Сите тинејџери со проблеми помислиле. Повеќето од скршено срце. Јас ги кривам Ромео и Јулија за таа гламуроризирана(не ми текнува подобар збор) смрт. Од помислиле и направиле е голем јаз. Напанагон очајни обиди за внимание. Човек кој решил да се убие се убива, без грешка. Многу пати сум била заглавена на воз додека собираат некој завалија парче по парче од линијата. Овие кажи речи средовековни луѓе, со деца и жена/маж дома што ги чека,вечерата истинува додека слушаат на радио зошто им го нема партнерот, разберат дека возовите каснат, им ја знаат релацијата и пак ги чекаат. Луѓе кои еднаш во живот не рекле сакам да ме нема, на никој не кажале дека пукаат и умираат од внатре, сите ги знаат за добри луѓе, каризматични, со смисла за хумор, а така еден ден си решат работа. Од што? Кукавичлук? Кукавица не станува дваесет години плус по ред секој божји ден, да се гужва на превоз, да се тресе на ладно и поти на жешко по пренатрупани возови и автобуси, додека осум саати на ден после тој превоз го тормозат шефови и странки, се враќа дома и бог те пита секој ден што уши му муши партнерот на крај на денот. Секој човек е од крв и месо. Себичен е тој што си оди од нас така, или ние чувствуваме вина што сме биле сконцентрирани на себе и не сме виделе очај кај нив, не сме им помогнале на такви додека биле со нас?
Има многу што помислиле на ова.Некој заради љубовни проблеми,некој за смртен случај на блиска личност,некој заради здраствени проблеми,некој заради семејни проблеми...Има многу причини.Но најчудно е тоа што ние денес младите најмногу мислиме на тоа.А поради што? Поради глупсти? Поради некои наши проблеми кои што гледани од друга страна не се ни проблеми. Ние,младите многу тешко се носиме со проблемите.И најмалиот проблем ни се гледа најголем. И јас сум помислила и сум се обидела.Дури ми е срам да кажам дека сум помислила на самоубиство и што сум се обидела да направам такво нешто.Бидејки сега по некое време сфакам дека немало причина за такво нешто,а и јас немам право да си го одземам животот,бидејки само Господ има такво право,тој ми го дал,тој ке ми го земе.Му благодарам на Господ што не ми дозволи да го направам тоа. Се прашувам дали е храброст да извршиш самоубиство или си голема кукавица која што неможе да се справи со проблемите во животот?
Мислам дека сите барем еднаш во животот сме помислиле на ова,без разлика дали се работело за мал или "голем" проблем,во пубертетот или зрелоста.. Но од помисла до остварување има многу.. се прашувам што е тоа толку нерешливо што може човек да го натера да посегне по својот живот? За секој проблем има решение,ма колку и да изгледал голем..многу од оние што се обиделе на тоа,сега се благодарни што се уште живи..еден е животот, пред да се донесе било каква одлука треба добро да се размисли. Мислам дека на самоубиство најмногу помислуваат тинејџерите,бидејќи скршеното срце од дечкото што го "сакале" не се лекува лесно. Исто и домашните проблеми можат лошо да влијаат врз психата на детето,но доколку детето се чувствува сакано,постои добар однос родител-дете,до тоа нема ни да дојде..
Значи искрено јас мислам дека никогаш не би го напрајла ова.. Ама ова година ми беше доста тешка и имав општо размислувано на темата и то мноооогу онака опседната бев... Имав проблеми некој и одев на психолог. Значи мене ми беше СТРАВ од самоубиство. Како фобија. Онака ко ќе прочитав овај се самоубил онај... И онака лошо ептен ми станваше. Мислам искрено дека не би можела то да го напрам, ама она престрашно е сознанието дека доколку би сакала, доколку би имала желба некогаш би можела. ЗНачи се плашам во иднина да не посакам. Макар шо имам низ тоооолку многу поминато во живтото и секогаш позитивно сум излегвала од сите ситуации... Ќе биди подобро!!
