Колешка моја ја познавала жената имала мало детенце и била разведена живела со нејзините родители,али секогаш била нормална личност не покажувала знаци на лудило или сл нешто.
Знаци на лудило?? А како некој би дефинирал нормална или ненормална личност? Не гледам зошто телевизиите и порталите известуваат за самоубиства како да е вест на денот, лична работа е тоа не ги засега останатите.Наместо тоа може да се постветува повеќе простор на дестигматизација на менталните состојби и барање стручна помош без при тоа да ти стават етикета ненормален, луд или слично.
Жената доживела неверство ,развод не секој може да остане на нозе и покрај се,некои луге не се посилни од депресијата. Јас не осудувам никој за ова ни нејзе не ја осудувам.Само жално за тоа детенце. Како викат старите да не си во нејзина кожа ,само она си знае зашто посегнала по нејзиниот живот. Да може не требало да биде на тв,али не било во некое тајно место туку на место каде што девно поминуваат многу луге Друго денес ако отидеш на психолог или на некое советување одма ќе бидеш исмејуван од народот,многу луге уште живеат во 15ти век,а други неможат финансиски да си дозволат .Може била исмејувана од местото каде што живела дека е сега сама жена со дете,дека не била добра жена па затоа мажи ја изневерил денес општеството уште живеее во некој си век за жал и немаат разбирање,ни срам па ни почит. За психолог или сл. денес кај кој и да отидеш нема да те сослуша туку ќе ти каже стрес ти е или замор и апчиња ќе те налока. Нека и е лесна земјата,само она и господ знаат зашто тоа го направила
Кај имаш предходно напишано за твојот проблем не видов? Ама еве ќе ти кажам, никој на светот не се родил и све да му е наредено па само да ужива. Нема човек без проблеми премрежија маки патешествија. Сите се борат и поминуваат преку се. Не си дозволувај да помислуваш на ваква глупост. Разведри ја главата излези на воздух, прошетај некаде, пиј кафе чај, најди некој близок искажи си ги маките. Ако те повредиле другарките ич не ги врти, гледај си за себе и најди луѓе во чие друштво ќе се чуствуваш пријатно. Смеј се уживај во животот, мислиш на нас тука сите се ни е наредено ако било така лесно сите до сега ќе не снемаше, ама ете се трудиме. Денеска гледав едно видео на фб, ако не си го видела еве го, и свати ја пораката. https://www.facebook.com/uniladmag/...mfZP7MiDq9UHsRsIA49n83pghZ5MdVcr4&pnref=story
Па тоа ми е зборот оревка нема зошто да се мисли дека е луда или дали била нормална или не тоа е веке етикетирање. Секако дека ке те сослуша психолог, ако тој не те сослуша ке одиш кај друг, сум била и знам, ако некој не е добар во струката не значи деки сите не се. А некогаш апчиња се неопходни, можеби ако и дале апчиња немало да дојде до ова. Јас за мене си имам пишувано, антидепресивите ми го имаат спасено животот.
Може идела ,а може и не жално е што секој ден се случува. И јас го имам поминато тој дел од животот..што за мене беше исто како да сум мртва,на самоубиство не ни помислував,психолошка помош не побарав.Повеќе пешачев,понекогаш дизејпам зимав или алкохол може не требало али таму сум барала некој мир и сега сум горда и покрај се јас останав на нозе силно не се предадов на депресијата. Неможе секој да успе да се избори против себе. Дојде многу тешко време преку ноќ све се смени,брз живот,немаштија,загадување,стресови,нервози лугето сето тоа неможат да го поднесат
Ја имале сликано жената сликата дојде до мој соученик сите ја видовме..ме потресе иако ова не ми личи на самоубиство.Не знам обдукцијата што покажала. *Самобиството е нешто најкукавички.Што и да се случи мора самите дс си помогнете макар и на раб на лудило. Кој осетил на себе знае..
Ако ти препишале таблетки тоа не значи дека си ретардирана Едноставно помош за твојата моментална ситуација. Сите сме паѓале, станувале па опет на земја..животот е борба, за година дена ќе се смееш со какви небитни лицемери си се дружела и ќе бидеш благодарна што повеќе не се во твое опркужување како и сите ние на форумот со нашите некогашни лицемери
Девојко ај приземји се малку. Извини,но ништо не решаваш со твоето самоубиство,само ќе ги завиеш во црно блиските. Ајде барај совет од стручно лице,излегувај,дружи се,моли се имај си верба. Сите сме биле барем по неколку пати паднати психички,но сме се избориле,тешко е,признавам,но биди упорна. Животот е борба. Самоубиството е кукавички чин кој не решава ништо,иако во моментов ти изгледа дека е океј да се самоубиеш. Ај освести се малку,некој сака да живее,а не може оти страда од неизлечива болест на пример,а ти здрава права ќе си го одземаш животот!!!
