Самоубиство

Дискусија во 'Психологија' започната од Bright, 16 март 2010.

  1. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.561
    Допаѓања:
    5.622
    Пол:
    Женски
    Постои решение за секој проблем, доколку решението не е прифатливо за тебе - се дистанцираш од проблемот. Звучи невозможно, но е вистина. Размисли убаво која е причината за твоите проблеми, од што и како потекнуваат, кој е причинителот.. Било да станува збор за семејни проблеми, љубовни, проблеми со пријатели, на факс/работа - решение има. Потребно е да бидеш трпелива во овој период. Сигурно има нешто/некој добар во твојот живот. Можеби ќе ти звучи смешно или глупаво, но кога јас минував во период со проблеми многу читав психолошки книги и практикував медитација. Не можам ни самата да опишам колку ми беше подобро. Едноставно престануваш да размислуваш толку песимистички и почнуваш да го бараш доброто во нештата. Пробај и ти, нема да изгубиш ништо. Само избриши ја од глава помислата за самоубиство.:hug:
     
    На Dadusicka, cresa-jagoda и Cat-Lover им се допаѓа ова.
  2. Angie24

    Angie24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2017
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    255
    Пол:
    Женски
    Овде сме да помогнеме за оние што пуштиле некаков крик,напишале во оваа тема проблем,па и во слични теми кај што пишуваат,ке препознаеш човек кому мислите му одат на самоубиство.И тоа како може да се делува на човек,јас од страв и фобија што имам од овие работи,а ја видам мајка ми,сестра ми,роднина,пријателка тажни,абе ке и го разубавам животот во минута со оптимистички муабети од страв длабоко во себе да не напраат нешто.Ке им зборам со саати,колку животот е убав и колку би била скршена без нивната поддршка и постоење.Наше е да реагираме до последно,дури гледаш дека човекот стварно се опоравува.За особи што не ги знаеме дека постојат и имаат ваква мака дури не се огласат, не можеме ни да им помогнеме.Логично.Оние што се решени на тоа,а сепак дошле пред тоа да зирнат во форум фемина Самоубиство може и ке си го зачуваат животот ако прочитаат од сите нас само позитивни совети.Људска "психа" е чудо.Нема да ги охрабри да живеат вашето тој што е решен -решен е.Ама сепак нашите позитивни совети може .Не мора па психолог за помош овде,само човек со воља за живот треба,и што повеќе човечност.Човек што има душа треба.Да осети другиот колку сакаш да му помогнеш.Друго се е на Господ златен.Со еден збор,помагајте на сите они кои ги гледате дека се тажни.
     
    Последна измена: 6 мај 2017
    На Juicy, Meckicja, Dadusicka и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Ecka1999

    Ecka1999 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    430
    Пол:
    Женски
    Кога и да ви е најтешко,кога мислите дека нема излез од таа ситуација помислувајте на се освен на самоубиство.За секој проблем постои решение,секој ќе ви подаде рака да ви помогне,може да се појави некој/а и да ви сврти животот за 360 степени, да ви ја даде потребната љубов,поддршка да ве усреќи да ве направи сакани и тогаш да ви биде криво како воопшто сте помислиле на такво нешто.Затоа уживајте во животот кој што ви е даден,смрта сама ќе дојде еден ден сакале ние или не сакале.:l::l:
     
    На mira.mira, Dadusicka, Dark artist и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Brojka

    Brojka Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2017
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    1.722
    Јас велам дека за секоја ситуација и проблем има решение. А смртта ќе настапи тогаш кога ќе треба. Многу луѓе се извлекле од стварно лоши ситуации во животов. Некои биле бездомници, страдале од тешка и мачна болест, биле оставени сами на себе ама се избориле и еве ги денес живи и здрави и среќни. Познавам вакви случаеви. Што значи решливо. Само што некогаш е полесно некогаш потешко ама е решливо.
     
