1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Самоубиство

Дискусија во 'Психологија' започната од Bright, 16 март 2010.

  1. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Не велам дека немале мака ,но малце чуцно е за ова поднебје да се случуваат самоубиства толку често ,посебно за мн брз временски рок .Сепак станува малце загрижувачки и треба да се поработи на оваа проблематика од малце помала возраст а не како тинејџери со 100 филмови во главата .Некако се игнорира психологијата во училиштата,премногу формалности се учат барем малце да се посветува внимание на тоа и да се даде до значење а не само ради реда кажано ,прочитано речено ......
     
    На AIT и crazylady им се допаѓа ова.
  2. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.247
    Допаѓања:
    27.878
  3. zWaTuShKo

    zWaTuShKo Активен член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    10
    Некои викаат дека се самоубиваат само кукавиците,но јас би рекла за да се направи овој чекор треба да се биде храбар.
    Самоубиството е само трајно решение на привремен проблем.
    За многу луѓе кои се чувствуваат суицидно, им се чини дека не постои друг излез за нивните проблеми. Кога се обземени со суицидни чувства,нивниот свет може да се опише само со еден збор - смрт. Силите на нивните суицидни чувства не смее да се потценуваат, тие се вистинити, моќни и неодложни. За нив не постои волшебен лек. Кога лицето е депресивно, има тенденција работите да ги гледа од една сиромашна гледна точка.
    Премногу ми е жал кога ќе слушнам дека некој сака да си го одеземе животот... премногу е лошо кога се слушаат такви работи млади животи низ светов заминуваат дали поради своја волја или поради сообраќајка сеедно важно заминуваат но бидејќи тука темава е за самоубиство еве нешто да пишам...
    Секогаш викајте не се откажувам. Ќе се борам додека не паднам. Тоа е сила што е во моите вени. Се работи само за имање малку верба во фактот дека сé додека можете да земете здив во овој универзум имате шанса...
    И кога ви е најтешко и колку да ви е тешко едноставно викајте можам сам а можам и против сите
    Иако сите патиме од фактот дека светот го вртат парите и дека без пари не може ништо да се има и знам дека некои луѓе парите ги прават да се осеќаат подобро но сепак парите се само ливче хартија за која не треба толку да се замарате и сл. и еве на кои работи треба да се радувате само потребно е да ги активирате вашите очи и вашите нозе...Животот е полн со убавина. Забележете ја. Забележете го бумбарот што лета, малото дете и насмеаните лица. Помирисајте го дождот, почувствувајте го ветрот. Живејте го животот со максимум потенцијал и борете се за остварување на вашите сништа...зарем не е така? признајте си? земете заминете накаде во најблиската шума седнете или легнете на тревата почуствувајте го мирисот на чистиот воздух и едноставно оставете го мозокот на пасење... за ова не се потребни пари и сл. само треба да се активирате самите себе си...

    И ако мислите дека не постојат луѓе добри кои имаат добри намери ќе згрешите со тоа мислење бидејќи токму тука на овој форум има сеуште луѓе добри кои сакаат да помогнат кои имаат добри намери а верувам и дека истите тие луѓе ќе ви помогнат... но сепак само сакам да знаете дека понекогаш е подобро да живеете отколку да го завршите вашиот живот порано иако секој живот си има проблеми од различни работи но секогаш е така во животот секогаш имало во сечиј живот проблеми дали мали или големи имало но сепак затоа треба да одиме со глава крената и во нови победи колку и да не ни од рака треба да се обидуваме ... и колку и да не боли едноставно кажете си на себе си можам јас ќе го направам и да нема некој да ве подржува, подржувајте се самите себе си... за вистински пријатели постојат само треба да ги најдете ако веќе ги немате... и нека не ве растажува тоа што има и лоши луѓе кои свесно и безсвесно некого го повредуваат.
    Сепак на вас ви останува само да одлучите дали ќе одите напред и да откриете што се крие овој свет а има многу убавина затоа верувам дека еден ден ќе се извлечете од таа сегашна ситуација и само ќе се насмеете слатко и ќе си речете во себе си ех која будала бев се нервирав и запаѓав во депресии за ништо и верувам дека ќе се радувате на секое утро и на слаткиот мирис на утрото и на црното кафе :)
     
    На karenin му/ѝ се допаѓа ова.
  4. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.752
    Пол:
    Женски
    Мене стварно веќе не ми е јасно ова со самоубиствава :x Што филмови гледаат децава? Мислам ако зборуваме за проблеми кои тоа страшни проблеми кои не можат да се решат ,можат да ги имаат деца од 18-20 години???Еве ова последново имало нормално семејство и нормално функционирале. Почнувам да се прашувам дали во прашање е некоја секта ,дрога ....
     
