Самоубиство

Дискусија во 'Психологија' започната од Bright, 16 март 2010.

  1. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.030
    познавам едно дете од 17-18 години кое се самоуби заради тоа што неговите не му купиле мотор,страшно,подолго време ги молел неговите но тие не се согласиле да му купат,па решил да ги зааплаше и демек ќе се беси но не измерил добро,и неможел никако да се спаси пробал,но сепак во паника побрзо се удавил,најтрагично е што после погребот уште истата ден и се појави на една негова другарка на сон,плаќејки и жалејќи за стореното,и велел не сакав да умрам,не сакав да умрам

    затоа не ни помислувајте да заплашувате некој,не ни помислувајте да направете нешто вакво :sweat:
     
  2. Suzeto

    Suzeto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    272
    Допаѓања:
    19
    јас мислам дека треба голема храброст,,,,
    имавме случај во комшии,се напи солна киселина се уште е во болница,испила цело шише,па за тоа треба храброст голема,како издржала 1л.да испие
    не оправдувам во никој случај но тоа е дел од секунда кога веке не можиш да издржиш...
     
  3. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.606
    Пол:
    Женски
    Најсилниот нагон кај човекот е нагонот за самоодржување и одбрана на сопствениот физички интегритет и секој човек, веројатно на овој нагон му го должи сопственото преживување и преживувањето на сопствениот вид. Пред силата на овој нагон одстапува се друго, сите потреби, желби, посакувања. Сепак, за моќта на тој нагон има исклучоци. Самоубиството е тој исклучок.

    Самоубиството представува длабок, интимен и личен чин, но истовремено тој е општествена појава, бидејќи е последица на нарушени односи меѓу поединецот и општеството.

    За многу луѓе кои се чувствуваат суицидно, им се чини дека не постои друг излез за нивните проблеми. Кога се обземени со суицидни чувства , нивниот свет може да се опише само со еден збор - смрт. Силите на нивните суицидни чувства не смее да се потценуваат, тие се вистинити, моќни и неодложни. За нив не постои волшебен лек. Кога лицето е депресивно, има тенденција работите да ги глледа од една сиромашна гледна точка. Една недела или еден месец подоцна, се околу него може да му изгледа пшоинаку. Повеќето од луѓето кои имале суицидни мисли, денес се среќни што се живи. Многумина од нив изјавиле дека не бил животот она што сакале да го прекинат, сакале само да исчезне душевната болка кој ја чувствуваат.

    За луѓето со суицидални идеи, најважно е да разговараат со некого, не треба да се обидуваат сами да се справат со ситуацијата. Треба веднаш да побараат помош. Едноставниот разговор со членовите од семејството, со некој близок пријател или колега, може да придонесе до благо ослободување од тензијата која лицето ја чувствува. Меѓутоа, не секој човек може да разговара со членовите од семејството или со пријателите. Во случај кога лицето подолг период се чувствува депресивно или пак кај него долго време опстојуваат суицидни мисли, најдобро е да разговара со стручно лице - психијатар, психолог, психотерапевт, пред се поради фактот што постои можност личноста да страда од клиничка депресија. Тоа е здравствена состојба која е предизвикана од хемиски дисбаланс и обично се третира со лекарства и/или соодветна психотерапија.

    Времето е важен фактор за надминување на она што се случува, но најважно е што се случува во тоа време.

    Поговорката “Човекот си е сам на себе најголем непријател“ одлично се отсликува во нашите лоши навики и избори кои полека, но сигурно ни скратуваат години од животниот век.
     
