Самоубиство

Дискусија во 'Психологија' започната од Bright, 16 март 2010.

  1. MorbGoth.666

    MorbGoth.666 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    150
    Офф ја како што си умирам од страв кога ќе се спомне смрт и кога ќе сфатам дека еден ден ќе ме нема несакам ни да помислам на самоубиство. Ми се има случено само да се напнам од куп обврски и проблеми, сум била и во проблематични периоди, порано ми беше многу тешко затоа што многу се замарав и давав на значење на некои луѓе што повеќе не се дел од мојот живот :party: а дека знам да се напнам тоа е точно..Не се согласувам дека тоа е решение бидејќи да било така ќе било на некој начин задолжително тоа да се направи. Сум мислела дека нема никогаш да ми е убаво дека само мене ми е лошо но кога почнав да размислувам подобро сфатив дека не е така.И ми е многу криво што еднаш сакав заради еден сељак да направам некој кикс но тоа е кога имаш 16 и мислиш дека твоите ќе се каат и неее тој некој нема да си најде друга :lol: Глупости. И да убаво ми е што станав себична што не ми текнува на никој да пишам да се јавам да направам нешто за некого што гледам само да сум наспана најадена да ми биде се погодено дури за тоа се напињам повеќе :lol: Така да нема потреба од самоубиство се ќе биде :*
     
  2. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.701
    Пол:
    Женски
    Самоубиството не е кукавичарски, туку непочит кон вашата мајка. Размислете дека некој си го ризикувал животот за вас. Неправедно е па дури и да не е вашата мајка жива таа се би направила за да поживеете на светов.
     
    На Anabelle.Amorette му/ѝ се допаѓа ова.
  3. antonieta30

    antonieta30 Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2013
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    1
    Незнам стварно некогаш да некогаш не еве јас ќе кажам една случка една моја роднина имаше син значи сама го одгледа никој не и помагаше таткото на детето ја остави не сакаше да го признае но таја реши да го роди и да го изгледа сама немаше никој освен сестра во ск и мајка психички болна но кофа детето направи 21 год умре од неквалитетна дрога а после тоа и мајкаи и зошто да живее сега кога на ништо не му се радува кога еднинственото за кое живееше беше тој а него го нема
     
  4. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    44.320
    Пол:
    Женски
    Па,искрено,сум помислила што би било ако направам такво нешто,толку пати сум се разочарала од се што ми беше смачено...и уште ми е смачено од некои работи...не сум доволно храбра да направам такво нешто и што ќе се постигне со тоа? Освен што ќе ги растажам моите,ќе ги направам среќни оние кои ме мразат што ќе постигнам? Наместо Бог да ми го земе животот кога ќе дојде време, јас да си го одземам животот на млади години,наместо да се соочам со проблемите, јас да се повлечам и да дозволам тие да ме доуништат? Е баш не,тоа нема да дозволам да се случи,навистина сум премногу песимистична и чувствителна,но нема да попуштам пред проблемите кои ни ги приредува животот.
     
  5. lana.del-rey

    lana.del-rey Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2013
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    1.300
    По самоубиство посегнуваат само оние што се кукавици,што не знаат да се изборат и да продолжат во животот што им го дал Господ.
     
  6. Viki693

    Viki693 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Женски
    а ти знаеш како им е нив...и што им се мота во главата пред да го направат тоа...не сте ни свесни колку болка трпат...колку не гледат никаков излез...се што им се мота во главата....колку се за жалење кутрите...камо да имат среќа некој да ги примети тогаш..да разговара со нив...тогаш тие се блокирани и едиствен спас гледаат во тоа што ќе ги нема...само една секунда да помислат колку болка ќе нанесат на блиските сигурна сум дека нема никогаш да помислат на тоа...но тоа е тоа психата е чудна и сеуште недоволно испитана....
     
  7. MorbGoth.666

    MorbGoth.666 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    150
    Најчесто поради статус сингл, поради немање другарки другари...А зашто не се затворат во соба и да уживаат? Од соба се излага ама од гроб не?...
     
  8. russia7

    russia7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    504
    Премногу се ценам и сакам себе и премногу сум горда за да дозволам заради некого да помислам на такво нешто. Никој и ништо не вреди толку за да си посегнам по сопствениот живот.
     
  9. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.630
    Допаѓања:
    13.331
    Пол:
    Женски
    Мислам дека колку и да имам проблеми во животов, колку и да изгледа безизлезна ситуацијата никогаш не би посегнала по сопствениот живот! Особено тоа не би го направила поради дечко, пари, другарки и сл. За секој проблем се наоѓа соодветно решение и излез.
     
