема врска со збогати се (пари). На секој му помага она во коешто верува!
Многу различни работи можат да помогнат кај различни луѓе. Затоа е добро да се проба на различни начини ако видиш дека психолог/книги итн не ти помагаат. Комбинација на повеќе работи е уште подобро. Пр. психолог и нова диета.
Сè е минливо и менливо! Прошетај по темиве да видиш како членки се носат со секакви проблеми во разни периоди; ако имаш конкретен проблем и забележиш членка што е активна - пиши во сандаче и не чекај или мисли дали ќе досадуваш. Со самото тоа што ќе ти сподели дел од нејзиното искуство ти ќе се осетиш сфатено. Може и така да најдеш солиден психолог, преку препораки на членки.
Шо е конкретно проблемот?? Можеш и тука да пишеш, ќе те советуваат членките, не мора во детаљ, но за се има решение верувај. Тебе може ти изгледа дека е крајно и нема решение, но секогаш има. Пиши ми слободно
Ti blagodaram... Ne e eden problem mnogu se nasobrani a takov tip na covek sum sto ne sakam da dosaduvam bidejki sekoj si ima po nesto...
Ti blagodaram... Ne sum psihicki spremna iskreno i da sakam da kazam ne znam od kade da pocnam... Samo placam bez prestan i se krijam da ne me gleda deteto... Veke i toa oseka deka ne sum raspolozena voopsto a edinstvena procina sto voopsto disam.... Ke zastanam tuka... Lugetonsto izgubija familiii imaat mnogu poteski problemi i od mene taka da neka ostane moevo do tuka... Vi blagodaram na site sto mi pisavte......
Така е сите имаме по нешто, секој човек има некоја мака и ако помислиш може твојата тежина е може и помала од тежината на некој друг шо ја носи во себе, секоја планина своја тежина, но никогаш не помислувај за самоубиство, посебно затоа шо си со дете и за него треба да живееш, шо би правело тоа дете без мајка, ете замисли и ти си била дете како би ги било тоа да го доживееш мајката да помислува на самоубиства, да те остави, дали тебе ќе ти беше сеедно?? туку ќе сакаше мајка да изнајде решение за проблемот, да биде силна и среќна и ако некои луѓе со нивни постапки ти сметаат и те вовлекуваат во проблеми, те омаловажуваат да прекинеш односи и да живееш само за своето дете, избриши ги од живите, сакај се само себе и детето, не ти требаат, ако си во долг и немаш пари има работа, пари ќе се заработат, ако психички не си добро има лек за се, доктори постојат, види од каде иди проблемот, значи ти како мајка си должна за себе да се грижиш, да бидеш здрава за да можеш и за детето да се грижиш,, Оди во црква, читај библија, моли се и работите ќе тргнат на подобро.
веќе некое време размислувам на самоубиство. во населбата каде што живеам постојано ме измеваат вреѓаат со хомофобни изрази. Дофрлуваат од коли или автобуси, пепиии... или педеракис, педерче. Се срамам да излегувам од дома, а и страв ми е. Често ме имитираат како зборам или одам. Не можам да живеам нормално. Ми се случувало и на работни места истото. Поради тоа се срамам и сум невработен што дополнително ми ја отежнува ситуацијата. Често одам со наведната глава по улица страв ми е некој нешто да не ми каже да ме исмева па да дознаат моите дома кои и така се разочарани од мене. не знам како понатаму. пропаѓам на секое поле
Да се обратиш на психолог, имаш и онлајн на тоа една апликација или страна разговори.мк Постепено треба да го надминеш тој страв и проблем. Пробај нешто со видеа на јутуб има луѓе што се соочувале со истиот проблем како и ти. Безразлика кој каков е сите сме вредни на овој свет. Создадени сме баш такви какви што треба да бидеме, е сега околината што е лоша и ни влијае тоа е др, ама не треба да се потклекнува така лесно. А ,луѓето секогаш ќе навредуваат и да нема причина и да има причина. Не се обесхрабрувај, побарај разговор со психолог ќе ти помогне.
