Самоубиство

Дискусија во 'Психологија' започната од Bright, 16 март 2010.

  1. Tearful

    Tearful Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    79
    Кога ми е многу тешко или имам некој тешко решлив проблем , хаха за момент помислувам на самоубиство.Како и да е мислам дека тоа е една лесноумна мисла што само ми проаѓа низ глава, и мислам дека не ни имам храброст за таков глупав потег.А и кога ке размислам дека во моментов има луѓе кои со сите свои сили се борат да се одржат во живот, а јас здрава и права сакам да си го уништам, не неееее :)
     
  2. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Ако ги гледаме вака работите значи дека во е ред е да си го одземеме животот бидејќи одговор на првото прашање е да. Да, луѓето имаат способност да создадат живот, што значи дека е во ред и ист да одземат.
    Добро, претпоставувам дека се мисли на тоа дали ние сами си го дадовме нашиот живот. :)
    Сум помислувала на самоубиство, верувам, како и повеќето од луѓето, но никогаш сериозно, никогаш ни малку сериозно за да се решам на таква глупост.
    Вака, не само што самоубиството е кукавички потег, туку е еден вид признание дека си подлегнал на тешкотиите што животот ги носи т.е не си доволно силна личност покрај подемите, да ги поднесеш и падовите.
    Мое мислење е дека самоубиствата се ужасни решенија за сопирање на болката (бидејќи нели тоа е главната причина поради која некој се самоубива). Со самоубиството ниту се решава ништо, ниту ја снемува болката, туку тој што го извршува овој акт истата ја префрла на неговите блиски за кои самоубиецот најверојатно не ни размислува пред самоубиството преукопиран со своите проблеми и себичност.
    Можеме да ги обвинуваме овие колку сакаме, но пак тие имаат сериозни психички нарушувања што ги спречува рационално да размислуваат, а штом доаѓа до самоубиство значи дека проблемите отишле предалеку, а никој не го предвидел тоа или пробал да го спречи.
    Во секој случај самоубиството е премногу себичен и глуп потег. Себичен бидејќи не се размислува за никој друг освен за себе и како да се спречи сопственото страдање, а глуп, бидејќи не е гаранција дека истото ќе престане по смртта. Никој не знае што има понатаму, нели? Овие луѓе практично се упатуваат во непознатото, што останатите луѓе колку и да не сакаат да признаат, ги плаши.
    Да, животот е апсурден. Премногу болка, мачење, а толку малку среќа. И сето тоа за што? За ништо. За да те снема. Сепак, ако ние самите си создадеме цел во животот, тој наеднаш ќе има смисла. Кога се бориш за нешто што сакаш, кога си заљубен, кога си среќен наеднаш се има смисла, зарем не?
    Колку што верувам дека се се случува со причина, исто толку верувам дека егзистенцијата и претходи на есенцијата, што би значело дека ние луѓето не се раѓаме со некоја претходно одредена цел, туку преку нашата свест имаме за задача самите да да ги определиме вредностите во животот и да си создадеме цел која ќе се стремиме да ја постигнеме бидејќи со самото раѓање ние не поседуваме идентитет или вредност.
    Од тука заклучувам дека да се одземе животот е кукавички потег, додека пак да се умре храбро. :)
     
  3. Teresa94

    Teresa94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    108
    Аа дали самоубиството е наследно? Или тоа сепак зависи од карактерот?
     
  4. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    ^
    Едно со друго си нема врска. Самоубиството не е наследен ген или болест или било што. Индивидуална работа е. Сè зависи од карактерот.
     
    На Teresa94 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Teresa94

    Teresa94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    108
    Дедо ми има извршено самоубиство. И тоа сега дознав пред некој месец и многу ме разочара. Не верував дека тој би сторил такво нешто иако не го познавам човекот воопшто. Бил болен од сида па затоа се самоубил :worried:. И затоа прашав да не е наследно јас порано кога бев помала ДЕТЕ еднаш размислував за тоа и НИКОГАШ ПОВЕЌЕ. А познавам и еден школски што се обиде да се самоубие рипна од карпа па беше во кома долго време и тоа само поради ЉУБОВ :fubar:
     
  6. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.234
    Допаѓања:
    4.290
    Читав во книгата „Живот и смрт - смрт и живот: колку пати треба да умрам за да живеам„ која содржи информации од небесниот свет, дека со самоубиството не може да се избега од проблемите бидејќи душата ги задржува своите проблеми со себе, т.е. чувстватата но за разлика од претходно (додека била во тело на Земјата) веќе нема начин како да ги реши. Тие ќе се појават повторно во некој нареден живот, но тогаш ќе биде уште потешко бидејќи претходната шанса била прокоцкана. Земјата е една космичка животна школа, ако не се заврши во целост одделението, тогаш тоа одделение ќе мора да се повтори но под уште потешки околности.
     
