замене самоубиството не значи храброст тику слабост затоашто со тоа покажуваш дека не си доволно силен да ги поминуваш лошите страни од животот.Нормално сите ги имаме некој повеќе некој помалку некој потешки некој полесни но тие се ПРОБЛЕМИ зошто да не му покажеме на лиѓето а најпрвин себеси нас дњка тоа е за нас ништо и дека сме посилни од се .Секогаш кога ќе ви сојде таа мисла помислете ќе го видодитесветлото на ова убаво топло сонце ,како ќе им е на тие што ве сакаат ?,мислите дека никој не ве сака дека сте сами ?не е точно факт е дека иако не знаете на повеѓе од 3 лиѓе им значите се.покажетему на сите дека ја имате силата да се борите и од најдолу да се искачете најгоре многу респект до луѓето со такви мисли затоашто да се живее со такви мисли е пекол. изв за правопис итн ама бризина бе брате )
Нешто најлошо.ако некој спомне нешто такво треба веднаш некој близок да почне да му помогнува. Некои не се свесни во момент на нервоза, слабост, разочараност....итн
Неколку пати имав помислено на самоубиство. Ништо не ме исполнуваше и се чувствував празно. Не гледав суштина во моето постоење. Немав никаква самодоверба. Ми се случи нешто ужасно и се мразев поради тоа. Се запознав со дечко ми и бевме другари подолг период. Ако не го запознаев тогаш, по недела дена СИГУРНО ќе бев мртва. Почна да ми чука забрзано срцето, ми се појавуваа пеперутки секојпат кога ќе помислев на него, иако немаше ништо помеѓу нас.. и несакав да си признаам на сама себе дека и тој е вљубен во мене.. Миневме по цели вечери заедно, знаеше за овој проблем и искрено, тој е „виновникот“ што сеуште дишам. Му станав девојка, станав принцеза. Почнав да живеам во бајка. Сега, сфатив дека има суштина во моето битие, иако незнам каква..
Aх зошто? Ама зошто? Може ли некој да ми даде било каков одговор? Во рок од еден месец откако го напишав постот, и го дадов своето мислење две мои пријателки си извршија самоубиство! Ама не, гневна сум, изреволтирана, тажна, депресивна... мртва Зошто!? Ама по стоти пат ќе прашам! Зошто е животот толку проклето суров кон голем дел од нас? Што сторивме за вака да ни се врати? Што сторив јас за да си изгубам две прекрасни личности кои ми влеваа максимално позитивна енергија во животот? Покрај сите неспиени ноќи и сета огорченост и револт збрани во мене ми доаѓа да врескам толку проклето гласно се дур не го изгубам гласот! А веднаш потоа да земам и да ги испијам сите таблети од кујната и да завршам и јас со мојов мизерен живот. Моето друштво е тотално опаднато! Не е ништо како порано, И НЕМА НИКОГАШ ниту да биде, НЕСАКАМ НИКОЈ да ме лаже дека некогаш ќе биде океј бидејки знам дека тоа е невозможно. Без нив две повеќе нема да има смеење, нема да има слога, нема да има темел на кој ќе треба сите да се потпреме како некогаш. Се е толку безнадежно и сите во последно време се депресивни и уништени, и оние најсилните дури признаа дека после се што преживеавме овој месец радо би си го одзеле животот. Зошто по ѓаволите НИКОЈ не презема ништо кога веќе забележуваат дека стапката на самоубиства на тинејџери во Македонија се зголемува? Зарем никој не се прашува што се случува со голем дел од нас, и зошто ни надоаѓаат тие црни суицидни мисли, па да се обидат да го поправат тоа? Некако на некој начин, било како! Сакате да знаете каква порака во коверт ни остави едната наша пријателка пред да си пресуди? Ќе ви пишам неколку реченици, иако треперам, иако ми капат солзите, иако ми се пара срцево... Спојлер ,,Долго време живеев в празен замок, каде одвреме навреме се одржуваше бал со маски, за кои мислев дека паѓаат само кога се во делириум. Ама сфатив дека и тогаш ги кителе шарените лица од восок. Па затоа, едно утро станав