Во последно време се зголеми бројот на самоубиства посебно кај нас во овај месец имам чуено за 3 нови случаи кој си го одземаа животот,но секако дека ова не е решение за проблемите па секој човек ги има затоа сме создадени да се радуваме,да се смееме,да плачеме,да патиме па неможе се да биде совршено и секој ден да е облеан со убавини мора да има и лоши периоди инаку животот нема да биде тоа што е.Велат дека човекот е едно многу силно створење и нема болка што животот може да му ја зададе, а да неможе да ја истрпи.Да ќе се убијам и што понатака со тоа нема да најдам решение за ситуацијата,само ке им ги зголемам маките на тие што ке ги оставам по мене.Тие што се решиле на овај начин да си ги решат проблемите мора да биле доста психички растројани и незнаат више каде да се обратат и посегнале по самиот живот кој секако дека не е решение.Сметем дека да се самоубиеш и не е најлесното што можеш да го направиш за ова треба доста храброст кој не помислил барем еднаш во својот живот на ова и неможе да претпостави колку храброст треба да имаш за ова нешто.Како и да е сум против самоубиството нема проблем без решение,ниту пак човек без проблем,ниту пак живот без проблеми ваква е реалноста на животот.
Не да не помислувам на самоубиство, туку се плашам ако нешто ми се случи како ќе ги оставам сите позади мене, затоа што не е лесно ни на тие што остануваат. Не сум си го земала од полица животот па јас да си го одземам, без разлика во какви "вафли" сум до гуша...
Многу пати и сум помислувала и сум се обидела.Ама сватив дека нема шанси да се убијам заради некои,сватив дека сум повредна од нив и сватив дека има др милион решенија,ама самоубиство не.
Самоубиство, браво бе, решив да се убијам дајте ми совет? Никогаш не би оправдала самоубиство, самоубиството е исто што и убиството, само што нема како да те фрлат во затвор бидејки си веќе мртов. (ова што сега го реков нема никаква смисла, но поентата е јасна) Но, покрај тоа што не го одобрувам, сум размислувала, сум и пробувала, но сето тоа беше само еден вид зафрканција, како кога малите се прават мртви во креветот! Но, да станам сериозна, самоубиството според мене е откажување. Бидејки според мене животот е една смортоносна игра во која нема правила и имаш само еден живот, пет нивоа и секогаш завршува со GAME OVER, но победници се оние кои храбро издржуваат до последното чудовиште на последното ниво, чудовиштето наречено СМРТ, но некои психички попуштаат, па се откажуваат и ги вршат така наречените Самоубиства што во играта би било ESC. Затоа бидете храбри за да дојдете до финалето!
^ Баш интересна метафора избра. Компјутерските игри. Искрено се согласувам со тебе ама баш со се’ што кажа. И јас сум од тие луѓе што го сваќаат животот како игра во која мораш да се бориш и да бидеш силен и самоуверен за да успееш и да стигнеш до крајот иако, како што кажа оваа „игра“ секогаш завршува со GAME OVER. Вреди да се бориш во секој случај, секој час, секоја минута, се додека има зашто. сАмо кукавиците се откажуваат, што во овој слчај би значело дека самоубиството е работа за кукавиците затоа што колку и да мислиме дека не вреди и нема решение за проблемот, ГРЕШИМЕ!
На некој начин ги разбирам оние што се многу сиромашни или пак имаат тешка битка со некоја болест.Со самоубиството тие само си ги олеснуваат маките на кои очигледно им нема крај. Но,да се убиваат зошто дечкото и раскинал или зошто најверната другарка ја игнорира? Ни први ни последни се на светов.
Во моментов помислувам на тоа.Сакам,а неможам.Незнам дали е правилно.Сепак еден е животот и после назад нема.А од друга страна викам која сум јас да продолжам да живеам и да уништувам туѓи животи?!Знам дека не е ова решение,ама јас толку сум паметна што најлесно ми е ова да го направам,а за решавање проблеми ни Р од решавање незнам.За џабе Господ ми дал живот,не го заслужувам.....
Сум помислила, како помала, веројатно не сум знаела што сум мислела. На училиште, девојчињата ме малтретираа многу, ме задеваа, ме навредуваа - а јас, мирна душа, па им молчев, не враќав. Еден ден дојде сето тоа на голем степен, па веќе незнаев што да правам и прво на тоа помислив. На мајка ми и ја обајснив ситуацијата цела, таа беше запознаена со се. Не и кажав за моето "решение". Мајка ми имаше доволно проблеми, па и уште ова .. Кога ја видов целата растревожена, под стрес, жал ми беше, секако. Си помислив, каква ли тага ќе им нанесам на оние што ме сакаат, што ќе биде со нив по мојот чин, дали сум себична што размилсувам така. Можеби и не е единственото решение, има други решенија, зашто смртта да биде тоа. А пак, што ли ќе си помислат тие на училиште за мојот потег ? Дали ќе ги допре малку дека претерале .. Или не, тие се бездушни суштества, нив и смртта на некој од фамилија ништо нема да им значи. Си помислив, колку само многу убавини во животот ќе пропуштам, се ќе пропуштам. Мајка ми е постара жена, не ни останува уште многу време .. Се откажав од идеата. Најдовме решение, но не беше крај. Сега, се е подобро. Јас сум подобра, жива сум, пред се. Горда сум на самата себе, иако мала, сепак мудро сум размислила за мојот и другите животи. Не мислам дека е кукавички потег, но не ни мислам дека е решение на проблемите. Само еден потег од човек на кого му е смачено од нешто, од болка. Но тие луѓе, треба да знаат дека се си има свој крај, ништо не трае вечно. Ако ти е од нешто тешко, теши се, ќе му дојде крај, а ако си среќна за нешто, уживај - ќе му дојде крајот.
