Ти пак со она„глупо решение„дај молим те. Глупо не глупо,не е решение и точка.И какви ти се овие примери за комплетно оправдано не ми е јасно.Секогаш има решене за се ,ама зависи кој како си ја сваќа и демек ова е краен излез на проблемите. И ќе те молам не се мајтапи ,баш оти се деца и тогаш се најосетливи,и има икс примери на такви случаи за жал. И не се толку нервирај.
Да речиме дечкото ми се скара и ете сега сакам да се самоубијам и ти ќе речиш дека самоубиството е решение и дека најоправдано е да го напрам ова. И ете сум се самоубила. Што сум решила со тоа? Дечкото ми се смири и на тој свет сме заедно? Нема смисла самоубиството да е решение. Ако сум болна со нешто - ќе се борам до крај, а нема како некоја кукавица да се си ги скратам маките. Кога семејството неможи да се прехрани и многу ме сака, јас ќе си го свирнам куршумот, па доста им била маката, згора на тоа и јас да им бидам. Нормално е да сакаш да си свирниш куршумот, ама не е добро да го исполниш истото. Сите сме во период кога неќиме да постоиме и тогаш гледаме сите нијанси на сиво и мислиме дека „То е, готово е“, а не гледаме на она другата страна шо вика „Има решение, најди го.“ ... Ама то е, тешко е барањето на решение, очигледно. *sighs*
О, извини, не знаев дека ти си го поставила ова како правило, го менувам својот исказ и велам не е решение - sorry, не видов дека си пишала на темава и си кажала веќе дека не е решение. Инаку, мислев, очигледно погрешно, на оние ситуации, знаеш, во светот, кога две дечиња по 17 години биле оставени од раѓање од таткото, а мајката е болна, неподвижна и тешко станува од кревет и за да преживее, троши една просечна плата, која двете деца ја заработуваат со одење од врата до врата и питачење, само за да најдат пари за лекување на мајката. Јас да сум мајката, решението за убавиот живот на децата го гледам во самоубиство, ама не знаев дека има решение за рак на бели дробови на пример... среќа што има... Да речиме дека си го прочитала мојот пост, ќе коментираше вака ако стварно си го прочитала? Иначе, пошто гледам дека не ви е јасно што е решение... зборот „решение“ (им. од ср. род) претставува донесување одлука која претходно била размислена. Зборот решение не значи дека исходот од размисленото МОРА да биде позитивен за оној кој го донел тоа решение, ниту дека исходот е во согласност со уставот, моралот, 10 божји заповеди или куќниот ред во кој самоубиецот живеел. На пример, ако проблемот е... што знам, некој банален, еве „затната шоља пошто по грешка ти паднал мобилниот во неа“. Самоубиството не е најдоброто решение во случајот, ама е решение, зашто кога ќе биеш мртов, гарантирано нема да бидеш тажен зашто шољата ти е затната и плус не можеш да се јавиш никому да се пожалиш за тоа.
А тебе ти изгледа како да е прашање? Бај д веј,прашална реченица завршува со интерпункциски знак прашалник (?).
Не е работата во тоа, кога сум ја прочитала содржината воопшто не сум обрнала внимание на тој факт, бидејки содржината секако не е пријатна. Како и да е ова не е толку битно, ако може некако да ти се помогне. Да кажеш каков за каков проблем станува збор?
Не е важно за каков проблем се работи,бидејки е проблем.А штом е проблем тогаш се решава.Бидејки не постои проблем што не се решава.Ај сега размисли дали самоубиството е решение?!
Дедо ми има извршено самоубиство. И тоа сега дознав пред некој месец и многу ме разочара. Не верував дека тој би сторил такво нешто иако не го познавам човекот воопшто. Бил болен од сида па затоа се самоубил . Јас порано кога бев помала ДЕТЕ еднаш размислував за тоа и НИКОГАШ ПОВЕЌЕ. А познавам и еден школски што се обиде да се самоубие рипна од карпа па беше во кома долго време и тоа само поради ЉУБОВ
Не сум помислила на самоубиство и нема да помислам.Колку и да ни е голема болката не се решава со самоуиство..