и ја прекинав милозвучната музиката и ги избркав непосакуваните гости од својот замок. Веднаш потоа се вратив во својот топол кревет и за првпат удобно се сместив и почнав спокојно да го повикувам вечниот сон се додека тој не ме обелодени и прегрна во своите прегратки засекогаш.'' Од збор до збор, вака беше напишано. Нема ниту еден погрешен збор, бидејки таа беше поет, а нејзините зборови постојано ми одѕвонуваат во глава. Месецов така ми мина, евоцирајки спомени од двете мои пријателки. Се сеќавам на времето кога се смеевме, игравме, бдеевме во недоглед и водевме навидум празни разговори кои сега гледам дека истите всушност содржеле прекриени пораки за кои јас бев и слепа и нема. Несакав ниту да ги видам ниту пак да ги чујам. А грешев, многу грешев. Да се потрудев повеке и јас, и сите останати ќе го заслужевме местото во тој коверт, немаше да бидеме луѓето со маски кои ги напуштаат конците тогаш кога ќе почнат да тежат. Сега е веќе доцна за се, можеме само да се осудуваме и ние и нивните кутри родители кои немаат ниту тронка надеж а ниту пак желба за живот. Причините не би сакала да ги наведувам, ниту пак начинот на кој си го одзедоа животот бидејки би било одвишно... Секој збор би бил одвишен освен да кажам да почиваат во мир и дека и покрај се местото во моето срце ќе го имаат засекогаш.
Валерин... иако имаш пишано дека не би ги наведувала причините, мене токму тоа ме интересира. Не зошто баш тие девојки го направиле тоа, туку што е тоа што ги тера младите да си го одземат животот? Еве јас се прашувам, но не можам да најдам одговор. Според мене самоубиците се најсебични луѓе.
Ако е себично да се грижиш повеќе за другите и да сакаш да бидеш бар точка од мнозините тогаш наречи го себично! Sanjaeva неможе да судиш на ваков начин. Ниту ти, ниту јас, ниту било кој друг. Никогаш незнаеш што се случува во туѓиот живот и поради што доаѓа до ваква појава. Јас уште еднаш, можам да го кажам своето мислење гледано од аспект на целокупната млада популација за причините кои се најчест причинител за самоубиството. Растурено семејство - недостиг на љубов, а во некоја рака автоматски и само невреднување на сопствената личност. Лошо друштво или уште плошо доколку истото и воопшто го немаш - несигурност. Бидејки почнуваш да се прашуваш себе си, што не е во ред со тебе? Зошто другите не те прифаќаат, а некој 100 пати полош од тебе има куп пријатели? Невозвратена љубов и немоќност да се побара нова, или ако се побара нема апсолутно ништо вредно. Иако самоубиството поради дечко не го оправдувам до крајна мера бидејки според мене е во мала рака апсурдно, но ете не размислуваат сите така за жал и токму оваа причина е најчеста за преземање на еден ваков чекор.
Не судам јас никому. Растурено семејство - недостиг на љубов .... зошто да се убијат, нека тежнеат кон тоа еден ден тие самите да имаат среќно и убаво семејство Лошо друштво - нека си најде ново Да се нема друштво - неиздржано , јас не познавам некој кој нема друштво Невозвратена љубов... никој не е должен некому да враќа љубов ако истата не ја чуствува ... и сега? ако се убие ќе ја сака? Како што кажав и претходно , не судам, прашувам. А дали оправдувам? Не! Ај сега ти кажи ми дали не е себично да ставиш точка и да им нанесеш болка на родителите? Кому му донесе спокој нивната смрт? (самата пиша дека луѓето се скршени)
Самоубиството е кукавичлук...самоубиството е храброст..Не,самоубиството е згаснување на сопствениот живот и згаснување на сите кои те сакаат.Самоубиството е себичен чин,чин кој како ураган пеплосува се што си градел со годините и без прашање ги жигосува сите оние на кои си им потребен и без поздрав и прашање си ги напуштил..Тоа е самоубиство.
