1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Самоубиство

Дискусија во 'Психологија' започната од Bright, 16 март 2010.

  1. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Комплексна тема е самоубиството.
    Никој не е доволно компетентен да му суди на некој кој се решил на самоубиство.
    Го доживувам и храбар и кукавички чин,истовремено.
    Храбар,бидејќи..сите знаеме колку сме себични кога се работи за сопствен живот,како би се бранеле до последен момент.
    Потоа,кој знае каква психа има човек кој решил да се самоубие?
    Но,дупло повеќе кукавички.
    Од смртта никој не се вратил - да ни каже како е.
    Така да,тоа е непознато и коцка.
    МОжеби не е полесно од ова на Земјава,меѓутоа е доволно непознато.
     
  2. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    530
    Јас не го оправдувам чинот на одземање на сопствениот живот! Колку и да е животот комплициран, стресен и тежок таков е каков што е. Треба да се стремиме кон тоа да го направиме подобар а не да потклекнеме на сето лошо што ни се случило. Која и да е причината кукавички и себично ќе си ги затвориш сопствените раните со бесилка, апчиња што и да е не размислувајќи дека ќе ги отвориш раните на твоите најблиски поради тоа не го сметам за храбар чин туку за кукавички.
    Исто така сметам дека бог е единствениот кој ни го дава животот и тој е единствениот кој треба да ни го одземе.
    Има безброј причини кои не туркаат до дното, кои оставаат тешки последици по нашата психа и нашето здравје но исто така има уште безброј други причини поради кои вреди да се живее.
     
  3. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Незнам што да кажам на оваа теме :( Неможам да осудувам, неможам ни да оправдувам. Човек кој се обидел да се самоубие си има проблеми со психата, треба да се лекува но многу тешко кој успеал да се излече. Имав другар што се самоуби и оваа тема е многу болна за мене. Си имаше психички кризи, дете на угледни родители, студираше, патуваше излегуваше никој неможеше да препознае дека си има проблеми со психата тоа го приметиа неговите родители побараа помош од стручно лице го одведоа дури и до Лондон но не успаа, кризата победи по неколку неуспешни обиди тој си ја постигна посакуваната цел. Многу е тешко да се зборува за оваа тема неможам да речам дека се кукавици или нешто слично тоа е момент на слабост што за жал сите можеме да ги доживееме.
     
  4. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.517
    Сметам дека е кукавички чин...Нема никакво оправдување за тие што сакаат да си го одземат животот.Даден ни е од некого и мораме да живееме,е сега како ќе го живееме тоа зависи само од нас и од неколку фактори,но најбитни сме самите ние.Колку и да си паѓал во животот колку и да бил суров животот со тебе мораш да продолжиш напред,затоа што во овој свет само посилните успеваат
     
  5. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    да го осудувам дефинитивно.............без пардон
     
  6. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Немој да го осудувате,ние сме никој и ништо за да осудуваме било кого.
    Друг има кој да суди.
    Инаку,не да се разбереме погрешно - сум против самоубиство,бидејќи..има 10000 работи кои би можел да ги правиш овде,животов е таков каков што е,животов е тежок предизвик и нема проблем доволно голем за кој би требало да си го одземеш животот.
    Меѓутоа,мозокот е енигма,и кој знае какви мисли има лицето кое решило да си го одземе животот.
    Свесни сте за каква комплексна психа станува збор?
    Крај краева,и муда треба.
     
    На Trendafilka и Neytiri им се допаѓа ова.
  7. tamaramuv

    tamaramuv Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    5
    Имаше еден таков и во мојо живот
    Последниот пат кога се закани со само утепанство :D Му орворив прозор и викам рипај.
    Да не се труеш можда ке останеш жив вака е посигурно :D Од тогаш ми се нема јавено
    :D
    Па и ако сака да се убива нек се убива ти не се замарај :)
     
    На bitter-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Јас сум против самоубиството, најлош превземен чекор. Зарем тој што сака нели помислува на другите или себично само на себе? Луѓето што го сакаат, ценат, почитуваат. Или не му е по кеф нешто и ајде. Крајно лабилни личности. Секој проблем е решлив, можеби не во моментот и нема да се видат резултатите веднаш ама е решлив.
     
