Бабе како бе уште си жива после толку булинг од мама и тате? Од горе да не не пишуваш? Иначе не ги карале нив, тие се воспитани во строго либерал-феминистички-опенмајндед настроени семејства. Стотици години строгоста кон децата се покажувала како добра сега одеднаш не е добро. Терај иначе нема да излезеш на крај со нив.
Не бе, не... не можам да објаснувам. Земете читајте за тоа како физичкото и психичкото насилство делува на децата.
Сите сме карани и плескани по газ и раце. Сосем едно е да го искараш дете со цел воспитување, ама конкретно на темата за да научи од грешката. Навредување и заканување и тепање се сосема други работи. Има побрливи деца па ете и да се плеснати по газ, макар и раце. Ама повеќе? За тебе е океј ова?
Се е ова точно но поентата ми беше дека има разлика од булинг до зафрканција. А може некој е и зборлест па ќе каже нешто на некоја лабилна личност и кој е крив овде?
Секој можи да си го собери јазикот ако ја познава личноста покрај себе зошто не можи да има вина една суицидална личност.
Модератори, ако бришите коментари, бришете ги и овие кои промовираат булинг, тепање и закани. Не е 'споделување' мислење, туку промовирање на психичко и физичко насилство.
Никој овде не промовира тепање...аман читајте убаво...Тој што сака да се самоубие и најдобрите родители да ги има на светот, пак ке се самоубие.
Сигурно нема никому да бидат од помош тука, коментари од типот: шамари, 'зафрканции' итн! Значи скроз несоодветни постови на темава. Зборувате за одење на психијатар и вие самите. Замислете психијатарот да му рече на суицидалниот: 'оди отепај се', 'абе ајде за глупости се нервираш', 'тебе ти треба ќотек', 'ај не се занесувај ќе се убиел/а за тоа'?!?
Точно. Секој може да си го собере јазикот но и секој може да се вразуми или да побара соодветна лекарска помош. Ако некој е лабилен што треба да го трпиме неговото тероризирање и вознемирување со тоа што вели дека ќе се убие? Ние можеме само да го советуваме дека тоа не е добро, дека сите имаме проблеми и дека тоа не е решение, или да го упатиме во болница, друго не можеме воопшто ништо да направиме. Сака да глуми тужи баба. Кога не им останува ништо друго што да кажат секогаш напаѓаат и викаат модератори и админи, им ја научив тактиката веќе. Овде никој буквално не промовира булинг и насилство. Ме нарекува глупав а вели стоп за булинг, навреди и насилство. Ете тоа е таа балканска интелигенција. IQ 999
Витали, што бараш на тема 'Самоубиство', ако постови на луѓе кои бараат помош ти се 'терор' и 'вознемирување'? Што очекуваш да прочиташ на тема 'Самоубиство'? Рецепти за торти или прогноза за спортска???
Немам шо да ти вратам дур мислиш дека суицидална личност може да се вразуми, и сметаш дека те тероризира и вознемирува. Бар бирај зборови.
Ич глава да не те боли каков булинг сум осетил јас. Се додека не го познаваш моето минато немаш право да си даваш такви претпоставки. Не ме боли уво кој што мисли за мене. Мислам со своја глава, не потпаѓам на индоктринирање. Една личност која вели дека ќе се самоубие дали си свесна колку луѓе околу него повлекува? За момент ставетесе на место на некој кој живее заедно со лабилна личност која при најмал проблем вели дека ќе се самоубие и има сериозни намери. Воопшто не му е лесно и на тој човек. Тоа е тероризирање во буквална смисла.
Ако ти се тероризирање и вознемирување нечии психички проблеми, тогаш најискрено и сериозно ти велам ова, оддалечи се од таква личност. Аналогно на тоа би било да се воздржиш да пишуваш на вакви чувствителни теми. Никој не заслужува ваква себичност, бесчувствителност и нечовечност околу себе. И ти дете појма немаш што е булинг, ниту пак си осетил. Булинг не е исмејување на игнорантност и апсурдни верувања кои самиот си избрал да ги следиш и агресивно ги буткаш, ниту пак спротивставувањето на твојот говор на омраза. Булинг е нешто сосема друго. Затоа, те молам воздржи се, уште еднаш ќе кажам.
И? Што значи тоа? Да ги оставиме да се самоубијат, ради комотност на луѓето околу нив? Знаеш ли ти колку е тешко да живееш со човек врзан за постела, не може да се движи, врши нужда во пелени? Знаеш колку е тешко да се живее со човек кој е во инвалидска количка? Што треба да им направиме на таквите луѓе? Да ги испратиме во планина за да не 'тероризираат' луѓе околу нив? Сенкир некој посакува да е болен!
Отиди еднаш до психијатрија, поседи пола саат и се ќе ти биде јасно. Тешки се тие пациенти, цела фамилија ја реметат...па што мислиш, зошто на одделението каде лежат такви психички суицидно настроени луѓе е забрането внесување ма метален прибор за јадење, им се вадат врвките, не смеат многу работи...и многупати ги врзуваат за кревет!? Може ли дома родител да превзема вакви мерки заштита, како за себе, така и за детето!? Кој е терористот во дадениот пример!?