  10. HoneyAxl

    HoneyAxl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    151
    Како да се слушам себеси,истото и јас го мислм :rofl:
     
  11. Andemona

    Andemona Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    2.500
    Пол:
    Женски
    Предпоставувам и се надевам дека луѓето што го прават тоа не се при себе и неразмислуваат свесно во тие моменти,и затоа секогаш викам не дај боже некогаш друга сила да завладее со мојот памет и да го натера на таков чекор,а ако свесно го прават тоа ондак стварно не го оправдувам ама никако :x каков ли товар ке оставам зад себе :fubar: не,не неможам сум се мачела да ги разберам бар малку да ги оправдам тие луѓе ама неможам,пак ке речам само недај боже да ме надвладе некоја виша сила :sweat:
     
  12. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    603
    Познавам личност што се самоуби во период кога бев основно, татко на еден другар постар една година од мене, целата приказна не ја знам, ама знам од зборување дека бил тешко болен исто така и доста сиромашен, за да се излечи неговите целото богатство би го дале (што го немаат) човекот се самоуби.
    Размислувам и секогаш доаѓам до заклучок дека најверојатно размислувал дека него секако ќе го снема, таа болест лек нема ама за да живее месец, два можеби три жена му ќе се задолжи на сите страни и ќе му ги овозможи тие неколку месеци ама неговите малолетни деца ќе гладуваат и ќе се во големи долгови. Вака тој им ги скратил маките на сите, парите кои ќе се дадени за лекување од кое ќе нема корист ќе бидат дадени за неговите деца, жена му ќе работи напорно за децата, не за лекување од кое ќе нема корист, него секако ќе го снема, дали порано или подоцна. Верувам дека сакал најблиските да ги заштити, во сета сиромаштија несакал некој за џабе да фрла пари по доктори, кога тие пари ги немаат, поради некој месец живот децата за леб да му трпат.
    Вакво нешто и да оправдам.

    Но другарка што проба да се самоубие поради дечкото што не ја сакал, е тоа е крајно безобразно и глупаво. Најголема глупост, божем едно машко е.
     
  13. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.921
    Пол:
    Женски
    Не гледам дека самоубиството е решение за ниту еден проблем, колку и да е тежок истиот, сепак има решение.. мислам дека со апчиња или со бесење ништо нема да се постигне..
    Јас таквите ги сметам за кукавици, кои го нашле спасот таму, наместо да се соочот со реалноста и се обидат да ги решат проблемите..

    Сум поминала све и свашта во животот и никогаш не сум помислила на такво нешто.. еднпоставно тоа не е решение.
     
  14. cherry2

    cherry2 Активен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    17
    овдека не станува збор за добра кола па да дадеш свое мислење,станува збор за одземање на сопствениот живот .По мене сите кои имаат такви мисли мора да побараат стручна помош бидејќи имаат некој проблем навистина
    Од човечки аспект е себичност а од религиозен најголем грев.Оние кои си го одземаат животот поп не ги "пее" на погребот(колку и да е ова смешен пример ,навистина е така)
     
  15. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Мило ми е што си успеала да ги поминеш сите проблеми со кои си се соочила, и си се изградила во посилна личност. Секоја чест за тебе, сигурно си многу храбра личност со јасни цели во својот живот.
    Гледам дека си го реплицирала моето мислење, знам дека е малку старо но не бев активна изминатиов период и сакам да ти дадам реплика.
    Во врска со нивното мислење пред да се самоубијат, не се согласувам со тебе.
    Пред се`, сите ние го сакаме животот, но не секој има убав живот. И не секој проблем има решение. Има мал милион безизлезни ситуации од кои не можеш да излезеш по никаков начин. Секоја чест на исклучоците кои се во мал процент.
    Себичност? Да, јас сум господар а не роб на својот живот, како што имам напоменато во моето мислење погоре. Јас ги сакам мојте најблиски, но повеќе се сакам себеси. Пред се`, јас живеам за себе, а не за останатите. Во мојот живот, јас сум на прво место. Можеби звучи дрско и со премногу егоизам, но така е. Мојот живот е мој и само мој. Секој човек би требало да живее за себе и да се стави себеси на прво место. Според мене, да се сакаш себеси повеќе од останатите и твоето Јас да биде приоритет во твојот живот, не е себичност.
    Помисли на Македонските револуционери од историјата, зошто секој од нив го чувал последниот куршум во случај на безизлезна ситуација? Дали тие биле себични и сакале да си ги скратат маките пред да паднат во рацете на непријателот, ситуација од која никој не би излегол жив, или тоа го правеле од преголема љубов према Татковината и својот народ? Јас не гледам трета причина за нивното размислување, но дали и некоја од овие две ги прави себични и со непромислено однесување?
    Или можеби тие биле слаби луѓе и не го сакале својот живот, живот под ропство?
    Човек кој не го сака својот живот е оној кој не се бори за него. Секој на свој начин води битки за подобар живот, за себе и својте најблиски. А секој човек што се бори, не е слабак. После толку многу издвоени победи во битките за живот, се случува поради една загубена битка да се загуби војна.
    Тоа е таа битка што е последна за луѓето кои извршуваат самоубиство.

