Ќе бидам искрен, не читав страници наназад, ги прочитав само последните неколку постови и тие не ме инспирираа да реплицирам на нив, па ќе напишам општо иако знам дека мојот став веќе некој го зазел и напишал. Самоубиството, како и абортусот, како и верата во Бога е личен избор и никој не смее да се спротистави и да се обиде да го смени. Ако сакам да верувам, абортирам или се самоубијам, тогаш тоа е мој избор и нема исправно или неисправно. Од друга страна, човекот го води инстинктот кој не му дава да се убие, како што не му дава да престане да диши кога тој посакува. Затоа, треба нешто сериозно да се сјебе у главата на тој што се самоубива, па да го направи тоа. Некогаш е смрт на други, тежок живот и слаб, кршлив дух, па дури и силна невозвратена љубов. Ама па, од некоја си трета страна, кој денеска е нормален на светов, па желбата за самоубиство да биде „болест“? Покрај сите некрофили, педофили, зоофили, убијци, мазохисти, садисти и обични политички активисти... како еден депримиран човек од сите овие, ќе го наречеме болен? Ако ми е дозволено да одлучам дали сакам да купам леб и млеко сабајле, треба да ми биде дозволено и да одлучам дали сакам да се самоубијам.
Спојлер Овој цитат не е на Micheleljubov, туку мој. Сигурно се работи за грешка во цитирањето . Убав одговор даде и Micheleljubov, иако не беше дел од нејзиниот пост, но еве го она на што мислев. Добро, нека биде така. Го земаме случајот како еве никој да не ја сакал таа личност, па е потполно осамена. Причината нека биде негрижата на родителите. Сега да го разгледаме детално тоа. Дали со самоубиството проблемот ќе се реши? Не! Гарантирам дека во 99% од случевите на самоубиство, родителите се оние кои помагаат. А личноста што мислела во себе, тоа е сосем друго. Не може човек да стражари над некој друг постојано, не може да чита нечии мисли. Тоа е своеволна одлука. Мене не ми е јасен фактот што тие сакаат од животот. Немале цел на животот на 15-20 години и тоа само бидејќи љубовта не им одела од рака. А потоа лесно се обвинуваат родителите. Се обвинува родителот кој едвај врзува крај со крај, се обидува да донесе парче леб дома, да обезбеди топол дом, работи и по две смени... а дома госпоѓиците и господата бараат внимание дека некој не се грижел за нив. Зашто приоритет на секој родител е да му го обезбеди на чедото најопходното за живот, за еден ден да не го слушне родителот она обвинување дека родителот не направил ништо за него. Факт е дека потојат и такви родители, но нивниот процент е малечок. Сега да погледнеме разумно, кој треба да размислува трезвено и соочувствително? Родителот или детето? Ова го кажувам, бидејќи сите еден ден ќе бидеме родители. Како ќе ни биде нам тогаш? Значи, тоа дете кое посегнало по својот живот, не мислело воопшто на ништо освен на себе . Од друга страна нека се работи за многу финансиски ситуирано семејство. Да речеме дека родителот не доаѓа дома и постојано работи, заради својот бизнис. Повторно не е решение тој преземен чекор. Сите сме луѓе со развиена совест во себе. Кога можеме да мислиме на себе, автоматски можеме да мислиме на другите. Да се поставиме на нечие место и да ги согледаме реално настаните. Значи во случајот ... Нека се работи за болест или некој останал сираче без родители. Но оној кој е болен, живее со помислата дека ќе се излекува. Се прави за да оздрави и многу е малечок процентот на тие личности кои од тие причини се самоубиле. Сиракот пат, тој уште повеќе се труди да живее. Понекогаш се впушта во некои ризични околности на живот, како крадање за да преживее, но не се самоубива. Статистички најголемиот процент е на млади личности кои имале се во животот. Имале доволно за живот или можеби повеќе од доволно, имале семејства... Заклучокот е многу јасен. Своето Јас и својата болка е далеку поважна од се . *** AlalVera со целосна почит кон твоето мислење и став, ја сфаќам твојата порака и мислење. Во право си, се согласувам. Сепак овде и покрај што станува збор за сопствена одлука, постои една голема релност која е многу сурова. А тоа е уништувањето на нечии други животи со таа одлука, што би придонело за грижа на совест и нечие обвинување (од околината) и судење дека тие биле причинители за таа смрт . Не се тие виновни за нечија своеволна одлука. Спојлер Ти се извинувам што уште од првиот ден ти реплицирам . Но сепак е добронамерно, не е за напад . *** Зошто повторно и повторно пишувам на темава? Секој наш збор, реченица кое не е во контекст на нас и на нашиот живот, ако разгледаме пообјективно, ќе видиме дека е само нечие судење. Но, во случајов и можеби покрај нашиот суд, зборуваме за нешто многу поважно, а тоа е расудувањето. Расудувањето на целата ситуација. Бидејќи од судење до расудување постои една голема далечина. Сакам да кажам, овде читаат не само повозрасни, но и малолетни девојки. Можеби со своето искуство поминале и многу повеќе од некои повозрасни, но сепак можеби и на оваа тема некогаш помислиле. Но, оваа наша дискусија можеби некаде ќе вроди со плод. Можеби некоја девојка или момче ќе си рече во себе, оваа чавкава (ова е епитет само за мене, не за другите), можеби има право. Или можеби од вашите постови ќе извлече полезен заклучок и ќе допринесете за спасение на таа душа. Бидејќи вреди да се живее. Вреди да се жртвуваме за љубовта. Вреди да се љуби и да се живее со позитивна надеж во себе за подобро утре и за средување на проблемите. А самоубиството не е решение ни на еден од нив. Да се надеваме дека ќе направиме некое добро дело .
