Уште од многу мала паѓам во депресија, но никогаш не сум помислила да се самоубијам. Се затварам многу во себе не разговарам со никој по цела недела само музика слушам. Понекогаш се измачувам себе си ќе се казнам или слично
Ај да напишам за мене боледувам од тешка депресија со социјлна анксиозност,секој ден тонев и тонев немав никакаква концетрација,секое одење дома после работа ми идеа мисли и кроње на планови за како да се убијам како да се повредам и слично,не можев веќе да ја мачам душата кога не се може веке мозокот да го контролираш тогаш почиња телото тебе да те контролира,почнав со терапија и можам да кажам дека ми е многу подобро,пред се заради најблиските па после за мене Ако имате депресија и ви се јават такви мисли под хитно на психијатар лрковите многу ке ви помогнат
Станав очајна веќе. И од немај каде помислувам па и на самоубиство. Не знам зошто, на моменти ми се врти во глава дека нема друго решение. Не е здраво ова, знам..
Побарај помош, дали од семејството, дали од пријатели или можеби од психолог. Секогаш има надеж за подобро утре. Се како поминува. Ќе помине и ова.
Очај е дефиниција за чуството на многу луѓе ама за се' има решение, не знам што ти се случува ама според пишаново ми стои дека имаш проблем кој никако да се реши, трпение си се редат коцките. Инаку, не се умира така лесно, а и зошто додека не го завршиш тоа на земјава што треба да го завршиш? Секогаш има излез и што и да ти се случува е некој пат кој мораш да го изодиш за да го надраснеш за некое добро, трпение само, не си ти психички болна и фукусрај се колку чашата е полна со убави работи кои те одржуват и даваат смисла на животот. Искочи со пријатели и сл. смени мисли макар што е тешко зш мозокот се фокусира на пробелмот ама лажи го, зш колку и да се фокусираш ментално треба да работиш на тоа, а за да можеш да работиш ти треба надеж, ќе биде се добро како што треба да биде, како Бог никој не.
Многу пати сум помислувала на самоубиство, но не сум превзела никакви мерки за остварување на тоа, само сум размислувала и сум планирала ...
Еј најозбилно, браво за сите што имаат храброст тоа да го направат. Свака им храброст, мене искрено страв ми е и да помислам.
Абе како браво, човек треба да се убие ли за да биде храбар според тебе? Ајде кој сака да се убие нека лета низ прозор, а ние ќе аплаудираме од страна храбар бил, се отепал. Бог да чува.
Храброста може да се употреби и во неколку смисли на зборот дали негативно дали на шала или позитивно па брате сега како си ме сфатила тоа си е твое. А за самоубиство навистина треба да си храбар да го направиш тоа, пошто малу кој може да се осмели. Тој што нема храброст неможе да се самоубие.
Секој со свое мислење, и секој си ги сфаќа работите на свој начин, па дали е тоа така или не, тоа е тоа.
I jas nekogas pomialuvav da go storam toa, ama sfativ deka ne vredi. Zivotov e eden i e kratok, zosto ne go izziveeme najdobro?
Мене уште кога ќе ми текне дека некој се самоубил, ме фаќа страв. Како се осудуваат да си го одземат животот, сигурно е болест- болест на храброст... Се што е претерано не е убаво. Како и да е, тоа е еден кукавички и себичен чин, што би рекол народот. Зошто ако поживее човек, може да допринесе нешто за останатите, а не така да ги уништува одземајќи си го животот. А, да остане пак, други ќе го убијат, вака сам. Дали е храбар да остане во живот или не пак е знак прашање, а секеко не е убаво. Како и да каже човек ќе згреши. Вака најубаво трај си и никому ништо.
самоубиството едино нешто што заслужувам. Скоро се си уништив. Барем во наредниот живот да бидам подобар човек да не си го уништувам животот на секој чекор со моето однесување. Колку побрзо го страм то толку подобро замене
Самоубиството е κуκавичκи чин, тешκо ми е да живеам убиј се, а дали сте се запρашале κаκо да напρавите се за да излезете од таа ситуација, да надминете и да бидете победниκ од таа ситуација и потоа похρабρо да го живеето животот. Тρеба да се живее и κога е тешκо и да се извлечеш од таа ситуација.
Го читам ова и ми звучи веќе чуено ... знаеш ли колку храброст треба за такво нешто ? Кого сакаш да казниш себе си ? Ако сакаш друг да казниш ќе ти упали, ама ако сакаш себе си да се казниш и да видиш колку грама тежиш среќо, стисни заби и носи се со своите постапки, тоа е едниствениот начин и да се казниш и да надмнеш што год да е што те цица и влече надоле. И ќе заборевев да ти кажам, и во нареднот живот низ истото ќе поминуваш зш мораш нешто да научиш така што не сметај на нареднот многу многу, искористи го овој што го имаш.
Што и да си уништил, колку и да си го зезнал животот,твојот или на некој друг.. заслужуваш да се помачиш во овој живот да го смениш тоа и да почнеш да живееш поинаку. Дур си жив,има шанси за поинаку. Кога ќе умреш..толку ќе е од тебе. Нема подобро,полошо. Нема шанси.Те нема едноставно.
Самоубијците во наредниот живот се осудени на вечни маки таму доле во Адот каде што ќе бидат во вечна самотија и вечна темнина горени од оган.Заедно со сите други кои нема да добијат Вечен Живот. Повторувам,вечна самотија и вечна темнина горени од оган а нема да можат да умрат.... Не ти е баш исплатливо тоа што го мислиш
Со самоубиство ги казнуваш другите, оние кои те сакаат ги осудуваш на живот со сомнеж, каење, милион прашања неодговорени и вина заслужена или незаслужена за цел живот. Ако веќе сметаш дека си грешен човек и дека на другите им правиш лошо, живеј и "искупи се" за грешките бидејки со самоубиството ќе ја направиш најголемата од која за жал нема враќање.
Многу сум против самоубиство Незнам,(а и несакам да знам) како се чуствуваат тие луѓе,кога се решиле на таков чин