Самоубиство

Дискусија во 'Психологија' започната од Bright, 16 март 2010.

  1. Sfera

    Sfera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2014
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    2.416
    На темава сум размислувала да пишам и претходно од страриот профил, ќе почнев да пишувам, ќе напишев неколку реченици и ќе го исклучев прозорчето.

    Сум имала обид, се срамам од сите луѓе кои знаат за тоа, се срамам од самата себеси како сум можела да го сторам тоа. Тоа беше некаде после матура, значи 18 години, "веќе оформена личност", имав караница која беше иницијална каписла, мало жарче да го разгори уште толку огнот во мене. Воопшто не ми беше планирано, едноставно во еден момент се најдов пред фиоката со лекови и знам само дека испив неколку (7,8,9,10) табелети за смирување. Потоа во полусвесна состојба сфатив дека јас се наоѓам во болница, моите околу мене, доктори, полицајци да си ја завршат својата работа, нели како што е редот.

    Кога и да се навратам на тоа, размислувам за причината, што е тоа толку трагично, што ме натерало да го направам тоа, секогаш доаѓам до заклучокот дека причината, проблемот кој тогаш сум го имала бил минорен во однос на тоа низ какви проблеми сум минала после настанот. Сум била на ум и да го повторам тоа, ама сега сум во друга ситуација, ситуација кога не мислам само за себе туку и за најмилото. Да,јас ќе го направам тоа, "ќе си се спасам", a како ќе му биде нему после тоа? Епа, како тогаш сум можела да бидам толку себична и не сум помислила на моите родители како ќе им биде на нив? За жал, на некои прашања одговорите ќе воочуваме многу касно;( Едниот мој родител година - две после тоа си замина. Болката е уште поголема кога знаете дека на некој начин и вие сте допринеле за тоа;(;(;(

    Солзите течат, душата боли, затоа и тука ќе го прекинам овој мој пост.
    Животот е еден, живејте го најдобро што можете! Можеби тоа ќе биде далеку од "идеалното" кое секој ден некој ни го сервира на Фејсбук, Инстаграм, ама мислам дека вреди да се обидеме да оставиме сеќавање за себе дека барем сме се обиделе да го живееме, а не дека самите сме си го одзеле тоа право.
     
    На Viki693, 1209, Umbrella22 и 10 други им се допаѓа ова.
  2. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Кога се зборува за самоубиство не размислувам на никого и ништо туку само на тоа „Што би вредело толку за да посегнам по овој еден ама вреден живот кој го имам“ Секогаш одговорот ми бил „Ништо“
    Сите се раѓаме и умираме, имаме еден куп проблеми, разочарувања и трагедии во животот. Ама секоја вечер си легнувам и си мислам за утре а не за тоа што било денес или пред еден месец. Самоубиството ич не ми е интересно. Каков таков животот е убав. Среќна сум што живеам
    Патем единствено како причина за самоубиство можам да ја разберам загубата на своето чедо. Господ да не чува од толкава болка а се друго нека оди у к****. Утре Сонцето пак ќе си изгрее
     
    На Umbrella22, zalosna, susi и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Каде е коментарот од @мајке_ми исчезна кој се самубивал 3 пати????????
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  4. TheBlueMoon

    TheBlueMoon Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2014
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    645
    Пол:
    Женски
    Незнам за вас, но јас не го оправдувам самоубиството.

    Можеби е начин за справување со проблемите, но не е оној вистинскиот. Со тоа се бега од нив, а наместо тоа може да се најде подобро решение.

    Не само што е кукавички чин, тој претставува и себичност према сите луѓе на кои си им значел нешто во животот.
    Можеби на некого навистина не му е мил животот, но што ќе постигне со самоубиство?
    Ништо! Ќе стави точка на својот живот, а зад себе ќе остави свенати и несреќни лица.
    На тој начин ја пропушта шансата да најде каде греши, да се поправи и да започне од почеток, со нови цели и идеи.
     
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.761
    Допаѓања:
    162.824
    http://www.elephantjournal.com/2014/11/the-other-side-of-suicide/

    Сфера, нема од што да се срамиш. Одживеј си ја болката и продолжи, утре без срам да му го раскажеш тоа на твоето дете, немој да го лишиш од твојата вистина без разлика дали ќе може да те разбере во моментот.
    Кои сме ние, кои се другите да судиме на тебе или на другите како тебе?
    Дали сме биле во ваша кожа во моментот кога пеколно сте се чувствувале?
    Или оние кои имаат биполарно нарушување, шизофренија и не знам веќе што? Само си замислувам како е да живееш со нивната глава и ми доаѓаат морници по цело тело, заробен си, а упорно еден забец во целиот систем ти закочува.

