За умирачка... сакаш - не сакаш, еден ден ќе ти дојде крајот, нели? Кога ќе дојде тоа, нема враќање, нема нов живот... Затоа, цени го овој што го имаш и користи го максимално, не го забрзувај непотребното. Знам, ова се премалку зборови за тежок психолошки проблем, но сакам само да разбереш дека тоа што вечерва ќе легнеш жива, а утре ќе се разбудиш во нов ден, е дар кој нема вечно да трае. Твој е, за тебе е, и за да го споделуваш за најблиските и саканите.
Пиеш helex ? зошто девојче ? тоа не се антидепресиви, јас колку што знам за смирување се и тоа многу јаки, како заштита од стрес ... едно можам да кажам на оваа тема со таблетиве ... низ многу стресови поминав ... многу животни кошмари ... таблети не сум пиела и до ден денес ништо такво не пијам, можеби и тоа здравиот разум ми го задржа, читав, музика, пред се многу читав и разговор ... мораш да разговараш со некого за се што ти тежи на душата. Психијатарот е туѓинец можеби полесно ќе се отвориш пред сестра ти ако пред мајка ти не можеш. Не знам како мислиш дека си се згазила самата себе си ... јас искрено не знам што да кажам освен дека за овие години научив неколку работи, прво јас не сум семоќна колку и да боли тоа ама не сум, не можам да влијаам на некои текови, сепак сум само човек, второ и најдобро намерно или случајно можеш да згрешиш И ТОА ТИ Е ДОЗВОЛЕНО затоа што само Бог гледа и напред и назад ние само тоа што ни е пред носот и не е ништо страшно. И што е најважно постави си цел која ќе се бориш да ја достигнеш така животот има СМИСЛА. Не знам што да кажам друго ... разговарај со сестра ти или со мајка ти, ќе помине само мораш да најдеш начин. Сите некогаш се изморуваме од нешто затоа има одмор и се продолжува понатаму, не се застанува на тој момент.Човекот е многу силен тоа не значи дека му се забранети моменти на слабост, тие ќе те направат посилна.
Чудна работа е ова животов....непостои човек на планетава на кој не му дошле самоубиствени мисли...секоја мака која ке не налегне одма велиме-Уууууууф, неможам повеќе,ми иде да се убијам! Најмногу вакви суицидни мисли имаат тинејџерите..незнаат да прифатат неуспех, незнаат да се соочат со срамот, дали од физичкиот изглед или од некоја домашна семејна проблематика...да не навлегувам многу во причините..но најчесто се и љубовните проблеми. Поентата ми беше во моабетот, дека и јас сум имала такви самоуиствени мисли, и моите пријателки поминале низ такви животни фази...и пазите...во време кога немаше ни интернет, ни соц.мрежи ни телефони..немаш на кого да му се обратиш за раме на плачење...ќе падне брука ако на некој му кажеш..а тек на мајка,татко..ке те врзеа на дрво и ке ти удреа ќотек за да ти го дотераат умот. Ноќи и ноќи ке плачеш во себе, ќе ти се крши срце и душа, се додека не се освестиш дека така не бива...вртиш нов лист од живото и улетуваш со крената глва во борба против проблемот...резултатот ке биде успешен гарантирано, колку и да поклекнуваш и паѓаш, упорно станувај и продолжи... Ете ме мене, жива,здрава и весела...не ебам ништо што сака да ми ја одземе среќата! Сега тебе и на другите ви е мноооооооогу полесно..имате каде да си дадете одушка, да се посоветувате, не е срамно веќе да се оди на психолог(разбравме дека и тие се луѓе и нив ги фака криза)читате еден куп луѓе со иста проблематика, значи не сте единствени..... А животот е постојана борба..ако мислиш обратно тогаш не е живот!
Читајки ги вашиве мислења ми иде телефонов од земја да го треснам. Ама не сакам да си правам проблеми со моите па нема да го треснам, туку повеќе не ве ни читам.