    На biGirl, Someonespecial, boomsleng и 7 други им се допаѓа ова.
  5. ELIDavor

    ELIDavor Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2017
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.788
    Пол:
    Машки
    И јас се имам обидено со жилет ама навреме дојдоа и ништо и сеа си носам лузна не беше на вена ама длабоко се изнасеков си цртав со жилетот на левото рамо кај мускулот.
     
  6. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.520
    Допаѓања:
    55.214
    Пол:
    Женски
    Абе луѓе и јас сум била во жив пекол ама никогаш не сум помислила на самоубиство не е тоа никакво решение,ниту пак некоја храбра одлука за прекинување на маките и проблемите.
    Се е минливо и решливо во животот.
    За секоја депресија и безизлезна ситуација постои лек,ако искрено се побара помош.
    Само треба да се пронајде решението,некој го бара во верата,некој во медицината и секој кој побарал спас-нашол.
    Ве молам ценете ги повеќе вашите животи,не си ја обвивајте младоста во црнина под земја,а уште помалку имате право да им го направите тоа на родителите или на најблиските.
     
    Последна измена од модератор: 29 јули 2017
    На Juicy, PaLaVa, Victorian и 15 други им се допаѓа ова.
  7. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.700
    Пол:
    Женски
    Не сретнaв темa зa assisted suicide, a бaш ме интересирaaт стaвoвите вo врскa сo oвие сaмoубиствa. Јaс личнo ги oпрaвдувaм. Oпрaвдувaм и еутaнaзијa нa луѓе кoи нaвистинa немaaт нaдеж вo живoтoт. Луѓе кoи не мoжaт дa живеaт без aпaрaти, не мoжaт дa се движaт и еднoстaвнo се... Рaстенијa? Или пaк луѓе кoи се вo непрекинaти бoлки, и пoкрaј лекaрствaтa штo ги примиле и oперaциите кoи ги пoминaле. Не е хумaнo дa се прoдoлжувa мизеријaтa нa личнoст штo стрaдa и пoсaкувa дa прекине тoa.
     
    На WildMk, Purelove92, Lella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.813
    Допаѓања:
    173.212
    Пол:
    Женски
    И Даворе, што научи од тоа?
    Животот вреди да се живее или не?



    :)
     
    На Rama, cresa-jagoda и crimson им се допаѓа ова.
  9. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.771
    Пол:
    Женски
    Сите вие што некогаш сте посакале да ставите крај на животот, чукнете ја главата и размислете како ќе им е на вашите родители?
    Постојат луѓе кои ве сакаат, кои би поднеле се, освен да ве изгубат.
    За секој проблем има решение.
    Наместо да се губи време во размислување за самоубиство, размислувајте за решавање на проблемот.
    Насочете ги мислите кон позитивни нешта.
     
    На biGirl, Rama, marija305 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. ELIDavor

    ELIDavor Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2017
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.788
    Пол:
    Машки
    Што научив па научив дека не е тоа решение, дека секоја ден е нова шанса, дека се се решава со разговор и дека после секое лошо доага добро па и обратно, малце се срамев и не се чуствував убаво после тоа но гледав да не го повторам тоа.

    :$:$:$
     
    На WildMk и Gosh им се допаѓа ова.
  11. Afrodite¥

    Afrodite¥ Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2017
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    2.979
    Пол:
    Женски
    :l: браво
     
  12. Sv. Nikolka

    Sv. Nikolka Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2016
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    413
    Пол:
    Женски
    Но суицидалните мисли, неможе сами по себе да се контролираат. Затоа, под итно на Психијатар, и тој ќе ве праша, ако сеуште имате такви мисли, ќе вклучи уште нешто во терапијата. Затоа е пожелна и хоспитализација. Такви пациенти се обично со Биполарните растројства, ако е манична депресија. Незнам во тој момент што се случува со мозокот, за да човек посегне не дај Боже по својот живот. . . На душман не му посакувам, а камо ли на пријател такво нешто. Психотерапиите многу помагаат.
     