  5. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.950
    Пол:
    Женски
    господе боже слушнав за двата случаеви посебно за 18 годишото момче мн.се растревожив ;( душички кој знај каква мака имале,самоубиствата на млади луѓе зачестија и мн.се во подем треба да се превземи нешто веднаш само што пишувам сега на темата се ежам мн.страшна работа...
     
  6. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515
    Секта, дрога, коцка, уцени...можеби некоја болест или хив позитивен статус... Така млади луѓе не умеат да се справат со такви проблеми...неможат ни големи додуша и чест на исклучоци но постојат исклучиво шокантни состојби со кои луѓе едноставно неможат да се справат... :|
     
  7. sweat2

    sweat2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    Се почеста појава кај младите :(
     
  8. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    Страшно и жално. Се почести се ... Времето е депресивно, несигурно, безизлезно за голем број луѓе ... За жал пороците се се позамашни, луѓето се изменети кон полошо ... Поддршка денес е реткост да се има, помош од друг уште помалку ја има, љубов веќе е непознаница.
    Кога слушнав пак за девојка мажена која исчекувала дете неколку години и кога конечно била благословена го очекувала тоа детенце, мажот и да не и верува и да ја малтретира како не е негово ... :x Не знам што пресекло и и се случувало во глава кога решила да се самоубие?! :( Толку млада и толку убава и перспективна ... Веројатно била малтретирана од него дали писхички и физички ... не знам. Ама оставила голема празнина.
    Ни судам, ни оправдувам ... само Бог знае зошто си пресудуваат самите ... :worried:
     
  9. Jaasemin

    Jaasemin Активен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    Ниту оправдувам,ниту осудувам.
    Бидејки и јас сум помислила на вакво нешто,ги свакам тие што сакале/се обиделе да се убијат.
    Лошото е што тоа е себично.Зошто? Затоа што сигурно има барем 1 на светов кој би го дал животот за тебе,кој многу те сака,а најмногу тоа би можела да биде мајката,после таткото.....Како тие ке живеат понатаму во животот? Со болка. Мајката го носела 9 месеци во стомакот го родила,го чувала и сега да се убие?
    А најтрагично е тоа што денес посебно младите се убиваат,а животот е пред нив.
    Вчера јас ја прашав мајка ми како би се чуствувала ако јас умрам.И ми се налути малку,не разговараше со мене,ама после кажа дека никогаш не би се помирила со тоа.....
    Ете себично е.Ама ај да речеме дека тој/таа не би можела да живее со грижа на совеста,со вина кон себе,со омраза кон себе? По мене знам дека човек може да спобудале.Ете и јас си имам психички проблеми заради тоа....
    Ама ако се работи за уцени или сл,тогаш тоа е поинаков проблем.
     
  10. ivimis

    ivimis Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    522
    Веке се почесто млади деца се самоубиваат ... многу жално секој си има проблеми , можат да се решат, но тие доагаат до тој степен што единствен спас им е самоубиството многу жално . Тие најчесто се зависници од дрога , некои поради невозвратена љубов, други поради осаменост немаат некој со кој ке разговараат за проблемите што ги мачат или поради физичко и психичко малтертирање и сл. Лугето пагаат во депресија која ги тера да се самоубијат . А најголемата болка остануваат да ја трпат нивните најблиски :worried:
     
  11. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Самоубиство која е таа глупост
    Замислете имаме проблем и сега .... леле леле што да сторам готово ......так ...."се убивам"..... НЕ ,НЕ ....Тоа е многу погрешно никој не смее да го стори тоа особено не млади деца кој се во цут на својата младост. Тоа е Кукавичлак,страв дека нема надеж да се реши неговиот проблем,но нималку не е храброст. ХРАБРОСТ е ако се носи со проблемот и бара да се решие верувајте за се има решение,само човек треба да ја користи главата да мисли но да си пресудиш сам/а никако.Зарем јас не сум имала проблеми или пак вие , секој жив човек на оваа зелена планета има проблеми тоа е составен дел од нашиот живот ....но ,за секој проблем има решение верувајте ми.........Навистина не дај боже некому да му се сврти нешто во глава,но пред се главата не е само да ни стои на рамења туку да се користи да се размислува,низ што непоминуваат луѓе но решение секогаш има Овој живот ни е подарок живејте го убаво се што ви пречи исфрлете го од вашиот живот како што го фрламе сметот,но никогаш не посегајте по својот живот...никогаш,ама баш никогаш
     