  9. Astrid

    Astrid Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    23
    Не сум Бог ниту да осудувам, ниту да оправдувам. Што се однесува до мене, никогаш не би се осудила на такво нешто. Едно затоа што не сум доволно храбра (или кукавица) да сторам такво нешто, друго можам да замислам колку животи ќе уништам со таквиот чин. Животот, таков каков што е, за никој не е лесен. Никогаш не треба да заборавиме дека животот можеби не бил наш избор, но е резултат на сите други избори кои сме ги правеле во текот на времето. Ако денес не ти оди, не си видовид да знаеш како ќе биде утре.
     
  10. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.691
    Неможам да осудувам ....сепак не го оправдувам...ако човекот кој се решил на таков чин не му се живее пред да го направи нека помисли на неговите најблиски ;( незнам страшна работа е,јас не би с е осудила да направам такво нешто никогаш,како прво не би била доволно храбра на тој чекор,како второ не би им нанела таква болка и удар на моите најмили,би било превише себично,а како ттето-секој проблем има решение-освен еден(смртта) ;(
    Во нашата држава не само што луќето ќе го осудат самоубиецот ги гледаат попреку и блиските....коментираат...знаев еден комшија што се обеси наводно бил должен оставил проштално писмо...оттогаш никој не збори со жена му и синот,ги гледаат како осудени кога поминуваат по улица,дури жената откога ја немам видено да искочи :doh: такви се луѓето бе :puke: што да кажам повеќе?
    На вежби по предметот судска медицина,имавме тема за самоубиството...асистентот ни кажа дека многу убиства изгледале како самоубиства,така искреирани...за секој чин си има посебни работи за да се утврди дали се работи за убиство или самоубиство,кога телото е на обдукција,но зависи колку вештаците ќе одат далеку...значи може човекот непотребно го класифицираат како самоубиец кога не ја знаеме вистината...прошталното писмо-да,но можеби е пишувано под присила...незнам отидов далеку во анализата,сакав да кажам дека гледајќи што се случува околу мене,несакам да осудувам прерано за било што....се разбира дека има самоубијци,но дали се сите??? јас вака се запрашувам :doh:
    не сме ние никој да судиме,се знае кој суди....секој проблем има решение а овој чин -не е,тој е само бегство од судбината со која не си имал храброст да се соочиш....ти изгледа најлесен пат,а не е....
     
  11. bestrasnost123

    bestrasnost123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    28
    не можам да ги разберам тие луѓе зар спасот им во тоа дали размислуваат на своите блиски или се доволно себични за такво нешто ццц
     
  12. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.165
    Допаѓања:
    23.020
    Пол:
    Женски
    хмм..да сум искрена сум размислувала за вакво нештоо..но отпосле се покајав што помислив..сфатив дека некој колку и да ме повредил,да ми нанесол зло, животот продолжува понатаму има моменти кога паѓаш и кога станваш но тука не се бара значи решението во одземање на животот,најчесто луѓето го прават ова поради што ќе изгубат некоја личност,на пример живеење без саканата личност,не ги сакал нз шо,то не е разлог дека ако си ги сечиш вените,обесиш и сл,дека ќе го повредиш,него ништо не можиш да му напрајш,ако те сака ќе пати,ако не воопшто,но сепак има луѓе шо живеат за нас,шо мислат на нас,шо се би дале за нас,нашите РОДИТЕЛИ,не е фер и неправедно да го изгубат своето дете,ти дариле живот,те донесле на овај свет,сепак неправедно е спрема нив,,има решение за секој проблем,а ова ако го напрајш ништо не си решил ;)
     
  13. meruska

    meruska Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    103
    јас мислам дека:
    кукавиците се самоубиваат,тие што немаат храброст.
     
