Самоубиство

Дискусија во 'Психологија' започната од Bright, 16 март 2010.

  1. Inhume

    Inhume Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    253
    Те разбирам се ама зашто вие не ме разбирате мене толку пати сум сакала да и се приближам да седиме заедно како сестри се да делиме па не иде и не иде неможам да и се пикам со сила кога не ме сака и не е причината таа проклета соба не е причината тоа тоа е само капак на сите работи несакам да кажувам што ми правела несакам и неможам да го споделам тоа јавно тука неможам јас те разбирам ама барам и мене некој да ме разбере ете толку се изморив веќе од докажување :sweat:
     
  2. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    самоубиство е нешто најстрашно што може да и се случи на една фамилија кога некој од таа фамилија ќе се самоубие. Имав две другарки од средно на кој мајка им беше професорка во истото школо и беше една од најстрогите професорки но и доста образована жена од која можеше многу да се научи но во еден кобен момент заради домашни проблеми таа се фрли од зграда и умре можеби во тој миг не размислувала но не свати дека на нејзините ќрки им ја уништи новата година и целиот нивен живот останаа без единствената личност која намногу ја сакаа и сега секоја наредна година што ќе дојде тие се сеќаваат на тој момент и неможат да ја прославуваат бидејќи таа загина точно 3 дена пред Нова Година жално но вистинито
     
  3. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    48.840
    Пол:
    Женски
    Inhume можеби ако на овој начин да кажам смирен и емотивен начин се изразеше на почетокот мислам дека никој немаше да те нападне за твојот став и мислење околу оваа деликатна тема.Но,ти одма почна на дрзок и непријатен начин да им се обракаш на сите мегу кои и на постари феминки према кои ако не друго ради годините би било културно и воспитано да не им се обракаш така.
    Навистина ми е жал ради случката со сестра ти но на нејзе и е потребна стучна помош,ни ти ни твоите не можете многу да направите во врска со нејзиното суицидно однесување.Јас барем знам како е бидејки моја прва братучетка која што цел живот ми била како сестра се одлучи на ваков непријатен начин да го прекине својот живот со труење со апчиња.И ден денес на нејзините им велам дека девојчето треба да се испрати во некоја интитуција каде има стручни лица кои ке и помогнат бидејки реално гледано ние не можеме ништо да направиме во врска со тоа.Си има доктори психијатри психолози кои работат со лица со пореметена психа па мегу другото и препишуваат лекови кои ке ги ублажат ефектите што ги дава депресијата.
    На тебе останува да гледаш на нејзе како личност која е тешко болна и и треба помош која ти неможеш да и ја дадеш ,но можеш да ја олесниш тензијата .Кога веке несака да биде блиска со тебе тогаш игнорирај ја не си го уништувај твојот живот ради нејзе.А верувај се уништуваш себе си со ваква омраза и гнев.
    Кога не нејзе не и е битен нејзиниот живот верувај уште помалце и е битен твојот.Па мој совет ти е да не си дозволиш себе си и ти да потонеш покрај нејзе.
     
  4. Inhume

    Inhume Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    253
    Добро сега секој човек греши нели ? Иначе јас дигнав раце од неа и гледам што повеќе да ја избегнувам исто од моите тоа го слушам да не и зборувам воопшто да се тргам на страна а јас тоа и го правам а знам дека кога ќе ме нема тука ќе се сети еден ден на мене ама касно ќе и биде ;)
    Иначе ти благодарам на советот и им се извинувам на сите што сум ги навредила со моите зборови ИЗВИНЕТЕ! :$
     