@sexygrils236 ок, кое е чувството што те тера да сакаш да се самоубиеш? Дали е некој одреден проблем или препрека? Ако да, кој? Мој совет е да се обратиш кај стручно лице, црни мисли и желби за самоубиство се страшна работа, ама има толку работи за кои вреди да се живее. Седни и замисли ја иднината малку. Многу работи долгорочно се поинакви од ова што би биле сега. Сите проблеми, макар и најтешки, во некоја иднина се само приказна, која ќе ја чувствуваш во траг, ама никогаш со ист интензитет, повремено, а никогаш постојано. Нема смисла да го прекинеш животот сега и да пропуштиш многу работи. Дали имаш некакви интереси? Претпоставувам дека да. Зар не би сакала да знаеш што ќе се случи во одредено поле кое те интересира? Размисли за луѓето кои ти се блиски, кои те сакаат. Ќе ги скршиш. Зборуваш за некои "другарки" кои би се радувале на ова, дали навистина сакаш да им го дадеш тоа задоволство? Што сакам да ти кажам е дека каков и да имаш проблем, јас сфаќам дека за тебе е најголем и дека мислиш дека не можеш да се справиш. Но, можеш. Не си пробала, па да знаеш. Никој проблем не можи да е доволно голем за вистински да се откажеш од благодатите на животот. Дури и животот да е кучка, има толку работи кои може да се доживеат, кои ќе ги пропуштиш. Немој, да би можела, сигурна сум дека би се каела. Најмногу што можеш да направиш за себе е да посетиш стручно лице. Не се предавај без борба, војувај со чувствата ако треба, војувај за победа, за живот. Јас сум скоро сигурна дека по неколку посети кај стручно лице твоето мислење ќе се смени драстично. И зошто си решена на чекорот, нема што да бараш изговори, сфати го како пролонгирање дури и ако сакаш, како станица пред да ја исполниш целта, само што јас лично верувам дека мислењето ќе ти го донеси во спротивен правец, па по месец дена ќе пишеш пак како си подобра и дека за малку ќе ја направеше најголемата грешка во својот живот. Јас најискрено се надевам дека ќе ме послушаш, зошто немаш причина зошто не би. Се најдобро и пиши пак, пиши често. Многу убави пријателства се родиле на форумов.
За ниту еден проблем на светот решението не е во одземањето на животот. Немојте ни да помислувате на такво нешто. Пред многу години баба ми имаше неколку обиди за самоубиство. Не и било лесно јасно ми е. Не можела да ја поднесе смртта на своето дете и сакала да се најде таму каде што е тој. Ние бевме до неа цело време. Не ја испуштавме ниту миг. Се сеќавам, иако бев мала, каде таа, таму и јас одев. Знаеа моите дека ако јас сум до неа нема да стори ништо, за да не ме исплаши. Еве поминаа скоро 20 г од тогаш и таа сега си вели дека не требало да прави така. Сега гледа утеха во нас. Се радува на секој наш успех и од ден на ден има се повеќе желба за живот. Баш пред некој ден рече јас не умирам ќе живеам до 80 год.
Пред два дена слушнав дека еден 22 годишен се обесил. Никогаш го немам запознаено ниту видено, но многу ми падна жал. Се согласувам дека самоубиството е кукавички и дека секогаш има решение. Луѓе се самоубиваат поради други луѓе нема друго објаснување. Дали станува збор за фамилијарни проблеми, девојка/дечко или пак пријатели. Проблемот е да најдеш некоја личност што ќе е тука за тебе и ќе ти помогне да поминеш покрај тој тежок период. Сега кога ќе ти пише некој на фејсбук или на било која друга социјална мрежа "како си", прашуваат чисто онака во муабет, не дека ги интересира(не важи ова за сите). Овие денови не можеш да најдеш пријател на кого ќе можеш се да му кажеш било кога било каде. Не сме сите исти, не можеме сите проблеми и маки што ги имаме самите да си ги решиме, некогаш едноставно ни треба совет. Некогаш ти е и страв да му се отвориш на некого да му кажеш што те мачи. Самоубиството иако е лична работа не треба да има на вести, јас мислам дека е добро што кажуваат на вести бидејќи сум приметил дека се зборува меѓу луѓе, некако стануваш посвесен и навистина сфаќаш што значи да си го одземеш животот и како ќе влијае на тие околу вас.
Не не се самоубиваат луѓе поради други луѓе.Се самоубиваат во момент на слабост кога немаат друг излез и друго решение.
Овој дечко што го напоменав се самоубил поради девојка. Некогаш не станува збор за момент на слабост, едноставно некои личности се психички нестабилни и тешко е да приметиш дека нешто не е во ред со нив се додека не биде касно.
Nikogas tie lugje ne bi gi opravdala sto se samobivaat postoe i drug izlez samo ako se obides da go najdes!
Сигурна сум дека додека тие луѓе би биле психички здрави, не би се самоубивале. Тоа е и проблемот всушност, дека се работи за болест, а не за одлука донесена од здравата свест на човекот. Затоа е подобро да се открие, најчесто депресијата, и да се лечи со време за да не дојде до вакви работи. За жал е тешко, и многу сочувствувам со сите кои имаат слични проблеми. Но бидете силни, оставете ја гордоста на страна и побарајте помош, се се решава.