Многу пати сум помислила и да кажам дека сум се обидела, не би кажала, но ајде, момент да вистината, сум пробала. И арно вели мама, некој еднаш ко ќе се обиди и не успеј, после тоа нема пак да се обиди, но ќе се обидува да ги натера тругите да не се обидат. Ни та не знај. Не докажувам дека сум слаба личност. Кукавици или храброст. ... Гледам тоа е споменато погоре. Можеби, но место да бидиме тие што се плашат, треба да сме тие што се борат и што успеваат зошто многу полесно е да умриш и се` да престани него да продолжиш да се бориш и да докажиш дека вредиш. Подобро е сите да гледаат колку моќен човек си него да те сожалуваат. Друго за храброст, јас не би имала да се соочам со тоа пак, не сум човек кој сака да си нанеси повеќе болка него што има. Веќе долг период пишувам текстови баш на оваа тема и разговарам со многу депресивни девојки, момци, општо мои пријатели па и некои кои и не ми се толку блиски, а решиле да ми се доверат. Кога тие се чувствуваат среќно, тогаш и јас. Јас не би се обидела пак, а не треба и никој друг, ако им треба било каква помош и ако се чувствуаат безнадежно и изгубено, подобро е да продолжат да се борат, да побараат помош, зошто секој проблем не е проблем ако нема решение.
Сум имала премногу проблеми и само ќе речев да ме нема да не постојам повеќе,ама да си наштетам сама не се ни обидував, не е вредно да се убиеме сами,со тоа ќе му причиниме болка на тие што не сакаат, а тоа не е решение за ништо,што ќе ти вреди да гниеш под земја толку млад? ништо,за секоја мака има решение кое ни е пред нос,ама ние затвараме очи бидејќи полесно е од колку да се бориме и на маките да им погледмеме во очи и да ги сечеме од корен
Не е решение тоа на проблемот, верувај. Животот е многу убав за да си заминеш самоволно. Тешкотии и препреки има и ќе има секогаш, но треба да се надминат. Со труд и упорност, позитивни мисли и желба макар и од инает никогаш да не се откажеш, се се постигнува. Да, некогаш може да се осеќаш сама, осамена, милион луѓе околу тебе а некако душата празна, но се тоа поминува. Секое лошо е за нешто добро! Јас сум тука за тебе, секогаш кога ќе се осетиш осамено, ветувам!
Благодарам на поддршката И можеби уште ако проблемот има решение,покрај сето наброено,би било убаво. Во спротивно..
Девојче самоубиството никогаш не е решение! Животот како што е убав и што носи убави нешта ,така и лоши.Но ние сме тие кои не треба да потклекнуваме во лошите моменти и секогаш па дури и од лошото да бараме позитива.Да учиме од грешките,без разлика колку може да се чуствуваш повредено во одреден период и колку многу проблеми имаш треба секогаш една мисла да имаш:ништо не е повредно од живот! Се ке помине за се ќе имаш втора шанса,само за животот не. Те молам размислувај позитивно,да не те мислам.Поздравче
Сакам да ве прашам вас,сите кои сметате дека самоубиството е кукавички чин. Ако ги разочарате вашите најблиски,дали би можеле да се носите со разочараноста во нивните погледи?М? И дали сметате дека тоа би можело да биде причина за таков чин?
Најблиските некогаш ќе ги разочараш,некогаш ќе се гордеат со тебе во разни етапи од животот. Ти кажав причината за таков чин ,не постои,и нема да постои,ништо не е поголемо од самиот живот. А ако дојде до тоа не дај Боже ,најблиските нема да се разочарани,туку ужалени за навек. Се надевам не ти е тоа целта?
Знам дека е дискутабилно прашањето,затоа и не очекувам дека ке наидам на разбирање,всушност на согласување околу моето мислење. Јас лично не би можела да го поднесам нивната разочараност. Поради би посегнала по друго.. Како и да е,се зафиси и од поставеноста на родителите или најблиските.Некои ќе разберат за некој неуспех,а други не. Така што и нивното мислење околу тоа може да придонесе за некоја таква екстремна одлука.