Лесно е да се каже сето ова, особено ако го немаш почувствувано. Но, си се прашала ли некогаш ШТО АКО не успеат да најдат соодветен партнер за да создадат семејство, а пази, денес е голема веројатноста за истото, бидејки признај дека се повеке млади жени немаат партнер иако веке ја навршиле својата 30 година, ниту пак една сериозна врска. Само ја кажувам реалноста, бидејки живеам во град и познавам можеби накај десеттина вакви жени. Или ми се соседки или им се пријателки на моите родители. Кои воедно се високо образовани, имаат солиден статус во општеството и имаат добар социјален живот но сепак немаат постојан партнер за сериозна врска. Тоа што велиш за да се побара ново друштво и не е така лесно. Бидејки сите сме различни, па можеби некој од нас и не е толку отворен и комуникативен. А плус, не си размислила дека доколку ги прекинеш контактите со своето старо (лошо) друштво автоматски неможеш да стапиш во контакт со нови (подобри) луѓе? Прво бидејки ти си се движел во тие кругови и може да познаваш само такви. Ретко некој асален да се најде меѓу нив, а и да се најде исто така кога ќе сфати за што станува збор и за кратко време ќе си се тргне настрана. Втора работа, еве на пример и да се обидеш да стапиш во контакт со голем дел од оние кои ги имаш познавано од поодамна, но во скоро време не сте се чуле ради Х причини, повекето од нив си нашле во некоја средина, имаат пријатели, имаат партнер и немаат време за да те вклучат и тебе. Ако ти не познаваш некој кој нема друштво затоа јас познавам такви. Познава и мојата тетка која работи како социјален работник а воедно и како психолог и секојдневно слуша секакви приказни и се соочува со туѓите проблеми. Лично таа ми има кажано дека и е ужасно тешко да даде на некоја млада тинејџерка поткрепа за живот кога забележува дека реално и нема многу шанси за да се пробие. За невозвратената љубов се согласувам, но има и такви не мислат така (кажав претходно) и не ги обвинувам. И најважното - Ако никому не му значиш на овој свет, доволно онолку колку тие ти значат тебе, кажи ми искрено тоа според тебе претставува класичен кукавичлок? Тоа според мене е немоќ! Со која се соочуваш. Инаку за моите две пријателки нема да ги коментирам причините од проста причина што нивните јадни родители сакаа да се задржат во тајност и ќе ги испочитувам. Но, верувај ми никогаш неможеш да размислуваш како нив, и подобро никогаш да не бидеш во нивна кожа и да се почувствуваш така немоќно како тие што се почувствувале. И за крај да не ме разбереш погрешно, јас секако дека не го оправдувам самоубиството. Но, не го ни осудувам бидејки животот понекогаш знае и те како да те доведе на работ и да ти створи безизлезна ситуација во која апсурдно е да се бориш доколку ниту од една страна немаш поткрепа. А во тие моменти мислите ти одат кон се полошо и полошо и можеби затоа се случуваат вакви работи.
Не дека тебе ти контрирам, но оставаш лоша порака на форумов - ‘‘ако немате излез (или така мислите), кренете рачна и ставете крај на вашите маки‘‘, па затоа ќе искоментирам. Ајде нека е некомуникативна личност, срамежлива, повлечена ... причина ли е немањето друштво да си го одземе животот? Па ако нема друштво, има братучеди, браќа, сестри, мајка, татко, тетки ... Ај и тоа можеби нема. Нека се приклучи кон некое друштво - планинарско, клуб на жени, некој курс за возрасни ... било што. нека се запише на факултет, нека оди да волонтира ... да речеме во некоја организација, нека се приклучи во некоја невладина организација ... па ќе најде некој со кого барем кафе ќе се напие - за почеток, а и да не е така ќе си го исполни времето. Едно куче да земе да прошета па ќе ја застане некој да ја праша како се вика, колкаво е .... СДК ете и така секој ден да оди по иста патека кога 10 пати ќе се сретне со некој ќе се спријатели. И за крај, не е дека мислите им одат само кон лошо, туку се заслепени од она што другите го имаат (за што тие некои вложиле во тоа), а тие не. Не сакаат да се борат, ниту пак да се задоволат со тоа што го имаат, па затоа се случува тоа ... за жал. п.с. оправдувам ваков чекор само во случаи кои имаат позадина како татко му на Мартин.
