За сите што помислуваат на вакво нешто: Life can't ever be all bad or all good. You know , eventually things have to come back in the middle. Многу убава порака и многу точна.
Нема ништо да ми помине мене ако ептен некоја среќа не ми излезе како кец на десетка што викаат... мојата ситуација е ептен поразлична од тие тинејџерски депресии за кои претпоставувам дека ми велиш ќе помине.
Па и ти си сеуште тинејџер и ти лета умот. Ај фани тоа книгата и помалку на форуми...тууууууу, 17 години и на форум седат
Да не си во моја кожа! Колку се толку се годините, неможам да направам помалку или повеќе за да седам на форум.
А од каде пак ти знаеш низ што сè има пројдено или пак низ што проаѓа човекот? Дали фактот дека сè уште е тинејџер ги прави неговите проблеми помалку вредни? Значи аман од овој стереотип дека на сите тинејџери им е сè совршено у животот, дека само им лета паметот и дека не знаат што се проблеми и депресија. Некои работи не бираат возраст за да се случат, сфатете! И што дека има 17 години и иде на форум?
Значи во вакви теми не треба секој да го пишува она што му е прво на ум, во поглед на ке ти помине, период е , тинејџери сте и слично. За некого точно период е и ќе му помине за некого не. Особено мора да се одбираат зборовите на оваа тема, бидејќи не можете да знаете кој седи зад профилот, каква му е моменталната ментална состојба. Еве, сега гледам и членката над мене истото го напишала... И јас имав обид за самоубиство на 17 години и бев во депресија долг период, многу подолг од тинејџерство, што не беше поврзано ниту со другарство ниту со љубов. Без обзир на годинити секој треба да побара стручна помош, психолог/психијатар. Од мое лично искуство јас после 10 години побарав стручна помош и тоа е најдоброто нешто што сум го направила, затоа сметам дека сите што имаат психички пробеми треба да се охрабруваат да побараат помош од стручно лице без разлика дали се работи за банални проблеми или посериозни проблеми бидејки секој проблем си тежи на личноста што го доживува. И такви коментари од типот ке ти помине ништо не ти, не секогаш помагаат, туку може и моногу лошо да делуваат
Јас дома имам многу големи семејни проблеми, татко ми е нестабилен човек, има во неколку наврати викано: Оди си од оваа куќа, си ни стребала, ќе те избркам како куче итн итн. И нормално кога бев помлада мислев дури и на овој чекор, ама сега некако отрпнав и од едно уво влегува, а од друго излегува. Многу брзо созреав психички но станав и многу посилна.
Полека душо, нормално е дека знам, па и јас некогаш имав 17 год...знам колку ми била осетлива душата. Знам како се старее, знам што се маки и проблеми..ехеееее, допрва е пред вас животот за да толку рано почнете да го проколнувате.
Самоубиството не е решение за никој проблем, па колку и да е голем тој проблем. Тоа е само кукавички начин за да се избегне од проблемот, а не решение. Биди тука и справи се со проблемот колкав и да е.
Па зошто да не седи на форум? Има ограничување за возраст? Баш е интересен форумов за сите возрасти, има милион теми за разонода и за машки и за женски... Битно е дека има проблем и му треба психолог. Ама тој не сака да прифати
жени се склони на невротичност мажи се склони на асоцијалност/интроверција ...самоубиство е трајно решение за привремен проблем - ричард бантлер
Хммм тешко да се одговори на ова нит најстручни психолози/психијатри би донеле точен суд ,претпоставка некоја може али 100 процентна вистина не,зашто мн е сложен мозокот и во различни ситуации различно реагира''несвесно'' не би рекла да постои секој свесно посега по нешто можеби момент на слабост,заблуда,бегство од нешто или самиот себе али несвесно не е,е потоа можеби хемијата си прави свое,па е несвесен за последиците ама џабе и да е свесен нема да има снага да го надмине тоа сам,ете познавам ја случај кој на 30 и нешто си умре заради долги години што земаше дрога,знаеа и неговите ама ете штом не отиде на рихеб тешко да сам можеше да излезе од ситуацијата,неможеме да кажеме ние ништо кога не сме осетиле на кожа,така да тие кои се излечиле најдобро можата да кажат.Еве од славните мене ми е највеќе жал за Whitney Houston,која имаше се али заради долгиот проблем со дрога на крај си отиде веројатно срцето и попуштило од таа хемија што ја земала долг период ,свесно/несвесно најмалце што посакувала да си отиде ако ништо заради ќерка и али тешка и беше борбата,жално башкога ја остави дрогата,ама ете животот не ти дава 2 шанси,и за Хит Леџер од предозираност си отиде(таблети за спиење),али ете посилно беше од него ги пиеше за да спие и да биде одморен кога ке снима ама претера со дозата и си замина а имаше само28год,незнам зошто не се забранат таквите апчиња,пошо ефект не верувам да имаат на било кој макар и на краток рок.
Реков помалку да седи на форум а повеќе да учи. Дали е интересен форумов или не, воопшто такво мислење не дадов и не давам..додуше сега со изборов ми е нешто повозбудлив
давајте вамо дрогите пред ccca да легне да спие...ВЕДНАГА бтв ми текна на препорачана книга 'road less traveled scott peck' најдов исечок на македонски овде http://www.kniga.com.mk/pdf/Patot po koj poretko se odi.pdf а целата ја има на англиски по торенти...барем ја имаше порано ...елвис го напушти форумот
Tрајно е али дали е решение?Тоа неколку пати наназад го кажуваше Robin Williams,за да го направи на крај,само не ми е јасно зар кога некој ќе каже неколку пати, зошто не се сфаќа сериозно или се пресебични неговите колеги за да му помогнат па после само сожалувања му испраќаат,али џабе е после.
Aма не секогаш можеме сами нели кога би било така лесно,не би се полнеле весниците со црни хроники,најблиските се тие кои што треба да интервенираат и да помогнат,пошо ко што вика еден доктор не е тоа физичка состојба напи се апче и ќе ти спадне температурата,многу поголем е проблемот али кога не се може сам другите треба,а не после да жалат кога ќе биде направено тоа.