Самоубиство

Дискусија во 'Психологија' започната од Bright, 16 март 2010.

  1. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    ????:^)
    Епа ај тогаш сите со психички растројства да слушаат само музика и да читаат книги па така да се лечат ?!

    Што се не ќе прочиташ....
     
    На MilaP, Bender Rodriguez, Jordanovska-K и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.199
    Допаѓања:
    5.143
    Пол:
    Женски
    Има различни психички растројтва таа не е шизофреник или сл.
     
  3. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Станува збор за психички проблем кој ни јас ни ти не знаеме дали го има или го нема.
    Депресијата е сериозен проблем, и тој стручниот кај кого треба да појде, ќе оцени дали треба или не треба да прима терапија.

    Не е работава „Еј ми се умира, дај книгиче некое да читнам за да не се обесам на таван.“ :^)
     
    На natemila, Bender Rodriguez, Jordanovska-K и 2 други им се допаѓа ова.
  4. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    52.524
    Пол:
    Женски
    Девојката размислувала за самоубиство, ако тоа не е доволно сериозно, не знам што е.

    Има разлика меѓу лошо расположение и тага, и депресија. Не е така едноставно. Мислиш неа не и текнало до сега да си пушти музика и да земе книга? Не поминува така едноставно.
     
    На Bender Rodriguez, Jordanovska-K, kjukli и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.199
    Допаѓања:
    5.143
    Пол:
    Женски
    Нема да се убие, тоа е дете само што се разочарало од нешто, кој самоубиец пишалдека ќе се самоубие ??? и самата кажува дека и е страв. А дека треба со психолог да разговара тоа дефинитивно треба. Депресијата е проблем ама верувај да ја запната физички по 10 часа на ден да работи депресијата ќе ја снема.
     
  6. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Аха, значи покрај музика и книга, ако си зафатен цел ден нема да имаш депресија?! :drunk:

    Ајде сарказам на страна, многу голем процент од самоубиствата се извршени моментално, без предходно големо размислување како и од каде да се фрлат.
    Многу луѓе размислуваат за тоа, ама еден клучен момент има кога се решаваат на тоа, идат и го прават.

    Ни јас, ни ти, ни никој на темава, не знаеме дали некој ќе изврши навистина самоубиство.
    Дете или не, има многу млади луѓе на таа возраст што посегнале по својот живот.
    Проблемите, за тебе не толку реални, не значи дека не постојат кај личноста.
    Со негирање на проблемот, не се помага, ама ич.


    Ама ХИЧ.:D
     
    На eloves, natemila, Bender Rodriguez и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.199
    Допаѓања:
    5.143
    Пол:
    Женски
    Остави сарказам поим немаме што е навистина работата, а и нема ни да знаеме ама и не е решение да се преплаши и уште повеќе да се чуствува несреќна.
     
  8. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.162
    Допаѓања:
    175.226
    Пол:
    Женски
    @Outlook еден ден страв ќе ѝ биди, друг ден страв ќе ѝ биди. Нема крај на мислите, еден ден ќе ѝ скурчи, додуша повеќе за плашам за оние кои не кажват како им е.
    И неможи се да се излечи со музика и книга, немаше да има психолози и апчиња ако се така врвеше, некогаш подлабоко од то одат работите.
     
  9. Natalian

    Natalian Нов член

    Се зачлени на:
    25 септември 2015
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    37
    Не ги разбирам луѓето кои извршуваат самоубиство без разлика на причината..Животот ни е даден да го живееме а не да си го одземеме..Мислам имаше сега скоро девоја се самоубила за дечко..Не е ниту прв ниту последен..Навистина самоубиство е некој вид на бегање од проблеми но треба да останеме и да се избориме со тие проблеми а не како кукавици да бегаме од нив..Животот е борба во која ние ја имаме главната улога..Не би требало да се откажуваме и во никој случај не го оправдувам самоубиството...
     
