1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Самоубиство

Дискусија во 'Психологија' започната од Bright, 16 март 2010.

  1. wild.child15

    wild.child15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2010
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    13
    Не можам да сватам што сакате да кажете со тоа ...Ние ли даваме живот?Па кои сме ние тогаш да одземеме... Не сум дала живот на никој... но доколу би дала на некој живот тоа воопшто не би ми дало право јас да му го одземам после...Секој си има право врз сопствениот живот.Никогаш не сум помислила на самоубиство и воопшто не го оправудвам , иако има исклучоци .. како на пример кога некој е смртно болен и го очекува болна смрт... зарем мислите дека е подобро да се мачи отколку да премине во тој друг свет мирно.Посебно кога би се работело за некој мој близок, колку и да ме боли би била помирна кога би знаела дека не се мачел пред да умре.Самата помисла на тоа дека морал да трпи преголма болка при самиот крај ми претставува ужас.Или пак на пример војниците кога се на бојно поле.. многу од нив остануваат така осакатени, во болка очекувајќи ја смрта секој момент.Зарем е ова подобро? ... И јас мислам дека самоубиството не е решение кога станува збор за некои депресии во кои најчесто навегуваат тинејџерите како на пример: поради одбивање од своите врсници... но сепак иако не ги оправдувам во никој момент не би ги осудила и не би ги нарекла кукавици.. размислете подобро има многу млади кои го завршиле својот живот поради понижување и одбивање а кој е крив за тоа? Несвесните тинејџери кои се однесуваат немилосрдно кон послабите и по “ забеганите’’ како што ги нарекуваат тие.Или пак недоволното внимание на родителите кои не успеале навреме да забележат дека со своето дете се случува нешто бидејќи сепак пред некој да изврше самоубиство мора да помине низ силна депресија.
    Исто така не можам да ги осудам оние кои ги изгубиле сите свои блиски останале сами на себе и не добиле подршка од никој па се одлучиле за таков чекор.
    Во другите случаи како што е на пример несвесниот син сопруг и татко кој навлегол во долгови па го видел тоа како најлесно решение оставајќи ги зад себе сркшени од болка своите најбслики, го осудувам и можам да речам дека се кукавици ....
    Поради овие причини не можам да речам дека самоубиството е кукавечки чин како што и не можам да речам дека е решение за секој проблем.Скоро сите проблеми се решаваат и никогаш не терба да помислиме на тој начин да го отфрлиме овој дар кој што секој има можност да го добие еднаш.И кога сте најразочарани мислите на блиските на семејството на оние кои секогаш биле и ќе бидат тука за вас да ви го разубават денот и да внесат барем малку светлина во темнината која што ја гледате околу вас.
     
  2. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.650
    Пол:
    Женски
    Самоубиство - погрешен обид да се побегне од проблемите. Ако имаш проблем реши го зашто ако се самоубиеш на твоите ќе им останат и нивните лични, и твоите лични проблеми и проблемот што повеќе нема да те имаат покрај себе.Ако се убиеш себеси, ќе убиеш уште неколку личности на кои си им сраснал во душите!
     
  3. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Самоубиство ..... Не е решение тоа!
    Што си посеал, тоа и ќе жнееш! Тоа е факт, и мора да се прифати,а не да се бега од реалноста! Ако бегавме сите, кај ќе ни беше крајот??? Ама тука сме, се бориме со крајни сили, за подобро утре, за подобар живот! Ако се сожалуваме, ништо не постигнуваме, животот е константна борба, дар од Бога, и немаме право да го одземеме, затоа што некој друг ни го дал......
     