На светот има полоши работи од тоа да се нема друштво, да се нема партнер, да се биде од дисфункционално семејство, да се немаат пари или не знам што. Тоа се за мене проблеми на мали деца. На мали неблагодарни деца. Знаете ли вие што значи да ти се самоубие дете? Оти другите околу него биле лицемерни? Пази молим те. Сите најадени, напиени, имаат покрив над глава, здрави, прави. Сами си прават проблеми, од ништо нешто. Сфаќам и депресија, проблем е, ама има каде да се побара помош... Луѓе болни, се би дале да можат да живеат, некој задоволен и презадоволен со се, ќе рипа, ќе се беси, ќе потресува други околу него. Ма бегајте бре, не е нормално. И не познавам проблеми без решенија. За секој проблем има решение, зависно колку сакаш да го бараш. Не познавам една безизлезна ситуација, па како сакаш свртете го. Не знам Валерин зошто ја оправдуваш постапката на другарка ти, па дури и ти сама толку негативно и песимистички размислуваш? Имало сосетки немажени, па не знам вакви, такви. Е добро де, ајде нека земат и тие да се отепаат, оти биле сами. Подобро сами да бидат отколку мажот да ги крши од ќотек секој ден. Па уште и писмо ви напишала, што, дополнително да ве испотресе и да ве навреди ли дека сте биле лоши другарки и нејзините лоши родители, не знам, што е поентата со тоа? Извини што сум ваква груба, ама не можев да не искоментирам.
Имав и јас таков период. Изгубив драга личност, сите околу мене беа лицемери, немав дечко, немав никој, го мразев друштвото. Немав на кого да се доверам, а ми беше тешко, ужасно тешко. Помислував и на самоубиство, несвесно, ама помислував. И што направив? Најдов личност на која да и се исповедам - мајка ми. Контактите со лицемерните другатки ги намалив, ми лицемереа тие - им водев лице и јас. Станав покомуникативна, поотворена. Набрзо најдов и други другарки, малку потоа си фатив и дечко. Велат дека 90% од луѓето што скокнале од некаде на половина пат сфаќаат дека проблемите не им се толку нерешливи колку што мислеле. Ама тогаш е доцна, нели? Овој живот ни е даден на поклон, а поклонот треба да се цени.