    Дали би се откажале од болен од рак? Не? Жал ќе ви биде? Епа така е и со луѓето со ментални болести, дури и полошо. Еднакво им се потребни луѓето и поддршката како секој друг болен.

    Интересен текст за другата страна на самоубиството.
     
    На Sfera, AziskaStrslenka и SV1911 им се допаѓа ова.
  6. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    716
    Пол:
    Машки
    Не знам како самоубиството би било кукавички чин, сепак за да се впери цевката од пиштолот врз слепоочница или да се скокне од шести спрат треба барем некаква храброст нели? Камиказите, бомбашите самоубијци или комитите кои се убивале со последниот куршум не биле кукавици. Во Бугарија се случија самозапалувања заради протест оваа година.

    Но тоа и не треба да се дискутира, бидејќи не спаѓа во тие категории, не е ниту храброст ниту кукавички, тоа е очај, кулминација на долгогодишни страдања, надолница која траела многу време.
    Да не заборавиме, за да човек посегне по својот живот мора истиот да престанал да го смета за вреден за живеење. Тоа е главното.
    Не сум сигурен дека можам да замислам потажно нешто од тоа, но не гледам причина за осуда на тој чин кој има своја генеза со години претходно, кога можеби луѓето вртеле глава на проблемите на идниот самоубиец, кога очајот го нагризувал, кога го избегнувале во друштво бидејќи бил ``депре``, кога психолозите со својата некомпетентност не придонеле ништо и мал милион животни станици на кои морал да се симне за да на крај остане сам, на последната станица, неможејќи да најде причина за живеење.
     
    На Abeja и imelda им се допаѓа ова.
  7. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.339
    Допаѓања:
    51.772
    Пол:
    Женски
    Кога се спомнува кукавички чин, не се мисли за немање храброст да се впери цевката врз слепоочницата, туку немањето храброст за соочување со настанатите проблеми. Од таму потекнува кукавичлукот!
     
    На 1209, Umbrella22, TheBlueMoon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Lefk

    Lefk Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2014
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    130
    Значи сега знам! Питу Гули и други револуционери и востаници биле кукавици.. А ние ги сметавме за херои :(.Не го разбирам ова твое убедување. Значи како прво не можеш за човек кој се одлучил на таков чин да го наречеш кукавица, пошто има луѓе кои во себе си носат тегоби и проблеми од кој ти неможеш ни 1% да замислиш и знаеш како му е на тој човек .Тие луѓе се најчесто во безизлезни нерешливи ситуации во гадни состојби. Не дека го оправдувам ова посебно не за некој тинејџери кои повеќето имаат не толку страшни проблеми, но сепак има и такви кои едноставно немаат избор. Еве земи го примерот за Питу Гули што ако и да бил ,,херој" и онака ке умрел набивајки го на кол или нешто друго по грозоморно. Некој луѓе и во денешниот свет се наоѓаат во вакви слични ситуации немора на бојното поле може и во канцеларија или било каде. Речениците како твојата обично ги кажуваат луѓе кои немаат доживеано вистинско тешко во животот или пак доживеале и пребродиле па сега солат памет незнаејќи дека некои луѓе се во мнооогу поголемо и позаебано тешко каде животот не е живот туку болка и страдање за кое нема лек и крај.
     
    Последна измена: 4 декември 2014
  9. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.339
    Допаѓања:
    51.772
    Пол:
    Женски
    @Lefk Не сме сите родени исти. Точно е дека ние луѓето делиме 99,9% совпаѓачка ДНА, меѓутоа сепак постои разлика. Остатокот од 0,1%. Тука сме различни. Различно регираме на топло, ладно, глад, загадување, љубов, болка, тага, притисок, стрес итн.
    Животот ни е даден да го живееме на подарок. Животот е непрестана борба со секојдневни предизвици, искушенија, проблеми. Има и вивнувања има и падови. Од нас зависи како ќе го живееме и како воопшто ќе се поставиме во однос на се околу нас. Не треба лесно да губиме надеж. Треба да бидеме скромни и реални во очекувањата. Понекогаш молитвата и времето лечат се.
     