  4. portugalcanka

    portugalcanka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    3
    Да сум размислувала. Можеке бидам многу осудувана, но ете. Дознав дека мојот дечко, всушност има друга со која оди многу подолго од мене и дека ке прават свадба. Планирав да купам пиштол и да го убијам , па да се самоубијам. Но запознав друг децко кој ми ги отргна мислите. :talk:
     
  5. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    739
    Да. И не се страмам од тоа. По каректер сум многу позитивна особа, со ТОЛКАВА самодоверба која ужива и го сака животот. Кога јас се најдов во ситуација да помислам дека единствено решение е куршум во глава и буквално да имам храброст да го направам тоа, тогаш со сигурност знам дека секој може да се најде во таква ситуација. Идат лоши периоди во животот и некогаш треба многу сила да се преживее она што ти се случува. Не се проблеми во животот дека ќе ти се скарал дечкото, па си го видела со друга па не знам шо. Јас искрено денес се смејам на тие работи, не дека нема да ме повреди, ама ќе се сетам што се сум преживеала и што се може да ти приреди животот па одма губат значење.
    Сепак едно искуство лошо во живото ме научи да не гледам на себе како толку јака и дека сепак можи мене нешто да ме скрши. Не оправдувам самоубиство, секогаш се обидувам да најдам решение за секој проблем...но како што кажав никој не знае што се може живото да ти приреди.
     
  6. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.904
    Самоубиството не е излез, ниту пак решение од некакви ситуации. Но кај одредени случаи и личности би го оправдала. Личностите кои пробале да се самоубијат или пак помислиле на самоубиство не ги сметам за нестабилни луѓе, тие само подлегнуваат на проблемите кои ги имаат. Не зборам за проблемите како „дечкото ме напушти“ , „другарките не ми зборуваат“ ... и слично. Туку за проблеми кои навистина ти создаваат болка, или пак ако цело време ти се создаваат нови проблеми. Оние луѓе кои пробале да се самоубијат ги сметам за многу храбри луѓе штом се одлучиле да сторат нешто такво.
    Тие што сакаат да сторат нешто такво, дефинитивно прво треба да се запрашат што прават и дали нанесуваат болка на останатите. Со самоубиството се губат останатите убави нешта што животот може да ни ги пружи, никогаш не можеме да знаеме што ќе се случи утре. Животот е еден, треба да го проживееме на најдобар можен начин.
     
  7. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Тоа го прават лабилни личности. На тоа гледаат како излез на проблеми. Некаде читав некоја статија од некои си психолози - истражувања дека таквите личности- самоубијци се раѓаат како такви. Тоа им е пишано во нивната генеза. Инаку не е наследен ген ниту пак болест.
    По еден неуспешен обид на убиство ке следи друг и кога тогаш ке си го направат замисленото.
     
  8. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.027
    состојба на слабост=самоубиство.
    брутално е да посегнеш и кренеш рака на себе
    жално е да стигнеш до тој стопен да не постои и да се одлучиш на тој чекор
    помисли на поубавите работи во животот колку и да имаш само темен тунел без излез
    овие мисли ме водат мене и ги препорачувам на сите оние кои барем еднаш помислиле на овој чин,да не кажам на убиство |-)
     
    На Mygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Како помала често размислував за ова, дури мислев и дека ми е проблем. Си имав увртено во психата, дека моите не ме сакаат, дека џабе живеам. Дури и имам скокнато од вториот кат дома од прозорец, ама немав ни една единствена гребнатинка. Сфатив дека господ ме сака, и сака да сум подолго на земјава. Видов што се направија моите рдители после обидот и престанав со тоа. Сега кога ќе се потсетам се ежам.
     
  10. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Луѓето се борат со неизлечливи болести се надеваат за подобро утре- а некои луѓе сакаат сами да си го одземат животот? Треба да бидеме среќни што ни се дала шанса да живееме на овој свет и треба да го искористиме времето кое ни останува за живот максимално.
    за секој проблем има решение па и да нема треба да продолжиме да се бориме - животот е тежок? ајде сите а се самоубиеме тогаш цццц
    Себични се тие кои се самоубиваат зар не мислат дека некој ги сака,се грижи за нив
    семејството пријателите
    во каква ситуација ќе ги доведе нив? |(
    Добар човек и човек којзнае да живее своите постапки ќе ги прави после помислата дали ќе ги повреди со тоа своите најблиски.
    Животот е убав ако знаеш да го живееш!!!
     
