Тоа е и проблемот на општеството по ова прашање. Кои сме ние (ти, јас, кој било што не ја познава жртвата) да (не) оправдуваме, да гледаме со осудување некој што се решил на ваков трагичен чекор?! За тие што не го нашле излезот, нам ни останува само емпатија и човечко сочувство. И секако таквите случаи да бидат аларм за сериозноста на менталните болести, потребата за помош и охрабрување да се бара истата кај стручни лица, а не стигматизација и малограѓански муабети.
Kako i da e...Toa e moj stav i mislenje na temata okolu samubistvo....sepak ne bi go opravdala toa sto ke bide ako sekoj 2-ri go pravi toa?
Па затоа пишуваме тука да се крева свесноста за менталните болести, да се разберат, да се сочувстува со нив, да не гледаме со осудување на таквите лица туку да им пружиме поддршка за живот и разбирање и со тоа надежно да им се продолжи животот. Значи нема тука што јас да поддржам или не нечие самоубиство, само можам да кажам дека е крајно тажно и непосакувано, но во исто време треба да се посвети внимание на личностите кои се сега тука, живи, но кои потенцијално можи да посегнат по својот живот. Да се спречи нечие самоубиство, за жал - не можи да се лечи.
Ne ne gi osuduvam daleku od toaa...samo ne sum za samoubistvo toa e see....za toa nema lecenje da ama sepak so taa osoba treba da se ragovara itn...
Треба да се разговарат со секој Посебно со оваков тип на луџе Можи и малце подоминантно Да му влезе во глава што треба а што не
Многу погрешна перцепција имаат некои од вас за ова. Најчесто за да дојде до самоубиство, треба да имаш или депресија или биполарно растројство. Да дојдеш до одлука да се самоубиеш не е туку така. Многу е тешко кога секој ден ти е тежок, западнат си во дупка, не гледаш светла точка во ништо, немаш интерес, не чувствуваш ништо и сево ова ако не се лечи големи се шансите да доведе до самоубиство. Лично се имам борено со самоубиствени мисли, и во тие моменти не размислуваш свесно. Се е до хемијата во мозокот. Затоа и впрочем се даваат антидепресиви за да спречат вакви работи, да се нормализира нивото на серотонин. Ама табу тема е ова ептен уште кај нас. Ретко кој отворено се осудува да збори. А треба многу, зошто веќе има голем пораст на самоубиствата кај нас.
Ja nikad u zivotov moj za samoubistvo ne sum razmisluvala no ednas koga bev mn pijana sakav da skoknem pred kola no sreca me zadrzija drustvovo nz dal e do alhoholot ali kogaj mi kazaja bev stapisana i custvuvas golem sram deka svite znaeja..
Самоубиството никогаш не е одговор, или пак излез. Повеќето коишто се немаат борено со депресија и самоубиствени мисли, ќе кажат дека одземање на сопствениот живот е знак на себичност, и дека оние што се самоубиле воопшто и не размислиле на последиците. Што воопшто не е точно. Овие депресивни и самоубиствени мисли не доаѓаат преку ноќ. Прво (можеби) се појавуваат проблеми во семејството и социјалниот живот, па човекот губи интерес за, на пример, неговото хоби, а потоа се губи и интересот за извршување на секојдневните обврски. Потоа доаѓа желбата за неизлегување од соба. Депресијата бавно го уништува човекот, кој ако не побара помош навреме, ќе мора понатаму да се соочи со мисли за одземање на животот. И не смее човек да помисли дека некој што се самоубил, всушност не се потрудил доволно и дека животот е полн со виножита и цветови и такви глупости, но тој не сакал да се излечи. Бидејќи, луѓето кои се соочуваат (или се соочиле) со погоренаведените работи, се меѓу најсилните личности на светот, психички - не само физички. Тие воделе битка со самите себе, се обидувале да не го слушаат гласот во нивниот ум којшто постојано им велел дека животот им е безначаен и дека се товар на сите. Од лично искуство, имаше едно девојче кое наводно било депресивно, и се што излезе од устата на моите другарки беше “бог да чува“ и “за што би можела таа да биде депресивна“. Така да, наместо да им се потсмеваме на оние кои имаат психички проблеми, треба да се обидеме да им помогнеме. Самоубиството не е одговор, но немаме никакво право да ги судиме оние што си го одземале животот. Се извинувам што не можам доволно јасно да ги искажам своите мисли, но не е наша вина што ние младите не сме доволно едуцирани на оваа тема.
Јас ете се имам борено со таа болест, со такви мисли, па ете и јас велам дека е себичност да посегне човек по својот живот. Има човек без проблеми? Нема. Епа зошто едни знаат да се борат а други само да се жалат? Не сум човек кој не разбира, одлично разбирам, затоа што сум поминала низ тоа. Ја разбирам маката и сѐ низ што поминува една депресивна личност, ама ако не е себична, ќе стегне заби и ќе се потруди да надмине сѐ, ќе побара помош кај стручни лица, ќе смени начин на живот, и тоа поради две причини: едната, за да си помогне на себе, а другата, за да не им нанесе такво ужасно црнило на најблиските. Сите имаме семејство на кое му требаме или имаме некоја личност која нѐ сака. Не е себичност на нив да им го срушиме светот? Себичност е да се мисли само на својата болка, а не и на туѓата.
Многу зачестија самоубиствата. Мислам дека најголема причина е невработеноста. Да не можеш да си го прехраниш семејството. Полека запаѓаш во депресија. Човек треба да се бори. Се прашувам како на таквите не им е жал што ќе остават деца без родител? Се е до психата.
