Па по твоја логика одам. Велиш дека зборлест човек може да го прибере јазикот, јас велам дека и лабилен човек може да се вразуми. Таков е човекот едноставно, зборлест, несакајќи ќе каже нешто, јазикот може да го прибере но можеби касно ќе биде. Уште сто пати кажи ако сакаш. Инаку да, се оддалечувам од такви личности бидејчи ми сметаат, ми влијае на секојдневниот живот буквално. Несакам да направи нешто во моја близина па да се чувствувам виновен, затоа на дистанца. Мое право е на какви теми ќе пишувам. Сите имаме себичности и игнорантност во себе, на ваков или онаков начин, на оваа или на друга тема. Поголем игнорант од тебе немам видено кога се работи за различни ставови. Само 2 години си постара од мене, не се преценувај, ако сум јас и ти си дете.. Да знам, до пред некоја година имав во семејство. 3 години во постела беше човекот, никогаш не го слушнав пред нас да кука дека ќе се убие или дека сака да умре. Кажав погоре, наше е да ги советуваме таквите личности, да им кажеме дека не е добро, или во краен случај да ги упатиме во болница, друго буквално ништо неможе да направиме.
Имам одено и психијатрија, и неврологија, и Демир Хисар, и по институциите за деца. Знам. Никој не спори дека болеста не е тешка, ама тежок е и ракот, и операциите, и деменциите, и ред други работи. Зошто е поосетливо ова да го пишиш во тема за суицид е зошто суицидални личности читаат и секое мислење тука и во нивната непосредна околина - влијае на нив и на одлуката која ќе ја донесат некогаш, било тоа да е самоубиство, живот, терапија. И не сфаќам целта на твоето мислење, предлагаш некој да се самоубие само за да не е терет на некој друг? Зошто така ми зрачи мислењево.
Не одиш по никаква логика. Воглавно зошто депресијата и суицидот не ги земаш сериозно, туку гледаш на нив само на нешто кое се контролира како приклучок за сијалица.
Вие сериозно немате видено личност во депресија. Прво многу тешко можеш да приметиш. Најчесто изгледа весела и насмеана. На никого не кажува за своите суицидални мисли а не па да тероризира некого. Во никој случај не е врзана за кревет. Од каде ова ни ваш Бог не знае. Не се самоубива на секоја шега. Не секогаш е во состојба да побара помош. Најверојатно и таа не сака да се дружи со вас ама не е некое чудо.
Боже сочувај, па нигде такво нешто не предложив, напротив...ќе ги употребиш сите можни опции кои ги поседуваш за да му помогнеш, но верувај, кај некои нема помош, едноставно сакаат да се самоубијат. Јас имав еден случај каде што момче висеше од балкон, ќе се убивал оти бил ружен, имал говорна мана идр. Првична моја реакција беше страв, се парализирав, а потоа му спискав дека ќе го скршам, дека е саможивник, да помисли на своите родители,да помисли на другите луѓе со физички недостатоци... За моја среќа, детето се најде збунет, се качи на балконот и си отиде.. До ден денес ми стои прашањето а што ако се фрлеше!? Уф...
И тоа не значи дека треба да се помириме со тоа. Во најмала рака ако не можиме да помогниме, што е во ред, добро би било да не одмогниме. За разлика од многуте мислења тука кои одмогнуваат, целта на моите е баш тоа - да пробам да кренам свест за намалување на мислења кои одмогнуваат.
И начинот на кој моментално се спречува некој во обид за самоубиство треба да се бира, оти може да биде само одложување и продолжување на иста депресивна состојба, а не вистинска помош. Ко пред неколку месеци веста за двајцата што ја извлекле жената од Вардар и ја истепале... Не се правилни никогаш зборовите дека има луѓе со потешки проблеми, уште помалку пак дека личноста е себична и „саможивник“. Минимизирањето на нечии тешкотии е нешто многу погрешно, посебно за депресивни и суицидални личности. Има многу да се разбере на оваа тема, но толку се може во вакво општество на затворени умови...
^ Бабето ваљда ги оправдува оние дивљаци ако се сеќавате, девојката што се фрли во вардар, па ја извлекоа и почнаа да ја тепаат зашто пробала да се самоубие. Поправи ме ако грешам едит У исто време пишавме со Специ. Се чека на бабето
Зборови искажани особено како првиов цитат најболно влијаат кај млада личност која помислува на самоубиство. За вториот веќе немам зборови. Имам пишувано за односот со моите, траумите од детство, фактот што отсекогаш сум била мирна и повлечена, во основно бев и малтретирана од соучениците поради мојот мирен карактер. Дека ми дошло неколку пати преку глава, да. Кога сум сакала да разговарам со некого, обично повозрасен, одговорот на некои бил ај ма доста, уште не си видела ти што е живот. Стани родител, па тек ќе видиш какви проблеми ќе имаш. ...Твоите не ти мислат лошо...Нервозна била мајка ти де, затоа така рекла. Всушност и ретко на некого да сум се пожалила и да побарам помош. Гледам на секаков друг начин да си помогнам. Знам дека има и луѓе со дупло поголеми проблеми, кои не гледаат друго решение. Не ги осудувам ако не можам ни да се ставам во нивна кожа. Без разлика дали е тинејџер или возрасен, грдо е да му ги споредувате проблемите со вашите, зошто не секој исто се справува со нив. Или пробајте да помогнете, или не ја влошувајте уште толку ситуацијата.
Кога детето ќе го извалка образот на родителот, кога ќе стане страм и брука во фамилијата, ете тоа!!! Отидовме во сосема друга тема. Не ми е јасно зошто дечкото не си ги поправил оценките, зошто не почнал да учи и да биде примерен ученик...сигурно е дека татко му преку цела година му забележувал за лошиот успех во училиште и наместо ете тоа да послушал, он одбрал да изврши самоубиство...полесно му било тоа отколку да учи!???
Не, не е друга тема. Мислиш дека на децата со слаби оценки не им кажуваат дека се срам и брука во фамилијата? Нормално, тоа подоцна придонесува на депресијата и самоубиствените мисли. За некој кој се смета себеси за мудрец, не размислуваш двапати пред да напишеш нешто.
Ако му зборуваш на детето дека е срам и брука и ако го тепаш, тогаш ти си виновен/на за неговото психичко здравје. Тоа ти кажува.
Оофф...абе какви олоши од деца има, ти иде навистина да ги отепаш..ама не коментирам повеќе, па нарочито со млади девојчиња кои не се родители и можат само да филозофираат.
Родители-не родители, секој може да прочита и научи за насилството и неговото влијание врз психо-физичкиот развој на детето.
Да бе да, кога ќе станеме родители ќе почне од било која причина да НИ ИДЕ и стварно да му викаме на сопственото дете дека ќе го утепаме. Уживај си.