Девојче sadgirl21 пред да помислиш да си направиш нешто прво размисли што ќе се случи после со твојата душа незнам дали си религиозна дали веруваш во Господ и јас порано не размислував за тоа ама сега да. И јас имам пробано да се самоубијам не успеав мило ми е за тоа и да ти кажам што ми рече еден човек што гледа (не сум сигурна дали гледа ама знам дека лечи мислам со биоенергија не е ова како бајачките) ми рече дека ако се самоубијам ќе ми биде 20 пати полошо.Јас сега верувам во Господ и дека постојат рај и пекол тие што се самоубиваат идат во пеколот. Ова важи за сите што помислуваат за самоубиство прво да размислат за својата душа кај ќе оди после смртта. Претпоставувам дека бројката на твоето корисничко име е твојата возраст па ако имаш 21 година млада си ако си ги разочарала родителите цел живот е пред тебе да се промениш и да направиш да се гордеат со тебе.Размислувај позитивно исполни си го времето со нешто биди упорна во животот и никогаш не се откажувај посебно не од животот (ова последново важи за сите што помислуваат на самоубиство). Секој може да се промени на подобро
Самоубиството никогаш не е единственото решение т.е. никогаш не е никакво решение. Секогаш има решени зошто решение е да продолжиш да живееш и да си ги решиш проблемите. Патем колку повеќе кажуваш наоколу дека си тажна, осамена, уништена, тоа уште повеќе ти намалува желбата за живеење, љубовта кон тебе и волјата за да продолжиш. Застани на нозе и теши се себеси безразлика дали мислиш дека тоа е навидум невозможно. Не докажувај дека си слаба, ако кажуваш дека си слаба - нема да успееш, треба да се убедуваш дека си силна личност и да не потклекнуваш пред проблемите! (Зошто сите силни личности, зад оклопот се мали кокичиња, ама зошто не го покажуваат тоа, не значи дека не се повредени, но сепак можат да издржат повеќе зошто веруваат во тоа дека се силни!)
Можам да те разберам ,но немаожам да те сфатам. Можам да те разберам,зотоа што живеме во опшество за жал каде што сеуште постојат луѓе со козервативни мислења.Луѓе што ги осудуват твоите постапќи,без да те подржат и да мислат дека тоа е добро за тебе. Но неможам да те сфатам,затоа што таа постапка не е решение.Ти си таа што треба храбро да се поставиш и секогаш дали со разговор или на некој начин да го браниш тоа што го сакаш и да ги браниш твоите одлуки. Тоа е твој живот,нешто најдрагоцено што го имаш. Неможеш и нетреба да размислуваш никогаш на такви одлики,макар колку и да ти е тешко. А верувам ако така се поставиш,еден ден и твоите ќе те разберат.
Што ме нервирате со ова „самоубиството не е решение“. Нормално дека е решение, само што е глупо решение, исто толку глупо колку што би било глупо да се рокнеш пошто си имал икс проблеми. Јас комплетно поддржувам самоубиство. Секако, овие проблеми кои sadgirl21 ги има, се сомневам дека се причина за самоубство, но има ситуации во кои самоубиството е комплетно оправдано. Една од тие ситуации е болест, товар на околината, себежртвување за љубов кон семејството (никако кон партнерот) кога семејството не може да се прехрани, на пример, и други икс ситуации. Кога ќе прочитам дека млади луѓе сакаат да се самоубијат одма ми доаѓа на ум „Е ај не можеш“. Сите ние сме биле деца и млади и сме сакале да се рокнеме, зашто така се учи животот и се сфаќа колку е тежок. Стигни до 60 години, проживеј, осознај, сфати што сакаш, што не сакаш, па после кога ќе речеш „океј, доста беше“, свирни си го куршумот. Ама чаталење за привлекување внимание коа си дете, стварно е глупо. Ама Шекспир е крив, со Ромео и Јулија, па децата мислат дека врв на заљубеност е да се џитнеш од тераса.
Не ми е јасно нешто, ова е прашање поставено за да се видат реакции и мислења, или пак навистина се случува ?