  11. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Ах за да се самоубиеш е потребно многу храброт и ич памет !
    По грд начин на умирање нема.
     
  12. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    Не сум помислила и мислам дека додека ме служи овој здрав памет нема и да помислам.
    Луѓето се соочуваат со страшни проблеми,ама да гледаш решение во тоа што ќе си го одземеш животот е бесмислено,кукавичко,глупаво и како ли уште да го наречам.

    Нмаесто да гледаме на животот како на најубав подарок,да бидеме среќни што се будиме секој ден спремни да научиме ново искуство,да уживаме во среќата и во можностите што тој ги нуди, треба да паѓаме во депресија и да зацртаме во главата дека кога ќе не нема ќе видат сите колку сме им биле значајни и колку ќе фалиме некому.Булшет!!!

    Едноставно за мене тоа се луѓе што смислата на животот ја гледаат во нечие сожалување а еднаш веќе кажав од нив имам проблеми со дигестивниот систем :puke:
     
  13. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.513
    Нормално дека како рационална особа ќе кажам НЕ за самоубиството.
    Но што е со оние луѓе кои се рационално хендикапирани, или неможат да расудуваат како такви. Немора да е сериозна психичка болест, може да е едноставно анксиозен напад или бихејвиорално нарушување.
    Што ако личноста не по своја волја извршува самоубиство.
    Тука влегуваат многу фактори...како што спомнав психичка деменција, внатрешни гласови, изместена реалност или манипулација од страна на некој трет, или (одам до крајности) сатанистичка секта да речеме.
    Кога на човек му е `мозокот испран` со помош на моќта на реториката, можеби си го одзема животот бидејќи е убеден дека после смртта го чека вистинскиот живот и.т.н.
    Што е со оние деца-самоубијци?
    Позади повеќето саумоубијства, внушност, се кријат убијства!
    Не секогаш треба да се осудува оној, кој посегнал по сопствениот живот!

    Неможев ова да го премолчам....Едноставно успеа да ме пресмее! Добро бре луѓе нели ги читате коментарите на останатите членови или само постирате?
     
    На bestrasnost123 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    Кога ја прочитав темава се присетив на еден момент кога бев на работ на самоубиството,но секако не го направив тоа- само мисловно. Бев на работ на животот, барем така си мислев со моите 17 години тогаш, тој што го сакав( маж ми) ми раскина :D , леле сега се смеам но тогаш мислев дека е крај на светов не ми беше ништо поважно од него, само колку бев заљубена во него, колку го сакав, бев дете. Западнав во голема депресија и мислев дека нема живот за мене понатаму, го изгубив него исто како да се изгубив самата себе. И додека чекорев низ таа депресија од 3 месеци се врати тој и ме спаси. Дури си имав и дата кога ќе се убијам-леле само колку бев разочарана од животот :(
     
  15. manda

    manda Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Здраво на сите членови на форумов
    Не можев да најдам тема за психопатија, во тој случај највероватно таму би пишувала.
    Јас можам да се "пофалам" со едно искуство со човек што сака да изврши самоубство, или барем јас во тоа сум верувала. Се работи за мојот бивши дечко. Врската од самиот старт ја почна со 300 лаги, за кои јас постепено дознавав, а после неколку наши средби тој веке беше спремен да се убие ако не останам со него. Јас бидејки сум таква жалослива, поминував низ се и се обидував да му помогнам на секаков начин. Неколку пати го спасував од самоубиство, викав брза помош и сум била дел од сцени за кои не можете ни да помислите и се чувствувам крајно истрауматизирано. Лагите негови не престануваа, молење, плачење, користеше секакви методи само да биде со мене... моите чувства не му беа важни, важно беше само јас да бидам со него (колку себичнно). Како и да е на крај кога видов дека јас не можам да му помогнам, а себе си се доведов на раб на лудило... пробав да се оттргнам од него, мегутоа никако не можев и на крај пријавив во полиција. Следуваа бројни уцени и закани... ама бев решена веке на се, толкав притисок чувствував и сеуште чувствувам зашто ова е од пред некој ден...
    Како и да е ... што се однесува до самоуб. јас мислам дека не постои ништо што би е довело до тој чин. Мислам дека тоа го прават емоционално лабилни личности со по некои трауми од детство... во секој случај вреди да се обиде да им се помогне .. ама внимателно ... да не нагазите као што нагазив јас...
    поздрав
     