    На meow22 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Felicia

    Felicia Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    56
    Велите тој што решил да се самоубие е себичен?! - Јас не би рекла така.
    Ако еден човек дошол до тој момент толку да му е тешко во животот што решил така да си ги скрати маките сигурно последно што му е во главата е што после неговата смрт.
    Зошто тој што дошол до таа одлука да се грижи како тоа ќе влијае на неговита фамилија?
    Да расчистиме нешто, неможе да се генерализираат работите дека фамилијата се луѓе кои те сакаат безрезервно и се би сториле за тебе. За жал реалноста не е таква. Не живеат сите како на филм или како во некоја книга. Што ако семејството е извор на тие големи проблеми? Можеби физички и психички секојдневни малтретирања, никаква подршка, секојдневни сопки од сопствената фамилија? Тие кои по некоја си дефиниција би требало да те сакаат таков каков што си, да ти помогнат кога ти е тешко, итн. Што ако они пример родителите биле себични и го гледале детето подолг период се мачи, е во депресија, има проблеми... на никој тогаш не му било грижа и никој тогаш не се потрудил да му помогне некако, туку спротивното уште толку го дотепувале... и кога ќе дојде до моментот на самоубиство и вие ќе го осудите детето дека било себично што не мислело што ќе биде со неговите после неговата смрт а никој не мислел на него во време кога можело да се помогне?!

    Мислам дека треба да се види пошироко, пред да осудите некој запрашајте се Зошто дошло до таква ситуација? Секако многу ретко да се дознае целата вистина. Најчесто ќе се каже за некој некоја банална работа од три збора како се убил зашто ја загубил работата, не му идело во школо,... а при тоа никој ретко кој да помисли дека позади тие три збора се кријат три илјади сокриени од површината.
    Јас никако не би можела да ги осудам луѓето кои дошле до самоубиство! Да се разбереме, секој сака да живее и да има колку-толку пристоен живот. На никој не му е главна цел во животот да се самоубие.

    Јас кога ќе слушнам дека некој се самоубил вината ја гледам во околината на тој човек!
     
    На jeffree-star, LGBT, anneyy и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Верувајте дека позади секое самоубиство, стои убиство!! :!:
     
    На aerodrom му/ѝ се допаѓа ова.
  9. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.906
    Допаѓања:
    45.332
    Пол:
    Женски
    Kако можете да кажете дека тоа не е себичен чин.Секој си има време за живот и време за умирање.Јас загубив две личности на ваков начин и немате право дека не е себично.Од почит на оние кои те создале и одгледале, ниедна мака не толку мачна за да се реши на овој начин.Никој не сам на овој свет, не живееме само за себе, има луѓе на кои треба да мислиме, луѓе на кои ќе и го зацрните животот засекогаш, за да се „спасите“.
    И фамилијата да е извор за посегнување кон тоа, има начин и тоа да се реши.
    За мене ова е и ќе остане најсебичен чин од страна на еден човек.Ви реков изгубив и знам како боли.
     
    На meow22 и Sexybaby86 им се допаѓа ова.
  10. owl-ribbon

    owl-ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    678
    Самоубиство не е решение !!!! Имав 2 случаја во градот :fubar: тоа е доказ на слаб карактер , никако во никој случај колку и да ви е тешко , не треба да помислите на самоубиство.Животот е еден , има многу подеми и падови , во секој случај животот е подарок и не треба да го ставиме на коцка.. :)
     
  11. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    Самоубиство не е доказ на слаб карактер,туку на карактер кој претрпил многу и незнае што да прави :!:
    Точно е дека животот ни е даден за да го живееме,но во некои ситуации едноставно пропаѓаме во самата дупка,сами си го уништуваме животот.Таквите луѓе не треба да се сметаат за луди или ненормални!Сепак треба да се помогне и да се реши на добар начин.Но нема такви луѓе,морам да кажам дека самоубиството е чин на грешка на луѓето.Постои голема лицемерност,оговарање...
    Во таа ситуација се што сакаш е да избегаш од овој ненормален,осудуван свет.
    Но сепак тука е фамилијата на таа личност.Тоа не е решение!Ако таа личност си го одземе животот зошто другите поради некој да страдаат?