  14. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    Не се согласувам со тебе ,да храброст е да останеш трезвен и да се соочиш со проблемот да бараш начин да го решиш тоа не го негирам но што кога светот се руши сите соништа паѓаат во вода или едноставно се губат надежите за едно подобро утре кое си го чекал со години .Не самоубиство не вршат кукавиците туку тоа се најчесто депресивни или осамени личности не можеш да ги сметаш за кукавици тоа се лица кои имаат проблем замисли си сестрати не дај боже или некој близок да сака да се самоубие ќе и речеш дека е кукавица ?????или ќе ја гушнеш и ке и кажеш дека те има тебе ???ете тука е проблемот тие се оставени сами со себе во миговите кога им е најтешко ????верувајте многу е тешко кога душата некој го боли .тоа самоубиство не е последица на еден ден ,месец или година на тага и разочарување.Тоа е резултат на подолг временски период кога срцето ја апсорбира целата болка,навреди порази во животот...И да имам помислено на самоубиство и се имам обидено да си пресечам вените но мајка ми ме одвраќала од тоа и не се срамам да кажам најтрагично е што тие суицидални мисли ми се врежани во главата. Затоа што велите дека ние сме себични не мислиме на никој друг ???А зошто тие не мислеле нас за која можеби и се дел од причините за такво однесување и постапување
     
    На little chili, Adi888 и maca99 им се допаѓа ова.
  15. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.935
    Многу пати сум помислила, но онака како избувнување во моментот..

    Инаку.. :^) Да незнам што ќе ми се случи потоа, дали животот ќе ми биде подобар, Јас? Радозналата Линн? :^) :D
    Хахахаха никогаш не сум се обидела да си наштетам на себе. Коа ќе ги видам девојчиштана ќе земат ќе се испосечат :@ Глупаво, просто, смотано нешто. НИКАТ НЕ БИ ГО НАПРАВИЛА !!

    Животот е еден, ако сега си го скратиш немаш шанса повторно да се вратиш. Леле целата се ежам кога ќе помислам на смрт онака дека веќе никогаш нема да се вратам меѓу вас, многу ми е морничаво, Едноставно не сфаќам што значи ЖИВОТ незнам дали има нешто надвор од ова или тоа е се.. незнам, неможам да се изјаснам :sweat:
    оф топик отидоф, сорри :/
     
  16. spellbound

    spellbound Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    1.482
    Не можам да се согасам ;)
    Што ако некој нема близок роднина, приател??
    Ако знае дека нема повторно да ја види личноста која му била единствена на овој свет?
    Ако животот му се руши пред нос, а тој неможе ништо да превземе?
    Ако цел живот го следат несреќни случаи?
    Животот не е лесен, а има луѓе кои се емотивни или просто не им се живее..
    Мислам дека треба човекот сам да си избере кога да си оди, но добро да размисли :)
     
    На Klaudi му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.517
    И зарем самоубиството е решение?далеку од тоа е... да некои од нас се премногу емотивни(јас сум претерано емотивна) секој втор ден одам на психијатар,и само еднаш сум дошла до помисла да се самоубијам и тоа на 15 год зошто дечкоми не ме сакаше.Боже чувај каква глупача сум била.Самоубиството не е решение туку е уште по длабоко пропаѓање во дупката.Да кренеш раце од животот е не фер,затоа што има многу болни луѓе кои знаат дека ке умрат а би дале се за да живеат ;)
     
