Девојче, те читав и во другата тема за дечково... Нема никакво оправдување за ова, никој нема право да те третира на ваков начин... Ниту да те омаловажува и обесхрабрува во било кој поглед во врска со твоите способности, а најмалку во сето тоа да оди до толку нечовечка мера да ти вели да се самоубиеш! Никакво мислење не заслужува да имаш за него, и не вреди ни најмалку да дозволиш да допрат до твоите чувства и самодоверба неговите зборови. Едноставно само бришење од твојот живот е решението за вакво суштество! И да, луѓе - ве молам бидете внимателни во темава со сите што пишуваат дека се справуваат со вакви мисли. Без разлика дали ни се познати или нови членови, дали можеби неумесно го изразуваат својот проблем, не прифаќаат дадени совети - не можеме никогаш да знаеме низ што сè поминуваат и како го преживуваат во својата душа. Темава е последна во која треба да се докажуваме колку сме реални и директни, напротив - кога се обраќате дури и виртуелно на личност со таков проблем, само чувствата треба да говорат, поточно емпатијата во вас...
Најлесно ви е тоа да го кажете, ко вас да ве криват па вие не превземате одговорност. А тие што му дошло до тоа а едноставно не го направиле, дали поради немање храброст, околности или било што...и? знаете во каква состоја се наоѓаат? Или секој си знае за себе, вие дигате раце, не знаете што да направите па префрлате кривица еден на друг. Никој не крив а и да е не е битно, битно да се помогне колку што може да се оптиматизира позитивно состојбата а не да се правите на Тошо само затоа што така ви е полесно и затоа што може да избегнете одговорност која никој не ви ја наметнува. Па подобро да ти дошло до тоа а не жив мртовец да си. И на крајот на краиштата, и да е само барање внимание или крик за спас зарем тоа не е доволно загрижувачки?
Сосема се согласувам со тебе,дали некој ке го направи тоа или не е не знаеме,наше е тука да помогнеме да го одвратиме човек од самата помисла на тоа,макар и да е некој тинејџер,желен за внимание ,повремена замисла,некој хир или слично.Некој можеби е решен на тоа ама позитивни совети можат сосема да го одвратат од тоа,ало за човечки живот станува збор.А никој нема да му шкоди ако напише две три реченици позитивни ,охрабрувачки некому.Луѓе сме,а на некој му значи многу тоа па може и со живот. Никогаш нема да пишам некому ми делуваш како желен за внимание,ова она...си играш со нас мајтап тераш.И да тера мајтап човек ке испаднам и пак најдобар можен совет ке му дадам. Не ги разбирам тие што поинаку размислуваат...
ДА,и браво! Ми се лоши кога ке прочитам се друго освен охрабрувачки совет за вакви работи...Луѓе сме сите,се штедат да напишат охрабрувачки совет,ама затоа гледам некои не се штедат да исмејат некого,или се напраат со некоја ''мудра мисла ''нивна нешто.Абе да бидеме луѓе.
@ceca-1 , @Angie24 ... А како може да помогнеш кога во моментот кога ќе станеш сфесен дека некој планирал самоубиство веќе го направил истото без претходно да вели/пишува дека ќе го стори тоа!?!?!? Никогаш да не се најдете во таква ситуација, и негирајте колку сакате, но она што го пишувам, тоа е Факт!!! Никогаш да не доживеете!
Има некои кои викаат за помош, некои не. На вторите само најблиските роднини и пријатели можеби би забележале промени дека нешто не е во ред, но некои викаат за помош. Зошто да не подадиш рака? Што ако дур е тажен и депресивен реши зошто никој не го слуша, нигде, дека е доста. Некој дури и малку внимание да бара е сериозно. Некој и разговор да сака за оваа тема е сериозно. Не е факт дека најчесто луѓето се самоубиваат без негде, било каде да се искажат. Ако некој ете во фамилијата не ги сети, можеби ќе пишат анонимно на форум. Прави смисла така? Безразлика на околноста и дали некој ќе кажи и бара помош дека има вакви самоубиствени мисли или не - треба да му се подади рака. Дури и некој секои две недели да пишува на форумов, абе секој ден ако пишува заслужува да му се посвети внимание дека е една свесна и цврста индивидуа, дека нема да подлегни на проблемите и дека мора да продолжи, проследено со дискутирање на проблемот и изнаоѓање на потенцијално решение.
Da se odlucis na takvo nesto ne e lesno. Treba golema hrabrost. Toa e kako da zamislime utre ne nema, se lisuvame od se, pa i od nadezta za podobro utre. I neli e potrebno tuka da se pise nekade, da se iskaze? Moze ne moze doma, moze ednostavno mu treba motiv da prodolzi pa sekoe mislenje bi mu bilo dobredojdeno. Ama ne i ova - Koj saka da go napravi toa, ke go napravi bez da pise. Da moze ima i nekoi takvi, cvrsto reseni vo svojata namera, pa im e strav da ne gi predomisli nekoj. Tie ne citaat, ne pisuvaat, ama mislam ne treba da se generalizira od rekla kazala. Depresivnite cesto imaat suicidni misli, moze ke gi odbegnuvaat, no sakaat i da spodelat, za povtorno da ja pronajdat svetlata tocka. Tie sto bile vo depresija dobro znaat kolku znaci ubaviot zbor i poddrska od drugiot.
