Не мислам дека некој не е свесен дека има таков проблем. Што викаш ти од срам нема да оди на лекар, ќе седи дома и ќе трпи додека не се прелие чашата еден ден. За зимање на таблети на своја рака први сме. Познавам и јас кои што си го одзеле животот. Не би сакал да верувам дека е заради дечко/девојка, иако едниот токму од таа причина се фрли под воз. Овие што си посегаат по својот живот за дечко или девојка не ги жалам толку, ко божем златни им се па не можат без нив.
Сами на себе сме си најголеми непријатели/пријатели. Ако човек е свесен за состојбата во која се наоѓа и има доволно голема желба да ја напушти, може сам на себе да работи. Знам ќе речете дека е лесно да се каже ама верувајте дека е и убаво да се направи. Јас бев 2 години во таква депресија. Неуморно работев сама на себе, не прифаќав никаква помош, ни од блиските ни стручна. Денес не само што сум добро туку сум и горда на себе, притоа мислам дека тој период созреав за 10 години
Има кои не знаат верувај ме. Не сурфаат сите на интернет за психологија од реномирани извори. Поголем дел од македонците читаат Семе синапово и српски таблоиди. Да не се преценуваме како нација, најдобро ќе биде за сите. Поразувачки е, да, но таква е реалноста.
Или луѓето со параноја и убеденост дека цел свет е против нив, до степен што не можат да веруваат ни на експерт, камо ли доктор. Имаат толку голема омраза кон непрофесионалноста и здравството во Македонија што не сакаат да стапнат на лекар. Психологот/психијатарот не може да ги разбере, ќе ги озборува, лажго е, а антидепресивите ќе им го зготват мозокот. Жално е што навистина постојат лекари кои им ги потврдуваат мислењата со нивните неодговорни постапки.
Генерално we are f*cked on so many levels, чудо е како уште постоиме Да речеме дека има надеж за некоја идна генерација ... доколку во меѓувреме се едуцираме соодветно и доколку станеме одговорни
Реално таа параноја е оправдана, колку киксови имало здравството во Мк? И многу нормално е да се сомневаш во професионалноста и стручноста на докторите. Од друга страна жално е што се' уште постои таа стигма на срам од посетување психијатар.
Тоа што го објасни ти не е строгост и дисциплина туку омаловажување, понижување или како сакаш наречи. Јас сум израснаст со строгост и дисциплина, само не на начинот кој го објасни ти. Човекот не е куче инаку па затоа неможе да правиме такви споредби. Имам роднини кои имаат деца на возраст од 3-4 години, ги воспитуваат на начин нималку сличен на оној кој ме воспитаа мене, им дозволуваат се буквално, по проблематични деца немам видено, се треба да е по нивно, ако не е тогаш почнува хистерично врескање дури и се удира по глава едното од нив бидејќи нели не е се по негово. Мене после секоја беља ме следуваше казна така што ми беше забрането да користам компјутер или велосипед неколку дена или слично. Таквите мерки мене ме научија доста што треба а што не иако тогаш бев гневен на родителите зошто ми беа поставувани такви рестрикции. Беа строги но ме научија што треба а што не, ме мотивираа кога требаше и бев казнет кога требаше. Никогаш не сум помислил да се самоубијам до толку сериозно, да се самоповредувам, да немам самодоверба или нешто слично благодарејќи на моите родители кои не го дозволија тоа.
Се согласувам дека темата е самоубиство, а не начини на воспитување деца. Но и преголемата строгост, дисциплина, контрола, може да влијае негативно кај децата, особено оние кои се затворени во себе и немаат самодоверба, не се чувствуваат сакани, што може да резултира со разочараност и помисла за самоубиство. Затоа сè треба да биде правилно дозирано и наградите и казните. Има родители кои само знаат да ги казнуваат, навредуваат децата, никогаш не ги пофалиле и охрабриле.
Па не е возможно само за тоа да се зборува. Ако е така темава требаше само 2 страни да има. Мислам дека е нормално уз темата да се дискутира и за другите околности блиски со темата. Конкретно зборувавме дека воспитувањето од страна на родителите може да влијае дали детето ќе биде суицидално или не.
