Дури и во полиција ќе го водат како самоубиство, бидејќи мислам дека секој е свесен до која мера треба да биде, се што е над е ставање во ризик..
Полиција многу и е гајле,само да стават нешто во записник, здраството или образовниот систем се тие што треба да едуцираат за самите последици,и секако најдобро да не дојдат до рака на било кој посебно на младо лице кое од x причина ќе посегне за да си го реши наводно проблемот ама без да знае што го чека после тоа,нажалост мн.случави завршуваат фатално.
ako e iskreno toa sto si go napisal , nemas gajle , kaenjeto e isto taka pola "samooprostuvanje" ostanatoto ke go napravi nekoe vreme a ako si ja zaebal i licnosta sto ja sakas , pusti ja togas i ne i se samosozaluvaj sega , po nekoe vreme ako i dojde iskreno da ti prosti , ke se potrudi da prepoznaes
Земање поголема доза од препишаната при што настапуваат смртни последици е самоубиство.. Кој свесно би земал неколку пати поголема доза од пропишаната? Тука не станува збор за 2-3 апчиња, за да се предозираш со одреден лек треба баш доста да испиеш.. ---------------------------- Инаку сум размислувала на темава многу пати.. Особено во период кога сум била депресивна, кога цел свет ми се срушил.. Размислував, анализирав, читав по интернет, дури и со психолог и психијатар се имам консултирано... И заклучив дека се додека има луѓе што би пателе од таквата постапка, никогаш не би посегнала по својот живот.. Иако на моменти ми прелетуваат такви мисли, ех сега да си умрев немаше да поминувам низ ова.. Но лесно е да се пишува тука, разведри се, животот е убав, вака - онака.. кога никогаш не си почувствувал желба да се самоубиеш.. Можеш само да претпоставуваш како се чувствуваат луѓето во тие моменти.. Од теорија до пракса има многу пат за одење..
Да,имало моменти.Али не знам..Никогаш не сум размислувала на тој начин.Никогаш не би се осмелила да си посегнам по свој живот.Си мислам..што не поминало,па и ова ќе пројде. Како да посегнам по мојот живот?? Не можам да им го направам тоа.Прво на себе па и на своите.После тоа на дечко ми*** ,роднините или пријателите.Размислувај те малку поопширно.За земање апчиња..не на своја рака.Полесно ќе седнам некој и ќе му се доверам,него ли на тој драстичен чекор. Ако веќе дојде до тоа..На полицијата не и е ни малку гајле.Пишува во записникот дека е извршено самоубиство и чао пријатно.Решен случај.Не се осудувајте на такви чекори и црни мисли.
Само секунда е потребна од најсреќниот човек да станеш најмизерната личност, ете толку лесно се руши среќата. Ама за да излезеш од депресија...упм навистина. Едно утро се разбудив со ваква мисла и толку многу се исплашив од себеси што ден денес не можам да го заборавам тоа чувство. Мислам дека сите имаме моменти кога се преиспитуваме себеси, но кај некои луѓе да се излезе од оваа состојба е навистина тежок, долг и болен процес. Капа ви симнувам на секое искачување, колку и да изгледа незначајно. Кога ве опседнуваат вакви мисли, одете само полека. Чекор по чекор, минута по минута. Се надевам дека сите ќе научиме да се сакаме и цениме себеси доволно добро за да ги победиме и најтемните мисли. Самата депресија понекогаш е како еден долг пат кон бавно умирање, побарајте помош. Има толку многу луѓе што го поминуваат истото во истиот момент. Не сте сами.
Јас сум најлошата личност што постои уништив се што можев да уништам ми остана уште да да се самоубијам се надевам во другиот универзум нема да бидам ваков идиот и да си го уништам животот повторно.
Има една мисла или како и да ја наречам, кога ми е лошо си викам дека ако веќе сум најдолу и се е уништено - немам веќе што да изгубам сем да идам горе. Можи звучи клише ама навистина помага и знај да мотивира. Нема врска ако некој има лошо мислење за тебе, важно е какво мислење имаш ти самиот за себе. Ако ти мислиш дека си лошо, мора да има причина и ако има причина мора да има решение. Вистина е дека ако постои проблем, за истиот тој проблем мора да постои и решение и од таму те молам, обиди се да го најдиш решението зошто ако ти сметаш дека си лоша личност, со тоа што би се самоубил нема да докажиш дека си подобра личност, но ако останиш да живееш и да се бориш ќе докажиш дека ти си спремен за промена, дека си подобра личност и ќе се чувстваш подобро за себе и доколку сметаш дека си му нанесил на некој лошо - ќе имаш време да го поправиш тоа и да разубавиш нечиј ден. Се надевам дека ќе бидиш добро, ако навистина, најискрено се чувстуваш лошо зошто не посетиш стручно лице? Во секој случај ќе имаш барем со кој да разговараш и целосно да те сослуша, но мора да соработуваш за да имаш напредок. Со среќа.
