И да е 99,9% шансата некој да трола, пред да си играте мајтап, размислете ако е во прашање останатитот 0,1% , како ќе делува ова поигрување со чувства на некој кој е суицидален. Спремни сте да живеете со можноста, дека поради ваша 'зафрканција' некој може да биде мртов? он топик: Секој кој помислува на самоубиство, не значи дека ќе го направи тоа, но мора да се консултира со психијатар.
Со вакви теми шала- Н Е М А !! Бидете искрени, па кажете дали некогаш во животот не Ви паднало на памет да си помислите : е неможам повеќе Е сега, има разлика возраста, менталната зрелост на личноста и притисокот кој го трпи (дали е секојдневен или еднократно му е дадена на знаење некоја работа па го притиска грижа на совест). Возраста.Дали е тинејџер па и хормоните влијаат на психата или е созреана личност која е лабилен карактер. Менталната зрелост..колку човек е спремен да ,,одговори,, на тежината на проблемот.Не секој исто реагира на ист проблем. Притисок...дали се притиска сам себе или го тишти некој авторитет (родител, наставник, претпоставен...) Во секој случај, треба да се разговара смирено и да му се даде на знаење дека сите имаме некаков проблем и дека не е единствен и сам НО, треба да се насочи дека сам треба да се избори. Доколку во прашање е депресија, треба да се однесе кај стручни лица. А совети од типот - Спојлер: Стара изрека што мислеше кога се е*еше ИЧ ама баш ИЧ не помагаат
Sega i tatko mu sakal da si presudi ama djabe, veke e kasno. Se kael mnogu oti mu rekol taka demek ne mislel vistina. Greota za taa majka
Кога причина за самоубиство би била ''зафрканција'' би требало сите да молчиме, бидејќи нели не знаеме каква е личноста со која дискутиреме, може да е склона кон самоубиство.Така му доаѓа ако идеме по таа логика. Луѓе ако некој реши да се самоубие тој ќе се самоубие макар и ѕвезди да му симнеме. Наше е да го посоветуваме дека не е добро, дека со смртта нема да си ги скрати маките, дека сите имаме проблеми, дека и од нашите проблеми има поголеми. Ако тоа не го сфати на тој човек психијатриско лекување му е повеќе од потребно.
Ne e ogovaranje samo I odgovoriv na feminkata, najmalku sakam da prenesuvam muabeti bidejki deteto go poznavav
И сум слушнал и сум почувствувал. Реков зафрканција бидејќи ти погоре спомна дека некој може да се самоубие поради наша ''зафрканција'' а не булинг. Ако некој некому на шала му каже да се убие и тој навистина го направи тоа ти тоа за булинг го сметаш? По таа логика би требало сите да молчиме и комуникација само за најосновни работи и потреби да ја сведеме, бидејќи нели не ја знаеме личноста, можеби е склона кон самоубиство, можеби не му е денот, не е расположен па така најмала зафрканција да предизвика самоубиство.
Ехее, колку пати моите ми рекле дека ке ме убијат, ке ме искршат, ќе ме...па ете ме мене, жива, здрава права. Знаеме и ние родителите во лутина да употребиме такви зборови, да му запретиме на детето, но кај психички здрави особи тоа не се сфаќа буквално, па ниту децата се притресуваат многу.
Па нормално е кога сум ги извадила од такт...но знаев дека ниту ќе ме бесеа, ниту ќе ме убиваа...хаха...абе маче, човек кога е нервозен триста глупости ќе каже.
И мене ми плескаа шамари кога бев дете. И не, не е нормално да плескаш шамари и да се закануваш на дете. Затоа кога ќе одат на запад нашите македонци се испотресуваат кога некој ќе ги пријави за психичко и физичко малтретирање на своето дете. Треба да научиме дека не е во ред да тероризираш некого.
Не е нормално во никои услови. А најмалку е нормално да се збори и оправдува вакво нешто во ваква тема.
Булингот е еден од примарните причини за самоубиство. Ти можеш до утре сабајле да рацонализираш и да зборуваш небулози, фактот нема да се се смени. п.с. пошто ми го избришаа минатиот коментар Кои се тие ситуации кои оправдуваат ќотек, молим те? Па што зборувате бре луѓе??? После чудно било ова во Тимјаник! Ова е едно те исто. Неинформираност!
Личност која во моментот има суицидални мисли и некој, макар и на шега, му речи да се убие - тоа може да биди поттик. Таков тип на шеги, покомплексни, осетливи би се правеле само со лик кој добро го познаваш и знаеш како би реагирал. Ако знјш дека личноста е лабилна - не е таа виновна.
Анан де душо, па зарем вашите родители не ве карале никогаш!? Значи само јас сум била "лошо дете"!? Мајка ми ќе викаше, ќе претеше, ама после еден час ќе ми викнеше за јадење и ќе ме гушкаше