Кој се справуваа со голема мака и мислат дека се наоѓаат во безизлезна ситуација, може да отворите тука http://mk.hjelptilhjelp.no/таг/19-selvmord
Ти девојче мое знаеш дека проблемот е во тебе, епа потруди се да го искоренеш тоа што го имаш во себе и да станеш нешто друго од тоа што си. Што мислиш ќе те тапша некој по рамо?! Не бе мила, ако ти не почнеш самата да си го менуваш животот и да се бориш за тебе нема комшијата да дојде и да ти пружи рака. Што мислиш дека среќа успех радост од небо паѓаат? Не бе мила, ако не се запотиш нема ништо.. те така само ќе лежиш па ќе станеш ќе седнеш и тако даље. Ти имам пушувано 100 пати и пак ти пишам со цел да се свестиш дека животот е пред тебе а колку ќе се потрудиш да го креираш тоа зависи од тебе. Знаеш како рекле "времето лечи се" и да, тоа е точно немој да се сомневаш, дај му време на времето да здивнеш. Не се откажувај никогаш, исплачи се и тресни се од земја ако така мислиш дека се чуствуваш, дај си време и продолжи понатаму со нови сили и храброст за нов почеток и крација на твојот свет.
Извини вака, ама што очекуваш да ти кажеме? Напред девојко, оди убиј се???? Да ти кажеме дека многу паметна одлука во животот е самоубиството и да ти кажеме најдобар начин да се самоубиеш? Тресни го телефонот... твоите од лебот си одделиле да ти купат телефон. Абе сите денес патиме од разгаленост, немоќ да се соочиме со ништо... не направиле ни вода ни киселина, и единствено решение е да искршиме и телефони и се, и да се отепаме. Не дај Боже да се потрудиме некако на подобро да си го средиме животот.
Мене не ми е јасно зошто не се отворат и да си го кажат тоа што ги мачи, туку само бараат внимание со муабет “ ке се убијам“. Побогу ова е анонимен форум, ниту знаеме кои се, ниту какви се, ниту од каде се. Пиши си ја маката ако сакаш да си се олесниш и средиш, а ако сакаш само тапшање по рамо дека ти е најтешко, верувај нема да добиеш таква утеха пошто не ти е ТЕБЕ најтешко. Има и потешко од твоето, ама има и борци, а вие сте само кукавици кои бараат внимание и си измислуваат проблеми, кои сигурна сум дека ги немате, туку ве удриле хормоните и досадата. Така празно и млитаво ми звуучите, што кога ве читам се чудам како може да сте толкави мекуши и лигуши. ФМП Немој од земја, туку од глава тресни го, пошто од таа твоја инает глава си патиш. И ке пишеш што тежок живот имаш, или треба да замислуваме сцени како кршиш телефони. Или да почнеме уште сега да ја жали ме мајка ти и тебе да ти даваме идеи за самоубиство. А зошто до сега не се самоуби? Што те држи во живот?
Не е само ова што ме кутка во депресија или каква и состојба да е, но моментално создава таков хаос што незнам што правам. Со месеци се гледав со човек за кој мислев дека има девојка, скоро дознав дека биле верени. Бескрајно го сакав, како никого до сега. Се гледавме често, спиев кај нив у станот додека таа беше отсутна, се слушавме и пишувавме секој ден. Чувствував дека ме сака, верував во тоа, толку многу сакав да е вистина. Последниве 3 дена се смени. Како да си го покажа вистинското лице. Таа прочитала порака што му ја пратив на мобилен. Ми се јави со скриен број ,но и двете молчевме.По бројот ме има и на вибер. Би сакала да и ја кажам вистината, да знае со каков човек живее. Незнам дали од бес и одмазда или од грижа на совест. Ставив слика на вибер на која пишува ,, не му верувај,, на албански, и двајцата се албанци. И јас бев во иста ситуација како неа,и би сакала да дознаев што се случува.
QUOTE="okcenzi, post: 2584940, member: 68508"]Мене не ми е јасно зошто не се отворат и да си го кажат тоа што ги мачи, туку само бараат внимание со муабет “ ке се убијам“. Побогу ова е анонимен форум, ниту знаеме кои се, ниту какви се, ниту од каде се. Пиши си ја маката ако сакаш да си се олесниш и средиш, а ако сакаш само тапшање по рамо дека ти е најтешко, верувај нема да добиеш таква утеха пошто не ти е ТЕБЕ најтешко. Има и потешко од твоето, ама има и борци, а вие сте само кукавици кои бараат внимание и си измислуваат проблеми, кои сигурна сум дека ги немате, туку ве удриле хормоните и досадата. Така празно и млитаво ми звуучите, што кога ве читам се чудам како може да сте толкави мекуши и лигуши. ФМП Немој од земја, туку од глава тресни го, пошто од таа твоја инает глава си патиш. И ке пишеш што тежок живот имаш, или треба да замислуваме сцени како кршиш телефони. Или да почнеме уште сега да ја жали ме мајка ти и тебе да ти даваме идеи за самоубиство. А зошто до сега не се самоуби? Што те држи во живот?[/QUOTE] А од каде знаеш каков проблем имам што зборуваш вака?! Од каде со што се се соочувам секојдневно? Не знаеш, затоа и немаш право вака да збориш.