  10. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.199
    Допаѓања:
    5.143
    Пол:
    Женски
    Не знам јас ниту некој од нас што точно се случува, од тоа што го прочитав ми беше едно разочарано девојче кое ја изгубило вербата во себе, тоа не е ништо страшно. А дека не може се со фокусирање кон убави нешта да се реши, не може, само треба да се обиде да си ја части душата секој ден емотивно чоколадо. Ако може чоколода да предизвика хормон на среќа да се лачи тогаш целите соништата будна можат да и бидат тоа за душата.Мора да разбере дека вреди и за себе и за луѓето околку себе и да си го креира животот низ сон, низ планови за почеток, а потоа тоа доаѓа во реалноста.
    КОЈСЕ ОТКАЖАЛОД СОНИШТАТА , тој се откажал и од животот и се помирил со нешто што не му се допаѓа, има луѓе милион што не посегнуваат ни помислуваат на такво нешто, а се далеку од задоволни од себе и среќни.
    А од секогаш имало психички растројства и ќе има за жал, Најголемите човечки стравови се смртта и лудилото.
     
  11. Слава на Бога

    Слава на Бога Нов член

    Се зачлени на:
    26 септември 2015
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Не прави глупости какво убивање какво скратување маки ако се убиеш одиш директно во пеколот таму се маките самоубиство е најголем грев кој не се простува! Ова ти е едно искушение ѓаволот сака да те придобие кога и да те нападне помисла за убиство речи му оди си сатано! И моли се Господи Исусе Христе помилуј ме грешниот! За девојка имаш време ти си уште млад има добри девојки кои не сакаат мангупи туку мирни луѓе како тебе затоа Господ ќе ти прати таква.не очајувај што си сам бидејќи не си сам Господ е со тебе а кога ти е досадно читај молитви.во секој случај пријави го случајот на твоите и во училиште на надлежните па ако треба и во полиција барем тогаш ќе те остават на мир. Ти си многу млад и сега страдаш но кога и да е Господ ќе те награди преброди го страдањето ние постојано минуваме низ страдања но мораме да се избориме за Царството Божјо а кој нема да се покае и тој што ќе се убие оди во пекол што значи таму ќе бидеш само со такви и бетер луѓе и плус ѓаволот, немој тоа да го дозволиш!
     
    На viki-dete и angelche16 им се допаѓа ова.
  12. DragonSlayer

    DragonSlayer Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2015
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    154
    Пол:
    Женски
    Немој да викаш така. Познавам многу луѓе што до сега сакале да се саубијат, а имам и пријателка која за малку ќе успееше. Тоа не е ништо за смеење. Пробај да поразговараш со психијатар, или со некој близок, а ако немаш личност за разговор можеш да ми пишеш. Имам (за жал) искуство со вакви работи и можам да се обидам да ти помогнам. Но не се откажувај, бидејќи сигурно има луѓе кои би плачеле по тебе...
    Можеме да зборуваме за што сакаш, и ќе пробам да ти помогнам. А знаеш дека се тука е анонимно, па нема на кого да кажам :x:x:x
     
  13. ALe546

    ALe546 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Никогаш не осудувајте ги луѓето кои извршиле самоубиство, ниту оние кои размислуваат за него. Иако не е воопшто нормална таа работа, не знаете колку некој нив ги повредил до тој степен за тие да гледаат единствено решение во одземањето на нивниот живот. Не ги знаете нивните приказни, немате право да ги коментирате нивните одлуки !!!
     
    На Bender Rodriguez, Deadhalf и lions им се допаѓа ова.
  14. Flam

    Flam Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2015
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Да, има многу пати помислено на самоубиство, но нема пробано оти нема храброст тоа да го направам. Како да не помислиш на тоа кога ни сопствената мајка не ти верува само кажува како не си успешна, како немат да успееш во жувотот. Но, едноставно кога ќе ми дојт мисла за самоубиство помислува како ќе им биде на моите родители ( и покрај тоа што ми го викаат) , и моите блиски...
     
    На teffi.tkm му/ѝ се допаѓа ова.
  15. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.162
    Допаѓања:
    175.226
    Пол:
    Женски
    @Flam гледај душо, не дека мајка ти не верува во тебе, но ако таа упорно ти тупа за твоите не квалитети, мисли дека така те мотивира. Тргнувам од мене, имаше долг период дур ѝ докажав дека ако таа мене ме фаќа така - јас не се мотивирам. Сега не го сфаќа истото кај брат ми. Притисокот за успешност не секогаш има позитивен ефект, или воопшто нема ефект. Немој да подлегнуваш на тоа што ти велат, дури и тоа да се работи за сопствената мајка. Имај си некоја цел и стреми се кон неа. Мислите за самоубиство, да ти речам да ги отстраниш, знам дека нема да можиш ама обиди се да се спротиставиш. Ете убаво ти текнува - што би правеле твоите родители и пријатели без тебе?
    Имаш ли барем еден близок пријател?
     