    Несомнено дека вреди да се живее, животот може да биде убав, секој еден треба да се бори за подобро, но драга, не секој има убав живот. И од секоја дупка не се излегува. А од друга страна, од секоја излезена борба, има и последици, рани и лузни што ќе ги носиш цел живот. Не секој може да се справи со последиците. И не секој сака да живее со истите.

    Можеби звучам како да ги идеализирам и поддржувам оние што се одлучиле на таков потег, но не е така. Не сакам да бидам погрешно сфатена, не наведувам дека секој еден треба да се самоубие или помисли на тоа, само се обидувам да ја разберам нивната психа и нивното размислување. Причината за тој потег. Убиецот што стои позади секое самоубиство.
     
  16. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.028
    Допаѓања:
    36.092
    Пол:
    Женски
    Никој и ништо не е толку вредно колку нашиот живот.Зошто би посегнале по него???
     
  17. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.417
    Пол:
    Женски
    За жал многу често се случуваат самоубиства, а што е причината за тоа? Опшеството... ?

    Не верувам. Јас мислам дека некој мора да има некои навистина сериозни проблеми, почнувајки од проблеми со семејството, љубовта и завршувајки кај сиромаштијата, што е многу честа во нашата држава.

    Јас никогаш не сум била до тој степен да размислувам за самоубиство, многу глупав и низок чин е да. Ама ако барем малку размислиме како им е било на тие личности, како се чувствувале пред тоа и зошто го направиле тоа?
    Се е минливо, ако имаш несреќа некое време ќе помине, а ако си и среќен некое време и тоа ќе помине. Минуваме низ тешки фази, во таква држава се наоѓаме, такво ни е опшеството. Не велам дека опшеството е криво, туку самиот факт дека повеќе нема спас може да биде доволен за некој да изврши самоубиство.

    Секојдневно се соочуваме со многу проблеми, на некои постои решение, а некои не. Ама јас мислам дека ни тоа, ни било што не е доволно за некој да изврши самоубиство.
    Колку и да ни е тешко мораме да продолжиме, на крајот на тунелот има светлина нели. А тунелот е долг.. а светлината, посветла од било што. Така да колку и да ни е тешко, главата напред, бистар ум и се ќе се реши. Нема смилса да се прекине таков живот, а животот и те како може да биде убав.
     
  18. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    578
    Абре ве гледам и просто неможам да ви се изначудам на дебатава.
    Колку од вас сте компетентни да зборувате за ваква тешка тема ако не сте психијатар/психолог кој има учено за ова или во најмала рака личност со овој проблем? Трето нема, останатите кои не спаѓаат во погоре наведените категории неможат ни да претпостават со што се' се соочуваат оние кои се борат со самоубиствени мисли.

    Кукавици биле ?? ..немој молим те !! Луѓето кои помислуваат на ова не е затоа што животот им бил досаден па ај све ке отераме упм. Велите себично е да се нанесе толкава болка на најблиските, а не е себично да се живее со години во мизерија кога веќе нема излез од менталната агонија во која што се наоѓаат? Тоа е полошо од секаква физичка болка.. Тој што осетил може да зборува, све друго е ветер во магла!

    Најчесто тие личности се бореле одреден период пред да се одлучат на таков чекор, никој не го прави тоа за краток период. Се работи за живот, не се работи за стара маица која веќе ви здосадила па ке ја фрлите. Можете да претпоставите како е секоја вечер да ве стегаат градите и разни самоубиствени сценарија да ви се мотаат низ глава? Празен си. Одиш, јадеш, се движиш како робот без никакви чувства и емоции, ама важно си жив. Не.. не си жив брате ти одамна си мртов одвнатре.