И поради ова размислуваш на самоубиство? Сериозно? Па јас треба секој ден по 3-4 пати да се самоубивам. Небитно. Јас да сум на твое место нема да се мешам. Таа си знае веќе со кого има работа, така да твоето може да испадне само бес и љубомора. И тоа небитно. Го засака ама и ке го отсакаш ич не сумљај во тоа. Ке најдеш нов и ке ти биде уште подобро, зошто сепак ова ти е школо. Немој да речеш дека не си добила никогаш кец или двојка, па на поправен си извадила четири или пет. Така е и со врските. Ова не е некој проблем, туку искуство на кое треба да си благодарна. Друго што те мачи од тој твој хаос? @Аматиел14 Баш дека и не знам, за тоа и така пишав. Ако сакаш помош тогаш кажи си ја маката, ако сакаш внимание нема да добиеш и понатака ке изгледаш како лигушка.
Чекај малку ... кочи ... прво овие мисли ти се поради маж ? Второ тој е жив здрав фолирант што те мотал и лажел и плус во врска пред брак (и да голтнам во меѓувреме, Албанец) Аман бе девојче како си загазила ... според мене под итно да се тргнеш од тој човек зш и наш да беше тој ја сака таа девојка штом се упрпал и оладил кон тебе ... второ ТИ СИ ЗДРАВА ПРАВА, НИШТО НЕ ТИ Е и ќе си најдеш партнер што ќе има реално што да ти понуди. Измешани ми се брзините сега ми се иде да те измалатам,а од друга страна ти доволно сама себе се матиш и не ти треба тоа и од друг некој. Бескрајно го сакаше??? знаеше ли ти дека тој тешко со тебе да има нешто сериозно? неговите нема да му дозволат сигурно ... а бе, дете, затвори ја таа страна од твојот живпот и сврти нов лист, остави депресии, болки, разумно размисли и гледај на ова како на една грешка (што и не е баш мала) и ако го сакаш тргни се настрана и најди си нова љубов, занимација ... било што, а потоа ќе си дојде се на свое место. Се изненадив толку од мене, не знам што друго да кажам.
Јас си ја кажав маката и наместо сивет и мислење од друг си добив зборови од типот, е да, тешко ти е ќе помине. Не барав ништо, само мислење и совет, макар и критика.
Мене ништо ми немаш кажано и еве ти шанса. ЈАС лично ке се пресметам на форумов со секоја што ке те исмее. Ајде пиши тука сум.
И ти си била во иста ситуација како неа, и сепак си почнала да се гледаш со дечко за кој знаеш дека има девојка. Абе сама си си крива. Ако си решила да се самоубиваш тогаш слободно. Тој ете ќе се жени, а ти убиј се за небитни луѓе. Свесно се вплетувате во глупи ситуации (демек многу модерни, ќе се гледам со човек кој има девојка), мислите јаки сте, сте успеале да се вмешате во нечија врска....и после дечкото кога ќе ви ги удри клоците тогаш ајде ќе се самоубивате.
@JollyGirl ај шеетни од темава. Таа не бара мислење за врската, туку има друг проблем. Ич не е твоја секирација таа со кого се гледа.
Никој не може мене да ми забрани јас што да пишам, и како да пишам. Ми е гајле за мислењето таа што побарала, јас искоментирав за тоа во очи што ми падна...и всушност тоа е причината на нејзиниот проблем. За дечковци ако се убивавме сите досега, кај ќе ни беше крајот.
Не знам дали ти текнува од кога разговаравме во лп, сега ми текна. Ситуацијата многу се влоши. Мајка ми почина, а дома е уште полошо. Не можам да го препознаам татко ми. Се оди надолу и надолу. Ти ми рече биди силна. Верувај пробав. Ама не можам повеќе.