Самоубиство

Дискусија во 'Психологија' започната од Bright, 16 март 2010.

  1. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Не мора да објаснуваш и да се докажуваш каква си, сфативме веќе.
     
    На LilBaby, crazylady, thelittle17 и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Inhume

    Inhume Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    253
    Знаеш колку ми е гајле вие што сте сфатиле каква сум јас :D
    Вие ако сте удрени во главата да му помагате на некој што ве мрази тоа е друго, јас реков не го подржувам таквиот па ако сака нека умре како не ви е јасно тоа, и нема што да ме осудувате дека сум лоша поради тоа што не би мрднала со прст за да му помогнам на изродот што ме малтретирал!
     
  3. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Inhume малку претера со навредите ај олади малку.

    Туку ме интересира нешто да ми одговориш.
    Дали би имала исто мислење како моменталното ако се работи за твоја блиска роднина,која многу ти значи.Ке се однесуваш како да ти е сеедно?
    Не се прави ладна ко камен зошто и покрај голема глума овде на форумот јас сум сигурна дека нема да издржиш од болка доколку твој близок го стори тоа.
    Утре можеби него/нејзе ке го нема ама тебе ке ти недостига тоа присуство.

    Ајде сакам одговор на тоа прашање.
     
    На ilipili му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.673
    Inhume мислам дека премногу лично ја сфати работава.
    Тоа што ти имаш толкава нетолеранција према некоја личност со самоубиствени нагони не значи дека треба да ги осудуваш сите оние кои посегнале по својот живот само затоа што те потсетуваат на дотичната персона. На светов не сме сите исти, постојат и послаби карактери кои пре би се откажале отколку да се потрудат да го поправат проблемот, но не треба во никој случај да бидат игнорирани. Човечки е да се помогне, доколку се може.

    Жално е што луѓе доброволно се откажуваат од својот живот, додека пак други се' би дале да останат подолго. Нека почива во мир девојчето, нажалост нејзината помош не стигна на време.
     
    На ilipili, AIT, crazylady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Inhume

    Inhume Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    253
    Пеликуна јас не гледам дека некого сум навредила и нема што да ми кажуваш да оладам кога не сум навредила никого. Е сеа за моја блиска роднина ќе ми биде тешко нормално е тоа ама ова е друго значи јас што го кажувам зашто не разбирате и не глумам јас никогаш ни вака ни тука на овој форум верувај јас друго кажувам и ако некој некого напаѓа тоа сте вие осудувате без да ја знаете причината! Сте се нафрлиле на мене сите а зашто затоа што си кажав што мислам и ти не ме познаваш па да кажуваш дека глумам кога не си во право. Оладете вие малку ;)

    Епа јас само тоа го кажав и реков дека не жалам никого и поради тоа мора сите да ме нападнете како улави :fubar: ни ги осудувам ни ме интересира само реков дека не ги жалам и си кажав само мене што ми се има случено со таа личност ете тоа дека не би и помогнала на неа само на неа не не и не.
     
  6. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Inhume а што е тоа што ти се случило?мислам сподели овде ако сакаш де,не те терам ако не сакаш.
    Ама не можеш заради една личност ти да зборуваш што сака нека прави нека се убие нека умре.
    Тоа е исто како после прво љубовно разочарување да кажеш сите машки се исти.
    Човечки е да помогнеш зошто не знаеш дали утре може и тебе да те снајде истото.
    Па ти ке бараш помош.Не знаеш на чива врата ке затропаш еден ден.Животот е чуден.

    Ај така.
     