    На SuperGirl24 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.799
    Допаѓања:
    109.694
    Пол:
    Женски
    Inhume јас мислам дека пред се мајка ти и татко ти се за ќотек, да не бидам ОФФ, ама да видам дека едното дете ми го малтретира другото, дека е проблематично и слично, па ќе го скршам од мавање, јас изроди нема да одгледувам дома. Да бидеме реални, ние кога сме биле деца сме имале огромна страхопочит спрема родителите, не сум смеела А да кажам мајка ми кога ми се дерела, иако сум живеела во дисфункционално семејство, сум можела лесно да забегам, да се ослонам на тоа моето семејство е за никаде, па пак сум останала со памет во глава и со двете нозе на земја. Денес децата немаат никаква почит, учат се освен тоа што е потребно, учат од најлошиот учител, улицата, им се дерат на родителите, често се невоспитани и на улица и најлесниот избор им е самоубиство, цитирам : Ќе се убијам МА, ќе се убијам ако не ми дадете пари за нови штикли!, девојче од 13 години. Да се убива за штикли, за нова сенка за очи, затоа што не и дале да иде на Нова година или на одмор со дечко, а она има 10, 12, 15 години.... И што ако сестра ти Inhume те избркала од собата ти седни си сосе кревет во дневна, смести си се, нека видат родителите дека ти си уште помрдната од неа, а сестра ти, кој ја врти. Не ги разбира родителите кои целото внимание им го посветуваат на едното дете и другото во тој момент е лошо и е неразбрано, па што постигнувате со тоа, само омраза меѓу децата, јас одсекогаш сум мразела кога моите тетки ќе кажеа, како може Angel да биде мирна, да седи дома на пладне, а вие само акате, како може Angel да спие, вие само урлате, и после братучедите ме избегнуваа, а ја не бев мирна, ја бев само мрзелива, не ми се акаше у село по шумине, по најжешкото и тоа. Забегав ептен, сестра ти ако сака да се самоубие, ако до толку не и е мил животот, што не го реши тоа еднаш засекогаш, ама да се тргне настрана и нека го направи тоа сама, а не да ве потресува, да ја гледате секогаш како жртва неа, ех што мразам такви луѓе значи, глумци. А ти Inhume доста покажуваше дрскост, биди малку попаметна и не им се одврекнувај на сите, ние не сме ти во кожа точно е, ние само коментираме на она што си го произнела како факт, од почеток да кажеше што ти е маката никој немаше да те напаѓа, напротив ќе те сфатеа и ќе се обидеа да ти дадат совет, ама вака, ти само наведуваш понешто и сакаш да те сфатиме. Биди храбра, овде никој не е за да осудува некого, сите сме за да си ги кажеме своите мислења, биди ти човек ако сестра ти не е.
    За сите кои се решаваат на таков чекор, да бидеме искрени, не ги малтретирајте домашните со два дијазепама и кутивче Б-комплекс, решете си и баталете, не правете драми!
     
    На crazylady, LilBaby, bittersweet и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Dona-Ares

    Dona-Ares Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    Личности кои посегнуваат по својот живот би ги оквалификувала како слабичи,лица кои не можат да се судрат со тешкотиите и проблемите на животот па посегнуваат по својот живот-СТРАШНО :shake: :shake: :shake:
     
  7. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Да би му помогнала зошто пред се е човечко од моја страна, не би можела да стојам од страна да посакувам да го снема и да успее во чинот, зошто бар ако ти си свесна, знаеш дека некои психички состојби едноставно не можеш да го конторлираш без соодветна терапија. Тоа што самата ситација заморува и се, ама како фамилија се надевам дека сте превземале нешто, и не стоите од страна и викате, ете ја пак за внимание. Имаш интернет прочитај за такви сутуации. Можеби емотивно си станала имуна на ситуацијава, ама сепак да знам дека е моја е крв, би си ја искорнала душата да помогнам, а сум го направила тоа, и фала богу еве веќе 10 години се е во ред, освен ќе се предадам ако знам дека нема назад, како некои ептен тешки депресии. Ама сигурно, тој што посегнува по животот, не дека што му е убаво, туку од причини кои треба да се искоренат.

    Како и да е, во зависнот од психичката состојба, не секој знае да погледне на проблемот во очи, и да рече готово продолжувам, туку едноставно се предаваат, а сите од страна ќе го гледаат како кукавички потег, зошто едноставно не знаат како е, има и многу деца кои глумат лудило, и мама не им купила штикли, и сега ќе се убиваат, тоа веќе е сосема нешто, ама ако збориме за вистински психички ситуации, тогаш е друга реакцијата. Јас сум за секогаш да го решиш проблемот со сите сили, ама секој се справува со проблемот на свој начин.
     