Јас после се што уништив немам шанси од дното да одам нагоре, само можно е уште подолу да паднам на некој начин. Нема надеж да ги исправам грешките.СИТЕ СИ ПЛАЈЧАМЕ ЗА НАШИТЕ ГРЕШКИ ДОЈДЕ РЕД И НА МЕНЕ
Нејќам да сум ниту дрска, ниту безобразна. Најчесто оној кој има нагони за тоа, не наговестува, едноставно го прави тоа... Класичен пример е братучетка ми. Дури месец дена после тоа, најдоа проштално писмо. Кога тетка ми раскравала низ нејзината соба. Оди кај психолог или психијатар, поразговарај со него. Ќе најдеш светлина во твојот темен тунел. Сите имаме помисли, или сме имале некогаш, да го направиме тоа. На сите некогаш ни доаѓа преку глава од се. Ама дали јажето е решение? Не. Животот е борба, самоубиство е кукавичлок.
Се си уништил, хммм..а што тоа..причај нам мало о томе!? ПЛАЈЧАМЕ за нашите грешки велиш..а на кого тоа, даваат ли фискална!? Се надевам дека нема да го уништиш и форумов ако пишеш малку повеќе!?
Акo сaкaш дa плaќaш, плaќaј, јaс ќе учaм oд секoјa грешкa, бесплaтнo и ќе гo искoристaм тoa штo гo имaм сo цел дa се извaдaм oд срaњaтa вo кoи штo сум, a не сaмo дa мaвтaм сo рaцете и дa се дaвaм вo нив викaјќи "Си плaќaм зa грешките".
Сум била на работ, безброј пати, се до еден момент кога една пријателка не си го одзема животот. Тогаш нејзината најдобра другарка ми беше соученичка и знам само низ што минуваше таа емоционално и сите што ја познаваа. Како созревав научив дека едноставно животот нема упатство за употреба и дека треба сами да се справуваме како што знаеме.. Многупати изгледа дека сме во безизлезна ситуација ама верувајте, тоа поради тоа што немате вистински луѓе за разговор. Жалосно е што во нашево општество уште е табу одење на психолог, но верувајте, тоа понекогаш е единствениот излез, во моменти кога нема луѓе што те разбираат и кои не сакаат да допринесат ти да се чувствуваш како специјален дел од твојот живот. Но тоа не е ваша вина, тоа е нивна. Грешки се прават постојано, од нив учиме, не дозволувајте грешките да ве кочат да живеете слободно. Тоа е тоа, паѓаш, и се воздигнуваш, понекогаш едноставно, понекогаш бавно и со многу тешкотии, но секогаш вреди да стоиш на нозе. А луѓе на кои им значите има многу, само.. во вистинските моменти често пати сме себични од разни причини да го кажеме тоа.. Некако како да се стремиме да живееме во време исполнето со малку клишеа, а токму тие понекогаш ја исполнуваат дупката која е празна. Емоционално се трошиме а малку сме едуцирани како емоционално да се исполниме. Ретко се обрнува внимание на емоционалната интелегенција.. Депресивна сум со години, анксиозна, што и да е, се некако се обидувам да најдам начин да излезам од таа проклета дупка, ама секогаш се враќам на едни исти мрачни мисли.. Сфатив дека тоа е тоа, едноставно ќе морам да се навикнам да терам со таа тежина и нема излез. Важно е дека иднината е пред нас и имаме само една шанса да ја оствариме. Каква и да е, битно да е.. И едно клише од мене: не е тоа решението, секогаш постои начин.. Спојлер
Баш пред некој ден коментирав со татко ми за тоа зошто глумецов Робин Вилијамс се самоубил. И татко ми само ми одмавна со главата, демек само смислуваат некои работи, болести, депресивни биле (тоа од сега постои, нели ) а се имаат во животот, пари, куќи... Само му реков дека не е се' во парите, можеш да имаш навидум се, но пак да не си среќен. Постојат и некои други работи, борба со самиот себе, која е невидлива за другите. Сметам дека и во тоа е проблемот. Што повеќето луѓе сметаат дека депресијата и анксиозноста не постојат, дека се само измислени "болести на новото време" ,и кога некој нивни близок ќе се обиде да им се довери за тоа, тие не го сфаќаат сериозно и го отрфлаат. Еве, само кај мене татко ми многу пати се има изјаснето дека не верува во психолози, дека тоа е само да ти земат пари и слично. Можеби јас лично не сум била во толку лоша состојба, но постојат многу личности кои буквално ги довикувале блиските за помош кога биле на работ, а никогаш не ја добиле и од очајот посегнале кон самоубиството. Не велам дека не постојат случаеви каде жртвите на самоубиство потекнуваат од семејство кое ги сака и се обидува да им помогне на секаков начин, но сакам да кажам дека сите овие состојби се многу реални, и ако забележиме наш близок дека има вакви мисли, да му бидеме потполна поддршка и да го посоветуваме да оди на психолог/психијатар, за да го извлечеме од бездната во која се наоѓа.
Сум пробала да се самоубијам.Неколку пати,влагав во јаки депресии за ништо.Сеа си размислувам си викам никој и ништо не е вредно во животов за да го дадам својот.Ќе живеам како сакам на мој начин, само за себе.Не ми треба никој.Периодов многу ствари ми се исподешаваа.Едно време ќе го дадев животов за една другарка и за моите.Нејзе ја изгубив а моите мене.Никој не е доволно вреден за да го дадам животов за него.Си живеам од сега јас како сакам.
Се што можев уништив јас сум тотално безвредно суштество. Подобро да умрам одколку да бидам идиот кој сите го мразат и да бидам само на терет на моите мојот живот одамна изгуби секаква смисла.