    На ilipili му/ѝ се допаѓа ова.
  7. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    48.840
    Пол:
    Женски
    На мое огормно жалење сум имала 2 самоубуства и еден обид за самоубиство во мојата непосредна близина.За мене луѓето што посегнуваат по својот живот се огромни слабаци кои не сакаат да се соочат со она што го носи утрешниот ден.( зборам за оние кои ги знам)
    Другар мој пред неколку години се обеси и верувајте немаше ништо полошо од тоа кога по телефон ми се јавија да ми ја соопштат тажната вест.Често луѓето знаат да кажат па како дошло до тоа како домашните не приметиле дека нешто не е во ред ,имал ли некои проблеми што довеле до тоа.Еве јас ке кажам за другарот мој.Дента кога го изврши самоубиството саат време пред тој чин бил на кафе со другарите и се било нормално.Неговото однесување било нормално,муабетите што ги правел биле нормални, па никој ни на крај памет дека после саат од кога станале од масата во кафичот дека ке им зазвонат со таква вест.
    Јас со него недела дена пред да се случи немилиот настан бев излезена во диско,луѓе верувајте толку беше весел толку беше расположен што човек никогаш не би помислил дека на некој толку насмеан му се вртат такви црни мисли во главата.Па ете после една недела и мојот телефон зазвоне да ми ја соопштат немилата вест.
    Поентата ми е не секогаш лугето можат да приметат определени симптоми и повици за помош што им ги даваат другите.Ете некои до последен момент делуваат нормално и со ништо не укажуваат на тоа дека би направиле такво нешто.
    Жалам за секој прерано згаснат живот но не ги жалам оние кои сами го гасат жарот што гори во нив.Нема проблем и нема мака на светот што не може да биде решена,па човек да мора да се одлучи на таков чекор затоа што нема друго решение.За мене,тие едноставно го одбрале полесниот пат а притоа премногу себично и егоистично не размислувале за тоа каква болка им нанеле на тие околу нив.
     
    На crazylady, Ella.313, Dvolicen и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.673
    ^^ Јас не гледам напад во ниту еден дел од мојот пост.
    Сигурно имало причина што ме навела на "погрешен" заклучок.

     
  9. Inhume

    Inhume Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    253
    Објаснето ми е се мене си кажав дека на таа личност не би и помогнала уште еднаш првиот пат кога ја видов дека сторила такво нешто не и помогнав сега јасно ти ли ти е? Вториот пат кога си ги пресече вените јас ја спасив иако ја мразам толку многу и се покајав, и после тоа таа пак ме малтретираше мене толку зло ми нанесе и од тогаш јас ни со прст не мрднав за неа затоа нека умре ако сака.
    И неможам да ги жалам ни другите сега глупо е кога ќе прочиташ некаде толку млади деца се самоубиваат се почесто и почесто станува тоа ама кажи што можам јас тука да направам, ми викаш да помогнам ма на кого ќе помогнам тие ако решиле да си го одземат животот тоа и ќе го сторат дали сега или подоцна тие тоа ќе го направат јас ништо тука неможам и поради тоа неможете да се нафрлувате на мене како којзнае што да сум рекла а тоа јас што сум доживеаала тоа не е битно значи јас треба да бидам хумана и луда да и помогнам на личноста што ме повредила најмногу и поради неа јас патам?!? И поради сето ова вие донесувате заклучоци дека јас сум ладнокрвна, бездушна и лоша ? Па нема смисла ова...
     
  10. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Повредена си, те разбирам.Зависи и до карактер е.Кажаа веке погоре,некој со послаб карактер ке го доживее тоа потешко некој ке се обидува да помогне.
    Како и да ,ако таа личност те повредила толку требало веднаш да прекинеш контакт со нејзе.Да не бидеш во близина...
     
  11. Inhume

    Inhume Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    253
    Ама таа личност ми е сестра сакала или несакала секој ден јас ја гледам значи секој ден ја гледам досега многупати и се имам понижувано затоа што јас сакав да и помогнам ако сум помала од нејзе и делев совети затоа што правеше некои погрешни работи ама место тоа јас добив ужасни навреди барем да ми се заблагодареше кога ја спасив 2 пат кога ги исече вените си реков ајде сепак сестра ми е не е во ред сакав со неа да имам добар однос затоа што само таа ќе ми остане но не таа мене не ме сака многу ме мрази многу е лоша спрема мене еве ќе ви кажам иако се срамам ме исфрли од заедничката соба со тоа што јас немав каде да одам, каде да спијам зашто со толку простор располагаме моите родители не мислеле на време затоа јас сега сум малтретирана од неа и моите само неа ја гледаат затоа што им е страв да не се обиде пак да се самоубие. И веќе јас нема никогаш да и помогнам па што сака нека прави после сето тоа што ми го направи таа не заслужува ништо од мене ете зашто сум јас ладнокрвна спрема неа и да се обиде пак да си го одземе животот јас нема да и помогнам!
     
  12. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    А која е причината поради кој таа сакала да се самоубие и поради кој така се однесува?
    Не може туку така, мора да има нешто што ја навело, дали односите со и во семејството, со околината, сигурно има нешто. Не можеш туку така да речеш нека се убие, гајле ми е, она ми го загорчи животот. Сигурно и неа некој и го загорчил па затоа е ваква.
    И едит: Не мора толку грубо и навредливо да се однесуваш, не сме ние виновни што таа ти го загорчила животот. ;)
     
  13. Inhume

    Inhume Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    253
    Причината е одвратна значи таа е несреќна и поради проблеми со дечко таа многупати се обидела да се самоубие и поради тоа јас и моите родители патиме патиме поради нејзината лудост неможам тоа да си го објаснам да си го одземам животот заради некои дечковци 100 пати сум и зборела за тоа но таа не ме слуша ме навредува цело време и после тоа јас што да правам??? Да и се пикам со сила неможам кога не ме сака не ме сака и на неа ако некој и го загорчил животот немора мене да ми се нафрла и мене да ме малтретира и јас имам душа.Она ако не е свесна за тоа неможам јас да ја разубедам таа мене многу ме мрази и неможам да ја сакам веќе неможам ни добро да мислам за неа она е отпишана од мене засекогаш не постои за мене како сестра НЕ!
    и едит никој вас не ве навредува туку вие ми се нафрлате мене за моето мислење и сигурно јас нема да ви премолчам на тоа.
     
  14. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Извини што сум волку груба, ама сестра ти е за на психијатар.
    не мора да премолчуваш, овде сме да се искажеме, ама внимавај малку што пишуваш.
     
  15. Inhume

    Inhume Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    253
    Немора да се извинуваш многу добро јас го знам тоа дека е за на психијатар! Ама кој да ме разбере мене ;)
    Да во право си внимавам јас што пишувам и внимавајте и вие што пишувате како што ми пишуваат така и јас враќам.
     
  16. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.752
    Пол:
    Женски
    Извини ама сестра ти ја мразиш зошто те избркала од заедничката соба ??? Па сите нас некој некогаш не избркал од некоја соба,па заради тоа ние не го мразиме и не ни е сеедно доколку би пробал да си наштети на било каков начин.Јас имам брат кој е помал од мене и кого сум го гњавела и малтретирала до 101 и назад,па не можам да кажам дека ме мрази ,а уште помалку дека ми посакува нешто лошо.Знам и сигурна сум дека кога и да ми затреба ќе биде тука за мене,како и јас за него.
    Јас тебе не те познавам,но искрено мислам дека малку ги преувеличуваш работите.И да те малтретирала(а искрено не гледам како тоа толку многу можела) тоа ти е сестра ,некој на кого ти би можела да се потпреш,а и она на тебе.Искрено мислам дека целава твоја омраза кон нејзе произлегува од фактот што таа пробала/пробувала да си го одземе животот ,а тебе тоа те боли и ти е страв од помислата дека можеш на еден таков начин да ја изгубиш. Пробај да и ги простиш обидите за самоубиство и најди односно извади ја љубовта од твоето срце ,онаа која си ја потиснала со стравот и почни да и стануваш сестра каква што некогаш си и била .
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  17. SomeWhere

    SomeWhere Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    70
    Пол:
    Женски
    Јас имам постара сестра таа сега не живее со нас поради факултетот,но кога ке си дојде петок,сабота и недела значи ние секој ден кога е таа тука се караме се дереме, се истеруваме од соба, се вреѓаме, си кажуваме дека нема да зборуваме веќе,но кога нема никој да ми даде рака, да ми ги отвори очите секогаш е таа тука,исто и јас за неа.Кога таа е несреќна несреќна сум и јас како тоа на мене да ми се случува.Незнам како може да има толкава омраза меѓу сестри.Помогни и на било каков начин.Не дај боже да почуствуваш што си имала кога веќе ке го немаш...Само со добро стручно лице проблемот ке се реши..Незнам вие си знаете.
     
  18. sweet.star

    sweet.star Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    47
    Зошто да не е решение? Не го оправдувам,ама и ова е решение (понекогш).Ама решение за тие што немаат ништо во животот...........
    Ама понекогаш....а некогаш и не
    На кого му е гајле за тебе? На луѓето (дури и блиските,а да не зборам за останатите) сеедно им е дали си жив или мртов,тоа не енува ништо...........
     
  19. Inhume

    Inhume Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    253
    Не е само за тоа за собата аман тоа беше капак,јас си знам како се чуствував кога се вратив од кај дечко ми и кога видов како ми го исфрлаат креветот од собата јас си знам несакам да ги кажувам гадните работи што ми ги правела несакам ни да се потсетувам на тоа ќе се чудите и ќе речете дека е за на психијатар, за во лудница, иако јас немам каде да седам тоа не е важно ништо јас не преовеличувам кога не ме знаеш мене и моите проблеми те молам немој да паметуваш и да кажуваш нешто за кое што немаш појма не си ми во мојата кожа и незнаеш што е работата, тие што ме познаваат и ми се блиски знаат многу добро но ајде не е важно како и да е секогаш јас нема да бидам во право и ќе испаѓа како да преовеличувам многу ;) Колку и да ви кажувам џабе нема да сфатите знам дека не е за верување и сите се чудат за таа нејзина омраза кон мене сите знаат дека ме мрази и ми прави лошо да ми биде но не е важно од сите тие проблеми јас што ги имам и се соочувам со суровата реалност и јас можев да помислам на самоубиство да си ги скратам маките да не се мачам зашто гледам дека излезот не го наоѓам но како и да е си имам надеж во себе дека ќе се подобри се ќе имам јас мир и ќе бидам среќна ЗНАМ! :) И доста е докажување мислам кој ќе ме сфати ок, кон не пак ок
     
  20. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Инхуме,не сакам да те навредувам, омаловажувам и солам памет.Сепак ти си имаш свое мислење кое што го почитувам. Ако сестра ти те навредила со тоа што те избркала од соба ,тогаш тоа не е причина доволно силна за да ја мразиш и да и посакуваш смрт.Сигурна сум ако не дај боже дојде до тоа таа да се самоубие дека ќе жалиш по неа и ќе ти недостига.Не те познавам и немам право да ти кажувам како се чувствуваш,но мислам дека моментално си гневна на неа и од тебе зборува лутината,а не твоите вистински чувства.Умот ти кажува едно,а внатре срцето ти гори и сакаш се да се реши на најубав начин.Не знам каква е ситуацијата,според ова што го пишуваш гледам дека и ти,а и твоите се мачите и нервирате поради тоа што сака да се убие.Мое мислење ако сакаш прифати го,сакаш не е дека ако една твоја личност се обидела да се самоубие и ти ја осудуваш поради тоа,не значи дека сите случаи се исти и дека сите треба да ги осудуваш поради тоа.Секој си има причина поради нивниот избор,јас не го оправдувам тоа,но ниту ги осудувам.Секогаш гледам доколку можам да помогнам некому,било странец или свој близок.Пробај и ти да и помогнеш ,сепак ти е сестра било преку разговор,натерај ја да оди на психијатар или на било каков начин.Пак ќе кажам јас не го пишувам ова за да те нападнам или навредам туку како најдобронамерен совет ако го примаш секако.Се надевам дека ќе ме разбереш што сакам да ти кажам.