Многу пати сум помислила..дури и имам пробано..Но кога се враќам на тие времиња, сега разбирам дека премногу сум била самокритична и себична. Не мислев како ќе им е на мама, на тато, на другарките. Секој поединец што ме знаел ќе чувстува барем едно парче вина за секој момент каде што ме навредил или заборавил. На училиште веќе 4 години ме малтретира едно дете. Ме вреѓа, ме тепа..Никогаш не сакав да му се спротиставам и многу често мислев да му го огорчам остатокот од животот со тоа што ќе се чувстува виновен за моето самоубиство. Сега тоа ми е смешно. Пред 2 месеци се одлучив да престанам да тапкам од место и јавно да го кажам мојот проблем. Не, тоа воопшто не беше проблем, туку само една фаза во животот од која научив како самоуверено и весело да ги поминам годините пред мене. Секој што не помислил на него, може да го осудува самоубиството за кукавички потег, и истовремено да греши. Сите што стоеле над зградата и мислеле дали да посегнат по небото, секогаш прво мислеле на лошите моменти што ги поминале и она што ги предизвикало да стојат баш таму. Но, што кога едно ведро сеќавање ќе ти помине низ мислите во тие последни моменти ? Првиот бакнеж, насмевката на оние што не си ги видел одамна или мајчината прегратка ? Треба многу храброст покрај среќните моменти што знаеш дека те чекаат во иднина, да се одлучиш да се самоубиеш. И сега замислете си, колку луѓе за време на паѓањето се премислиле, но било прекасно?
Мислам дека на сите не фатил некој момент, период кога сме сакале да исчезниме, да не снема од земјава, да не се разбудиме, да се фрлиме од некој мост и слично. Но, битно е да се надмини тој тежок период, со помош на себе си, пријателите, семејството, па по потреба и стручни лица. Што и да е, ништо не е вредно за да се изврши самоубиство. А, ако е поради некоја личност (најчесто поради љубовен проблем), ако поради таа личност би го направиле тоа, значи таа воопшто и не ве заслужува.....!!!! И таа личност утре ќе си има нов партнер, ќе си го тера животот, а каде ќе бидете вие?
Не само што е кукавички потег, туку кажува за слабоста и неиздржливоста на карактерот на таа личност. Некој ти дал живот а ти си толку слаб и неспособен па дури и мрзелив да го живееш ? Трагикомично. И да, зборувам за сите случаеви без разлика на причината која би го довела еден човек да помисли на одземање на својот живот. Зарем малку примери има на сиромашни, болни, измачени, разочарани, повредени луѓе кои можеби со повеќе болка одошто среќа и надеж во срцето ќе кренат глава и ќе речат ,, Јас ќе се борам и понатаму ,, е тоа се вистинските борци и херои во животот. Барем на миг помислете на оние кои би прифатиле се и сешто за да останат живи, но се на работ на смртта и за нив нема лек, а некој со сила си го одзма правото на ЖИВЕЕЊЕ. Жално.
Незнам...понекогаш тоа би бил единствениот излез..Но не го оправдувам..не би можела на своите најблиски да им го напраам тоа.Оние што се одлучуваат на тоа не го прават ради тоа што се кукавици или неможат да го поднесат животот..тие неможат да ја издржат болката...
Спојлер Подобро да не наведувам примери.. Ете така мн си се лажат дека некој ги сака и тоа најблиските,тоа е најболното...Како јас....
Поради тоа што во моментов ти се случува и сега те разочарало и растажило зарем ќе се осудиш да си ја скратиш можноста во иднина ти да сакаш и да усреќиш некого и да не дозволиш да се чувстува како тебе? Од каде знаеш што те чека, колку нови луѓе ќе запознаеш, сигурно ќе пронајдеш мотив за живеење
Подобро да не наведувам примери..[/spoiler] Ете така мн си се лажат дека некој ги сака и тоа најблиските,тоа е најболното...Како јас....[/quote] Zashto lazenje..sekogas ama sekogas kje se tuka..ama nie dali go gledame toa E zaradi niv ne bi mozela da go napraam toa