    На bal0n43, ilipili и imelda им се допаѓа ова.
  8. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.183
    Допаѓања:
    124.687
    Нешто што највеќе ме иритира во приказните е-Извршил самоубиство,а допрва ќе се испитува дали е самоубиство,убиство или несреќен случај |( Аман!
    Сите три опции се во игра-освен ако нема сведок.
    Ама најпримамливо е да кажеш-се самоубил.Срамота за новинарите.

    Јас имав многу подеми и падови и допрва ќе имам,ама немам ХРАБРОСТ да направам вакво нешто.Не ги нарекувам таквите храбри,ама за тоа-треба храброст.Да скокнеш,да си ставиш јаже околу врат,да си исечеш вени,свесно да трчаш во смртта :doh: Морбидна ми е самата помисла.
    Многу ми е жал за девојчето,ако навистина направило такво нешто.Само 21година :|
    Животот е подарок,го сакам каков таков.
     
    На crazylady, ilipili, MacenceEna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Ели многу добро кажано. Животот е божји подарок, каков е-таков е, треба да го цениме. Животот е како тркало. Дожд, сонце. Горе, долу. Сето тоа се животни препреки кои за нас ќе останат како животни лекции, ќе не челичат за да продолжиме поискусни па со секоја следна пречка полесно да се избориме. А ова, со кажувањата на новинарите, извршил самоубиство-допрва ќе се испитува дали е убиство, самоубиство или несреќен случај... АМАН НАВИСТИНА! Само трчаат да објават нешто.
     
    На crazylady, AIT и eli25 им се допаѓа ова.
  10. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.950
    Пол:
    Женски
    Чепкајќи по темата твоите коментари ме боцкаа во очи и мислам дека треба некој да ти објасне некои работи.Немој да дигаш прашна во форумот со вакво грубо и некултурно за мене понашање ова е мн.тажна и осетлива тема каде што некои имаат потреба или сеќаат потреба да се отворат во форумот и овде да кажат работи како интимни кои на др.не се осмелваат да му ги кажат а пак членовите тука ги читаат и со совети колку што можат помагаат,голем број од луѓето посебно од адолесцентите имаат психички проблеми кој ги доведува до ваков чекор и тие тоа го прават без размислување ако не си информирана за психичките болести како шизофренија,параноја,тешка депресија луѓе кои имаат халуцинации гледаат и слушат не реални работи слушат звуци и гласови кои не постојат сето тоа ги доведува до беспомошнот до немоќност и решаваат да си го одземат животот бидејќи неможат да го издржат тоа што им се случува тие се болни луѓе и не се криви за тоа што се разболеле тие се луѓе кои треба да им се помогне да не стигне болеста до последната фаза крајна SAMOUBISTVO сега појасно ти е зошто тие луѓе треба да ги жаламе и да им помогнеме?ако не ти е сеуште информирајсе на нет за психичките болести ако не ги знаеш и не си слушнала...
     
    На girl1985 и ilipili им се допаѓа ова.
  11. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.612
    Допаѓања:
    2.464
    Никој од нас не е во кожата на тие што го прават тоа, но неможам да замислам колкави проблеми треба да имаш за да го сториш тоа, бидејќи искрено сите денес имаме проблеми, сите се нервираме. Е сега веројатно тие се многу слаби емотивно и не можат да издржат. Но сепак тоа воопшто не е добро решение, секој друг потег би бил попаметен.
     
  12. lanalee

    lanalee Активен член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0

    Се согласувам во целост. КОј може да каже за некого како ги доживува работите. Сепак, секој има право на избор.
     
  13. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.276
    Пол:
    Машки
    Самоубиство е трајно решение за привремени проблеми. :(

    Е па сеа.... знам, но колку пати сум помислил и тоа си знам
     
  14. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.277
    Прво сакам да признаам дека многу често сум размислувала на темава и еве конечно решив овде да го споделам своето мислење.
    Денес ме поттикна една кратка дискусија со моите врсници и една навидум образована госпоѓица од која очекував малку повеќе од оној примитивен одговор кој го добив со оглед на тоа дека и таа минала низ една многу слична ситуација.
    Имено стануваше збор за некоја девојка која се самоубила од X причини сметаајки дека овој живот не е доволно добар за неа. Дотичнава госпоѓа која ни раскажуваше се обидувала да и го докаже спротивното во што и не успеала па затоа според нејзино мислење оваа девојка била клинички случај или незнам ти таму што.
    И се ќе беше во ред, да не додадеше дека најверојатно девојкава имала психички проблеми штом се решила на еден ваков грозоморен чин.
    Си реков чекај, зошто?!
    Дали секогаш мора да се биде психијатриски случај доколку некој се реши да го стори истово? :^)
    А што ако навистина била во безизлезна ситуација или се чувствувала уценувана во однос на углед, или само едноставно ако станувало збор за една значително по емотивна личност?
    Бидејки емотивните несекогаш мора да бидат сметани за лабилни, или грешам? |(
    И јас искрено, немам никакво право да ги осудувам.
    И додека во вашите очи тие се несериозни личности кои не знаат на каков начин да се справат со своите проблеми и лошиот живот, за мене се тажни личности кои како и јас во повеќе наврати не го пронаше своето место во ова ова бескруполозно време на тага и немоќ.
    Реалноста е таква за повеќето, нели? Без разлика дали по природа сте песимист или оптимист.
    Бидејки знаете, понекогаш животот знае да изненади многу по непријатно од тоа што мислите.
    Замислете некои ситуации од кои навистина неможете да најдете соодветен излез...
    Постојат мал милион, јас е набројам само неколку.
    Премногу сте сиромашни, живеете на социјално а вашите деца секој ден од вас очекуваат бар едно парче леб кое неможете ниту тоа да им го овозможите?
    Точно е, мора да живеете за нив. Мора да се борите на секој можен начин. Ако треба ќе просите, меѓутоа што ако не е сето тоа доволно? А во нивните очи секој ден гледате како несреќата расне?
    Тоа е жалосно... Од друга страна нема кој да ви помогне, предолго сте осамени, и автоматски сте го достигнале дновото на бедата. А, и со оглед на тоа дека условите во оваа држава се повеќе од лоши и алармантни веќе со децении, и тешко дека ќе се провлечете низ врата на судбината.
    Денес општеството е од корист, па голема е веројатноста и тие да ви го свртат грбот, а кога сме веќе тука..Сигурна сум дека чувјте за младата тинејџерка Аманда Тод која неодамна си го одзеде животот. Кажете дека немала доволно силна причина да го стори тоа?
    Ќе речете направила грешка, и веројатно ќе бидете во право! Се согласувам до некаде.
    Бидејки пратила фотофрафии од своето разголено тело на некој квази тип кој и онака не го познавала лично и во кој и воопшто немала доверба а сепак му ги пратила.
    Меѓутоа запрашајте се, колку девојки го сториле истово што и таа, па сепак не дошло до постирање на нивните фотографии на интернет или на некој друг сајт.
    Еве доказ дека животот и те како умее да биде непредвидлив и дека општеството може да биде токму она кое ќе успее да ја деградира индивидуата и да ја натера на суициден акт.
    Или пак таткото на Мартин Нешковски? Што би сториле вие!? (Ова никому не би го посакала!!! :( Зарем не би ви минувале зли мисли низ главата секој бел ден кога макар и случајно ќе наминете до неговата соба и ќе ја свртите главата, гледајки кон неговите предмети, знаејки дека тој никогаш нема да биде овде?
    Секоја чест доколку преминете преку ова бидејки јас не се чувствувам способна ако дојде до ваков потресен настан во мојот живот. (губење на чедото). Ме фаќа језа од самата помисла и не ми паѓа ниту напамет да го осудувам овој човек за она што го сторил. :x
    Ах, и да не заборавам! :!: Со ситуацииве кои ги опишав се соочуваат многу луѓе во Македонија.
    Особено на оние кои живеат на улица, на - 10 степени во зима? Јас им подавам рака, им честитам за храброста кога е темно, и студот боли додека се притајува во коските, па е болно до смрт, а тие повторно и повторно се будат во истиот кошмар!
    Тоа во моите очи се вистински херои, а не обични бездомни губитици како што ги нарекуваат другите.
    Зарем мислите дека овие групи на луѓе не се доволно ,,достоинствени'' за да извршат самоубиство?