Јас и се извинувам на Серафима јавно за она „глупаво сум напишала“ бидејќи додека го читав се чудев од каде овие зборови од мене? Не се сеќавав дека сум ги напишала, па ми требаше едно десет минути да сфатам што сум сакала да кажам.. Инаку за постовите на Серафима сите знаеме колку убави зборови излегуваат од неа, и ја подржувам што нонстоп пишува тука, може ќе им ги отвори очите на некои луѓе. Како целина текстот е супер, само мојата интелигенција не ми дозволи да сфатам, што сум сакала да кажам, првенствено од блокадата „ова јас го имам пишувано“? Уште еднаш и се извнинувам на Серафима. Сеуште сметам дека самоубиството е најлесниот начин. Убиј се и нема да мислиш на ништо, нема да ти се замараш. Ама болката што ќе ја оставиш позади, од фактот дека не си мислел на другите туку само на себе , ќе боли повеќе д фактот дека човекот го нема. Во суштина луѓето не си го ценат животот. Има многу луѓе на смртна постела кои оставаат други луѓе, сопруг, деца, родители, и се би дале да живеат уште миг, за да си ги гледаат ближните. Сеуште се држам за фактот, дека самоубиството може да се направи од две причини, неразум и себичност. Себичноста ја објаснивме доволно, а неразумот доаѓа или од трауми или аздисаност. Пак ќе повторам најгоелм број на самоубици се млади луѓе. И тоа поради љубовта. Но кога Господ ми дарувам живот, ми подал чудово наречено живот на дланките, зашто јас да го отфрлам така лесно? Бидејќи не сум можела да се справам со други луѓе? Бидејќи некој не ме сакал? Ако тој не ме сакал, ќе ме сака друг. Ме сака Господ чим ме пратил тука. Имаше пример како девојка разочарана од дечкотоиспила доместос. И сега има пластика во желудникот. И не ја жалам за болките. Си ги барала. Ги жалам родителите што имаат неразумно дете. И што патат од будалштина на своето сопствено дете. Некој нема ни да јаде, а тие трошат по 1000 денари од оброк, а таа јаде три пати на ден. И сега? Дупли проблеми.. Сакав да ви кажам како заклучок. Кога одите по пат, некогаш ќе наидете на дупки, некогаш ќе се сопнете, некогаш ќе паднете. Но ако доволно го сакате она што стои на другата страна, ќе продолжите. Така е со животот. Мава такви шлаканици да ти го земе умот. Гледајте на шлаканиците како на искушенија. Ако сакате, можете да дојдете до крајот.
Самоубиството е врв на психичко растројство и не претставува обична одлука. AlalVera, (исто така и некрофилијата, педофилијата, зоофилијата, итн. се психички растројства.) Да се вратам на темата: за да се стигне до самоубиство треба прво да се помине низ стадиумите на депресија, што значи оној кој е решен на самоубиство нема да ги чита статиите на интернет и што е најжалосно нема да каже на никој дека сака да се самоубие. Статиите од ваков тип можат да им помогнат на оние кои се во почетна фаза на депресија. Меѓутоа несомнено добро дело правите сите што пишувате.
