Да, и заборавив да кажам дека стално имам по некоја проштална порака на мобилен а кога го исклучив телефонот, сега последно имам проштално писмо на маил... Само што овој пат од моја страна нема реакција...
Многу треба да ти загорчи животот за да помислиш на тоа, во спротивно, ако помислува човек на самоубиство при секоја ,,нерешлива,, ситуација, тогаш станува збор за лабилна личност која и те како ќе се губи во животот! Се замислив дали јас сум помислила на такво нешто, се вратив наназад во времето кое го сметам за најлош период од мојот живот...и таков податок во мојата меморија не постои! Барем не се сеќавам дека сум помислила да се самоубијам! Знам дека сум помислила дека не ми се живее...ама да го поврзам ли тоа со самоубиство? Што знам,сепак секогаш сум гледала на проблемите како препрека која за среќа знам да ја одминам! Не ми е се’ розово, никогаш и не ми било , но сеуште добро се држам на нозе, сеуште цврсто стојам на земја, сеуште сакам да одживеам многу нешта, сеуште имам амбиции и желби за живот! Самоубиство не ми е тема на размислување (барем засега)
Стави го на игнор во буквална смисла на зборот. Ако живееш во помал град е по-проблематично но задолжително пријави на надлежните. Смени број, меил, блокирај го од сите социјални мрежи, заобиколувај го на улица. Никако не започнувај комуникација, најмалку пак да се обидуваш да му објасниш, или да го спречиш, или пријателски да се одвоиш од него. Џабе, тој сака да ја има улогата на `жртва` и што и да му кажеш нема да го одврати од намерата. Моли се на господ да си фати нова девојка, т.е да те замени со нова жртва, бидејќи само така ќе се откачи од тебе. Понатаму нека му ја мисли таа што наседнала, тебе не ти преостанува ништо сем да ја сожалуваш. Но комплетно потруди се да го избришеш од живот. Заборави дека некогаш си имала нешто со тој човек.
Е сестро да си здрава и жива.Баш така,тотален игнор од животот зашто и мало наседнување на неговите драмења за него се уште поголем поттик за понатамошни сценарија.Пак ќе кажам Бог да чува и да брани од луѓе кои живеат со таа идеологија -да бидат сожалувани.Имав и јас работа со еден таков пред некои 6 год,едвај се дефтосав од него.Искрено да лечи некој комплекси на тебе богами ни е убаво,ни интересно.Ама шо ќе им правиш освен да гледаш низ нив (читај да не ги приметуваш)
Никогаш не сум помислила на самоубиство и не оправдувам, но ни на крај памет не ми иди ни да го осудувам. Како што имаше напишано некој погоре.. што ако е треба да претрпи некој ненормлано болна смрт па понормално ми е да си го тргни пиштолот отколку да го дочека тоа или ако некој останал сосем сам без родителки, без дом, без пријатели, без поддршка ? Линијата помеѓу кукавичноста и храброста во случајот на самоубиството е премногу танка и тешко е да се подвлечи.. Замислете само слаба личност која паѓа пред проблемите ( макар и најмали ) за кои мисли дека нема решение и единствен излез гледа во самоубиство тоа е кукавица, но храброста е во делот кога ќе дојди моментот да се повлечи чкрапалото, да се голтнат таблетките, да не се залепат нозете за подот кога треба да се стави јажето околу вратот..ова е смао мое мислење мислам дека тогаш цел живот поминува низ глава и не можам да ја замислам таа храброст... Сега од оваа ситуација би рекла дека никогаш не би го направила тоа.. но животот се менува преку ноќ никој не знаеме што не чека и што би можеле ние психички појаките личности да направиме... можеби и оние кои извршиле смаоубиство некогаш биле психички јаки... многу е тешко да се дискутира на оваа тема како и за секоја ситуација во која не сме се нашле... нормално не можиме да кажиме дури не сме во филмот...
Фала ти многу на советите, тоа и се трудам да го правам. Сега моментално е стишена ситуација, ама мислам дека е само затишје пред бура и повторно ке се врати со нова приказна и нов филм во кој тој е жртвата и јас треба да го сожалувам. Како и да е... ке видам како ке се одвиваат работите, а јас ке се потрудам да заборавам на се... поздрав
Мојов случај е една долга приказна што мислев дека само на филм ја има. После неколку пати пријавување во полиција и моја решителност конечно да ставам крај на оваа агонија по секоја цена, веке неколку дена го нема... меѓутоа, не верувам дека тука е крајот... за таквите како него тоа е само почеток на играта. Одам и само се припазувам од која страна ке ми налета, едноставно немам мир... Но, јас сум решена да одам до крај па што ке биде нека биде, не може некој со сила да те држи покрај себе, која е таа психа... ке ви пишам за некои новости кога ке има...
не ги читав од самиот почеток сите коментари се извинувам но просто сум зачудена што во врска со овај човек(вака ќе го наречам) никој ништо не превзема па ни полицијата мислам ова ми звучи апсурдно некој вака да те прогонва има и други институции психијатрија нервно лудница на чоеков можи да му се најди решение манда само не треба да се седи со скрстени раце гледаш дека не превзема ништо полицијата стамота е но што да правиме живееме во таква држава каде што граѓаните воопшто неможеме да се потприме на институциите а и да сакаме како што гледам не функционираат страмота...но мора да превземеш нешто и да престани ова еднаш засекогаш овај човек е психички растроен и му треба посебен третман може и самиот да се повреди треба да е под надзор има стручни лица кои ќе му помогнат и ти понатаму да си продолжиш со животот тој нема никакво право да ти го загрозва пријавиго таму каде што му е местото нека го сместат верувам дека имаш некој близок кој ќе ти помогни...