  16. strangewoman

    strangewoman Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    367
    ^Фала му на бога досега не сум била во врска со таков човек, но знам една моја другарка која што беше во слична ситуација како твојата. Нема да раскажувам што и како беше, само ќе кажам дека успеа да се одалечи од него-не знам ни сама како и сега има среден живот.
    Јас искрено досега не сум размислувала за самоубиство и не ни сакам да помислам. Си го сакам животот каков што ми е. Знам дека секако може да се изненадиш од него, ама да си го одземам шанса нема :x
     
  17. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Леле колку те шлапнал пубертетот тогаш во мозочето
     
    На irenna му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    да, имам помислено, и тоа такви мисли ми се јавуваат а верувам и на сите останати, во оние тешки тешки моменти, кога нешто многу лошо се случило на љубовен или професионален или каков и да е поглед..но нормално немам гз да го сторам тоа, што значи ме служи здравиот разум.се надевам и ке продолжи :)
     
  19. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.513

    Да не сме оделе со истиот дечко? :$ :D
    Додуша мене не ми беше дечко, ми беше `интермецо` помеѓу две врски, бидејќи фала му на Господ на време видов со кого си имам работа. Леле какви проблеми ми правеше....Се мавтавме околу месец дена, ништо сериозно...но кога почна да ми рика во школски двор, да крши стакла, плаче и си мава боксови ми стана јасно колку е саат. После тоа цела година ме малтретираше, а секој ден навестуваше дека ќе се убие, пишуваше писма проштални, за подоцна да ме замрази и обвини дека јас сум му го уништила животот (ха, а пред тоа му беше совршен)
    До кои крајности одеше типот неможам ниту да ви објаснам. Јас бев избезумена, дури еден период и јас и домашните бевме во паника, бидејќи дома ми доаѓаше во ниедно време и правеше театар пред комшиите. :tmi:

    Но (како што тоа обично бидува) еве го жив здрав сеуште, и сеуште секој ден се беси и убива само што е тоа сега друга девојка која му го уништува животот. :wasntme:
    `куче што лае не каса`... ;)
    Како можев и јас идиотка да наседнам на неговите `тажни` приказни и трауми од детството, како тој да е единствениот човек на земјава кој пати. Психопат!
     
  20. manda

    manda Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Ова што го прочитав верувај ми делува како јас да сум го пишувала... буквално се до збор... Од ненормално плачење без оглед на околината, кршење чаши од глава, пиење таблети пред мене као ке се труе, па земање нож као ке се коли... а јас го спречувам... ова е само дел од сценаријата...Па ке дреми пред зграда како куче на дожд само за да го сожалиш, ке ме чека пред зграда кога одам на работа, доаѓа на работа. Е сега сум под клуч и на работа и да ти кажам веке станав параноична на се се приштрекувам.
    А за филмовите што ги правеше е посебна приказна, траумите што ги имал во детство како бил малтретиран, па бегал... па не знам како се снаоѓал, па после како сите го оставиле, правел се за нив а сите со лошо му вракале. Стварно има 300 други филмови и лаги на кои не сакам ни да се присетувам.
    Штом си го доживеала и ти сето тоа сигурно веке имаш и прочитано за психопатија (јас многу добро ја имам проучено таа тематика и конечно правам нешто за да си го решам проблемов ). Патолошки лажговци и многу добри манипулатори, немаат чувства но многу добро знаат да ги одглумат.
    Сега 2-3 дена го нема као ке се убиел, ама мислам дека по извесен период повторно ке ми дојде со нова приказна...Те молам кажи ми што презеде ти и на кој начин се реши од него... фала ти многу...