Јас сум најлоша личност. Од мене сите бегаат, освен мајка ми и брат ми бидејки немаат срџе за тоа. Оцрнета сум пред сите. Кај и да сд појавам сите бегаат. Сега ќе речете што се замараш со другите, ама не се неколку. За друштво сите бегаат, роднини исто, фатив дечко и тој ме остави а и кај него сите најлошо мислат за мене а тој се срамеше од мене и сега и тој ме мисли за најлоша. Јас само лоши работи правам. Јас сум налоша нели.
@Ema28 Зошто така мислат? Си направила ли нешто страшно? Убаво ти кажа @JackNicholson анонимни сме, нема зошто да не ни кажеш кои се тие проблеми низ кои поминуваш и тежок период да можеме било како да ти помогнеме. Ништо нема да постигнеш ако кренеш раце, се откажеш и посакаш да умреш. Тоа е најлесно, тешко е да се избориш за себе, тешко е да станеш секој пат кога ќе паднеш.
Се додека можеш да застанеш пред огледало и да си го видиш одразот, ќе можеш да го забришиш огледалото а и да се нашминкаш за да изгледаш поубаво. За тоа можат да ти помогнат стручни лица. Се додека чекориш по Земјата, можеш да ја креваш главата горе. Што кога ќе те нема? Ќе заминеш со наведната глава? Дали тогаш би била задоволна? Не верувам.
Глупости! Секако дека си силна да се избориш со било што. Ние луѓето сме многу многу посилни од колку што си мислиме. Шо немам преживеано. Многу работи... Ако ти треба разговор пиши ќе ти објаснам шо значи да ти е тешко во животот. И ќе ти кажам како се излегва. Самоубиството не е решение.
Повеќе немам сила. Велат надежта последна умира ама и таа на крај умира. Јас немам ни надеж повеќе. Секој ден се повеќе и повеќе се уверувам дека судено ми е вака цел живот, едноставно така ми е пишано...
@Ema28 ова прв пат го пишувам на форум бидејќи и самото куцкање на зборовите ми предизвикува болка но мислам дека најубаво можам да ти ја доловам поената на она што сите погоре се обидуваме да ти го кажеме, преку мојот личен пример. Имено, пред 5 години дојде на свет мојата ќеркичка. Човек ќе помисли тоа мора да е најсреќниот ден во мојот живот но за жал не беше така. Таа се роди многу рано, беше многу мала, толку мала што беше болно да ја гледаш. Воопшто не наликуваше на оние бебиња што ги држеа мајките што лежеа во креветите покрај мојот. Згора на се мене не ми дадоа ниту да ја допрам, ниту да ја почувствувам, да и променам пелена....не, ја затворија во една мала футуристичка кутија, ја приклучија на некои апарати и ставија маска која и покриваше 3/4 од лицето а мене ме пуштија дома. Не смеев да ја гледам, да ја посетувам... Но дали тие денови беа најстрашните што ги преживеав? Би сакала да беше така. Маките дојдоа покасно. После неколку месеци увидовме дека со моторниот развој не ги прати врсниците па следеше период на влечкање од една клиника на друга, од еден град во друг. Најболниот момент беше кога еден таканаречен доктор се усуди да постави дијагноза. Рече дека со нејзината состојба никогаш нема да прооди а ќе биде среќа ако научи сама да се храни.... Колку ми беше тешко може да ме разбере само родител. Мојот свет беше срушен, навистина не гледав излез од оваа ситуација, знаев дека целиот живот ќе ја чувствувам таа болка и дека ниту еден ден од оние што ми преостануваат во животот нема да боли помалку. Сепак, ВО НИТУ ЕДЕН МОМЕНТ не помислив дека самоубиството би било некакво решение. Во ниту еден момент не сакав да побегнам од реалноста, ниту седатив, ниту антидепресив прифатив затоа што не сакав да побегнам од проблемите туку бев цврсто решена да се борам со нив. Овој пост би бил предолг ако се низ што поминав се обидам да опишам затоа ќе скратам. По две години ќерка ми одлучи да ги демантира сите. Благодарение на Бога, и надчовечките напори мои и на мојот сопруг, таа ги достигна врсниците и денес во ништо не се разликува од нив. Оди на градинка, црта, пишува, пее, трча и секој ден ме потсетува дека се е релативно во животот. Работите се случуваат со причина, а секоја болка не обликува во поинаков човек. Низ што и да минуваш сега знај дека не е трајно, ќе се промени, ќе биде подобро, а на крајот ќе излезеш поцврста и подобра личност од тоа што си.