На оваа тема можам да дискутирам со денови. Ама ке кажам неколку реченици. Самоубиството е лек (под наводници),за сите тие кои што несакаат да најдат решение,не дека неможат. Јас имам само 14 години,а сум помислила на тоа.Дури сум се обидела.Ама фала богу сватив дека и не е тоа некое решение.Тие што сакале/се обиделе да се самоубијат им треба помош бидејки на некој начин имаат психички проблеми.Јас одев неколку месеци на психијатар и навистина ми помогна,секако јас несакав да одам,ама благодарение на мајка ми отидов. И доста е толку,главно сакав да кажам за да се спаси човек од депресијата во која се наоѓа му треба помош и поддршка од најблиските.
Каква храброст е потребна за да си го одземеш животот побогу?! Храброст е потребна за да живееш, да се соочуваш секојдневно со проблемите, да стоиш зад своите ставови, да ги сносиш своите последици, да се бориш до последниот здив, да создадеш нешто. За ова, извинете ама јас го сметам за психопатолошки проблем. Зошто, не разбирам зошто моментите на слабост, 'безизлезната' ситуација, чувството на немоќ над ситуацијата, и сите оние работи кои не се ни блиску до големината на животот, ја газат волјата и ја убиваат желбата за постоење? Да не зборуваме за оние каприци во тинејџерските години, колку само случаи знам што си го фрлиле животот поради таканаречени 'љубовни проблеми', проблеми од финансиски аспект, проблеми во училиште итн. Не можам да прифатам ниту еден аргумент, 'ама ти незнаеш како е, многу е тешко'. Што е тешко???? Тешко е да живееш, додека некој се бори против рак и секој ден се моли за подолго да остане на планетава, додека некој е во количка, а сепак со насмевка на лицето, додека некој е осуден да живее на такаречено 'фотосинтеза' и е благодарен на корка леб, што е всушност тешко?! Верувам дека поимот благодарност и самосвест не им се познати. Од друга страна тука е болката на најблиските и што потоа, прашањето ШТО АКО, неминовно чувство на вина и сожалување. Да, болно и тешко, сето тоа ќе си трае, но ќе бледее. Само тој што излегол 'храбар' во ситуацијава изгубил НАЈМНОГУ, изгубил ЖИВОТ, кој не е розов, но е УБАВ.
Јас сум шокирана од бројката на млади тинејџери кои во последниве години се решаваат на ваков чин. Овие неколку месеци сум активна на tumblr и налетав на безброј блогови на тинејџери кои помислуваат да извршат самоубиство, а многумина од нив се повредуваат. Баш во една статија на интернет читав дека во денешно време постои застрашувачка епидемија на тинејџерски самоубиства. На многу блогови налетувам на посебен линк насловен како Suicidal? каде најчесто стојат позитивни мисли за животот, а исто така блогерите често се нудат за разговор доколку некој друг има такви депресивни мисли. Последната вест што ја прочитав беше оваа, за две сестри во САД http://www.bezpardon.mk/semejna-tragedi ... samoubile/ Не сакам никому да судам, ама зарем малтретирањето преку Интернет е причина да си го одземеш животот? Јас разбирам дека во тие години тинејџерите се најемотивни и најчувствителни, ама некакви навреди од соучениците не треба ниту да занишаат нечија самодоверба, а уште помалку да наведат некого на самоубиство. Како и да е, тука најмногу треба да реагираат родителите. Според она што го читам во многу постови, родителите најчесто ги обвинуваат своите деца дека сакаат само да добијат повеќе внимание.
Самоубиството е всушност убиство,не е важно дали себе ке се убиеш,дали некој др човек дали животно,сепак е убиство.А тоа е грев пред се,а не храброст.