  4. slatkichKa123

    slatkichKa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    343
    Сум помислила. Пред две години и одвратно се чувствувам поради тоа. Имав премногу проблеми, со кои неможев да се справам со тогашното мозоче. (и не проблеми како не ми купуваат нов мобилен). Ми дојде како идеја кога буквално ментално го допрев дното, но ете во тој момент (смешно звучи) ама цел ден беше облачно.. и кога ми дојде идејата огреа сонце (најмногу сакам сончеви денови) и се замаразив на кратко самата што би си го скратила животот и се прекрасно што е во него. Размислив, и сфатив дека има многу што ме чека, и не би се откажала лесно.
    Самоубиството Е кукавички чин, не треба да си храбар за да се убиеш, храбар си ако останеш и се бориш за подобро утре.
    Посакувам други да се освестеле навреме..
     
    На dzunica и bitter-girl им се допаѓа ова.
  5. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    да се обидеш да се самоубиеш е најлесно(и да успееш) но што ке прават твоите најблиски без тебе, твоето семејство, роднини, пријатели :!:
    иако поминувам низ тежок период , и да сум помислила на оваа опција, сватив дека немам храброст за тоа, а и постојат личности и нешта кои ми го разубавуваат животот(како што е форумов и феминките)па самоубиството отпадна како опција(не дај боже веке да ми мине низ глава) :!:
     
    На dzunica му/ѝ се допаѓа ова.
  6. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.938
    Имав претерно тежок период, изгубив некој што ми значеше претерано многу. Бев изгубена, занесена, несконцентрирана, само мислев колку е се бесмисленои страшно, но сфатив дека треб да се живее за другите ако не за себе, да се помогне секому кому се може, да се направи некое добро дело. И сега сум најсреќната девојка на цел свет. Знам дека ништо нема да ја врати таа личност, знам дека ќе ми фали неизмерно, засекогаш ќе остане во моето срце, но се надевам дека ме гледа сега и се гордее со својата "мала глумица"
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Ооо да, сум помислила. Ама сериозно. Најсериозно. И сум била на чекор до тоа. Епа јас знам како ми беше...И не беше за банални и глупави причини. Најтрагично е што требаше тоа да го истрпам кога бев само дете. И нормално дека имаше комплетни промени на мојата личност. Не се откажав, продолжив. Секој кој ке се најдеше на мое место ке помислеше на тоа, ама во тие моменти најважно но и најтешко е да се остане силен. И знам колку е тешко да плачеш секоја вечер, да немаш ама баш никој покрај себе а тие што се грижеле за тебе засекогаш да ги нема. И знам како е да се плашиш да излзеш надвор зошто ти е страв од самите луѓе бидејки се плашиш од нивната способност да повредат. И со месеци да седиш сама дома. Ама еве јас преживеав, и горда сум на тоа. И сега сум многу посилна. ;)
     
    На mime87 и maca99 им се допаѓа ова.
  8. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.950
    Пол:
    Женски
    сум помислила да се самоубијам лани поминував низ пеколен период направив многу грешки несвесно многу работи излегоа од контрола моето семејство знаеа дека нешто ми се случува но неможев да кажам едноставно неможев и тие ми свртија грб едноставно бев како во темен тунел ќе излезев и занесено пешачев одев одев и само одев а ни сама незнаев каде одам по кратко време кога ќе се свестев се прашував како стигнав до таму и што барам таму бев во ужасна состојба не гледав ниту една светла точка во тој тунел ја изгубив вољата да се борам наредниот ден зедов едно пакетче лексилиуми сакав да заспијам и повеќе никогаш да не се разбудам никогаш се затворив во мојата соба ги зедов апчињата во главата ми поминаа страшни слики последното нешто беше таткоми што помислив на него иако тогаш не ни зборував со него знаев дека ако го сторам тоа таткоми нема никогаш да ја издржи мојата загуба нема да го издржи тој страм неговата ќерка да се самоубие со тоа ќе го убиев и таткоми знаев дека со тој чекор целото семејство ќе се распадне раката ми се закочи се повлеков останав да живеам поради нив незнам како ми помогна господ незнам побарав помош и од мајками и таа ми помогна бев во голема депресија со месеци не излегував надворнемаше вечер да не заспијам а лицето да ми е облиено со солзи грешките и по една година ги плаќам сеуште лузните во мојата душа тука се сеуште но горда сум што го преживеав најлошото
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Самоубиството е чин со кој ја покажуваш слабоста.