До Манда Верувај нема ништо од тоа да биде тоа е само блеф и ништо повише...ке помине време и ке видиш ( од лично искуство ти кажувам )
Најкукавичкиот чин што може некој да го изврши според мене е самоубиството.Не e храброст да си го одземеш животот,храброст е ако продолжиш да живееш и очи во очи се соочиш со тоа што те натерално да помислиш да си го одземеш она најскапоценото што на сите ни е дадено.Јас сум најблагодарна за животот што ми е даден,каков таков,може не е совршен,ама скогаш има подобро утре.Според мене луѓето што помислуваат на самоубиство се себични,саможивници,егоисти...мислат дека со тоа ќе си ја скратат маката,а всушност остават многу други да живеат во мака цел живот.Јас не сум таа која се прашува за мојот живот,оној што ми го дал има право и да ми го земе,јас сум само одговорна да го изживеам најдобро што знам.Пред неколку години,изгубив драга пријателка,најдобра другарка...беше самоубство и неможам да ја опишам болката што ни ја остави на сите до ден денес...мајка и и татко и...секогаш кога ги видам,се повеќе го презирам самоубиството и се повеќе сум сигурна дека никогаш нема да посегнам по мојот живот.
super tema samoubistvoto moze da se izvrsi pod stres voznemirenost. samoubistvoto e ocajnicki protest statistikata svedoci deka sekoja godina vo svetot izmegu deset i dvadeset miljoni lujge pokusuvaat da izvrsat samoubistvo. a samo eden milion uspevaat da se samoubijat bez razlika dali go opravduvate samoubistvoto ama sekoj moze da si izvrsi samoubistvo koga vo nego zvladee xarmonija na ocajnost stres voznemirenost sekoj moze da izbere da se samoubija [mod-kirilica:1hw5hsaa][/mod-kirilica:1hw5hsaa]
Само оној кој нема храброст да живее и да ги решава проблемите, крева рака на својот живот. Самоубиството е кукавички обид да се избега од безизлезноста. Животот е скапоцен и животот е подарок, никој нема право на никого да му го одземе, дури ни на самиот себе си.....
Не успевам да пронајдам ни една,ама баш ни една причина со која би го оправдала овој чин. Секому мозе да му се случат секакви тешки трагедии,но life goes on... Ни пред Бога,ни пред најблиските,ни пред пошироката заедница нема оправдување! Не смее ни да се помисли,камо ли да се кројат планови и реализира вакво нешто!!!
Можеби некогаш сум помислила на самоубиство, но не го оправдувам! Кукавички чин, бегање од сегашноста, страв од иднината-тоа е самоубиството! Зар некој има безброј животи за едниот да си го одземе пред време?! НЕ! Сите го имаме само овој кој го живееме, кој некогаш е подобар, некогаш полош, грозен, ужасен, прекрасен, сладок...секаков, но вреден да се живее. Ни најголемиот стрес, ни најголемото разочарување не се доволни причини за да се изврши самоубиството. Зар еден момент на слабост, страв, немоќ да се соочиш со себеси е повреден од животот? НЕ! Се може да се надмине, се може да се измени... Никој можеби не може да почне од почеток, но може да почне сега одново и да направи сосем поинаков крај!
Знаеш.. да ми дадат да изберам меѓу самоубиство и да ме убие некој јас ќе го одберам првото. Тест за храброст. Себично е што ги оставаме блиските позади нас, ние можеби ќе продолжиме некаде и ќе ни биде подобро отколку тука.
После исцрпно разгледување на темата,би сакала и јас нешто да кажам. Таму некаде прочитав нешто за шкорпиите,дека биле најнаклонети кон самоубиства... Кој хороскоп е тоа,жити се... Јас сум шкорпија. И да,ме фаќаат кризи. И ме фаќале. И ќе ме фаќаат. Ама секогаш сум се справувала. Секогаш мислиме дека само на нас ни е најлошо,дека нешто само нас може да ни се случи,дека ова е дното,и така натаму... Понекогаш не сваќаме дека луѓето навистина имаат нерешливи и далеку поголеми проблеми од нашите. А се извршуваат самоубиства за што,за непрежалена љубов?! Јас не го сметам самоубиството за кукавичлак. Или за кукавички потег. Зошто? Од проста причина. Ајде оди убиј се,да те видам. Најлесно е да го кажеш,ама најтешко да го направиш. Кој би си го одзел својот живот,тоа едно нешто што ни е дадено да го проживееме...? Не знаеме што се случува во животите на луѓето. Дали го допреле дното,дали веќе биле таму... Можеби,во тој момент,тоа им се чинело за единствен излез... Во никој случај,не го оправдувам... Секогаш мислам дека има решение,дека ќе биде подобро... Ние тука сме на проба. Горе ќе ги почувствуваме последиците.