    На Gordana10 и taci1 им се допаѓа ова.
  12. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Доколку имаш 39 години навистина ме зачудува одговорот, на несватеност. Убаво си кажа на крајот не посегнувајте, ама не секој има еднакава историја на болест, знаци, последици, храброст да се спарви со загуба, со болест, со немаштија, со болка.. Причините можат да бидат различни, последиците исти. Она леле леле ќе се убијам, само на деца недоволно зрели, кои патат за внимание со кажување дека ќе го направат тој чин, но реалноста за остатокот е друга, имав прилика да одам на пракса на психијатриа, и ќе ви кажам само дека не сте виделе доволно пред да осудите, како и да е за мене ќе биде победник кој ќе се избори со проблемите, и ќе остане цврсто на нозе, ама не на секој му дозволува психата да си го овозможи тоа. Како и самата економска ситуација, и нашиот “прекрасен“ менталитет, болести, зависности, загуби, преживеани војни, психички тортури, тежок живот.. наследни ментални болести.. многу се причините за да дојдеш до овој чин, ама ако приметиш бар малку дека во приближна депресија, и нагон кон самоубиства ако самиот не решиш да си помогнеш, никој нема да ти помогне на сила..
     
    На ilipili му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Веќе се имам изјаснато во оваа тема,но од последните случувања бев исфрустрирана па морам пак да кажам што мислам.Се повеќе и повеќе луѓе посебно млади посегнуваат по својот живот.Причина-непозната за нас и неразбирлива за накои,а за нив може да има милион причини како психички трауми,неизлечива болест.Самоубиството често се врши од очај или како резултат на некое ментално нарушување како што е депресија, биполарна нарушеност, шизофренија, алкохолизам или користење на дрога. Притосоци и несреќи како што се финансиски потешкотии или неволји со интерперсонални врски често играат значајна улога.Сето ова може да е причина за некој да посегне по својот живот.Секако дека секој од нас има јака причина за да живее,сигурно дека секој од нас има барем еден човек кој што за нив би дал се.Но,ако личноста која што има такви самоубиствени нагони е болна од некоја неизлечлива смртоносна болест и мисли дека нема друг излез или пак е психички болна и не размислува правилно и јасно и мисли дека тоа што ќе си го одземе животот е тука веќе има различни размислувања од наша страна.Ние можеме да збораме дека тоа е кукавичлук,дека таа личност била себична и мислела само на себе,но што е со нивните мисли и чувства,ко јзнае што се случува во нивната психа и ум? Јас лично не ги осудувам,но не ги ни оправдувам тие што се одлучиле на тоа,но знам дека колку и да имам проблеми јас лично не би се одлучила на тој чекор бидејќи се сакам самата себеси а го сакам и животот
    бидејќи тој ни е еднаш даден од бога и тој ќе одлучи кога да ни го одземе. Еве една статија која што ја пронајдов на оваа тема,со секој случај вреди да се прочите.Превземена е од http://segaiovde.com.mk/home/kolumna/index1.html
    Најсилниот нагон кај човекот е нагонот за самоодржување и одбрана на сопствениот физички интегритет и секој човек, веројатно на овој нагон му го должи сопственото преживување и преживувањето на сопствениот вид. Пред силата на овој нагон одстапува се друго, сите потреби, желби, посакувања. Сепак, за моќта на тој нагон има исклучоци. Самоубиството е тој исклучок.

    Самоубиството представува длабок, интимен и личен чин, но истовремено тој е општествена појава, бидејќи е последица на нарушени односи меѓу поединецот и општеството.

    Светската здравствена организација тврди дека 2000 луѓе дневно си ги одземаат своите животи. Самоубиството како општествена појава представува еден од најсложените и најзагадочните феномени.