  13. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067
    Прочитав многу коментари што се однесуваат на темава и гротото од нив се полни со разноразни жигосувачки зборови за овие луѓе. Јас лично не оправдувам самоубиство, но сметам дека не треба овие луѓе да се жигосуваат со зборови како „кукавици“, „страшливци“ и.т.н. Сите ние сме луѓе од крв, месо, разум и чувства. Има луѓе кои едноставно немаат никого и ништо и немаат на кого да се потпрат кога им се случуваат разноразни лоши работи во ова лудо искуство наречено живот и некогаш тие луѓе го гледаат овој избор како ставање крај на нивните бесконечни маки. Така да немојте овие луѓе да ги жигосувате со овие зборови. На сите нас ни се случуваат лоши работи тоа е точно но повеќето од нас ги наоѓаат средствата за борба против овие работи. Не сите имаат успех на тоа поле и затоа некогаш некои луѓе го гледаат самоубиството како најефикасен начин за справување со сите потешкотии. На никого тоа не му го посакувам но не знаете каква е иднината, до овој чин може да дојде секој од нас, никој не е имун на тоа. Затоа полека малку со жигосувањата, наместо тоа обидете се на личноста да ѝ помогнете.
     
    На WildMk, Mr. Right, Sv. Nikolka и 2 други им се допаѓа ова.
  14. ciudad_juarez

    ciudad_juarez Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2016
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    185
    Пол:
    Машки
    • Ве замолуваме да пишувате на кирилица.
    Mozi nekoj den ama uste ne
     
  15. __cataleya___

    __cataleya___ Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2017
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    73
    Пол:
    Женски
    Можам многу, многу да зборувам на темава.
    Лично познавав лица кои се самоубија, и познавам лица кои пробаа и не им успеа. И јас сум помислила на самоубиство и не се срамам да признаам.

    Помислив дека таков чин е единствената алтернатива, затоа што секое ново будење, секој поминат ден не го дожовував како дар, туку како тортура.
    Бескрајно мачење од кое не наоѓав излез. Секој ден нова болка. Секој ден cè повеќе солзи.
    Секој ден сè поголема празнина.
    Се чувствував крајно осамено. Иако имав луѓе околу мене на кои им значам, се чувствував сама. Како да не сакаат да ме сослушаат, како да не можат да ме разберат.

    И не зборував. Иако на моменти, посакував да грабнам некого за рака и да го молам да ме сослуша, да го молам да ми помогне. Зошто знаев дека сама нема да можам.

    Се чувствував безвредно. Неспособно. Не бев способна да одржам било каква врска, или да исполнам било каква цел. Не бев способна да се сакам себе си најпрво, а камо ли да сакам на добар начин некој друг.
    Се чувствував толку безвредно, што додека ме повредуваа и ми упатуваа навреди, само стоев и молчев. Го спуштав погледот и треперев обидувајќи се да соберам сили и да ги задржам солзите.
    Некогаш ми успеваше.

    Толку многу ме повредија, што не се чувствував повеќе убаво во сопствена кожа. Секако, полесно е да поверуваш во негативните работи за тебе, од колку во позитивните.

    И денес, не сум сигурна дека сосема се изборив со сите црни мисли, ама колку-толку успеав да се дигнам на нозе, чим сум тука и го пишувам ова.
    Денес знам дека не би си наштетила себе си, денес знам дека вредам. Знам дека некој ме сака, дека нечиј живот би бил уништен ако би посегнала по мојов.

    Затоа, не. Не го сметам самоубиството за кукавички чин. Никој не може да знае што и се врти низ главата на личност што се решила да го направи тоа.
    Не ги осудувам оние што го направиле тоа, ниту оние што се обиделе. Кога те боли душата, секој вдишан воздух боли.
    За некои проблеми навистина нема решение. Животот не е математика. Некогаш само треба да се помириш и да научиш да живееш со тоа.
     