И животните и човекот во себе го носат инстиктот за опстанок. Да животот е тежок и некогаш ќе си помислиш вреди ли да се живее. Тоа е филозофско и верско прашање, ако се работи за ментално здрава личност. Јас како верник, не ни помислувам на самоубиство. Некои се ведри луѓе , иако не се верници, секогаш имаат изразено чувство да одат напред и да не се предаваат.Некои на се гледаат црно и крај. Најубаво е човек да се бори да ја спознае суштината на постоењето и кога ќе дојде тешкиот момент, нека ја отвори пандорината кутија и нека ја извади сета болка, сите неправди и нека дојде до дното на кутијата.Итаму ќе се изненади кога ќе ја види надежта. Нека ја грабне, нека му даде сила, нека се насмевне и со самодоверба нека оди напред. Па и така е животот краток, ние сме само едно ситно алка во ланецот на вечноста. Незнам глупо ми е да слушнам за дечко ќе се убивам. Ашто ако постои пекол, што ако постои карма?
Кој ти ја дава таа гаранција дека нема да бидеш тажен? Во книгата„Твојот живот во овдестраното е твојот живот во отадестраното„ е објаснето дека душата по смртта на физичкото тело ги задржува сите свои желби, идеи, ставови, склоности, емоции кои ги имала и како човек. Разликата е единствено во тоа што таа веќе нема алатка (физичко тело) преку кое би можела да се обиде да ги реализира сите тие работи, односно да ги реши своите проблеми. Ова важи и за сериозни проблеми како што е на пр. една болест. Душата го предава својот енергетски товар врз телото - тоа тогаш се одразува како болест или зафатеност од некаков судбински удар. На човекот привремено му е тешко, но на душата (тоа сме ние самите) која егзистира вечно, и олеснува. Ако се изврши самоубиство тогаш товарот наместо двајца (душата и телото) мора да го носи само еден, т.е. само душата. Душата не може да појде кај лекар, да земе лекарства, не може да бара од тв медиумите да направат апел за помош, нем оже да се обрати до социјално, не може повеќе да проси... Поради тоа самоубиството никако не може да биде решение, туку додатно огромно комплицирање на веќе постоечкиот проблем.
Всушност, мене би ми било страв да се самоубијам. А и нема причина да го направам тоа, никогаш нема да има причина. Самоубиството е глупост.
Животот е наш најголем дар, па кои сме ние да го одземеме?! Самоубиството според мене никако не е решение, затоа што колку и да е голем проблемот со самоубиството се елиминираат шансите да се подобри состојбата. Сум поминала низ многу тешки моменти, сум помислила и на самоубиство, но што потоа? Ако заминиш од овој свет толку е. Нема враќање назад! Што ќе биди со твоите блиски? Зар треба да ги оставиш во длабока тага и болка? Вреди ли? Ако не за себе, не прави го тоа заради твоите блиски. Ќе му ги скршиш срцата засекогаш. Зар тоа не звучи себично? За секој проблем се има решение, во секое лошо има и добро, со упорност верба и позитивни мисли се се постигнува.
Оди кажи му го тоа на човек со тешка депресија дека животот е вреден и светол, единствен и важен и дека се ќе биде добро, треба само да се бори. Исто како на човек со рак во последен стадиум, метастазиран на многу витални органи да му кажуваш да биде оптимист и дека ќе преживее,иако очигледно е дека ја губи битката. Самоубиство не прават луѓе без проблеми или луѓе кои се целосно психички здрави (и при тоа ова нема навредлива конотација). Ние можеме тука до утре да философираме еден куп поезии и оптимистични мисли, ама тие кои веќе имале суицидални размисли, може не до година, може не за 5 години, за 20 нека е, секако ќе посегнат по животот и навистина. Најлесно е да млатиме празна слама дали самоубиството е храброст или кукавичлук, кога претпоставувам дека тие луѓе чувствуваат само постојана душевна болка и не можат да си помогнат. Како да се заглавени во некој бестежински простор и едноставно лебдат. Игнорантни се сите овие философирања. И кога зборуваме за блиските и заради нив да се има воља, е најголемата глупост која може некој на човек кој има намера да му го каже. А не е себично да живее само заради блиските? Работата е да си ја најде животната среќа,а не да му даваш причина за живот само заради друг, ама помош... Во Македонија самоубиствата се во постојан растеж, а кон оваа појава сме сериозно игнорантни. Зошто е нели срамота да се побара помош на време и зошто едноставно на никого не му е гајле за тоа како се чувствува другиот и малку посериозно да го разбере зошто подолго време е некаков. И не, тоа не се случува од денес за утре, чинот на убиство е во афект, ама подготовката трае прилично дооолго време. И обично нели, зошто сме игнорантни, ќе чуеме - абе што знам, многу беше фин и мирен, абе што знам нормален си беше, нели како и сите луѓе со по некој проблем. Генерално е заради сеопштиот и безперспективен хаос во кој живееме, ама не можеме постојано да го обвинуваме системот или државата за се, туку себе си и малку да ги отвориме очите. Статистиките викаат дека најмногу самоубиства имаат најсредените земји во светот, што значи...?!