    Дека секој си има свој живот-има, ама тоа не значи дека треба да си го одземе. Колку му било ‘пишано‘ да живее, ке живее.
    + Православната Црква не прима да се пеат мртовците кои се самоубиле. :|

    Искрено, некогаш ти доаѓа преку глава од се‘, ама ке истраеш, ке помине. Во афект можеби сум помислила, ама за да го сторам ми треба поголема храброст.
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    7.434
    Пол:
    Женски
    Би излажала ако кажам дека немам никогаш помислено на тоа. Најопасно мислам дека беше некаде во 6то одделение, кога всушност и ја доживеав најголемата емотивна криза во својот живот.

    Бев отфрлена од се`, очајно пробував да се вклопам во нечие друштво, социјалниот живот ми беше сведен на 0.
    Паметам дека тогаш ги извадив своите кукли и дека им правев место за спиење веднаш покрај мојот кревет, дека им шиев разни фустанчиња, дека им зборував, ги галев, никаде не излегував, а и премногу попуштив на училиште.

    Тоа беше премногу за мене, за годините кои што тогаш ги имав. Се чувствував како никој да не ме сака, како да моето присуство не придонесува во ништо, како да никој воопшто и не забележува дека сум тука. Дека постојам. Дека ме има..

    И една вечер, се одлучив. Бев цврсто решена дека ќе го направам тоа, земав лист хартија и пенкало, седнав на тепихот, ја заклучив вратата и почнав да пишувам.
    Знам дека најпрвин напишав писмо за мајка ми, а потоа за татко ми. Солзите не можев да ги сопрам, скоро и да не можев воздух да земам.
    Потоа отидов накај прозорецот. Го отворив и седнав на плехот. Не можев да погледнам надолу (имам страв од висина), и тука запре се`. Сфатив дека не сум доволно храбра за такво нешто, а и во тие моменти во главата ми поминаа милион луѓе, лицата на луѓето кои што највеќе ги сакам, а знаев и дека моите не би поднеле таква загуба, (единица сум). Толку беше.

    Денес, има доста години поминато од таа случка.
    Од една страна смешно ми е сево ова, ама од друга, никогаш повеќе не би сакала да ми се повтори истото! Премногу болка, страдање и осаменост, не би можела пак да минувам низ тој кошмар. Но, пресреќна сум што се` се реши совршено добро, дури и да не ги претрпев тие маки којзнае дали ќе ги сретнев сега моите најдобри другарки.
    Едно знам, вредеше, затоа што ништо во животот не се случува случајно.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ElleS

    ElleS Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    210
    Имав огромна криза при крајот на 8одд. знам дете ама ајде. Истиот случај се случуваше и со една другарка не дека сериозно сфативме и размислувавме за самоубиство ама ете. Правиш работи за кои не размислуваш. Често зборуваме за тоа. Еден ден се најдовме на 10 спрат од една зграда. Јас помислував за самоубиство ама знаев дека никогаш не би го сторила тоа ама ете. Другарка ми многу почесто зборуваше за самоубиство и цело време мислав дека е спремна да се фрли од терасата. Во еден момент и реков да се вартиме дома и јас слегував надоле по скалите и не видов дека другарка ми излегла ама отишла по други скали. Јас приметив дека ја нема и се вратив на терасата кога видов дека ја нема веднаш помислив дека се фрлила - нозете ми се пресекоја како никогаш до сега. Не знаете какво е чувството да мораш да погледнеш надоле низ терасата и очекуваш да видив распарчено тело :| :| :| во тој момент дојде другарка ми и видов дека се е во ред. Но после упатениот поглед надоле незнајќи што се случува имам огромен страв од височини, никогаш не се доближувам до тераси, несакам високи згради и среќа живеам во куќа. Верувам дека поголемиот дел од нас имале некоја емотивна криза, храброст е да направиш самоубиство но е и премногу себично, тоа е работа која не размислуваш за ништо друго и кога мислиш дека тоа е единственото решение а секоако дека не е. После сето тоа сум имала и други кризи во живото кога сум била негативна без никакво гледиште за животот но за среќа секогаш сум наоѓала некој излез знаејќи дека помислата да извршип самоубиство е само огромна траума за понатаму
     
  12. unlucky

    unlucky Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    80
    па неколку пати сум помислила на самоубиство иако сум релативно мала кога сум била крајно разочарана.. и пред се да им вратам на тие што ме повредиле, да им покажам колку би било полесно да ми помогнеа, и сл.. а најчесто тоа го помислувам кога се карам со моите дома...не од др. од инет, за да имаат грижа на совест... ама брзо ми поминува... :D
     
  13. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Ух не ми се допадна тоа дека со тоа ќе им вратиш можеш да им кажеш на поинакви начини да им потенцираш дека ти треба помош, ама убивање за инает зар го има и тоа?
     
  14. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    A да размислиш да им вратиш на тие што те повредиле со тоа што ќе бидеш среќна?
    Си размислила за тоа?
     
    На kristii му/ѝ се допаѓа ова.
  15. unlucky

    unlucky Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    80
    Абре и јас сум еден чуден карактер, ни самата не се разбирам :D

    фала богу што такви идеи ми доаѓаат мн ретко, а не ни планирам да ги реализирам..
    само знам дека кога ќе се искарам со моите дома сакам да видат колку патам во таа смисла.. ама толку сум нарцис никогаш не би се самоубила :D
     
  16. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Ќе те карам за муабетот, никогаш повеќе да не си посмислила на тоа! За такви работи, треба да имаш енормно големи проблеми или психички да си лабилна да го сториш тоа. Подобро остани си нарцисоидна и сакај си се себе! :*
     
    На unlucky му/ѝ се допаѓа ова.
  17. unlucky

    unlucky Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    80
    хехехехехе... за тоа во право си, а да знаеш уште за што ''проблеми'' се работи ќе се згазиш од смеење.. фала на советот :) :*
     
  18. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Анлаки ако те фатам ќе ти кажам смеење, тоа ти што си го пишала не е за смеење богами. :D
    Бре не смееш да помислиш на самоубиство од инат во никој случај не па при здрав разум.
    Храброст е да ама некоја неприродна храброст (луда), треба да бидеш храбар ама не и психички здрав за жал за да го направиш тоа.
     
  19. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383
    Никогаш не сум помислила, имав верба дека кога една врата ќе се затвори, друга се отвара, можеби веќе не верувам дека нештата ќе се подобрат, не планирам веќе ништо, затоашто ништо не одеше како што треба, ама пак-никогаш не би помислила на тоа...
     
  20. k.r.i.s.t.i

    k.r.i.s.t.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2011
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    50
    ја сум луќе релакс од се,многу не му се секирам и нервирам,ако гори нека гори,ако паќа нека паќа.сум имала и јас многу падови во животот и ке ги имам и јас и стие други,али не му досло на памет такво нешто никогаш не сум помислила да се убијам!!! :D проблеми настануваат секој ден,ама со раговор и со рамислуване како што настанале така може и да исчезнат,за секој проблем има решение доколку добро се знаат причините кои го предизвикале!тие што помислиле на тоа не ги обвинувам во моменти на слабост човек ке помисли на се,и има некои кои подлегнуваат на тоа и се убиваат а тоа е толку многу жално.сум се прасувала пример како ке биди без мене,дали ке ме спомнуваат поле тоа,ама тоа онака формално!Мојот живот го дал некој друг и тој ке ми го земе кога ке дојде време за тоа :^)
     
    На unlucky и mime87 им се допаѓа ова.