    На martovsko cveke, eli25, zokystanoevsky и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.806
    Допаѓања:
    80.580
    Пол:
    Женски
    Сум била и јас во таква ситуација но не, не одобрувам такво нешто. Жал ми е за сите кои си го одзеле животот, не се нафрлам на нив со погрдни зборови, но никогаш не можам да го оправдам самоубиството. За секој проблем постои решение. Да се одземе живот не е решение. Сакаш да биде подобро? Земи ја својата судбина во свои раце, нека биде подобро. И себично е да се одземе животот. А оние на кои сме им потребни? Тоа што е грев е башка... ние не сме тие што одлучуваме колку ќе живеме, но дефинитивно ние одлучуваме како ќе живееме. Поентата е да се умре како победник а не како губитник.
     
  17. playful girl

    playful girl Активен член

    Се зачлени на:
    13 август 2017
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    50
    Пол:
    Женски
    Се додека човекот дише постои надеж, кој е тој кој може да каже со сигурност дека за некој нема спас? Постои само еден а тој е оној горе, но за жал не сме секогаш способни да ги разбереме неговите знаци. Јас сум против еутаназија затоа што постојат многу примери на кои медицината им дала месец два, а живееле со децении потоа. Има примери на луге кои станале после долга кома..... Постои само еден кој дава и зема душа, се друго е убиство или самоубиство.

    Самоубиството е последица на слаб карактер, нервно растројство, или ментално пореметување. Да се убиеш заради дечко, развод, сиромаштија..... е тотална глупост. Па дури кога се работи за посериозни проблеми самоубиството не е решение.
    Ти ќе се убиеш, ама проблемите не си ги решил туку си ги оставил на најбиските.Има ли поголема глупост од тоа наместо себе да заглавиш да страда некој друг.
     
  18. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.700
    Пол:
    Женски
    Медицината не секогаш помага личноста во целост да се излечи, а во овој случај единствениот што одлучува да ги одржува во живот е докторот, не „оној горе“. Прочитај што напишав уште еднаш, може би ќе ти стане јасно за што зборам. Има луѓе кои сами сакаат да си ги скратат маките, кои не можат да живеат без лекови и апарати. И не зборам за случаи како болдираново, тотално погрешно си ме разбрала. Зборам за лица со, на пример, церебрална парализа. Иако постојат лекови, не е загарантирано дека ќе ја излечат личноста комплетно, и човекот може само да егзистира како растение.

    Исто така прочитај го мислењето погоре, мислам дека последното, пред тебе беше што напишано. Ако не си поминала низ тоа, не можеш да знаеш.
     
    Последна измена: 15 август 2017
    На Gosh му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Rainman

    Rainman Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2015
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    86
    Пол:
    Машки
    Со оглед на тоа што го посочуваш “оној горе“ претпоставувам си верник, и иако не сум по верата сепак нема да ги одвраќам луѓето што решиле да најдат утеха во неа и да најдат внатрешен мир. Ама очигледно никогаш не си доживеала нешто тешко или пак си била во депресија. Имаше еден случај, мислам во Србија, семејство со дечиња, западнале во сиромаштија, и двајцата невработени и нема како да се преранат. Таткото си го одзеде животот бидејќи од некои подобри времиња имал останато полиса за животно осигурување, па да можат неговите да се преранат некако.
    Самоубиството не е последица на ментално пореметување. Да, можеби карактерот во тие моменти е слаб, но тоа не значи дека човек не е свесен за своите постапки, едноставно целта му е да си ги скрати маките. А тоа дека ако се самоубиеш, проблемите ги префрлаш на другите, ми е малку себично. Кај нас некој ако спомне дека има црни мисли, веднаш го прават ненормален. Не мора ни толку, доволно е да кажеш дека посетуваш психијатар и одма си жигосан, без разлика од која причина одиш кај него. Човек ако ја има потребната поддршка во тие моменти, не верувам дека би посегнал кон самоубиство, обично е обратното. Да, ако некој се реши да замине, најблиските ќе страдаат, но треба ли тоа да ти биде мотив за живот, да живееш за другите, а болката да ти остане?
    За медицината пак, точно дека е познато дека докторите често пати давале погрешни дијагнози, но да бидеме реални, случаи каде има луѓе во кома со години или кои се парализирани од вратот надоле, таквиот живот е измачување. Еутаназијата ретко каде е легална и мора да се даде согласност во прво лице, значи за лице во кома кое не може да даде согласност, тоа не важи.
    Човечкиот ум може да биде и најпрекрасното, ама и најстрашното нешто, и само некој што ги искусил и двете крајности може да разбере колку е непредвидлив животот.
     