Порано и јас мислев дека не треба да има никакво оправдување за оние што посегнуваат по својот живот. Но, по некое време се соочив со другар кој имаше, всушност се’ уште има самоубиствени мисли. Тешко е, многу. Да гледаш како некој се распаѓа пред тебе, да гледаш како се повредува себе си, да не знеш како да постапиш, болно е. Кога човек ти се отвара за секој детал од неговиот живот, сфаќаш дека депресијата, слабоста доаѓаат сами по себе и штом навлезат длабко, многу е тешко да се избркаат. Џабе се сите зборови и совети кога проблемот не се решава од корен. Не сакам да помислам што би можело да се случи ако не се превземе нешто, ама дефинитивно нема да го обвинувам ако се случи најлошото. Едноставно имам потполно разбирање за луѓето кои се прогонети од вакави мисли
Здраво Дали мислите дека кај нас фали - телефонска линија за советување и психосоцијална и емотивна поддршка? -бесплатна групна психотерапија на лица чии блиски извршиле суицид и суицидални лица? -едукации во средни училишта за зачувување на менталното здравје и справување со социјални ризици? По повод секој помен правам по една хуманитарна акција,сега се одлучив да покренам нешто,па здравје ќе видиме. Секој коментар,критика или идеја се добредојдени
Идеите се одлични @Kik3 и ќе почнам со едукацијата во училиштата за менталното здравје. Зошто кај нас сите работи кои се однесуваат на менталното здравје се толку табу и недостапни, е зошто повеќето од луѓето не се запознаени со нив, не ја сфаќаат нивната суштина, и потребата да се бара помош. Од таму, секој кој би побарал помош, ова е доста застапено во помали места, се етикетира. Па, ситуацијата на тој кој побарал помош е незавидна прво поради својата тешкотија, а следно поради неможноста да побара помош, или доколку би побарал помош да биди осуден или етикетиран од околината. Накратко, мислам дека едукацијата е совршен почетен чекор за да се разреши стигмата околу менталните болести. Паралелно со ова треба да постои и линија за помош, советување, која би била застапена со самата едукација, за да стој долго пред очите на луѓето, да ја знаеме таа линија како што знаеме број за пожарна, брза помош и полиција. Ама ова ќе биди без корист ако прво не е народот едуциран, зошто ретко кој би запишал бројот ако е на реклама, но ако децата се едуцираат ќе знаат зошто треба бројот да им е во именикот, за секој случај. Дури и мислам темата да се збора на родителски, за на тој начин и родители се запознаени со ова. Па штом точките горе тргнат, и се крени свеста на повеќето, групна терапија е прифатлива. Секогаш помага споделување на слични искуства, во случајов самоубиство на некој близок. Сметам дека ваква групна терапија треба да има за се што можи да прави тешкотии во живот на човекот, некои полесни проблеми ама и за некои потешки. Сепак, не сметам дека треба човекот да биди форсиран да учествува на ваква средба туку благо биди известен, па да одлучи дали сака да оди или не. А би бил известен ако посетува психотерапевт/ психијатар, или пак нивото на свест за ментални заболувања е доволно кренат, па луѓе кои слушнале за таа групна терапија - да ја предложат, или пак самите институции. Пак ќе кажам, одлични идеи и иницијативи!
@theowndemon психотерапијата посекако ќе биде на доброволна основа по пат на пријавување на сос линијата,а сеансите да ги води врвен психотерапевт. Инаку да напоменам дека ова не е од институционален карактер,туку мој проект аплициран од невладин сектор за превенција и дестигматизација на суицидалноста.
Ќе се навратам до првото прашање „Дали сум пробала да се самоубијам.“ чисто едно искуство од една депресивна особа која поминала низ тоа. Кога бев 15 години, т.е пред 3 години пробав да се убијам и испив апчиња, кој секако штетеа за мојот организам. Сакав да се самоубијам дека мислев дека сум слаба, мајка ми, дечкото што го сакав, животот, се тоа што се случуваше тој период ме ужасно изморуваше, а не беше никој да ми подаде рака да станам, да ми каже „еј не си сама, тука сум јас.“. Сега можеби ќе ме судите по години, како 15 години дали си нормална била. Што е крив 15 годишен тинејџер кој нема мајка кога му е потребна? Која го полудува. Што е крива таа особа кога се затреска во некој, и не е возвратено тоа? Мислејќи дека ќе најде мир, таа го губи. Денеска стојам исправено на нози, и не се срамам од тоа што се случило тогаш. Точно 2 години поминаа како ме остави дечкото што го сакав најмногу, не засакав никој после тоа дека не верувам на машките срца, чудни се. Освен овој месец, се дешаваат чудни работи, не знам. Како и да е, кој и да пробал, се надевам дека е здрав/а сега и дека сето тоа и било добра лекција во животот за понатаму. Мене ми беше, и никогаш нема да ја наведнам главата заради тие глупости, ме научија доволно, и сега сум тоа што сум, своја јас. Опростив на сите, но не заборавив и продолжив понатаму.
http://www.libertas.mk/zhena-skokna-vo-vardar-dvajtsa-da-spasija-od-davene-pa-ja-tepaa/ Добро бе, остана ли уште некое примитивистичко и нехумано дно што не сме го пробушиле во државава еј? Страшно...
Wait, what? А за шо, демек лекција да одржат? :') Ох, ох, зини земјо голтни ме, туѓ срам ме изеде. Требаше да скокнат и да ја спасат, и таму да завршеше ова. Бар херои ќе ги викавме сега.