    САМОУБИСТВО - ТРАЈНО РЕШЕНИЕ НА ПРИВРЕМЕН ПРОБЛЕМ



    За многу луѓе кои се чувствуваат суицидно, им се чини дека не постои друг излез за нивните проблеми. Кога се обземени со суицидни чувства , нивниот свет може да се опише само со еден збор - смрт. Силите на нивните суицидни чувства не смее да се потценуваат, тие се вистинити, моќни и неодложни. За нив не постои волшебен лек. Кога лицето е депресивно, има тенденција работите да ги глледа од една сиромашна гледна точка. Една недела или еден месец подоцна, се околу него може да му изгледа пшоинаку. Повеќето од луѓето кои имале суицидни мисли, денес се среќни што се живи. Многумина од нив изјавиле дека не бил животот она што сакале да го прекинат, сакале само да исчезне душевната болка кој ја чувствуваат.

    За луѓето со суицидални идеи, најважно е да разговараат со некого, не треба да се обидуваат сами да се справат со ситуацијата. Треба веднаш да побараат помош. Едноставниот разговор со членовите од семејството, со некој близок пријател или колега, може да придонесе до благо ослободување од тензијата која лицето ја чувствува. Меѓутоа, не секој човек може да разговара со членовите од семејството или со пријателите. Во случај кога лицето подолг период се чувствува депресивно или пак кај него долго време опстојуваат суицидни мисли, најдобро е да разговара со стручно лице - психијатар, психолог, психотерапевт, пред се поради фактот што постои можност личноста да страда од клиничка депресија. Тоа е здравствена состојба која е предизвикана од хемиски дисбаланс и обично се третира со лекарства и/или соодветна психотерапија.

    Времето е важен фактор за надминување на она што се случува, но најважно е што се случува во тоа време.

    САМОУБИСТВО И ОБИД ЗА САМОУБИСТВО

    Тука ќе направиме обид да ги разграничиме самоубиството и обидот за самоубиство. На сите им е јасна основната разлика: кај обидот за самоубиство лицето останува живо, но гледано од социолошки аспект, постојат чувствителни разлики кои тука ќе ги наведеме:

    - Сопред зачестеноста , обидите за самоубиство се почести отколку довршените самоубиства.
    - Според полот, мажите почесто вршат самоубиство, а жените обиди за самоубиство.
    - Според старосните граници , постарите лица почесто вршат обиди за самоубиство, а младите вршат самоубиства.
    - Обидот за самоубиство е алармен сигнал и има улога на повик за помош , дури и кога не постоела свесна намера. Тоа е повик на околината на помош за решавањена сопствените проблеми на кои никој до тогаш не обрнал сериозно внимание. Тој повик често и доведува до промени .
    - Начинот на извршување на самоубиство- самоубиството најчесто се извршува со бесење, труење, давење, употреба на огнено оружје или остри предмети, скок од височина, а обидот за самоубиство се извршува со неподобни средства, како на пример доза на седативи која остава простор за живот по успешната лекарска интервенција.

    ЗНАЦИ НА ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ



    Самоубиството ретко е поттикнато од моментална одлука. Луѓето пред самоубиствениот чин даваат некои предупредувачки знаци, неколку дена пред самиот чин. Најсилни и највознемирувачки знаци се вербалните: „не можам да продолжам понатаму”, „ништо веќе не ми е важно”, „не ми се живее повеќе”, „најдобро да завршам со животов”. Ваквите изјави секогаш треба да се сфатат сериозно. Во повеќето случаи секако дека не се оддаваат на суицид, но колку повеќе знаци изразува лицето, толку поголем е ризикот.

    Мотиви :
    • Страдање поради огромна загуба или животна промена.
    • Семејна историја на самоубиство или насилство.
    • Сексуална или психичка злоупотреба.
    • Смрт на член на семејството или многу близок пријател.
    • Развод или разделба, прекин на врска.
    • Слаба академска изведба, слаби резултати на значаен испит.
    • Губење на работа и проблеми на работа.
    • Несакана бременост.
    • Започнување или завршување на затворска казна.
    • Невозвратена љубов.

    Однесување:
    • Изразени промени во однесувањето, ставот или изгледот.
    • Плачење.
    • Расправање со блиските.
    • Безобзирно однесување.
    • Прекршување на законот.
    • Импулсивност.
    • Злоупотреба на дрога и алкохол.
    • Самоповредување.
    • Претходно суицидално однесување.
    • Екстремно однесување.
    • Одрекување од вредни позиции.

