Самоубиство

Дискусија во 'Психологија' започната од Bright, 16 март 2010.

  1. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    603

    Ваквите луѓе во никој случај не се кукавици, подобро самите да си пресудат одколку да се мачат и себеси и луѓето околу нив.


    Но тинејџерите кои се самоубиваат ради глупости околу искачање и дечковци, и луѓето поради пари, немаштија и слични проблеми со кои речиси секој се соочува се кукавици. За мене поглупави луѓе од нив нема. Не излегла еден викенд и крај на свет се случува. Или работи во супермаркет со факултет и не е задоволна па посегнува по таблети, дечкото ја оставил и веднаш таблети, тие личности за мене се глупави и огромни кукавици.
     
  2. tina1979

    tina1979 Нов член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    i jas sum protiv samoubistvo ili odzemanje na necij zivot, no samo moli go gospod da ne ti go izvadi pametot, mislam deka samo poremetini ludje mozat toa da go napravat a isto toa znaci deka covek moze da poludi vo sekoj moment,narocito sega vo ovaa vreme ,nemastija, bolest,problemi i da ne nabrojuvam losi raboti.. veruvam deka nikoj ne se samoubil od dobriot zivot i golema sreca ... za se ima odgovor no samo tie go znaat ..a nie mozeme samo da komentirame.. zal mi e za site sto go imaat napaveno toa. :(
     
  3. misel23

    misel23 Активен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2013
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    10
    Значи јас не ги гледам како кукавици а уште помалку како пореметени луѓе... Тоа се луѓе кои самоубиството го гледаат како излез од сите проблеми и суровата реалност а најчесто и не ни имаат со кого и немаат начин да ја споделат маката... Значи не сакам никого да навредам ама не личи девојченциња кои скоро ништо не виделе од животов да коментираат и да кажуваат како тоа биле вакви такви онакви... :fubar:
    Не дека јас го оправдувам самоубиството во ниеден случај ама не можеме ни да им судиме не знаеме како е да се биде во нивна кожа...
     
    На andreina му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ivaserafimovska

    ivaserafimovska Нов член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Незнам дали некој ова воопшто ќе го прочита, но веќе долго време сакам некаде да се исповедам ан еден начин затоа што премногу нешта носам во себе . Можеби ќе ми биде полесно ако го напишам сето тоа , ако некој сочувствува со мене викаат така било полесно. Само тоа ми остана. Имам чивство како да сум најнесреќната личност иако тоа вешто го покривам и сите ме доживуваат како позитивна и весела. Таа маска не верувам дека ќе можам да ја носам уште долго време. Да почнам од почеток. Како најсреќен период од мојот живот го доживувам времето кога бев мала кога бевме среќно мало семејство. Се беше преубаво имав мајка и татко кој ни ја пружаа целата љубов на овој свет. Кога тие беа тука не подржуваа , ни купуваа подароци играа со нас, постојано одевме на одмори. Татко ми иако имаше премногу работа ќи е дојдеше на паузата само да не погали и да не види тоа го правеше среќен ние ( јас брат ми и сестра ми ) скокавме пред вратата пред тој да дојде го познававме по брчењето на колата и пискавме од среќа животот изгледасе така убав. Купивме плац во кој планиравме да живееме , да изградиме куќа. Татко ми не однесе да ни го покаже местото полн со ентузијазам и надеж кажуваше што како ќе гради каква му е замислата толку многу планови.......Истата вечер се собравме дома и славевме дојдоа најблиските роднини а ние деца ко деца си игравме во собата правевме куќарки од седмоседот. Мајка ни ни купи нови џемперчиња, па ги пробавме за да не видат како ќе ни стојат. Кога парадравме пред нив тој само рече АУу цели девојки сте станале. и така мирно и спокојно си легнавме да спиеме. тогаш дојде тоа утро, утро кое сакам да не постоеше никогаш да не се случаше тоа кобно утро.Уште го слушам алармот како непрекинато ѕвони ѕвони веќе 15 мин, мајка ми стана да види што се случува зошто тато не станува за на работа......После тоа само врисок РАЗБУДИ СЕЕ , НЕ МЕ ОСТАВАЈ НЕМОЈ РАЗБУДИ СЕ.......... Зошто овој проклет ден го памтам во детали , како да ми се врежал во мозокот и не сака да излезе таму е стои. Станав уплашена, незнаев што се слулува , а и што може да знае едно 8 годишно девојче, само набрзина не однесоа во комши викнаа брза помош и рекоа се ќе биде во ред. Но ништо не беше од тој ден ништо не е исто се се измени. Останав сирак кој сите навидум го сожалуваат, а всушност никој не те погледнува. БОЛИ ПРЕМНОГУ БОЛИ, уште боли иако имам 20 години и се од тогаш е пекол. Како да живееш без она што те прави најмногу среќен како да продолжиш понатаму. неможам сега живаам во семејство кое уште тогаш се распадна. Мајка ми се грижеше за нас и бевме највредното нешто во животот , само заради нас остана жива и продолжи да се бори. Но сега кога ние треба како да е нема тука сме , а само ја нервираме. Не бев таква секогаш бев покрај неа , но веќе не сум она ми беше идол , ја ценев мислев дека посовршено суптество од неа нема за неа и животот би го дала , но сега сакам само да избегам од дома сакам да ме НЕМА. Се слушна гласина дека се гледала со чичко ми се разбира не поверував, не ни сакав да верувам не ни сакав да помислам на тоа , но едно сабајле ненадејно станав и ги видов како се дрзат за рака се сецнаа бидеќи не ме осетиа кога станав изглумиа дека нешто си подадоа , не сакав да си верувам на очите одбивав викав НЕ си умислуваш НЕ е е така, но после следуваа уште ситни докази , се слушаше со него на тел и не лаже во очи дека не збори со него се кри во соби за да збори со него , а вика дека не збори со никој кога он ќе дојде се однесува како тинеџерка , неможе да го конторлира однесувањето од сето тоа ми се ГАДИ , но ќутам неможам ништо да кажам , затоа што и самата не сум сигурна дека е вистина. сега веќе сме големи , но јас неможам да продолжам да жвеам вака се ме притиска секој ден дома има караници , викотници го нема столбот на семејството , распаднати сме , дома мислат дека ако имаме пари се ќе биде во ред но не сфаќаат дека тука има многу поголем проблем од тоа. Во животот сум била борец и сакам да сум борец , но неможам веќе и тоа не сум само јас и мајка ми се обиде да се убие и нон стоп тоа го повторува сестра ми исто ах.... неможам сето ова премногу ме притиска се сменив не сум веке тоа сто бев , а немозам на никого да казам сто ме маци немозам да зборам мислам дека едниствено нешто што ќе ме спаси е тоа да си одам од овој свет, затоа што сакам да мислам дека таму некаде е поубаво.....затоа што тука јас го живеам пеколот. немам личност која ме сака и ја сакам сите околку мене ме лажат, а јас само постојам само егзистирам, како жив мртовец.
     
    На jovanovska94 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.361
    Ме потресе твојата приказна девојче.
    Навистина тешка и ташна сторија.
    Жал ми е за сето тоа што ти се случува.
    Немој да посегнуваш по твојот живот.
    Ако сакаш да почнеш да го живееш твојот живот одново,можеш првиот чекор да го направиш со тоа што ќе разговараш со психијатар.Нема ништо срамно и оспорувачко во тоа.Истото што си го напишала тука, ќе го пренесеш таму.
    Треба да си го вратиш животот,заслужуваш да живееш како и сите останати.Самоубиството не е решение.
    Размисли што ќе се случи со твојата сестра и брат,ако се решиш на тоа :/
    Исто и на мајка ти,сигурно нема да и биде сеедно.
    Престани да молчиш,и почни да дејствуваш.
    Молчењето нема да ти помогне.
    Само ќе прави да ти биде уште потешко.
    Олеснувај си во секоја прилика која ќе ти се пружи.Престани да се повредуваш.
     
  6. Bile15

    Bile15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2013
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    38
    Сакам да го направам тоа ама не знам како. Нешто како да ме спречува. Да можам одма би го направила тоа. Се надевам ке биде во скоро време.
    Ова ке го направам само за него. Да се покае за се. Знам дека откако ке умрам мајка ми нема да може да се освести, ке и биде многу жал, искрено се плашам за неа. Потоа брат ми, со кој што се тепам секој ден, ама не можеме еден без друг, баба ми, не можам да замислам како ке се чувствува. Пие апчиња за смирување само кога ке плачам или сл а не пак кога ке умрам.
    Ова е само заради него. Се надевам после ова ке се освести. Нека им објасни на моите тогаш. Нека им се појави пред очи на баба ми и мајка ми. Секако, ако има таква храброст.
    Ке зажали, знам. Ке се кае за ова што ми го направи.
    Жал ми е за мајка ми. Ама тоа е се поради него.
    Знам, мала сум, уште средно немам завршено.
    Ама што друго можам да направам?
     
  7. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.474
    Допаѓања:
    48.838
    Пол:
    Женски
    ^Биле is back. |( |(

    Иначе друго што можеш да направиш е да посетиш психијатар кој ке ти помогне да го пребродиш пубертетов кој и тек како јако те удара у глава.

    Абе седни фати книга иде крај година тоа слабите оцени на кои што се жалеше во СДК да ги поправиш не си прај бајрам на паметот со вакви глупости.
     
    На GirlRose, LittleFairy, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.277

    Oх бе тие зелени тинејџерски бубачиња во главата... Шта чемо с њим? |(
    Биле душо, јас само една работа ќе ти кажам.
    Кога ќе направиш 18 години да си ми пред се жива здрава и весела кога ќе се навраќаш назад низ странициве на фемина (ако постои за 4 години секако :) ), има да се чудиш на ова толку многу што просто нема да знаеш дали да плачеш или да се смееш.
    Бидејќи твојов проблем е многу незрел иако во твоите очи сега најмногу тежи.
    Јас те уверувам дека ако не се дрзнеш навистина да си ја окончаш судбината на вака млади години за еден толку детски проблем, покрај прекрасните работи кои ќе ги доживееш во текот на следниве години. Тогаш воедно, тек топрвин ќе ја сфатиш и вистинската тежина на плеќите создадена од животот од секаква природа.
    Членката погоре спомена дека си се жалела ради оцените и фактот што не можеш да ги поправиш. Ако е ова вистина душо, тогаш јас да сум на твое место ова би ми претставувало најголем проблем бидејќи практично ми зависи иднината од тоа! Наместо да мислиш на љубов, преокупирај се со учење. Повторувај, повторувај и повторувај! Така ќе си обезбедиш подобар статус, т.е. во своите очи ќе немаш грижа на совест и ќе бидеш горда еден ден што си станала паметна и едуцирана личност која не си дозволила да заостане и да биде чекор поназад од своите врсници!


    Патем, аман бе вие младите со вакви проблеми. |( Камо јас да ги имав на ваши години, ама ги немав пустото уште тогаш научив очите да ги ставам пред срцето, да увидам дали и колку можам некому да верувам. Ама очигледно вие слепо се впуштате во тие љубовни авантури, ви вријат хормоните па се изневерувате меѓусебно, правите глупости мислејќи дека сте успеале со тоа да го допрете врвот на животот.
    Тоа се ниски страсти...
    Кои веројатно се пропратени со проблемот на недоволно искуство. Не сте го стекнале сеуште. Бидејќи кога би живееле подолго би сфатиле дека се во животот, како и конзервите е со рок на траење, и се е една минлива фаза, без оглед за каков проблем станува збор. Е, сега нормално, некои проблеми ќе остават поголема а некои подлабока дупка во срцето. :)

    Немој да сфатиш дека те осудувам, бидејќи сите понекогаш во животот се доведуваме во искушенија и застануваме од ивицата на аголот, но се зависи и од каква причина го правиме тоа.
    Според мене оваа твојата е толку наивна.
    Не ми се лути, ќе сфатиш за одреден период, многу скоро.
    Особено кога ќе поминеш едно 10-15 момчиња и ќе заборавиш како изгледал овој мутавиов уствари. :rofl: Шала. :) Но, мислам дека ми ја сфаќаш поентата.
    Патем, боли дур да стасаш до таму знам, ама верувај вреди. ;)
     
    На s1a1n1d1r1a1 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    Билеее, Билеее |( Не! Значи не! Ни на крај памет самоубиство!! За момче ли? Па за тоа најмалку вреди да се нервираш бе |( Од кај знаеш дека е вистинскиот? Може не ни го сакаш вистински, можеби ти е само опсесија? :fubar: Еден е животот, искористи го, а не сама да си го одземаш :fubar:
     
  10. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Биле, Биле како може животот кој ти го дарувале твоите родители како нивна најголема среќа, да размислуваш да го уништиш, заради некој МРСУЛКО, па уште и ќе се покаел.„Ќе се утепа од каење“...сигурно, само патот ќе му го ослободиш и че те заборави после извесен период ко да не си постоела, ана сите твои ќе им направиш голема рана и болка во животот.
    Тоа пубертетот малце среди го, или разговарај со товите или побарај помош од психолог, не е ништо страшно, и тргни ги тие црни мисли од главата.Животот тебе допрва ти полнува. :sun:
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.307
    Допаѓања:
    22.601
    Пол:
    Женски
    Почекај порасни уште некоја година и ќе сватиш дека никој на светот не вреди да си го одземеш животот за него, а најмалку некој пак на кого не му е грижа за тебе.
    Тебе ќе те нема, твоите ќе патат цел живот а другите за два дена ќе заборават и дека си постоела.
    И што ќе постигнеш?? додека другите јадат пијат шетаат лудуваат се дотеруваат се журкат. :fubar:
     
  12. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.907
    Кој трол..А па и вие толкави текстови и пишувате, уште да речете дека навистина за озбилно ја сфаќате.
    [​IMG]
     
    На makedonkamak, Valerin, sweet-star и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Viki693

    Viki693 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Женски

    Ех Биле, само кога би можела да се гледаш со очите на мајка ти, со мислите на мајка ти....и најбанална причина до сега што сум прочитала "нека потоа тој им објасни на моите зошто сум го направила тоа" верувај има и друга подобра тактика, да се тргнеш од него, да станеш свој човек, да станеш успешна, па потоа твоите да се гордеат со тебе, а тој цел живот да жали што пропуштил...:)

    Немојте деца со такви црни мисли, еднаш прочитав нешто реално за с......"тој што ќе го направи тоа, умира еднаш, но не само тој, со него умираат и неговите најблиски во страшна болка" и точно е тоа секојдневно гледам една мајка како болката секојдневно ја крши и крши...камо нејзиното дете да ја имаше пред очи кога го направи тоа :((((((
     
  14. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.674
    Допаѓања:
    15.181
    Пол:
    Женски
    Биле, зошто заради дечко? Пред неколку недели пишував со една феминка во лп за истиот проблем која бараше помош. Значи мислам сериозно ли ти зборуваш?

    Имаш мајка, таа не заслужува така да и правиш,татко, ... Добро свесна ли си?
    И ако сметаш дека ова е ‘‘голем‘‘ проблем, размисли за работите околу тебе. ;)
    Ова најдобронамерно го кажувам :!:
     
  15. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482
    ^

    Не грижете се, не се самоубива.
    Има сеа попаметна работа, да осмисли комбинација за ручек со дечкото :lol:
     
    На ColoursOfTheRainbow, eliesaab и sweet-star им се допаѓа ова.
  16. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.368
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    ТОЈ ШТО САКА И ПЛАНИРА ДА СЕ САМОУБИЕ НЕ КАЖУВА НА НИКОЈ, или ко у филмовине ќе оставаат писма дека ќе се самоубиваат со порака ЗБОГУМ ЗАСЕКОГАШ :P и не рипа од мост се дур не дое саканиот да ги спаси :rofl:

    Самоубиство- дефинитивно е знак на патетичност, минус самодоверба и дефинитивно немање карактер и цврст став, желба за центар на внимание, сожалување.

    Ќе се самоубивам тука ради дечко или проблем у животот. Кои ПРОБЛЕМИ ги имаме во средно бе освен снемување на римел и добивање слаба или омилената маичка што ни се скинала?????

    Проблем ќе дознаеш што е, коа ќе станеш возрасна, зрела, коа ќе основаш фамилија и ќе се грижиш како ќе ги воспитуваш децата. Али не планирам реферати да пишувам, зашто темава ми е повеќе од смешна за која патетичност станува збор.

    пс. Нека цркне копилето, кој е он за ја да се убивам ради него?? смешки живи :rofl: попврво него би го убила ... Али не ме фаќај за збор, немој стварно да земеш да го убиеш па да се самоубиеш после, на душа ќе треба да те носам :D
     
    На ColoursOfTheRainbow и Papillon.Papi им се допаѓа ова.
  17. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Имам размислувано за ова, но секако не поради дечко или маички и такви глупости. И дури сеуште размислувам на оваа тема, речиси секој ден... Вам ви е патетично, но како би сте се чувстувале кога иако околу вас има еден куп луѓе, сепак немате никиј свој? Да, имам огромно семејство, но тие секогаш се зафатени. Од нив не добивам љубов и внимание, а другарки немам. Немам ни кому да ги кажам своите тајни. Ако учам, премногу сум учела, ако не учам, тогаш пак, воопшто не ми било гајле за ништо. Па не де. Сепак, учењето не ми е проблем, туку туѓите злобни зборови. Тие мислат дека имам сѐ што сакам (иако немам ни пола од тоа што го имаат), па сакаат и таа самодоверба да ми ја земат... Идиотски свет. Никогаш не сум била разбрана. А ни јас никогаш не го разбрав светот. Вие пишувајте, хејтајте, но мојот проблем не е како оној на Биле, ниту сличен. Преедалеку.... И постојано е тоа чувство.Секогаш е овде со мене, и кога сум среќна, и кога сум тажна. Не сакам веќе да живеам во оваа замка. Но, сѐ зависи од тоа што ќе се случи во почетокот на Септември. Ако бидам во клас со таа идиотка нема ни да размислувам, ќе ѝ го загорчам животот. Но, да се самоубијам? За тоа прво нека поминат дваесет години, ако сум жива, ќе си чекам уште дваесет. Над пеесет сигурно нема да живеам, но поарно нека ме изеде ајкула, отколку да се самоубијам.. Уууух, страшно ми е тоа... Дури сега го сфаќам тоа... :)
     
  18. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    623
    Пол:
    Женски
    Биле - не се самоубиваш ти девојче. Знаеш што премногу ве разгалиле. не ја гледаш мајката која прави се за да ти овозможи подобар живот. Колку сте себични. На 15 години какви глупости. Место да се свртиш накај школото или да одиш на јазици да се надградуваш или спорт, ти трескаш глупости за самоубиство. Не си се судрила со вистинските проблеми во животот зошто сеуште се ти е сервирано на масата. Кога ќе почнеш самата да го заработуваш лебот дури тогаш ќе сфатиш што е сериозноста на животот. А самоубиство за на некого да му докажеш или покажеш нешто. Најмногу на злобните луѓе им се покажува и докажува со успех. Кога ќе бидеш во било кое поле успешна ( тоа што ти ќе го избереш ) тогаш ќе те ценат и почитуваат. Кога ќе бидеш горда, достоинствена и своја. не потклекнувај, секој неуспех е пат за нова борба но и нова победа. Срамота!!! искрено не сожалувам вакви личности се прашувам каде згрешиле родителите во воспитувањето. Еден добра казна, санкција за сите твои лични потреби и ќе се средиш ти млада дамо.
     
    На Valerin му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.161
    Допаѓања:
    91.593
    Пол:
    Женски
    Офф топик
    На Биле не и е првпат да се ''самоубива'' затоа не ја полнете темата со ваши совети кои од ваша страна се многу добронамерни а на неа не и значат ништо ,девојчето сака да привлече внимание и тоа е се .
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.277

    Викторија, не вели два пати.
    Имав познаничка што вака киснеше по форуми пишувајќи за своите љубовни проблеми. Беше многу млада, да имаше некои 13-14 години максимум. Причината поради која за неа зборувам во минато време е поради тоа што поради љубовен проблем летово си го зеде животот.
    Сите беа фрапирани од нејзината постапка бидејќи со никој не разговараше за својот проблем. Дур се свестат нејзините дома и сфатат каде лежел зајакот, таа веќе беше отидена. :x
    Освен тоа сите во соседството ја знаевме како весела девојка со позитивен став кон животот. Ама очигледно не сме ги виделе работите кои не штимаат, и ете бидна тоа што бидна.

    Него батали тоа.
    Зборот ми беше дека никад не знаеш што се крие длабоко во психата на луѓето. Биле сега е во тинејџерска фаза, ама тоа е воедно и периодот кога е најмногу потребно да се зборува со неа.
    Вели нејзините дома не ја разбираат, па таа постепено се уништува, очигледно бидејќи никој не и обрнува внимание сметајќи дека нејзиниот проблем е сосем обичен како и ние овде.
    Можеби нема денес или утре да се дрзне на ваков чекор, ама ако остане вака лабилна уште неколку години и емотивно се врзува за секој нареден дечко, и те како може да се доведе до работ.

    Искрено се надевам дека е трол и после одредено време и сама ќе признае па сите убаво ќе си се изнасмееме на ова. Али велам, се надевам. Пошто знаеш, се бива. :|
     
    На Anouk, Sanjichka007, Hipica и 1 друга личност им се допаѓа ова.