    На bitter-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.706
    Никогаш немат да сватам дали самоубиството е чин на кукавичлок или премногу храброст.Неодамна во мојата фамилија се деси самоубиство,и ден денеска не можам да сватам зошто тоа лице(така да го наречам) го стори тоа.Значи беше задоволен од све,од пари,само што го имаше завршено факултетот,и на денот кога се самоуби требаше да почни на работа да оди.Но тој сепак тоа го направи,и го спремал подолго време.Единственото објаснување што го даде беше дека овај свет не бил за него,а тој не видов ништо од животот немаше ни 24 години.Дали беше доволно храбар или кукавица не знам и не можам да сватам и не верувам дека некогаш ке сватам.Да оставиш и семејство,и најблиските и целиот труд што си го учел и све,и во еден миг да исчезне све.Но едно знам,за таквите личности немат оправдувње и никогаш не би ги оправдала,никогаш.
     
  19. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Верувам дека ретко кој од луѓето кои поминале низ вистински пекол во текот на својот живот и едвам успеале да излезат од него не помислиле најмалку барем еднаш на самоубиство, дека таква некоја налудничава црна мисла, како се би било полесно, поедноставно, помирно кога би ги затвориле очите и едноставно би исчезнале од лицето на планетата, која во тој момент им изгледала како жив и подвижен пекол што го голта секој нивни чекор, за на крајот да ги проголта и нивните тела... доколку било кој од тие луѓе ми го каже спротивното, јас би му рекла дека е најголемиот лажго на истата планета од која сакал и да си замине :). Помислата на самоубиство не е нешто што го поддржувам, но пак, и не е нешто што го осудувам. Не верувам дека таа мисла може да се контролира, бидејќи едноставно влегува и излегува од и во умот со брзина на светлина. Да, таа е момент на слабост на секој смртник, искушение до некаде, бидејќи на многумина во моментот им се чини ко' единствен излез од бетонските ѕидови околу нив, кои нити имаат прозорци да ги осветлат макар и на секунда од денот, нити пак имаат врата за да излезат кога ќе посакат. Но, велам помислата не е нешто што може да се контролира, но самиот чин е да и те како, можеби и највеличенственото нешто што еден смртник може да го направи е да се спаси себе си од таа безизлесност и тоа по потешкиот пат. Но, и не нема да речам дека оние кои избрале поинаку дека се тие слаби карактери, лабилни личности, бидејќи во крајна сметка и изборот да умреш од својата рака и не е нешто многу едноставно. Малку се луѓето кои можат да и погледнат во очи на смртта без да ги наполнат гаќите и да се откажат :) Најчесто и токму тоа е причината, поради која повеќето се откажуваат од помислата, останатите едноставно имале некој кој да им подаде рака и да ги спаси од срењето во кое се нашле :). Сепак, премногу се тоа филозофии за човек како мене да ги напише во неколку реда... дефинитивно.
     
    На Lolipop23 и blond им се допаѓа ова.
  20. Mini-Mouse

    Mini-Mouse Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.439
    Пол:
    Женски
    :( Незнам што да кажам на оваа тема.... познавав еден човек што се самоуби пред некоја година....Имаше жена,две деца,работа,кола значи се што има еден нормален човек.Работевме заедно 5 години...беше еден од најпозитивните мои колеги...добар а бе душа човек ;( .. и наеднаш ..... кога слушнав не ми се веруваше..одбивав да поверувам....постојано ми се вртеше во глава прашањето ЗОШТО ???? ..и никогаш не дознав зошто....ниту пак некој од работа.Остави две прекрасни ќеркички сами да растат без таткова грижа.... никогаш нема да му простат ;( ;( ;( (а и не заслужува). Само разбрав дека тоа не го направил во момент на слабост..он размислувал подолго време за ваков чекор.Пред многу години купил пиштол и никогаш не кажал за што му е.Е па сега знаеме за што му бил потребен.Дошол тој ден на работа нормален како и секогаш , се врткал навака така, и по некое време кога скоро сите се раштркале на различни страни, тој во ходникот ...... го пронашле.... ко на филм луѓе.....но веќе касно било за се. Отиде без поздрав ;( без писмо до своите. ЗОШТО???? ;(