    Телесни промени :
    • Недостиг на енергија
    • Пореметување во спиењето- премногу или премалку спиење.
    • Губење на апетитот.
    • Депресивност или повлеченост.
    • Нагло здебелување или слабеење.
    • Нагла промена во сексуалните потреби.
    • Нагла промена на изгледот.
    • Намален интерес за својот изглед.

    Мисли и емоции:
    • Мсли за самоубиство.
    • Осаменост-недостиг на поддршка од семејството и пријателите.
    • Чувство на одбивање и маргинализираност.
    • Длабока тага или чувство на вина.
    • Неспособност да се „погледне подалеку”.
    • Фантазирање.
    • Анксиозност (вознемиреност) и стрес.
    • Беспомошност.
    • Губење на самопочит.

    Луѓето со суицидални мисли не сакаат совети, одговори и решенија. Се што им е потребно е сигурно и тивко место каде што ќе можат да ја изразат својата вознемиреност, стравови и едноставно да бидат свои. Најдобро што можеме да направиме е да ги сослушаме, да ги разбереме работите од нивна перспектива, но не да им судиме и да ги советуваме, туку само да им посветиме внимание, да почувствуваат дека имаат некој кој ги почитува и дека се грижи за нив.

    Лицата кои го имаат овој проблем, обично одбиваат да се јават на психолог, психотерапевт или психијатар, а помошта за да се надмине ситуацијата е токму таму. Стручното лице секогаш знае да сослуша, без предрасуди, без обвинување и без советување (советувањето кај овие лица не помага). Психотерапевтот ќе му помогне на лицето со самоубиствени мисли да го разложи проблемот на помали делчиња, секогаш е полесно човекот да се справи дел по дел со проблемите отколку со сите наеднаш, на тој начин терапевтот ќе му предочи на лицето дека постојат повеќе начини, ќе му помогне да ги открие и истражи сите решенија кои би помогнале за да се решат неговите проблеми и дека самоубиството воопшто не е опција, самоубиството е трајно решение на привремените проблеми.

    СТАТИСТИЧКИ ФАКТИ

    Просечна стапка на самоубиства во различни земји во светот :
    1. Унгарија 51,3
    2. Австрија 45,2
    3. Јапонија 45,0
    4. Чешка 39,7
    5. Словенија 39,6
    6. Данска 36,2
    7. Швајцарија 35,2
    8. Финска 34,8
    9. Шведска 32,1
    10. Германија 30,6

    11. Франција 30,6
    12. Хрватска 30,1
    13. Бугарија 29,2
    14. Белгија 28,9
    15. Англија 25,2
    16. САД 24,3
    17.СЦГ 17,6
    18. БиХ 17,5
    19. Норвешка 14,6
    20. Холандија 14,0

    21. Шпанија 12,6
    22. Италија 12,2
    23. Португалија 11,2
    24. Ирска 6,1

    - Во Република Македонија има под 10 самоубиства на 100.000 жители. Тука се наведени податоци за вкупниот број на самоубиства годишно во периодот од 1991 до 1997

    1991 – 146 самоубиства
    1992 – 144 самоубиства
    1993 – 150 самоубиства
    1994 – 128 самоубиства
    1995 – 131 самоубиства
    1996 – 146 самоубиства
    1997 – 180 самоубиства

    - Во однос на полот мажите почесто се убиваат во однос на жените. Во општата сведска популацијаодносот е 4:1, со исклучок на Јапонија каде самоубиство почесто извршуваат жените. Во Македонија скоро подеднаков е бројот на мажи и жени кои извршиле самоубиство.

    - Во однос на брачната состојба , почесто самоубиства вршат немажени/неженети, но од оние кои се во брак, почесто се самоубиваат мажите, 67% : 33%

    - Во однос на националната припадност во Република Македонија:

    1. Македонци – 81,61%
    2. Албанци - 5,98%
    3. Турци 2,11%
    4. Роми 1,53%
    5. Власи 0, 26%

    - Наведени мотиви за самоубиство во Р Македонија :

    1. Ментални заболувања 22,72%
    2. Соматски заболувања 9,61%
    3. Семејни проблеми 16,61%
    4. Несреќна љубов, несакана бременост 4,41%
    5. Осаменост,отфрленост 4,49%
    6. Материјални проблеми 3,79%
    7. Неуспех во бизнис 3, 30%
    8. Старост и немоќ 5,08%
    9. Навредена чест 1, 91%
    10. Страв од казна 0,99%
    11. Непознато 27, 58%

    Наведените податоци се за периодот до 1997 година , но сметаме дека стапката на самоубиства е зголемена поради лошите социо-економски услови во државата.
     