Колку интересен став заземаш. Ти си ПРО самоубиство, но знаејќи дека тука читаат куп млади девојки кои едвај чекаат поддршка за да се рокнат, земаш КОНТРА став на прашањето. Тhat`s so sweet. Инаку, човекот кој ќе реши да се самоубие, сигурно знае кого и колку ќе разочара. Секако, ако збориме за оној тип на луѓе за кои после тоа ќе речат комшиите „абре зашто детево, добро беше“. Оние кои се луди, се луди, кај нив нема филозофии. За овие, речиси нормалните, те сфаќам зошто сакаш да ги „убедиш“ дека треба да мислат на најблиските, но, според мене, ниту еден човек нема да скокне од зграда ако родителите, пријателите, најблиските, му посветат доволно внимание и грижа. Нивните најблиски секогаш отпосле сфаќаат дека требале да не им викаат, да не ги тепаат, да не им забрануваат, ама тогаш е касно нели? Епа ако им е, нека трпат кога биле лоши родители, пријатели, што и да е. Вреди грижата на совест која ќе им се нанесе. Единствено, ако некој чита, а се мисли да се самоубие, силно би му препорачал најпрвин да отиде кај своите родители и да им укаже на тоа дека планира да се рокне, дека е сериозен, а тоа да го докаже преку детално објаснување како ќе го направи. Ако не го слуша, нека му напише меил, писмо на маса наутро пред да оди на работа. Родителите најчесто не ги сфаќаат сериозно своите деца, а пријателите и луѓето кои не возвраќаат на нашата љубов, едноставно не им е грижа и тоа треба да им биде кажано на сите деца веднаш по лекцијата дека воздухот е составен од водород и кислород. Од часот по хемија, во распоредот, одма да се стави час логика и да им се даде домашно по тој предмет, каде сите 100 пати ќе напишат „на ниту еден пријател не му е грижа за вас, не се потпирајте на нив“. Ќе им вреди подоцна во животот. Моето мото за самоубиството е, ако си решил, убиј се, ама пред да се решиш, добро размисли и обиди се да го избегнеш тоа, бидејќи шанса да се предомислиш подоцна, нема.
Ма дај ви се молам што зборите вака, вие сите имате совршен живот и ги осудувате оние кои ке помислат на тоа или кои си го одземале животоот. Не сте занеле што проживуваат, не ги знете нивните проблеми, на некои им е само доста од животот зашто не е се розово. За самоубиство? Исркено не мислам ништо, ама не судам, зашто никогаш не се знае
Tie sto stvarno imaat zelba da go prekinat svojot zivot imaat cuvstvo deka nemaat pricina da ziveat, deka nikogas bolkata nema da im pomine. Fala i na majka mi sto me izvlece od bezdna i mi pomoghna da sfatam deka vremeto leci se i deka ima lugje okolu mene sto me sakaat i zaradi koi treba da ziveam[mod-kirilica:3l63dn2n][/mod-kirilica:3l63dn2n]
Samoubistvo...teska tema...Pa neznam se e do psiha tocno e deka vreme leci se (nikako ne bi se ubila ako snemam pari ili za decko) ama za nekoj dr.rab sto nesakam ni da gi imenuvam mozebi bi popustila... Vo momentot ne bi mi bilo do zivot...uf losa tema ne komentiram veke[mod-kirilica:28g6gtie][/mod-kirilica:28g6gtie]
Леле луѓе јас за на психолог/ психијатар сум... Вчера помислив да се смоубијам!!!! Дека се би било подобро без мене! Срам ми е да побарам од татко ми да одам на психолог/ психијатар...
Како можеш да обвинуваш некој што сака да се самоубие, тоа е исто како да обвинуваш некој што страда од тешка болест или некоја девојка што е понесена од својот љубовен занес. Ох, Гете...
Не им судам, таман работа. Ги жалам. Не научиле да се радуваат на малите нешта кои животот ни' ги пружа, погледот кон прозорецот секое утро, мирисот на тукушто свареното утринско кафе, задоволството во очите на постара жена кога ќе и' помогнеш со торбите, нечија насмевка која ќе ја предизвикаш со еден убав збор, уживање во добра музика, филм, задоволството од навреме завршените обврски...и уште многу други нешта кои се мали, а без кои сепак ни најважните моменти и најголемите случувања во животот би ја немале истата убавина.
Како можеш да ги споредуваш тие две работи? Човек што е болен од некоја болест не е по негова вина,ама тој што сака да се убие е негова вина бидејки сака да направи грев.А и љубовниот занес со убивства не би ги споредувала,може има нешто врска ама не се за споредување.
Голем грев е самоубиството, па дури поголем од убиство на некоја друга личност. Сум слушнала дека оние кои се самоубиле не се закопуваат на обичните гробишта ( незнам дали и во Македонија е така ) . Кога некого ќе убиеш, можеш потоа да се покаеш, а ако се самоубиеш нема назад ни каење ни ништо .
тебе ако ти е дојдено до мајтап оди и на оваа тема мајтаписе на други форуми ок?темата е пречуствителна и само на озбилен начин треба да се дискутира јасно ти е?го молам форумот да го избриши неговото мислење...