Не размислувам песимистички Doozy. Само сум реална. Бидејки за некои луѓе ТОА е најлошата ситуација. Да ги остави партнерот, да немаат друштво итн. колку год ти било тоа тебе несфатливо. И со години живеат осамен живот незнаејки како да го поправат тоа. Верувала или не, познавам неколку такви личности. А и постојано, во последно време слушам од некои познаници како се чувствуваат некако осамено, дека сеуште немаат најдено пријатели на кои може да им ги доверат своите проблеми, а за возврат да добијат искрен совет. Или покрај себе да имаат луѓе кои ќе ги почитуваат и сакаат, или пак ако не друго да се радуваат на нивните успеси! Онака искрено, од срце, без лаги, без лицемерие. Дури понекогаш и јас се прашувам истото..Што НАВИСТИНА мислат моите пријатели за мене. Бидејки знам дека ми прават лице, и јас сето тоа го поттиснувам во себе и се правам дека не го забележувам. И секако дека не велам ова е единствената причина ради која јас ќе посегнам кон својот живот. Незнам каде пишав такво нешто, или оставив таква порака? Јас се извинувам доколку е тоа така. Мене само целта ми беше да кажам дека денес животот е динамичен и тежок а тоа сите го знаеме. Само што разликата е во тоа што некои луѓе од разни фактоти не се СПОСОБНИ да си ги средат проблемите. Или незнаат на кој начин или навистина немаат можности бидејки константно наидуваат на пречки. Знам дека сето ова не е доволно оправдание, но луѓето едноставно го прават ова. Незнам зошто, само знам дека не ги осудувам бидејки не го водам нивниот живот, не сум во нивната глава за да ги согледам работите од аспектот на кој тие ѓи согледуваат истите. Инаку за другарка ми до некаде си во право, на истово помислив, и мојата мајка лично ми посочи на ова. Да не се обвинувам себе си за туѓите грешки, да не се фурстрирам и да мислам дека сум ужасна личност само поради фактот што некој не умеел да ги среди сопствените проблеми. До некаде е сето тоа во ред. Но, од друга страна пак писмото дополнително ме натера да се замислам за она како влијаам врз другите, начинот на кој ме доживуваат луѓето и начинот на кој ги гледам работите. Бидејки единствената добра страна е во тоа што писмото ми удри шлаканица, во буквална смисла. Ме разбуди од долгогодишниот сон и ме натера да сфатам дека времето тече и мора да преземам нешто по тој повод! Ја познавав многу добро мојата другарка, и една работа која ја знам е дека писмото не го остави за да не депримира или да не натера да мислиме колку лоши личности сме во суштина туку за да станеме подобри! Да не ги повториме нејзините грешки! Факт е дека писмото беше реално со оглед на тоа дека беше нешто последно што го добивме од неа и колку и да беше сурова вистината која ја напиша, секој збор е вистина и за тоа сум и многу благодарна.
Толку многу различни ситуации, причини има за некој да се реши на самоубиство и не може сите да се стават во ист кош, па така има и лабилни, луди...но има и случаеви за кои би рекла и дека можеби така е најдобро...Лошото е што тука читаат од сите возрасти па не можеш да си дозволиш да пишуваш макар и најмало наговестување дека можеш да разбереш таков чин затоа што ќе прочита некоја тинејџерка со љубовен или семеен проблем, која е на ум да стори вакво нешто, па ќе си најде поттик за својата идеја... Инаку не сакам да судам за ваква ствар, мање битно дали некој ќе го наречам кукавица или херој, и не можам да мерам нечии проблеми на мој кантар, а ниту да наречам некој себичен што со одземање на својот живот мене би ми создал болка, затоа што ако ми бил близок тогаш би требала да знам во какви срања е и некако да помогнам нели...
Љубов и малку повеќе сила! Ми потекоа солзи од претходните постови. Се надевам дека некоја сила не чува сите нас кревките, емотивните и добрите личности. Пред да се предадете на ваков чекор помислете на вашата насмевка. Колку била таа вистинита некогаш. Колку била и сеуште е убава. Замислете насмевка!
Ајдеее..што испадна сега? Како јас да ги терам да се самоубиваат... Кажав претходно, немав таква намера не сум толку злобна. Јес да читаат од сите возрасти ама па не е само форумов клучен за тие да си пресудат. Тие ако веќе се решиле на таков чекор се сомневам дека ќе бараат било каков дополнителен поттик или поддршка бидејки самите се свесни дека никој не би им дал таков совет, и би ги избавил од оваа ситуација. Испаѓа дека човек повеќе неможе ниту да ги сподели своите чувства на форумов.. А башка и јас сум тинејџерка ако е за тоа.
Не зборев за тебе туку за себе, јас сакам да се воздржам од премногу искреност на оваа тема од причина која ја кажав, а ти ако си се пронашла нема везе, пишувај си слободно и отворено никој не ти брани...