Ах, душо моја. Најболно нешто е чедото и секој друг проблем е небитен. Штета што оние кои не родиле не сфаќаат дека се е малку болно спрема она што го напиша. Мило ми е за малечката. Да дочека длабока старост и среќа и здравје да ја пратат на секој чекор
Навостина многу ме трогна со ова што го напиша, мене малку ми фали за да заплачам. Додека го читав ова солзите сами почнаа да течат. Да речам знам колку ти било тешко ќе те излажам бидејки сеуште не сум мајка, сеуште не сум осетила на своја кожа, ама знам дека е многу болно. Браво за тебе и за ќеркичката, од срце ви посакувам понатаму се најубаво и никогаш да не се повторат тие болни моменти. Јас не знам како да ви објаснам дека се наоѓам во многу тешка ситуација и не е минлив период да беше минлив досега ќе завршеше, ама ова е од самото мое раѓање.
За секоја ситуација постои решение. Секоја планина своја тежина. Зарем постот погоре не те наведе да ја опишеш твојата нерешива состојба!? Опиши, па сите заеднички ќе се потрудиме (виртуелно) да најдеш излез од состојбата во која се наоѓаш.
Не знам како да ја опишам ситуацијава. Јас не можам никаде да се вклопам и снајдам. Никој не ме сака ни за друштво, ни за врска, ниту пак на работа да ме прими. И како јас ќе живеам? Да отидам на планина да живеам. Кога целиот свет е на една страна јас на друга, кога сите се нормални јас не сум. Како цел живот сама? Како без работа? Како да не се омажам? Како јас ќе живеам вака? Веќе почннав да не излегувам од дома освен ако е неопходно. Каде и да се појавам јас сум ненормалната. И тој единствениот што беше до мене и тој ме напишти и остави и во право е, доста го срамев пред неговите и сите, тој не го заслужува тоа ама признавам зборовите што ми ги упати иако беа вистина болеа. Каде и да се појавам оставам лош впечаток, јас секогаш сум најлоша во очите на другите и незнаете колку грдо е тоа. И како да живеам кога каде и да се појавам сум оцрнета, кога не ми останаат ни роднини, ни друштво, ни дечко, никој?! Кој ме познава се најлошо мисли за мене. Ете јас сум поинаква од сите. Јас не припаѓам на овој свет. Грешка е што сум се родила. Јас не знам да се однесувам како сите останати. Јас не треба да живеам ама еве уште сум жива и кога и да посакам да го направам тоа ми тетекнува на брат ми бидејки сум му потребна, а и тој мене.
Цело време повторуваш едно исто. Искрено незнам што е тоа толку грдо што си го направила па никој што не те сака.Колку и да е лошо јас верувам дека може да оди кон подобро и да се поправиш самата но тебе ти е потребна волја која ќе те турка напред за да успееш.Доверба во себе и сила за секој нареден ден,за патот кон успехот.