    Имам семејство кое како и повеќето граѓани во државава е соочено со економската криза, па веќе е јасно дека во нашиот дом владее беспарица.
    Од друга страна немам пријатели. Никогаш и немав. Бар не вистински. Или личност на која можев безусловно да се потпрам и верувам. Имам мал милион амбиции како секој жив човек што немам шанси да ги остварам. Случајно да не се пронајдовте? :(
    Па мојот живот е ПРАЗЕН! Во буквална смисла. Живеам од ден за ден, од викенд за викенд за моите родители зошто нажалост немаат уште едно дете. Па несакам да ги дотолчам бидејки ги сакам па се мачам и себе си.
    Дури во последно време ниту сакам да излегувам со т.н. пријатели по потреба, (кои впрочем мислам и дека ме сожалуваат), бидејки тоа повеќе ме фурстрира наместо да ме исполнува и да ме прави среќна.
    Од друга страна..Дечко. Немам и никогаш не сум ни имала. Се надевам дека ќе имам еден ден, но со оглед на тоа каков ми е животот се сомневам. Барам светла точка, и за чудо ја пронаоѓам во училиштето, но и таа згаснува со желбата за живот и депресијата која ме владее како играчка.
    Знаете ли колку пати во самотија сум помислила на самоубиство? ;(
    Дали знаете колку пати сум сакала да бидам кукавица за да си го одземам живтот бидејки на повеќе од илјада начини сум се обидувала да ги поправам работите а неможам?
    Знаете колку широко срце имам и желба за живот, а неможам да ја остварам?
    Лице в лице со неправдата се соочувам секој ден. Тие што не залужуваат ништо имаат се!
    А јас кутрата се сожалувам бидејки сум емотивна, иако тоа добро го прекривам и по правило сум личност со емпатија. Односно, ги набњудувам туѓите чувства и маки, и со многу ретки исклучоци се соживувам со личноста кои ги има истите. Па затоа пред да осудам некого се ставам во негова ситуација и си помислувам како би ми било на мене доколку би се нашла таму каде што е тој сега.
    А и за воља на вистината јас никогаш никому не сум се пожалила за сопствените проблеми. Не бидејки несакам, туку трагичната вистина е што не сум пронашла вистински личности за да го сторам тоа. Еден период дури помислив и дека најдов меѓутоа за многу кратко време се испостави сосем спротивното.
    Да не одам веќе оф топик, зборот ми беше дека луѓето едноставно не те разбираат доволно добро понекогаш.
    Затоа СЕКОГАШ ќе патиш! Без оглед на се. Ти во нивните очи си марионета, а тие се оние кои ги држат конците. А далеку од тоа дека несакаш да го промениш тоа и бар за момент да ги промениш улогите Напротив!
    Секој ден стануваш со помислата дека ќе биде подобро како што те советуваат и работите ќе се променат. Се исполнуваш со позитивна енергија која на крајот од денот најчесто ти е исцрпена како со вакуум.
    Па, се повеќе стануваш свесен за веројатноста дека можеби не припаѓаш овде меѓу сите нив бидејки незнаеш како да бидеш НИВ.
    Незнаеш како го најдеш своето место овде, и се прашуваш зошто воопшто постоиш.
    Затоа пред да судите некому, направете го она што го правам јас. Ставете се во негова ситуација, проанализирајте ги чувствата па дури тогаш судете. :)
     
    На Abeja, gothchick, TheKiketoo и 10 други им се допаѓа ова.
  15. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Браво за овој пост кој го сметам за најискраен од сите што сум ги прочитала досега на форумов. Валерин тотално те разбирам. Јас со никој не се чувствувам пријатно додека зборувам. Мислам дека никој не ме сфаќа и разочарана сум од сите. Дури и се повеќе се плашам од сите. Едноставно цело време мислам дека секој само чека момент да ми направи некое злодело од кое јас нема да се опоравам никогаш повеќе. Порано (а некогаш и сеуште) помислувам на самоубиство. Ама таа помисла научив како да ја контролирам. Дозволувам да ми потрае неколку минути, ќе се исплачам, ќе стегнам заби, ќе си се удрам по челото и ќе престанам да се сожалувам. Мора да бидеме силни. Да, сите сме свесни во какво време живееме! Но треба и да бидеме свесни дека ако доколку успееме да живееме живот со чиста душа и доколку му подариме нешто вредно на светот, ние ќе станеме бесмртни. Зар тоа не е целта зашто се раѓаме? Верувај, постојано ми доаѓаат ваквите црни кризи, но си го тренирам умот на позитивност. Моментално си најдов илјада активности за да не мислам на проблемите. Се истоштувам физички со вежбање за да не пропаднам психички. Умот е кревка работа. Мора да се сакаме себеси многу, а исто и нашите најблиски, за да не дозволиме да страдаат поради нашите непромислености.
     