  10. Lefk

    Lefk Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2014
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    130
    Само уште ова да го кажам. Па баш тие работи што ги наброја луѓето најслично реагираат, или ти се замислуваш како superhuman :). Робин Вилиамс мислиш дека човекот од узур го направил тоа? Човекот има се би можел најдобрите психолози и психијатри да ги најми а веројатно и најмил, башка човекот со години пател од тешка депресија. Мислиш дека несакал да закрепне не се трудел ? Зошто времето не лечи? Знам случаи со воени ветерани каде минуваат декади во псих. болници и на крај пак се самоубиваат. Психичката болка знае да биде по мачна од физичката понекогаш. Изговорот со молитвата... да не се молел на погрешен бог случајно?.. хммм ај да не досаѓам залудно е да се објаснува.
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  11. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.339
    Допаѓања:
    51.772
    Пол:
    Женски
    Се што мислев во врска со темава кажав. Само ќе додадам @Lefk Се надевам дека кога го оправдувате самоубиството кај другите, не го оправдувате за себе! Шалом!
     
  12. Acisal

    Acisal Активен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    165
    Абе какво самоубиство не штракајте зелени туку таму. Ајде малце елан покажете. Напијте се едно кафе да ви се дигне расположение.

    Еве ви малку за да се опуштите:
     
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.761
    Допаѓања:
    162.824
    Работата е што ти философираш, а ни збориме за луѓе кои се болни и патат од депресија.
    Тоа ти е исто како болен од рак, само овде не можеш физички да го видиш, барем со око. Хемијата во мозокот им е променета и не е прашање на воља или борба или веќе не знам што, туку едноставно му недостигаат одредени хормони или неутрасмитерите не ги пренесуваат информациите правилно или воопшто.

    Аман... никој не го гледа самоубиството како нешто прифатливо и нормално, туку е ужасно, се трудиме да ви објасниме зошто некои луѓе го прават тоа. Многу мал дел го прават од моментален афект.
     
    На JustFun, crimson, nevermet18 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    716
    Пол:
    Машки
    Не е толку едноставна работа тоа. Што ако се соочи со проблемите а не гледа излез? Или навистина нема излез? Таква фактичка ситуација или перцепција за таква ситуација, комбинирано со хемиски промени во мозокот кои се појавуваат при разни стадиуми на депресија е доволно за да особата се најде во ситуација кога го смета животот за невреден за живеење.
     
    На nevermet18 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ema28

    Ema28 Активен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2014
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Женски
    Ова е последното нешто што би го направила. Ама. Изгледа дека немам друг избор. Не сакам да умрам. Не сега. Ама што ми преостанува? Не ова не е затзатоа што дечкото ме оставил па вени ќе сечам или не знам што. Ова е толку тешка ситуација за која излез друг нема.
     
  16. JackNicholson

    JackNicholson Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2013
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    40
    Непостои проблем без решение, некогаш стои пред нас а неможиме сами да го видиме, САМОУБИСТВО хах нее последното нешто што би се направило туку нее вредно ни зборот да се спомни во споредба со тоа колку вреди зборот ЖИВОТ, разговарај со некој што би можел да ти помогни да го решиш твојот проблем или што би ти објаснал колку вреди ЖИВОТОТ
     
  17. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Јас не гледам ни една ситуација поради која би посегнала по својот живот. А тоа што ти гледаш, не значи дека имаш поголеми проблеми од другите, туку дека не си доволно храбра да се соочиш со истите. Самоубиството е знак на слабост. А кога си доволно храбра да пишуваш за тој чин, тогаш имаш и храброст да го надвладееш секој проблем
     
    На mackica1 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Vertigo TJ

    Vertigo TJ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2014
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    Секогаш има друг излез. Всушност самоубиството не е никаков излез, размисли само што останува после тебе. Сигурна ли си дека тоа на некој начин ќе ги подобри работите? НЕ!
    Запамти само едно: Се што денес ни изгледа нерешливо, после некое време ќе ни изгледа смешно.
    Дај си време да се средат работите.
     
    На mackica1 и Retro им се допаѓа ова.
  19. Ema28

    Ema28 Активен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2014
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Женски
    Верувајте сум се обидела милион пати на милион начини. Ама излез нема. А да прифатам вака да живеам не можам бидејки е претешко, ете се борам за мајка ми и брат ми бидејки не сакам да ги повредам ама што да направам?
     
  20. JackNicholson

    JackNicholson Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2013
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    40
    Бројот милион нее најголемиот после него иди милион и еден, можиме само да ти даваме утехи и мисли кои за тебе би биле безвредни, никој од нас неможи да ти помогни или да ти кажи совет доколку не го знајме проблемот, форумов е анонимен зошто не се опуштиш и не кажиш што те мачи па да се обидиме сите да ти помогниме? после секој бура има фантастично време па тука сне да ти помогниме да ја пребродиш твојата, зошто и сама кажа дека имаш луѓе за кои да вреди да се живее, сакаш ли доживотно да ги повредиш ?
     
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.