    На LivingGlam и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  16. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.782
    Пол:
    Машки
    А бе, на темава, саде психијатри испаднавме. За тоа дали се работи за депресија или некоја друга душевна состојба или психичко нарушување, може да каже само психијатар, откако ќе изврши преглед и разговор со личноста. Ние тука можеме само да нагаѓаме и евентуално, да тресеме зелени.

    И како тоа, хемија никако? Повторно, за тоа дали има потреба од медикаменти (и ако има, од кои), може и треба да одлучи само психијатар. Да не беа ефикасни, немаше ни да постојат лекарства за депресија. Не сте ми јасни стварно, врз основа на што изнесувате тука такви ставови, кои може да бидат само контрапродуктивни за личности со психички нарушувања, од типот – немој да примаш лекарства, не чинат?!

    Нормално, не треба да се остане само на лековите. Точно е дека покрај лекарствата, потребна е и психотерапија, како и натчовечки напори од страна на самата засегната личност. Па тек потоа следуваат хобија, слушање музика и читање книги.

    Искрено, не го делам ставот на повеќето дека самоубиството е кукавички чин. Самоодржувањето е најсилниот човечки инстинкт – и за да му се спротиставиш и кренеш рака на самиот себе, потребна е силна волја и решителност, па ќе речам – дури и храброст. Не го велам ова за да ги глорифицирам самоубијците, туку затоа што мислам дека кои и да се мотивите да се посегне по сопствениот живот, кукавичлукот не е еден од нив.

    Но, сепак сум уверен (а и фактите го поддржуваат тоа) дека кај оние кои решиле да си го одземат животот се работи за моментална ментална состојба – впрочем, многумина кои биле спречени да се самоубијат, најчесто не се обиделе повторно.

    Искрено, не мислам дека форумов е добро место за барање совети на оваа тема. Прво, затоа што сите се правиме паметњаковичи и се изнесуваат секакви совети, а неретко и тешки глупости. Второ, затоа што најчест одговор на некој кој напишал дека размислува за самоубиство е „А бе ај, не се глупирај, какви проблеми можеш да имаш ти на толку-и-толку години“, најчесто проследени со совети од типот „Најди си хоби, дружи се, слушај музика и читај книги“. Парафразирам, ама суштината е таа. Негирањето на нечив проблем и советувањето истиот да не го решава, туку да си најде „занимација“ со која ќе го потисне и игнорира се едни од најлошите можни работи кои може да му се кажат на некој кој е во таква психичка состојба што стигнал до помисла за самоубиство.

    Секој кој помислил на самоубиство треба да е свесен дека му е потребна помош и истата да ја побара. Пред се, од семејството и блиските личности, но и од стручно медицинско лице. Најлошо што може да се направи е ова да се чува во себе, да се игнорира и да не се превзема ништо.
     
    На kim.k, Nausicaa, Sanjichka007 и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.199
    Допаѓања:
    5.143
    Пол:
    Женски
    Некако се чиствувам прозвана т.е моите мислења веројатно треба да го појаснам... прво би требало да се провери статистиката која кажува колкав бр. на млади луѓе пијат антидепресиви, бројката не е мала и за занемарување. А потоа да ги проверите лековите кои им се даваат пациентите, не велам дека не постојат душевни болести чиј третман бара хемија но, не заа секој пациент. Проверете , прочитајте на колку од тие лекови и најнови и најстари предизвикуваат зависност, проверете како се напомнува по прекинот на лековоите состојбата на пациентот се влошува и тн. Менувањето на фокусот на внимание и надминување на самосожалувањето бара нов фокус и цел во кој човекот од било која возраст ќе се реализира себе си и ќе биде задоволен од себе, што е еден од клучевите за надминување на депресијата.
     