    На Anon и ljubam им се допаѓа ова.
  14. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    ljubam ова што го постирав е дел од животот на моја комшивка која имаше 31година,проблеми со мажот две дечиња имаа 8 и 9 години таа си реши да се труе арно ама ја спасија и доби трајни последици одвај се нормализира сега живее со нејзините и дали тоа беше решението?
    мојата несфатеност како што велиш ти ......?!
    таа сега функционира но се кае кога е на арните ,мажот и се прежени кај него се децата
    таа остана сама и плус жива,но не и здрава бидејки имаше неуспешно самоубиство,мој роднина изгуби се но зар требаше да посегне по својот живот толку беше паднат во депресија што бевме сигурни дека ќе си стори нешто но не успеа има илјада примери кои можам да ѓи посочам и затоа велам и никогаш не посегајте по својот живот како што и напишав.
    Се сложувам дека кога некој ќе си уврти во глава,но пред да дојде до таков чин треба да размисли што ќе добие ,а што ќе изгуби ова е жив пример што сите го знаат во нашиот град,арно ама што доби таа ?!
     
    На ljubam му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.673
    Скопјанка се обиде да се самоубие

    Во текот на вчерашниот ден, жена од Скопје се обидела да изврши самоубиство.

    [​IMG]

    Имено, на четврти кат од зградата на ул. “Сава Ковачевиќ“, забележано е непознато женско лице кое се обидува да скокне од прозорецот и се оглушува на повиците да се повлече во соба.

    Повикани се екипи од Брза помош и Противпожарна бригада од чија страна насилно е влезено преду блиндар заклучената врата и во спалната соба до прозорецот е затекната А.Н. (35) која во наведениот стан живеела под кирија.

    Од страна на екипата од Брза помош укажана и е лекарска помош, но истата во еден момент провторно се качила на прозорецот и се обидела да скокне.

    Од страна на ПС од ЕБПК е спречена во намерата да се лиши од живот и со екипа до Брза помош е симната и сместена во амбулантно возило.

    Извор
     
  16. sweet.star

    sweet.star Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    47
    :x :x Секој ден нов обид за самоубиство... :x :o
     
  17. blaa

    blaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    410
    Допаѓања:
    378
    People do not die from suicide; they die from sadness.
    -Anonymous


    толку. :|
     
    На eliesaab и Inna5 им се допаѓа ова.
  18. nonenceee

    nonenceee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    1.016
    Не знам лугето од каде собираат толку голема храброст да се самоубијат ...понекогаш помислувам дека тоа го прават само тие што не се доволно развиени во мозокот....најмногу се ежам кога ке слушнам некој се обесил..тоа е врв на сите самоубиства . :o
     
    На rici.aaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Volsebnicka05

    Volsebnicka05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2012
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    90
    неможев да ги читам сите мислења како и да е јас че си го кажам моето мислење.
    самоубиството не е кукавичлук самоубиството е МОМЕНТ НА СЛАБОСТ. причините секогаш се различни немора да ги осудувате сите со тоа дека само кукавиците се спремни за самоубиство. не го оправдувам самоубиството никако, моја блиска личност се самоуби. неговата причина не беше за да избега од проблемот, туку тој се сметаше себеси дека е проблемот-тука е најлошата причина. да се сметаш себеси за проблем и да се срамиш од себеси во преголеми граници е нема човек кој не би посегнал. Знаете ли кој се виновни за тие обиди за самоубиство? сите блиски околу жртвата шо не ги забележуваат неговите промени. сите имаме психа секој различно размислува НИКОЈ НЕ Е ИСТ СО НИКОГО за да може да го осудува. самоубиство че има се помалку ако не сме лицемерни и себични личности (го кажувам за сите тоа).
     
    На SnowWhite91 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. kettygirl

    kettygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    244
    Најлеснен начин да се ослободите од проблемите е самоубисво.Е добро бе луѓе зарем толку лесно се откажувате од убавината на животот,зарем не сте помислиле дека кога ке се соочите со сите проблеми сепак ке сватите дека се друго има реприза само ЖИВОТОТ НЕ