ExcusesРазберете, никој не бара ништо од вас да направите, едноставно не го разгорувајте жарчето со дезинформации. Доколку сепак сакате да помогнете со ваша волја има многу работи што можат да се направат почнувајќи од обичен разговор или посветување внимание барем, до спречување на чинот и давање насоки за подобар живот. А криците за спас се околу нас, само треба да ги слушнеме.
И јас истото го велам, за тој кој пушта 'крик' и бара помош - има надеж дека ќе добие што бара - помош и внимание. А кој решил, делува!! Толку!! Мој став, мое искуство!!! Не ме цитирајте за џабе!
Убедена сум дека секој човек, па дури и оној што се чувствува како е на дното и размислува за самоубиство, длабоко во себе се надева дека ќе се појави нешто, некоја искра надеж која ќе му даде сила за продолжи. Тоа дека самоубијците не зборуваат за чинот, па и не се согласувам баш! Има многу што не кажуваат директно, експлицитно, ама го менуваат расположението драстично, повеќе не уживаат во работи во кои порано уживале, некои стануваат и поотворени, дури и покомуникативни баш кога чувствуваат дека веќе нема излез. Ако добро познаваме некого, и без да ни каже нешто директно, мислам дека може да ги препознаеме промените во однесувањето кои понекогаш може да се клучни. Секој што мисли на самоубиството како решение, го охрабрувам да зборува. Ако нема со кого во реалниот живот, барем тука во виртуелниот. Важно е да се знае дека не е се` изгубено, никогаш не е се` изгубено и секогаш ќе се најде личност што ќе сака да ве сослуша. Исто така ме вади од кожа кога на самоубиството се гледа како на кукавички акт. Не сакам да бидам сфатена погрешно, дека го глорифицирам самоубиството, напротив! Ама мислам дека за човек да посегне по својот живот, да оди против најосновниот инстинкт, е потребна голема доза храброст и уште посилно чувство на безизлезност. Затоа, да погледнеме подобро околу нас, да посветиме повеќе внимание. Можеби некој баш во нас и во нашите утешни зборови ќе најде смисла да продолжи. И ве молам, ако не можете да помогнете, барем не осудувајте и не одмагајте. Барем не на оваа тема.
Надевајтесе секогаш на подобро утре. Животот е непредвидлив, незнаете кој се не убавини не чекаат таму некаде низ животниот пат. Важно е да ја научите самоконтролата и да ја подигнете самодовербата, ќе успеете преку книги, извлекувајќи го од нив она најдоброто. Уживајте во малите нешта кои ве прават среќни, превземајте ризици, ако тоа е потребно за да бидете среќни и да грешите извлечете ја поуката за следен пат за да не дојде до повторување на таа грешка. Скоро секој успешен човек има поминато низ многу тешкотии и поминал по рабовите на животот, најтешките лекции ги учат оние најдобрите. Животот е интересен, заедно со своите тешкотии и убавини, живот не би се нарекол живот ако не можеш да ја почувствуваш среќата и тагата. Да бидеме благодарни на тоа што сме живи, а не да размислуваме на самоубиство. Ние сме единствените сопственици на нашиот живот, ние одбираме по кој патоказ ќе одиме во животот. Подобрете го своето емоционално здравје и пронајдете го комфорот на болната страна на лепезата од чувства. И запомнете "Ние сме единствените господари со нашите мисли и чувства, ако не ги контролираме ние, тие нас ќе не контролираат".
Како што има 'убиство во афект', има и самоубиство!!! Без збор, без знак, без најава, без писмо...Има!
На другарка брат и имаше рак на мозокот,се трудеа да го спасат,но почина,утре дента,другаркава се спремала за на работа и да и каже дека ќе иде на мајка и кога отворила врата мајка и се обесила во спална со јаже.Мене кога ми го кажа ова ќе се онесвестев се наежив цела...замислете она.не сакав да ја прашувам од што,сигурно од тага
Јас многу пати сум размислувала на самоубиство, пишав во друга тема еднаш пробав да се самоубијам, но не ми успеа. Незнам веќе каде да го барам мирот, се наопаку ми тргнува, не ми се живее веќе. Секој ден нови проблеми имам, неможам да издржам веќе, ќе полудам
@Cat-Lover А постои ли човек што нема проблеми?! Сите имаме-кој повеќе,кој помалку. Мора да постои барем една светла точка во твојот живот,мора да постои барем една поддадена рака за спас. Мора покрај тебе да има барем една личност што ќе те извади од депресијата и ќе те отргне од лошите мисли..само бори се против лошите демони и искушенија,те молам немој да размислуваш повеќе вака,животот е постојана борба и надеж,животот не е секогаш така црн како што ти се чини во моментов.. Со самоубиство ништо не се решава.