Колку добар reply, а јас не сум го видел. Сори што одговарам касно... Види, јас многу сакам спиритуалистички идеи за животот и смртта, ама сум прилично сигурен дека колку што се интересни, толку се невистинити. А многу се интересни. Телото на човекот е како телото на едно животно или на едно цветче или на еден инсект или еден планктон во вода. Тоа не е ништо повеќе од совршен склоп на атоми поврзани во жив организам, кој кога ќе ја загуби способноста за функционирање, едноставно престанува со работа, се распаѓа и служи како храна за останатите во ланецот на исхрана. Впрочем, и идејата за душа, задгробен живот, реинкарнација, пекол и рај се излезени само од имагинацијата на човекот како резултат на стравот од смртта. А стравот од смртта е голем, зашто секој од нас знае дека по смртта, не постои ништо повеќе, тоа е крај, а она кое нема втора шанса, со многу внимание се гледа и пази.
Абе ако тоа беше во ред при секоја мака и депресија ќе се испоубиеше целиот свет. Значи цврсто стојам и сум против вакви сваќања како не му било лесно, како подруго било да се каже од страна. Па се е до психата да, ама ако побара стручна помош тоа лице место да посега по животот се ќе си дојде на свое место
Pa toj shto znae da si pomogne na samiot sebe si,ne ke si posegne po zivotot,ke si proba da si go reshi problemot/makata :geek: .Depresijata e strashna pojava,toj shto ne ja doziveal vo vistinska smisla teshko i deka ke ja razbere.
Lилит совршено објасна, би додала само дека темава треба да се премести во скриено катче и да се забрани на малолетници оптимисти да коментираат, зошто не сте свесни во истиов овај момент колку луѓе го пребаруваат зборот и како влијае на истите фактот што вие ги нарекувате слабаци, себични и сл. Bо најмала рака, барем размислете два пати што пишувате на вака осетлива тема зошто не знаете кој чита и како тоа делува на него. што се однесува на депресијата, ќе кажам само кој не осетил не знае. да изгубиш контрола над сам себе е многу опасно, а потсвеста е лукав непријател.
Неколку дена ми се врти една мисла низ мозоков... Односно,како можат родителите да не го познаваат своето дете?Ни малку?! Не,не и не.Неможам да разберам.Каде е грешката,во нив?Во нивното воспитување? Лошо ги воспитале ли? Зар постои родител кој не мисли добро на своето чедо? Поттикната сум на ваква дилема бидејќи пред некој ден,девојче(кое јас лично не го познавам)си го одзема својот живот,фрлајќи се под воз. Можеби и некои од вас слушнале за тој настан. На само 15 години посегна по својот живот? Наводно и пронашле екстази.Била трудна од албанец,и наводно тоа е причината... Кој е тука виновен? Родителите или самата таа? Можеби лошото друштво? Или безпотребно е некој да се обвинува.... Иако не ја познавам,жал ми е за неа и за нејзиното семејство.
Јас ја познавав искрено многу ми е жал Абе 1000 приказни слушнав ама само она ја знае вистината како и да е нека почива во мир и браво на храброста што ја имала да го изврши тоа не може секој тоа да го направи. Иако сум против самоубиство
Храбра за направеното,но кукавица за да ги сноси последиците.. Мислејќи само на себе,оставила во тага стотици луѓе. Имала решение,но го одбрала најлошото. Не ја обвинувам,млада и неисусна,опкружена со погрешни луѓе,слаба и незаштитена...