    За самоубиство сум помислила многу пати,но секогаш сум се сетила на семејството кое е позади мене и дека некои луѓе немаат таква вредна работа,за јас да си ја одземам.Не сум личност со слаб карактер,но сум имала потешко детство,и секогаш ми е тешко да се отворам пред некој.Сум верувала во луѓето многу пати,но секогаш сум се разочарала :!:
     
    На Chocolate.me, Hkikica и 17mart им се допаѓа ова.
  12. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Дали ние сме го дале животот па да го одземеме?Јас мислам деак тоа е кукавички потег .Тоа го прават тие што се плашат до иднината т.е. реалноста и не сакам да се соочат со нешто. А што ке биде со тие што не сакаат?Како ке им биде на нив?
    Ние не треба да одлучуваме за тоа туку тоа треба да го оставиме на господ тој ни го дал животот и тој може да ни го одземе. :)
     
  13. 17mart

    17mart Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    398
    И јас сум имала многу тешко детство но не било тешко како сега мојов живот...да сакаш да се самоубиеш не значи дека имаш слаб карактер или што и да е друго едноставно дека неможеш веќе да трпиш да ти се уништува животот... Јас признавам помислувам сега на самоубиство ама кога ќе ми текне дека имам дете за чување неможам да го сторам тоа макар да бидам и самохрана мајка!!!
     
  14. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    Многу пати сум помислила, но секогаш потоа сум гледала на тоа како глупава идеја.. многу пати ми било тешко поради нешто но сега сфаќам дека не вреди да си го одземеш животот поради некој или поради нешто... на почеток сум од тинејџерските-улави години и сигурно многу пати ќе помислам, но сигурна сум дека никогаш нема да го направам тоа..
     
  15. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Сите кои извршуваат самоубиство се кукавици. Сите имаме проблеми а да умреш е најлесно. И ај што ке си одат од овој свет, ке си го исполнат зацртаното, ами оставаат болка на семејството, пријателите и сите оние кои навистина се грижеле за нив, себичњаци. |(
     
  16. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.571
    Допаѓања:
    3.316
    За ова не можам да кажам дека сум против или дека го оправдувам целосно.

    Сметам дека луѓето што се решаваат на ваков чин, имаат полабилен карактер за разлика од другите, но сигурно претрпеле многу работи во животот кои едноставно не можеле повеќе да ги трпат и да живеат со нив. Повеќе ми е жал за таквите, отколку да ги осудувам, и да викам, да кукавици се они, а врска си немам низ што поминале. За тоа дека треба да се свртат кон фамилијата, да, се согласувам, али кога некому му е тешко дотолку што не сака повеќе да живее, сигурно нема да живее мизерно за мама и тато.
    Секој си има право да си одлучи што сака и што ќе прави со својот живот.
    Другите не можат да одлучат за него, али човекот самиот за себе може да си одлучи.
    Јас се раководам по ова мое мислење.

    Друг начин па за уште повеќе да ги повредиш твоите и да си го уништиш животот е дрогата.
    Што да кажам пак за тие што се забутале во таков живот, а намерно ги повредуваат и другите?
    За нив жал да ми е?
    Не, за мене наркоманчињава се само една колатерална штета на државава и за нив ни грам почит немам.
    Нивен избор си е тоа, да, али тие се бетер кукавици од другиве што се самоубиваат.
     
    На 17mart му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    Ама ајде некој од вас луге кукавички чин ? Самоубиството е момент бе луге. Ако на некое дете мајка му кога го рагала умрела татко му на негови три години се самоубил имало отфрлено детство девојки го оставале го навредувале мислете дека му е лесно да продолжи со животот. Не, некои луге психички се разболуваат па се самоубиваат, па тоа е и до психата. Ај кажете доколку се ви е ни црно ни бело во животот а здрави сте имате идеа за како да ги решете проблемите дали би посегнале по нож, апчиња или пиштол. Не никој здрав човек не би го направил тоа. Треба да се направи некоја организација за таквите луге што се „ОТФРЛЕНИ“ за да им се помогне да не дојде до самоубиство. Незнам јас нешто стручно ама ова е форум па секој може да остави свое мислење, нели ?
     