    На *Amethyst*, Safira26, ♣ Alba Viduam ♣ и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Kik3

    Kik3 Нов член

    Се зачлени на:
    27 септември 2017
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    32
    Пошто сум засегната баш од оваа ситуација,веќе подолго време го истражувам овој "феномен", па наидов на темава.Еве ви една кратка поучна приказна ... Имав 5 годишна врска,ако можам да ја опишам тоа беше ИДЕАЛНА врска... љубов,разбирање,компромис,буквално сите квалитети што може да ги има една врска. Еден ден го најдов безживотното тело на човекот што се ми значеше. Станува збор за самоубиство на најморбиден начин. За трагедијата да биде уште поголема,дур стигне брзата помош,последниот здив го испушти на моите раце.Сјајот на тие сини очи што се ми значеа,згасна пред моите очи. Шок сликата никогаш не се заборава,едноставно живееш со таа слика и загуба. Кога беше јасно дека не е веќе жив,во цела таа хаотична ситуација пробав и јас да скокнам од тарасасата и да си го одземам животот. Не успеав,ме спречија. 2 месеци бев во хаотична состојба гробишта-дома,седативи,гнев ,болка... Еден ден дур лежев издрогирана од седативи,татко ми мислеше дека спијам и ме плачеше како мртво дете. Тоа неможам да си го простам. Од тогаш решив наместо да си го одземам животот,да живеам 2 животи, еден нормален заради луѓето околу мене и еден кога сум сама и на гробишта. Тешко е,претерано. Но не би дозволила луѓето што ме сакаат да живеат ваков пекол како што живеам јас сега. Живеете некој витруелен живот,многу прашања-одговори никаде,само претпоставки и некои тези,станувате емотивно осакатени. Ама живеете за да ја докажете вашата љубов спрема другите,а љубовта боли... Јас неможам да одобрувам или да осудувам,затоа што бев и на двете страни,мислам дека има кој да суди. Само неможам да се помирам со фактот дека најдобриот човек што го познавав,заврши на таков начин.
    И после се што поминав јас уште го сакам премногу и се би му простила што преживеав само да ми се врати... но за жал тоа е невозможно.
    Сега одам кај еден прекрасен психотерапевт заради желбата да научам како да ги канализирам сопствените чувства.Седативите се само привремено решение за нештото подоцна да ескалира.
    До оние што имаат суицидни мисли-побарајте помош,никогаш не е доцна и секогаш има надеж,размислете колку животи ќе уништите!
    До оние што го осудуваат или одобруваат суицидот- облечете ги туѓите чевли,па тогаш видете колку е удобно да се гази во нив,во спротивно не сте компетентни да зборувате на теми за кои никогаш сте немале некакво искуство.
    За оние чии блиски извршиле суицид-држете се силно,за жал некој мора да преживее пекол и на земјата и не обрнувајте внимание на гласините од околината,луѓето по секако ќе си зборуваат.
    Човекот може да биде цврст како камет или кршлив како стакло...се зависи од вашата воља и желба. Секое добро!
     
    На WildMk, *Amethyst*, Luminary и 23 други им се допаѓа ова.