    Да не бидам сфатена погрешно, но овие луѓе имаат подлабок проблем од она што навидум ви изгледа вас. Им треба стручна помош која не секогаш помага.. Едноставно некои приказни остануваат недовршени.

    И не, не се кукавици. Затоа што она што тие го имаат осетено не е ни најмалку лесно. Али најлесно е да се соли памет и да се кажува од страна. Крај краева на туѓ газ му жежи не на вашиот. НЕ СУДЕТЕ БРЕ АКО НЕ СТЕ ДОВОЛНО ЗАПОЗНАЕНИ СО НЕШТАТА. Па уште и навредувате.. срам да ви е. Кукавици биле ццц...

    Дури вие опуштено си дебатирате тука и дофрлувате навреди како некој не бил доволно силен да се избори со нештото, некој плаче сега и одново го кине прошталното писмо до неговите, затоа што знае дека ке нанесе огромна болка ако го направи тоа.. а притоа никој не прашува за неговата.
     
    На Golden, Glasna, Sanjichka007 и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    Дискутабилна тема.

    Во секој случај оние што посегнуваат по животот не ги сметам за кукавици. Напротив, сметам дека треба огромна храброст, да застанеш на ивицата од балконот на 7 спрат, притоа немајќи рамнотежа. (само пример).

    И покрај тоа што баш ТАА огромна хаброст треба да биде искористена во друга насока, во смисла борба во животот. Таа огромна храброст треба да биде поттик да се застане цврсто на нозе, да се верува во самиот себе дека проблемот или проблемите што водат кон тој нагон на самоубиство, едноставно МОЖАТ да се решат.

    На факултет многу ја анализиравме оваа тема и сите истражувања, книги и слично докажаа дека потегот самоубиство е најчест кај луѓе со пореметен нервен систем. Кога зборувм пореметен, не сакам да кажам тешко ментално болни луѓе, туку на луѓе со раздразливо психичко здравје. Послабите нерви водат кон овој чин во случаи кога ќе се доживее одредена загуба, за која во моментот се смета дека поради таквата загуба нема излез, нема решение, нема среќа, иднина.

    Дискутабилно е и прашањето што самоубиства извршиле луѓе со добар статус во општеството, со мирен живот, не покажувајќи претходно агресија, наводно немајќи проблеми. Истражувањата по самоубиствата покажале дека таквите луѓе само добро и успешно успевале да ги скријат своите т.н. проблеми, својата душевна болка, повреденост и слично.

    Многу често дошло до откривање дека тие лица имале психички проблеми во детството, проблеми на работа за кои криеле... сите тие проблеми доведуваат до агресија, која не се манифестира надворешно, и доаѓа до посегнување на сопствениот живот.

    Ова е од досегашните мои проучувања, меѓутоа, сум проучувала и доста случаи кога до самоубиство дошло буквало од народски кажано узур. Жално, ама вистинито. Во нашиот град 17 годишна девојка испи солна киселина, затоа што не ја пуштиле да излегува за викенд, а она била веќе договорена. Дали се работи за недоволно посветување време од страна на родителите во пубертетот, или лошо друштво, или пак превише удоволување и допуштање од страна на семејството, не знам.

    Сметам дека за секој проблем постои решение и доколку сами не успеваме да се избориме, да дојдеме до одговори на прашања што не’ мачат, да најдеме мир и слично, нема ништо срамно и страшно искрено да се разговара со некој повозрасен, поблизок, родител, роднина, другар и слично или во краен случај да се побара стручна помош.
     
    На andreina, lightning123 и Dark-Lady им се допаѓа ова.
  20. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Нема многу да филозофирам на темава ке кажам еден мој комшија дозна дека боледува од рак,човекот што све не направи,јадеше здрава храна,идеше на хемеотерапија,дури и вежбаше така се бореше колку што можеше,но како одминуваше времето све повеке пропаѓаше за на крај да се обеси,затоа што беше свесен дека нема лек.
    Пред тоа јас секогаш одвојував време да го храбрам и тешам знам дека неможев да го оздравам,него му бев психичка подршка,многу раговаравме на разни теми со цел да му помогнам да не мисли на болеста но сето тоа беше бадијала,што е најтрагично не ми ни кажа дека сакал да се самоубие. ;(
    Пс за мене тие луѓе не се кукавици. :!: