Знеш што Биле.Заврти се околу себе , погледни убаво.Има толку многу дечковци ,што некои би се самоубиле за тебе.Не се шегувам, напротив.Сакам само да ти дадам до знаење, дека голем дел од твоите врсници размислуваат така.Возраста ви е таква.Хормони беснеаат во организмот и тешко се достигнува баланс.Затоа те советувам дека е најдобро да најдеш некој со кого би поразговарала но најдобро би било да и кажеш на мајка ти.Друга опција ти е другарка.Шетајте се ,забавувајте, пробувајте шминка, нов стил облека..Прави се за да не дозволиш овие негативни мисли да те совладаат. Подобро е да се исплачеш убаво,сама на некое твое место да го исфрлиш сиот бес ,отколку тие негативни мисли.Верувај дека на дечко ти нема да му биде гајле.Ќе те смета за само.Не прави слика дека ќе си ја треска главата, дека ќе плаче, ќе се кае.Нема . Дај и шанса на пупката цвет да расцвета.За да и се восхитуваат и радуваат твоите родители.Брат ти да има со кого да се кара.Мислам спомена баба, посебно таа. Спојлер Нема поскапоцено од животот, кој ни го дал Бог.Само тој има право да ни го одземе.
Пред многу години имав еден дечко кој беше многу заљубен во мене и бевме во врска 6 м. толку често сакаше да биде со мене што ме гушеше, јас бев 17 год. а тој 20, јас имав цел да студирам и да постигнам нешто во животот, а тој веќе си заработуваше сам и веќе размислуваше за брак. Тоа што ме сакаше ми годеше, но тоа што ме гушеше и се повеќе размислуваше за брачен живот ме отргнуваше од него, едноставно јас не сакав мојот млад живот да заврши на 18г. се разделивме малку и јас сватив дека сега е времето да ставам крај, сега или никогаш, по природа сум емотивна и така ми беше полесно кога тој не е во градот и кога не мора да се изложам на ризикот да се сожалам и да продолжам со врската. Свесна бев што предизивкав кај него, ме молеше да не раскинувам, се жалеше на сестра ми дека ќе се убие, и ми беше жал за него, но тогаш сватив и дека каква ќе е таа љубов ако јас сум со него само поради тоа што ми е жал, го ставив мојот живот пред неговиот...секој треба сам да се избори со своите емоции...имав претходно врска од која бев многу повредена...и знам како му беше...но исто така знаев и дека мора самиот тој да си се избори и да продолжи со својот живот....Срека не си направи ништо....за кратко се ожени што покажа дека не ми биле грешни проценките...по неколку години загина од тоа што се фраеришаше по градот.....Јас заминав на студии, поминав еден многу убав незаборавен студентски живот, се оженив со човекот на мојот живот...и имаме две прекрасни деца. И сега од оваа перспектива пак ке кажам: Знам дека е болно кога некој сакаш, сум сакала, и ме сакале.....но ниту кога јас сакав, сакав да другиот се жртвува за мене и од жал биде со мене, ниту пак сакав јас да бидам жртвата и од жал спрема некого да останам со него...Едноставно само треба да се издржи и малку време да помине....а коцките во животот сами ке си се наместат како треба... Ова го пишав од гледна точка како изгледа од другата страна...и многу е себично кога сакате некој да го врзите покрај себе не водејки сметка за неговите чувства....
Тој што кажува дека ќе се самоубие затоа што не добива нечија љубов,не сака,не е вљубен,не постои тука љубов,ниту во правилна форма кон себе,ниту кон другата личност. Ја сака љубовта и драмата што ја носи како таква. Сака да биде предмет на нечија љубов,било чија. И тоа е нарцисоидно. Таквите луѓе се емотивни уценувачи. И таквите сакаат другите да патат,да им е жал што им нанеле болка,да гледаат како другите страдаат за нивните потешкотии,ги сожалуваат,односно да бидат предмет на нечии постојани мисли. Пак ќе речам,било чии. Таквите лица не се врзуваат за една личност,зошто нема тука љубов,има само себична потреба да не се биде сам.
Не вреди никој за никого животот да си го одземе. Тебе ќе те нема, ама тој(таа) ќе продолжи многу брзо и се ќе заборави. Мој познаник имаше долга врска и веќе беа верени таа бремена, тој за жал загина, а девојката за година време го заборави, абортира, најде друг и се омажи.
А ти од кај знаеш дека децата немаат проблеми?!? Ти ако си имала безгрижно детство и се што ќе посакаш , некој нема! Со кое право го кажуваш ова дека она нема проблеми? Ја познаваш лично, и го познаваш семејството? Јас имам 15 години и што се сум издржала и видела некој ни на 57 нема да го види и доживее! Проблем ли е да видиш како вујко ти и вујна ти умираат пред твои очи, во рок од 2 минути, а ти не можеш ништо да направиш? Проблем ли е самоубиството на некој што си го сакал како чичко? Проблем ли е константното одење по болници и гатачки и бајачки? Проблем ли се секојдневните кошмари од кои не можеш да поспиеш ни 4 часа? Проблем ли е тоа што мајка ти сака да умре за да биде со двајцата помали браќа? Проблем ли е тоа што сваќаш дека таа сака да биде со нив, а не со мажот и двете деца што ги има дома? Проблем ли е тоа што фамилијата веќе не обрнува внимание на тебе? Епа кажи ми, дали ова не се проблеми? А ти што си доживеала? Имаш дете и ти кренало температура? Не сака да јаде кромид во ручекот? Свекрвата ти приговара околу тоа како си ја поставила масата? Ајде кажи си..
Сега во моментов ги читам последниве мИСЛЕЊА и се мислам дали и воопшто да споделам но сепак ке пишам и јас нешто еднаш одамна од хх причини у јака нервоза испив апчиња и некој ме натера да ги повратам... и ок нишш не се деси небитно, а сега сега плачам и го пишувам ова дека денес како никогаш досега посакувам да умрам... не да се самоубијам туку да УМРАМ сакам да ме нема веке зошто веке ми е смачено од животов и искрено мислам дека така би било најдобро за лугето околу мене едноставно несакам да постојам за никој веке доволно ми е од сите повредувања взаемни со кругот на луге околу мене дури и мислам дека посрекни ке се кога ке ме нема...
Не е битен проблемот колку што е битно колку силно тој проблем ќе притисне на човечката психа. Со иста ситуација во која се наоѓаат двајца луѓе - и двајцата различно се справуваат и се чувствуваат во врска со истата. Едниот е секогаш повеќе потиснат од другиот. Сакам да кажам, сите различно ги доживуваме проблемите кои не опкружуваат, и финансиските, и семејните, и оние на поле на кариерата, и секој нивното значење го толкува на различен начин. Во друга кожа не може никој да биде, ниту да разбере зошто некои луѓе се самоубиваат поради не знам, девојка, силување, немање пари, било каква траума или стрес. Мене ми е невозможно да замислам како некој си ги доживува препреките во животот или како тој го чувствува притисокот нанесен врз него. Факт е дека сите сме некогаш потиснати и на работ од некои икс причини, и искрено соочувајќи се со личности кои сакале да си го одземат животот и со тоа сакале да си ги скратат маките, на прв поглед секогаш ми изгледало себично, и од една страна сеуште мислам дека е, но сеуште тврдам дека ништо не е ненадминливо и дека секогаш има начин, без разлика дали нам ни се гледа како најдобриот начин во моментов за нешто да тргне на подобро, не треба да се пропушти ниедна шанса ниту пак да престанеме да се обидуваме да ги надминеме проблемите, пошто на крајот на краиштата бар јас верувам дека постојана хармонија и среќа во светот и во животот не постои, па и не треба да постои, и затоа сметам дека пред да помислите да направите вакво нешто, ако не на најблиските, помислете на некој рандом човек на пет илјади километри од вас кој можеби повеќе страда, или изгубил се`, па успеал да стане на нозе. Се во животот е пролазно, минливо и надминливо ако се има волја и упорност, освен смртта, тука барем нашата свеста и глас стануваат невидливи за оние кои ни значат, и нашата природа не дозволува да видиме што се случува преку границата на овој перманентен чин за кој пак ќе кажам, не осудувам, но сметам дека е себичен, зошто се`, ама баш се` може да се надмине.
Денес дознав дека на мој добар другар мајка му ги живее последните моменти од животот за жал. Зарем не сте свесни што значи животот? Јас бев еден момент тажен, но друг дел од моето тело беше среќен, затоа што сум жив, затоа што секој ден го гледам сонцето, лицето на мајка ми. Убавината што секој ден се будите, станувате, одите, гледате, јадете? Хендикепирани деца , луѓе болни од тешки болести секој ден ја пејат Аве Марија да оздрават, повторно да одат, да се чувствуваат здрави, да пијат по некое пиво, да видат плажа, сонце, да почувствуваат љубов, а вие живи и здрави овде зборувате за самоубиства? Секој нема среќа да живее во среќно семејство, секој нема среќа да е физички атрактивен, но тоа не е изговор. Ако се борите тогаш и ќе промените. Со самосожалување никаде не стигате, затоа што nobody gives a shit about you е реалноста. Деца, премногу сте разгалени, премногу! Излези надвор и радувај се на животот, затоа што тоа е благослов. Не секој има судбина или среќа да живее долго. Јас сум секој ден благодарен што сум жив, што можам мојот татко и мајка да ги бакнам, да јадеме по некое компирче заедно, да се забавуваме без разлика дали имам 20 денари во џеб или 500. Немој да мислиш воопшто на такви работи.
Ги читам депресивниве одговори и се чудам.. Сите имаме тешки денови, периоди. Не ги гледајте само негативните страни на животот, ако нив ги нема животот би бил досаден. Сигурно ви се случиле и убави работи, сетете се на нив. Разгледајте наоколу, има луѓе кои ве сакаат, има работи за кои вреди да се живее. Излезете надвор, дружете се, дечко, другарки, кафе-мафе.. Радувајте се на мали работи, и ќе бидете среќни
Само ќе кажам дека со самоубиството вие се спасувате од сите проблеми, но им нанесувате вечна болка и тага на луѓето што ве сакаат, а тие што ве повредиле, ќе си продолжат со животот.
Абе најлесно е да се земеме сеа и сите да се убиеме, на никого не му е лесно.. секој во животот има подеми и падови, има лоши денови а и периоди али тоа не е причината да се откажеме, затоа што животот е БОРБА и мора да се бориме! Ќе мине се, ќе дојдат подобри времиња!
Чудно некако, смртта на еден човек кој те развеселува, толку го погоди светот. Некако како да го видовме парадоксот на нашето постоење и простата лицемерност. Не, депресијата не е само малку поголемо нерасположение кое се граничи со разгаленост, туку хронична немоќ да ја почувствувате животната радост и мотивација, а придружено со себедиструкција и себедеградација во однос на се останато. Хемиски мајндфак кој те прави збунет и нема никаква врска со храброст и воља. Несомнено, сите ќе умреме. И милијарди се борат со животот, но други и не мораат, па одлучуваат да си заминат. Време е игнорантноста према психолошките болести да запре. А искрени да бидеме, додека општеството ровари напред и ти создава притисок едноставно да бидеш среќен и при тоа ќе биде по нечиј критериум, а тоа е само на материјалниот свет, се губиш себе си во трката со себе си, за да припаднеш и да бидеш прифатен. А што е лошо да сакам да заминам на пуст остров и да уживам во природата ослободена од стрес? Не, за да е вклопиш мора да бидеш стандарден. Еднаш пишував тука и пак ќе напишам. Посегнување по сопствениот живот е одлука од 1 минута, кризен момент, најчесто резултат на длабока депресија и нема врска со вашите епопеи за вољата и судот како е кукавички чин. Нема простор за вагање. Не бидете и вие една од стегите. Јас не разликувам болен од рак во напредна фаза, од човек со длабока депресија, јас би рекла карцином на душата. Секако и двете завршуваат фатално, со тоа што второто можете да го препознаете и да подадете рака за помош, а не да викате - абе ништо не ти е и да наредите брдо примери за како на некого му било тешко и после му се десило нешто убаво или едноставно, абе од времето ти е. Самоубиство не се врши од проблем, па немал проблемот решение па си го одзел животот. Проблемот настанал од депресија и дополнително го подбутнал во амбис. И да, не мора да е само длабока депресија, туку и стандардна животна криза и кризни 10 минути кои може да ве натераат да ја направите најголемата грешка во животот. Еве ви тед говор. https://www.youtube.com/watch?v=-eBUcBfkVCo Одамна читав студија за погрешните толкувања за тоа како доаѓа до самоубиство, а и не верувам дека некој ќе се заинтересира многу за да ви го приложам тука, само едно од работите кои го предизвикуваат човекот се и игнорантноста на останатите која уште повеќе го зафрлаат во безперспективност, а истата звучи - НЕ МОЖАМ ДА СФАТАМ КАКО НЕКОЈ МОЖЕ ДА ГО ГЛЕДА САМО НЕГАТИВНОТО, ТРЕБА ДА ЈА ГЛЕДА И ПОЗТИВИНАТА СТРАНА ... а тој хронично ги изгубил позтивните чувства од ментална или физиолошка причина... ах д ајрони. Едуцирајте се и помогнете си или препознајте и помогнете на некого околу вас. Сериозно, денес така некако ме погоди самоубиството на Робин Вилијамс. Секогаш ми бил драг актер, со посебна енергија зад која секогаш се гледаше тагата. Онака, ме подбутна да размислам колку тажни луѓе има околу нас, а ние не препознаваме и колку светот е полн со болка која се трудиме (што е убаво кога би била во вистинска насока, духовна и емотивна) да ја замаскираме кон трка за среќа, која за жал е жртва на конзумерското општество, па е затапена од материјалниот свет и следење на стандардот за среќа, ако воопшто постои нешто такво...
Се океј што си пишала, си ја доловила поентата ама не во потполност. Не сакам сега да се фаќам како слепи миш за стап и да те критикувам, но мора да прашам. Зошто фотографија на која е прикажана расечена усна со жилет? Зарем ова не фрла сосем поинаква слика, односно порака врз твојот позитивно наклонет пост за темава? (прашувам онака од љубопитство, ми падна во очи, бидејќи сепак станува збор за самоповредување). Јесда ни јас не сум нешто поарна, свега и свачега постирам и фан сум на weird stuff, ама сепак не можев а да не забележам мала контрадикторност. Не те судам или напаѓам, само онака ме заинтригира... Спојлер Како детектив сум јеботе. И да, простете за офф топик.
Прва помош од мене. Ако некогаш некому му дојде такво нешто. Нека си даде барем една шанса пред да го направи делото. Нека се исправи нека ги рашири рацете и нека се развика на глас - ЈАС СУМ СРЕЌЕН гледајќи нагоре кон десно. Задржи се неколку минути во положбата, стани свесен за своето дишење и стани свесен за моментот сега и овде. Веднаш ја менува хемиската реакција во мозокот. Следен чекор - побарај помош. Јас се ежам кога читам на форумов колку АД пијат луѓево и при тоа за состојби кои и не треба, па и без постојан надзор на нашите незаинтересирани психијатри. Од таква состојба кон пиење на АД, неретки се самоубиствата, што е нели чудно. Објаснувањето е следно - телото реагира побрзо отколку емоциите. До тогаш изгубената иницијативност се буди и порешителен си да правиш работи, телото ја добива бодроста и енергијата, се губи млитавоста, а нерасположението се уште владее и му треба време на АД да делува и на тоа. Затоа ПРЕТПАЗЛИВО со АД!!!
Ова е вистина, ама малку реченицата може да биде погрешно сфатена од некои луѓе. Значи, посегнување по сопствениот живот не е одлука од 1 минута, ниту кризен момент. Одлуката за да се самоубие човек може да биде донесена во една минута, ако стои на мост или на врв од карпа, ама ако се самоубива со пиштол или со јаже, that shit takes planing. Сите самоубијци долго размислувале пред да го направат тоа. Вообичаено го прават кога „сфаќаат“ дека нема повеќе поента да се живее. Секако, зборам за оние самоубијци кои тоа го прават заради депресија. Оние кои се самоубиваат заради дечко, парични проблеми, школо и слично, тие не се со болест или проблем, туку едноставно се добитници на Дарвинова награда, зашто мора да има и такви, за ние да можеме да научиме преку нив, дека сите проблеми се миниливи и единствено, повикот од Свети Петар не може да се стави на hold.
Абе и на мостот да се качиш капетане е исто толку кога поминуваш покрај прозорот на степениците, го загледуваш украсното јаже што ја држи завесата соберена, го земаш и врзуваш за преградата од скелето на степениците и oblivion. Јас потполно се согласувам со пишаната реченица од Лилит за кризниот момент. Инаку и друг пат сум рекла на форумот, тој што се самоубива не прави никакви планирања, и се убива без грешка(најчесто), без да остава шанса дека некој ќе го најде на време и спаси. Друг муабет се очајните повици за помош и внимание. И да, многу од децава на кои криза им е скршен нокт не ги разбираат луѓево.
Мене ова ми е како знак на слабост и себичност. Не постои таков проблем кој не може да се реши ако се сака. Барем јас досега не сум сретнал. Сите биле во депресија некогаш, сите биле во некаков долг, поголем или помал, сите имале тешки моменти и сеуште имаат, сите изгубиле некој кој многу им значел, ама јбг life goes on. А зошто себичност? Затоа што не си сам како што мислиш, а тие на кои им значиш, им го правиш животот помизерен. Не знам, не можам да најдам никакво оправдување за ваков кукавички начин на "решавање проблеми". Какви проблеми си решил? Само си создал дополнителни за тие што си ги оставил зад тебе...
Самоубиството е голем гρев. Тоа го пρават слабите луѓе со κаρаκтеρ чија стабилност е сведена на 0, κои не се доволно силни да се избоρат во животот и да најдат начин за пρесκоκнување на пρепρеκите κои се појавуваат на животниот пат. Во тие момени, мислат деκа ќе се спасат од овој свет, но не се свесни деκа пρавејκи го тој гρев, нема спас од κазната на оној свет! Господ ни го дал животот и само тој може да ни го одземе! Ние немаме пρаво на тоа!
Може да се согласуваш со Лилит, согласувањето со некого е многу убаво и ме прави среќен кога гледам дека луѓето се разбираат и се сложуваат, ама тоа не значи дека си во право, сепак. Види, there is no oblivion за депресивци. Луѓе во депресија нема да се изнервираат и да ги удри panic attack и да немаат појма шо праат. Кај нив не постои мислата „леле колку ми е мука, колку сум депресивен, чекај ќе се убијам“. Депресивните луѓе живеат во поинаков свет, со поинакво гледање на нештата, со поинакво доживување, односно недоживување на околината. Не се сите депресивци со самоубиствени нагони, но оние кои се, идејата за самоубиство ја имаат подолг период и пред да се самоубијат, долго размислуваат за тоа, понекогаш зборуваат за тоа со околината, за на крајот да смислат како и кога ќе го направат тоа. Депресивците не се убиваат зашто им е тешко или мачно, не го прават тоа зашто никој не ги разбира, ниту зашто не им оди во животот, туку зашто не можат повеќе да издржат да бидат живи, зашто знаат дека се зомбија, дека се живи мртовци, дека сè што прават и што им се случува нема никаква смисла, ништо не ги усреќува, ниту расположува, ништо не им причинува задоволство, а единствено се насмевнуваат по инерција, зашто таков е општествениот кодекс на однесување. По подолго време измачување од страна на сопствениот ум, решаваат дека е крајно време да си го одземат животот и да попушти таа тежина која не може да се опише на обичниот недепресивен човек. Најчесто е опишана како товар или тежина која ги притиска постојано и не им дозволува ниту да дишат, во преносна смисла кажано. Јас го замислувам тоа како менгеме кое ја притиска душата, а самоубиството е единствениот начин да се заврти рачката која го олабавува стисокот. Затоа не е една минута, никогаш не е една минута.