    На Valerin и julie77 им се допаѓа ова.
  16. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.277
    Се пронајдов во однос на физичкото исцрпување. :o Веруваш ли, и го правев потполно истото ова лето за да заборавам на проблемите. До некаде и ми помогна, сега да си бидам искрена.
    И да не заборавам...Човек кој има исполнет живот со куп активности (значи не обврски, бидејки тие најчесто се проблем), има многу поквалитетен живот и значително помалку време да размислува на оваа тема. Бидејки реално, автоматски и нема многу време за да мисли на истото.
    Имено се согласувам со тебе karenina. И те разбирам бидејки денес се помалку има луѓе...Ако воопшто ги има :tmi: со кои можеш да споделиш радост а притоа истата да не биде лажна и да разговараш сериозно за она што те мачи. Но, тоа е. На крај се се остава на оној класичен избор од две опции. Ќе живееме и покрај се, или... :|
     
    На karenin му/ѝ се допаѓа ова.
  17. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515
    Многу сте сурови во однос на (не)проценувањето на останатите, или едноставно ви е полесно да ги одбивате или осудувате луѓето кои ете (заради Х околности и случаи, кои НЕ значи дека на секого од нас не може да му се случат) не се во можност да се справат во истите...
    Луѓето, не секогаш по своја вина, се вовлечени во безизлезни ситуации, и фала му на Бога за сите нас кои не сме ги ни намирисале тие состојби, па со самото тоа и не ги разбираме... (поготово кога се работи за млади луѓе кои не се ниту доволно вешти да се соочаат со тежините на животот каков што е, или на кои животот им зависи од други луѓе)
    Бидејќи сите ние кои сме на форумов, имаме дом, интернет, компјутер, десет прсти на рацете, па му се обраќаме на Гугл и за најмал проблем од типот ``како да сварам јајца`` или -не дај боже ``како да се смирам со бившиот``... додека на светов постојат луѓе кои би дале СЕ за да ги имаат нашите проблеми...
    З
     
  18. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.710
    Допаѓања:
    38.100
    Пол:
    Женски
    Ги прочитав последните неколку постови и забележав дека сите вашата ,,помисла,, ја споменувате во почетокот на вашиот пост, додека читам надолку скоро кај сите забележав зборови од типот ЉУБОВ, СЕМЕЈСТВО, ДЕЦА... Значи, кај сите длабоко во нас се побудила таа помисла, но сепак има нешто посилно,нешто што ни ја поттурнува мислата за самоубиство. ЗОШТО? Зошто знаеме и сенадеваме дека барем и кај нас ќе дојде онаа светла страна, ќе блесен еден зрак кога ќе заборавиме на се. Сите ние овде имаме грижи и тоа безброј, сите во најтешките мигови помислуваме на најлошото но не се решаваме. Зошто? Затоа што љубиме и се надеваме. Според мене, ништо на светот не може да ја замени насмевката на нашето малечко, невино суштество кое не ни знае за животот? И што ќе направиш ако се одлучиш на таков потег? Ќе го оставиш само, без никој , за по некое време и тоа да се одлучи на таков чекор?
    И да, споменавте за оние лица кои токму во овој миг се надвор, просат за парче леб без покрив над главата...Што мислите, зарем тие не помислуваат на ова? Зошто не го прават тоа? Зошто се надеваат,дека кога тогаш и нив ќе ги осветли еден зрак и ќе дојде подобро утре....
     
  19. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
  20. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.213
    Допаѓања:
    8.435