  18. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.782
    Пол:
    Машки
    Искрено, не обрнав внимание точно кој што напишал, само разгледав у која насока се одвивала дискусијата. Ама, чим се почувствува прозвана, и си ме „прозвала“ мене, еве, да ти реплицирам. Ако ги погледнеме фактите, јасно е дека бројот на депресивни луѓе е во пораст. Се смета дека 4.3% од вкупното светско население во моментов страда од депресија, додека 8-12% од сите луѓе во одреден период од животот се соочиле со депресија. Да напоменам дека тука зборуваме за депресијата како психичко нарушување, а не за моментало (не)расположение за кое многумина викаат „Нешто сум депресивен денес“ или „Времево надвор е жива депресија“.

    Е сега, порастот на случаи кој е очигледен и не може да се негира може да се должи на две работи – реален пораст на бројот депресивни луѓе, поради најразлични објективни, општествени или лични и субјективни причини. Или може да се должи на тоа што во денешно време се евидентираат и третираат повеќе случаи, за разлика од порано, кога на депресивните им викале „Не ти е ништо“ или „Го фатија будалите“. Јас мислам дека е нешто помеѓу овие две работи.

    Никој не рече (или барем јас не реков) дека антидепресивите се идеални. И тие, како впрочем и секој друг лек, си имаат свои несакани ефекти и последици. Но, тоа не значи дека се неефикасни или дека не треба да се пијат по никоја цена.

    Секој кој чувствува депресија или има мисли за самоубиство треба да посети психијатар (или неколку, за да чуе повеќе мислења). Врз основа на дијагнозата, тој ќе одлучи дали се потребни лекови (и кои) или не. Третманот со антидепресесиви се започнува со постепено зголемување на дозата, а на ист начин и се прекинува. И многу е важно за време на лечењето со лекови континуирано да контактира со медицинско лице, односно лековите да не ги пие на своја рака.

    Се сложувам дека не секој кој ќе посети психијатар за некаков проблем е за антидепресиви или по дифолт мора да добие некаков медикамент – кај некои доволна е само психотерапија. Исто така, се сложувам дека лечењето не треба да се состои само од пиење андтидепресиви – подеднакво важна е психотерапијата, како и активното учество на семејството и блиските личности во текот на лечењето.

    Ова несомнено е добар совет, мислам дека секој ќе се сложи. Но, знаеш на колку луѓе кои имаат клиничка депресија ќе им помогне советов? На ниту еден, за жал. Депресивните луѓе не се малоумни или глупави за да не ги знаат ваквите совети или пак, за да не го сфатат нивното значење и важност. Проблемот е во тоа што во психичката состојба во која се наоѓаат, тие иако ги знаат, самите не можат да ги применат. Без стручна помош и (најчесто) без антидепресиви, тие самите не можат да се носат со ова.

    Исто така, не се сложувам дека работењето и ангажираноста „за да се нема време да се мисли на депресијата“ се некое добро решение. Па, кај многу од луѓето причина за депресија е токму прекумерната работа и константната психо-физичка исцрпеност, кои на крајот од денот те оставаат без желба за ништо. Се сложувам дека секој е потребно да си најде некаква активност која му годи на душата и да си ја применува – читање, слушање музика, сликање, пишување, шетање во природа, спортување, јога, медитација – сеедно. Индивидуално е, и во крајна линија, не е ни битно што е тоа што го правиш, туку како тоа прави да се чувстуваш.

    Но, сето ова следува откако ќе се подобри првичната состојба – а тоа може да се случи (најчесто) само со стручна помош и со медикаменти. Ретко кој успеал да се излекува од депресија сам, само со позитивна мисла. Конечно, да можел толку лесно позитивно да размислува и да се „занимава“ со хобија и да нема „црни“ мисли, немало ни да биде во депресија, нели?
     
    На Sanjichka007 и theowndemon им се допаѓа ова.
  19. Аматиел14

    Аматиел14 Активен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2015
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    175
    Пол:
    Женски
    Преку к*у ми е од се (простете ми на изразов). Можеби сум жива, ама не живеам, само страдам. Знам дека лошите денови се дел од животов, како и добрите. Ама, ова е премногу, не можам да издржам повеќе. Премногу е за мене. Доста ми е. Доста се мачев. Не го пишувам ова за ништо друго, туку да ми е полесно. Јас ако умрам, ќе си ги скратам маките, нема да се мачам повеќе.
     
  20. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.593
    Пол:
    Женски
    Ееее де..де..колку тоа години изживеа па да ти стане животот преку таквото!???Ај да те чуеме шо мака имаш..па ако е навистина така...со господ напред тогаш.