Имав намера ова злодело да го сторам... ама ете не собрав доволно сила и си нанесов мали штети. Сега се лекувам, побарав стручна помош. Но и сега не ми е се сјајно, повторно ми е лошо, животот не го гледам како убав но сепак подобра сум од порано. Дојдов овде да ви кажам да не губите надеж, ете јас се спасив, можете и вие
Се кажа само едно нешто не кажа. Истото што те праша Викторија и јас ќе те прашам. Што е тоа толку грдо што си го направила или го правиш што сите те отфрлаат!? Се што сум болдирала се сведува на исто прашање. ЗОШТО? Зошто толку многу се потценуваш?
Зошто? Затоа што е така. Не знам како да ви објаснам. Јас од сите поинаку се однесувам. Секогаш кажувам несоодветни зборови кои не ми долекуваат, неубави дела, грешка, по грешка, однесување 0 а кога ќе се свестам касно е. Како се не ме нарекле и колку само ми се смееа многумина.. Убаво рече бившиот кај се зацрнив со тебе. Не ми е криво што раскинав со него, туку криво ми е што јас неубво се однесував и сега како он така и сите ме мислат за најлоша. Раскинување врска е нешто нормално, не сите врски успеваат не сите си одговараат ама јас се обрукав, се понижив самата како никогаш досега. Не сакам да бидам таква личност. Ама упорно и упорно се пповторува тоа.
Пак ништо конкретно не кажа, не можеме зборовите со клешта да ти ги влечеме! За зборови и јас сум пис на уста и што мислам во моментот тоа кажувам без да филувам, па никогаш не сум се чувствувала дека толку многу во се грешам. Тоа се различни карактери односно сите луѓе не се исти. Како прво ти немаш самодоворба се што ќе направиш мислиш дека е грешка. Поработи малку на себе, не се сокривај од околината ништо не е пострашно од изгубен човечки живот. Најголемите криминалци умираат па пак има некој кој што жали по нив.На крајот на краиштата посети психолог доколку можеш да си дозволиш.
Ако си и самата свесна за тоа, постојат техники со кои тие проблеми се совладуваат. Штом веќе си признала самата на себе некои работи си го направила првиот чекор. Сфати го ова како шанса за нов почеток и престани да се обвинуваш. Почни да правиш радикални промени и многу работи на себе. Побарај помош од стручно лице, групни терапии, конгитивно-бихејвиорални терапии, тренинзи, развивај пасии за нови сшпортови, нови музики, нови луѓе нови работи. Доколку се докажеш себеси како нова личност со доблести и квалитети верувај ми дека многу брзо и оние кои сега те познаваат ќе те прифатат како таква. Од пишаното множам да заклучам дека не си глупава или неписмена особа. Ех полн е нетов со `старлети` кои не знаат да се изразат и плус се гордеат со своите неморални активности. Па и понатаму живеат и со крената глава шетаат. Ти своите грешки (кои и да се) си ги увидела и тоа е најважно, почни да се менуваш, заслужуваш шанса за подобра иднина без оглед на твоето минато!
Искулирај, смири се. Не си ти едниствената на светот која што мисли и се чуствува така. Да ти кажам неколку факти кој што сигурно би те расположиле. Жива си, здрава си... Имаш живот значи, некој нема рака , некој нема нога.. сеуште живее. Некој бил силуван многу пати па сеуште живее и се смее. Сигурно има еден човек на светов кој што те сака таква каква што си без причина. Отиди во планина, искулирај, размисли си на раат.... таму барем можеш да се споиш со природата и да си ја спознаеш сопствената вистина. Читај книги, имаш прекрасни книгички кој што би можеле да ти го сменат животот. Почни да слушаш убава музика, смени го имиџот...флертувај со мажи. Најди си добар сексуален партнер со кој што ќе имаш квалитетен живот. Едноставно смени си ја перцепцијата за себе и околината прибидејќи ,верувала или не, се е до нашата ПЕРЦЕПЦИЈА , се останато е релативно и нетолку релевантно. Уживај во животот и најди си хоби, пасија, издувен вентил.. Премногу е убав , а во едно краток животот за да се замараш со проблеми и непотребни работи.