Разговарај со мајка ти малку повеќе. Родителот најубаво си го познава детето тинејџер, тој му е негов експерт на дофат, и ако тој не знае како да му помогне, ќе знае од каде да побара помош. Ама родителите некогаш немаат време сами да ја посматраат менталната состојба на своето дете, па и тинејџерите знаат да се кријат од родителите, наместо од нив да бараат помош, објаснување и разбирање, тоа го бараат во нивните врсници и за ваков сериозен проблем како суицидни мисли, а врсниците колку можат да помогнат - почесто го ескалираат проблемот. Финтата е, тинејџер почнува да размислува како возрасен, но предниот дел од мозокот, кој го регулира планирањето, резонирањето и штити од преземање непромислени ризици крчка, ама нема да се развие целосно кај повеќето до нивната 25 година. За повеќето тинејџери работата е ЈАС и СЕГА, додека мнозинството возрасни знаат дека лошото ќе помине, од едноставна хемија во главата и од самото искуство од животот, видикот и концептот за иднина им е многу поширок отколку кај 17/18 годишен, кој млад и неискусен кога е соочен со проблем пред него, едноставно брза и бара најбрз начин да го реши без да мисли на последиците. Макар за некој кој е доволно возрасен, социјалната несигурност ради изгубено друштво, оговарачки другарки или изгубената љубов е јеа ватевер работа, не е нешто страшно, за тинејџер може да е најсериозен проблем, оти моментално е најважното нешто во неговиот живот, како што реков, ете ги ЈАС и СЕГА.
Никогаш во мојот живот не сум оправдувала самоубиство.Дури и сум се смеела на девојки кои што се околу моја возраст а правеле такви работи.Ама еве ја сеа се наогам во ситуација,многу лоша за мене(за повекето од вас ке звучи можда смешно,или како најмал проблем)ама верувајте јас си знам како ми е мене.Признавам имам добро семејство,неможам да се пожалам.Ама се друго мие наопачи.Имам друарки да (една од двај што можам да кажам баш другарка) другото се се познанички ама од сите бев изолирана ради врска подолга ..сега дојде време да заврши таа врска иако јас не викам така ,односно не мислам така..И се убив од плачење од молење,со се буквално што можам да употребам за да не заврши.ама по се изгледа ,стрварно е готово.и за тоа сум јас крива, и моите непромислени работи од минатото кои што сум ги правела во овој период.не е варанје,ама има грешки кои што он неможел да ги заборави..И знаете што е најлошото? што тврди дека ме сака премногу,дека се грижи за мене дека нема да може без мене ,одвај дека ке издржи а сепак сака да ми раскине.И само едно не ми е јасно како може да се раскине а да се тврди дека ти е многу грижа и многу тешко ама не можело друачие а ддоека јас молам плачам и што не он никако не прифака да се смириме.Знаете мене како ми е? посебно во моментов? се осекјам како да немам никој,никој.се на овој свет се околу мене се буквално ме потсека на него,и најтрагичното е што го сакам премногу.Неможам да замислам да живеам без него неможам.немам сила никаква во мене ,никаква.немам волја за ништо искрено сакам само да легнам и да не станам.вие може ова го осудувате и го сметате за смешно и кукавички ама верувајте во моментов се осекјам како тоа да е единствен излез.Некој ке ми каже ке се среди се ама не е така,не сакам друг дечко,не сакам никој на овој свет освен него ама он тоа не го разбира и верувајте немозам да живеам без него,неможам.се ме потсека на него се се с есе..толку време.... признавамимам грешки правено многу,ама сватив колку многу го сакам и не сакам да живеам без него а најлошо е кога му објаснувам а он ми вика дека е дзабе и касно за се..верувајте незнам што да направам,знам дека вакво нешто не е излез ама неможам .немам сила едноставно сакам само да умрам ништо друго.ке помислите ајде тинејдзерско лјубов на твои 18 години не е ништо страшно ,ке се смееш на ова за неколку години ама луге неможам да издржам неможам...сакам само да ....стварно сакам да ми се смири највеке на целиот свет ништо друго не сакам..мислам дека нема да можам да живеам без него ниту еден ден...неможам при самата помисла душата ме боли неможам.........