  18. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Мене ме интересира зошто мислите дека самоубиството е кукавички потег? Сте размислиле ли само колкава храброст е потребна за човек да посегне по својот живот? Викате дека е најлесно да се умре, па ајде повелете, измерете ја вашата храброст, обидете се да извршите самоубиство.
    Да знаеме дека по смртта ќе биде подобро, јас прва ќе се самоубијам. Но, за тој потег треба да имаш и те како храброст, да го жртвуваш тоа што го имаш, какво и да е, за нешто непознато.
    Според ова мое размислување, јас самоубиството не го гледам како кукавички потег, а уште помалку личноста како кукавица.
    Од моја гледна точка, во врска со проблемите и причината за тој чин, сигурно не би се самоубила за некоја банална работа, тука станува збор за случаеви со проблеми од поголем размер. Стојам зад тоа, и секогаш ќе потенцирам дека позади секое самоубиство - стои убиство!
    Причината не е секогаш страв од иднината. Не секој проблем има решение. Има некои работи со кои треба да живееш цел живот, ужасни рани кои оставаат доживотни лузни. Сите сме борци, и јас се борам за се`, пробуваме да најдеме решение за секој проблем, мил ми е животот, каков и да е. Но, некогаш најголемата и најтешка битка се води во главата, во нашата психа, и знаете, поради таа изгубена битка, ја губиме војната што сме ја воделе цел живот.
    На прашањето дали ние самите сме тие што треба да одлучиме кога нашиот живот ќе заврши, би одговорила со тоа дека јас сум сопственик, а не роб на својот живот. Јас пред се` живеам за себе, а после за другите. Ги сакам најблиските, ги сакам тие што се покрај мене, но повеќе се сакам себеси. Дали тоа ме прави себична?
    Никој не се самоубива од радост и среќа, фактички, личноста со обидот за самоубиство, се надева на нешто подобро за себе, нели?
    И повторно, моето размислување е дека можете да ги наречете како сакате, што сакате, тие можат да бидат се` - само себични не.
    Интересна психолошка тема, со различни мислења и сфаќања, која повлекува многу прашања без одговор, но како и да гледаме на крај ќе се сведеме на едно: Самоубиството е коцка, вложување на животот, се` што имаш, во замена за непознатото. Дали е подобро не знаеме, никој не се вратил да ни каже. Но сигурно дека се надевале на подобро. Ризик. Јас како што знам, кукавиците не ризикуваат. Тие се плашат да го изгубат она што го имаат, какво и да е.
    Далеку од тоа дека ги идеализирам и поддржувам личностите кои извршиле самоубиство, но се обидувам да ја сфатам нивната психа, и што стои зад нивниот обид, било тоа успешен или не.
     
    На Tenkai, girl.23, Chocolate.me и 6 други им се допаѓа ова.
  19. anaantonia

    anaantonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    123
    Тие што се обиделе или сакаат да се обидат не го прават тоа зашто мислат дека таму е подобро.....туку тоа обично се слаби луѓе кои паѓаат на проблемите во животот и уште полошо им ги оставаат проблемите на тие шо ке останат.Која себичност е во прашање.Мислиш само на себеси,да се спасиш од болката а на оние што те сакаат им ја задаваш најголемата болка.Тоа е најсебичното и најнепромислено однесување.Ја стварно не можам да ги сфатам луѓето што не го сакаат животот.
    Јас драга сум поминала низ сито и решето,сум поминала низ пекол,низ ужас...ама еве ме тука....посилна ,го сакам животот ,има толку убави работи
     
  20. xTehUnknown

    xTehUnknown Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    14
    Можеби сум премлада за да коментирам, ама сакам да си го кажам мислењето. Имам размислувано за самоубиство. Според мене тоа е само начин со кој некои луѓе сакаат да си ги скратат маките кои ги живеат секој ден. Искрено не го подджувам овој чин бидејќи сметам дека после секоја бура излегува сонцето и во животот треба да бидеме истовремено и позитивни, но и реални. Ете толку од мене. :)
     
    На anaantonia му/ѝ се допаѓа ова.