Има, секогаш има. И јас сум мислела за некои мои проблеми така ама имало решение секогаш. Ако сакаш можеш да ми пишеш.
За што ти треба помош? За што чувствуваш притисок? Крени глава и чекори ако треба и сама. Не ти треба поддршка од никој. Доволно е ти да веруваш во себе, и кога тогаш ќе ги најдеш и твоите луѓе. Пронајди си нешто што те исполнува и бирај себеси да се гледаш поинаку.
Сеуште ги имам деновите, кога имам лоши мисли, мисли на борба со самиот себе, борба да кренам рака на себе, но си велам, чекај, застани, има уште надеж.Но тешко е, некогаш едвај се справувам сам со себе, но тоа е, лошо почна годинава, лошо и ке заврши, животе ме уништи тотално...
Мое мислење е дека самоубиството не е решение туку трагичен крај на момент во кој човек не гледа излез. Многу луѓе барем еднаш во животот помислиле на смрт или си поставуваат вакви прашања,особено кога се под голем притисок,болка или осаменост. Тоа не значи дека сакаат навистина да умрат,туку дека сакаат да престане болката што ја чувствуваат.Сум ги имала и јас тие црни мисли порано и мислам дека во такви моменти разговор со блиска личност може многу да помогне. Понекогаш е доволен еден искрен разговор за да се отвори нов поглед кон светот.Животот знае да биде тежок и неправеден и суров,но чувствата се менуваат,дури и кога ни изгледа дека никогаш нема да биде подобро.Секогаш кога ми е многу тешко се навраќам на моменти кои сум мислела дека е крај и нема да ги пребродам а поминале и сум ги пребродила,ќе помине и ова…Одлука донесена во најтемниот момент е одлука без можност за поправка а болката не завршува со еден човек,таа само се префрла на другите кои не сакаат.Животот е борба,но силата e во тоа да не се откажеме.
Верувам дека не постои еден човек што не му поминала оваа мисла низ глава. Вклучувајќи ме и мене. Самоуиството е само лесен и многу себичен излез од проблемите. Не размислуваш за како би направил да се осеќаат твоите блиски. А истовремено грев е. Мене ме спасија тие две помисли: првата е дка не можам да им го направам тоа на моите бидејќи сум им единствено чедо, и која сум јас да си го одземам животот што Господ ми го дал? Он ми го дал, он ќе ми го земе.
Не знам дали е соодветна тема, но остана неразрешен случајот со девојчето Стефани Брзанова. Што се случило таа вечер пред да се самоубие и зашто таксистот после 3 саати ја вратил дома? На обдукција се докажало дека не била силувана, само утрото и рекла на мајка и, што ми требаше толку да пијам многу лошо поминав ме однесоа во една куќа свеќи имаше не памтам друго. Си помислив дан била секта во прашање? Во основно школо трпела булинг и у средно музичко ја паднале година а девојчето имала преубав вокал има и видеа кај што пее.. Мајка и' вели дека веројатно се прелила чашата таа вечер но што точно се случило не излезе у јавност а мајка и има издавано и книги за случката колку што видов..
Знам дека мајка и е доста активна по социјалните мрежи и според она кое го објавува била жртва на врсничко насилство и плус во школо имала проблеми. Ја прозива Искра дека она ја паднала...Реално према некои стари снимки и клипчиња девојчето пее одлично и не би се согласила дека е за паѓање по час соло пеење. Ама така е во пореметенава држава, најголеми деликвенти не паѓаат а на некој се бара влакно во јајце. Можно е се тоа да и се насобрало и да била под голем притисок, да нема конкретна дешавка ноќта пред самоубиството. Жално како и да е, многу убаво девојче.
Воопшто не е лесно, ниту е себично. Себичен е светот и околината што доведуваат некој да стигне до точка каде што смртта му се чини единствената опција за мир и спасување. Самоубиствените мисли не се знак на слабост или „бегство“, туку најчесто повик за помош од човек што повеќе не знае како да носи толкав товар. Многумина од нас што сме поминале низ темни периоди знаеме дека мозокот во таква состојба лаже, ти кажува дека никој не го боли, дека си товар, дека ништо нема да се подобри. Тоа е посебна состојба, не морална слабост или грев. Не мораме да веруваме во боженствен принцип (иако е сосема во ред ако тоа тебе ти помага). за да знаеме дека животот е вреден. Понекогаш само треба некој да нè потсети дека болката не е за секогаш, дека има луѓе и ресурси што можат да помогнат, и дека не сме должни да се справуваме со сè сами. *** Пак да повторам, а неколку пати сум пишувал. Ако некој се справува со такви мисли нека ми пише. Во најмала рака, ќе разговараме другарски.