Сум поминал низ истото и многу полошо, во некои моменти и јас сум помислувал да си "олеснам", а после некое време кога почнале да ми се случуваат убави работи сум си рекол ухх ова немаше да го доживеам ако си олеснев. Сега повторно сум во некоја каша поради други животни проблеми. Животот носи многу поголеми проблеми од овие верувај ми. И овие не се за занемарување во никој случај, мачни се многу и те разбирам совршено, ама верувај дека животот може многу поубави искуства да ти донесе, а за средината ако толку не можеш да ја поднесеш пробувај да заминеш оттука. За жал оттука заминуваат и луѓе кои ги немаат овие проблеми и знаеме зошто. Ќе ти пишам порака, не си сам. ♥️
Општеството може да биде брутално кога некој излегува од „нормите“ што ги наметнало, но тоа не значи дека тие се во право, ниту дека ти вредиш помалку. А и општеството ни е со просечен iq80, тоа е дополнителна потешкотија за преживување, не само за феминизирани, геј момци, за секој кој излегува од мајндсетот на просечен фиромец. Во Амстердам на пример, или Љубљана еве која е поблиску, феминизиран дечко е забележан и е атракција како прдеж на концерт. Уште не сме еволуирале како народ за нешто толку ,,шокантно" како што е маж со фем глас и гестикулации кои притоа му се вродени. Можеби у Скопје е малку поразлично како поголем град (во одредени населби), у Берово се сомневам. Има време и за тоа, разведени жени во помали места уште се етикетирани како ,,распуштеници", не па феминизиран геј. Малокурците кои ти довикуваат од автобус се безопасни, обично се силни во толпа, те ругаат за да се издигнат себе си пред останатите, а исто и колегите кои ваљда се магариња од по 30/40/50 години и уште булингуваат како средношколци на работно место. Тоа што те исмеваат, не зборува за тебе - зборува за нив. А и тоа што си решил да го споделиш ова е голем чекор, покажува дека сè уште постои во тебе желба да се чуеш, да бидеш разбран, да излезеш од болката. Разговарај со психолози, активисти, заедници што ќе те прифатат без осуда. Не си сам и единствен кој минува низ ова. Истото го доживував во осмолетка (малку и во средно). Ги нервирав само поради тоа што постоев, се движев, зборував. Имаше неколку малокурци во еден клас кои константно ме зезаа само што ќе поминев покрај нив. Обично во толпа беа погласни. Имав добиено и плуканици по грб, ваљда ме плукале додека биле зад мене во движење. Мојот страв толку многу растеше што кога имавме Хемија, они имаа Биологија, а кабинетите ни беа еден до друг, јас не излегував во ходник, константно седев во училница за време на малиот одмор. Влегував и од друг влез, само за да не поминам покрај нив и брзо се пикав во училница. И уште мноооогу други ситуации, да не тупам. Почнав намерно да менувам глас, да контролирам гестикулации, да внимавам на начин на одење/зборење/трепкање со очи, само за да се прилагодам на околината и помалку да ме зезаат. И успеав во тоа, во средно добив коментар од соученици кои учеа со мене во основно и случајно ме сретнаа на улица дека многу се имам сменето. Не ми посочија што, ама знаев на што мислат. Имав глас за во јавност и глас за дома или со другарки. Тоа ми стана како одбранбен механизам. И стварно повеќе не ме ругаа, се вклопив во ,,нормалноста" али не бев вистинскиот пред оние кои не ме познаваат, тоа беше креација за да преживувам во одредени ситуации. Денес пак, максимално се обидувам да ја уништам таа фејк креација, работам на тоа постојано, стравовите ги надминувам така што отворено зборам за нив, ги споделувам овие случки со мои другарки, порано се срамев да зборам за ова пошто се осеќав понижено. Стравот често се засилува кога се обидуваме да го игнорираме или да се срамиме од него. Многу е битно да имаш со кој да ги споделиш овие работи, во мојот случај, тоа е мојот микрокосмос од неколку луѓе кои се доста слободоумни и либерални. А и стручно лице би ти помогнало. Значи, ќе се научиш да живееш со сопствената феминизираност која на многу луѓе знае да им биде симпатична, кога ќе го научиш тоа, ќе ти биде сеедно мислењето на некој рандом малокурец од автобус или колега-идиот од работа кој ти е само статист/споредна улога во животот. А може и ќе добиеш храброст да возвраќаш на оваквите идиотски дофрлувања со иронија и сарказам, јас тоа го практикувам, ама за тоа треба работа на себе. А како опција земи ја и миграцијата од оваа вукојебина.