Пред се тука се мисли психичко малтретирање. Тука станува збор за оној војнички метод или модел на воспитување од страна на таткото. Кај мене на пример татко ми за се викаше и ниту еднаш нема дадено позитивна критика или комплимент секогаш негативни комплименти кои биле до степен на суровост. Колку пати и јас сум си помислувал дали грешката е кај мене или јас погрешно постапувам. Како помал често дури и посакував поубаво да ме немало да не постојам отколку да го трпам тоа. Ама на самоубиство никогаш немам помислено најверојатно се косеше со мојата животна филозофија.
Многу добро ја знам разликата меѓу куче и човек, немај гајле. Секое живо суштество реагира така, ако сакаш подобро објаснување за психологија на кучиња, повели на кафе. Тоа што го опишав јас се строгите родители на повеќемина, кои се враќаат дома пред 22:00, кои мора да вадат 5ки и да освојуваат 1 место на натпревари, 2ро и 3то е понижувачки, комшиите ќе зборат, кои мора да ќутат и слушаат, да ги завршуваат сите домашни обврски сами, да се јавуваат секогаш после школо да кажат каде се со кој се... Ова е тенката кора на строгоста на родителиве, тоа што ти опишав во минатиот пост е делче од тоа што сум забележала и ме згрозило. За тебе методот со казни работел, мене ме изазива. Сум била казнувана, карана, а после тоа 10 пати полоши и поштетни работи правев за себе. Стави ме во кафез и ќе ги раскрварам рацеве додека не се ослободам. Како и кај кучињата, различни методи работат различно кај различни луѓе.
Тoчнo е тoa декa и oднесувaњaтa нa рoдителите мoжaт дa придoнесaт дететo дa се чувствувa безвреднo и дa пoсегне пo сoпствениoт живoт. Тoa е еднa причинa. Нo , имa и тaкви ситуaции кaде децaтa се перфекциoнисти без бaрaњa oд стрaнa нa рoдители. Пa не и сaмo децa туку и пoвoзрaсни луќе секoј мaл неуспех гo дoживувaaт трaгичнo сo штo тие мислaт декa се никoј и ништo и дoaѓa дo инхерентнa суициднoст кaј сaмaтa личнoст бидејќи сaкa дa е перфектнa. Тaкa дa никoгaш не мoже сo сигурнoст дa се кaже кoјa е причинaтa се дoдекa сaмaтa лучнoст не пoчне дa си верувa нa сaмaтa себе , пoчне дa си вели декa вреди и декa е нoрмaлнo дa се имa и пaдoви вo живoтoт бидејќи сите рaбoти не зaвисaт сaмo oд неa туку и oд oкoлинaтa и нaјгoлем удел имa САМOДOВЕРБАТА!! А вoеднo нoрмaлнo е дa се oди нa психијaтaр, не знaчи дoкoлку се oтиде нa кoнсултaцијa некoј е луд и ненoрмaлен кaкo штo пoгoлем дел oд луѓетo вo нaшaвa држaвa кoментирaaт. Бaш oд тaa причинa бидејќи не се интервенирa нaвреме имaме гoлем брoј нa сaмoубистa oсoбенo кaј млaди лицa. И штoм некoј рoдител ќе примети декa нештo не е вo ред сo негoвoтo дете требa дa збoрувa сo негo ,дa му дaвa пoдршкa и ем и дoктoр и немa дa си крене рaкa сaмиoт нa себе.
Читам Тина Тарнер отварам и мислам да видам како изгледа Тина на 78 години во што е облечена итн. и читам и се самоубил синот Незнам што го навело на 59 години да се самоубие. Што мислите вие?
Зошто мораш да бидеш толку непристоен/на. Стварно е жална оваа вест и мислев можда некој знае можда е имал некои проблеми, завист или незнам што
Да знаел некој какви проблеми има најверојатно не би дошло до самоубиство. Да побарале помош и да не се плашеле дека ќе бидат осудувани од околината, многу луѓе кои се самоубиле би биле живи сега. Не бев воопшто непристојна, само крајно реална. Секогаш ќе кажат за жртвите на самоубиство "не знам што му текна, убав живот имаше". Очигледно не му бил убав. Една жена кај нас, кога ја прашале зошто маж и се самоубил одговорила со "Не знам, прв пат му беше".
Што ти менува тебе тоа, да знаеш? Ова како за оговарање ми делува? Нема што да мислиме ние кога никој не го ни познавал човекот, ниту појма имаат каков живот живеел. Бесмислено е. Да фантазираш што и како е апсурдно за икс персона.
Мислам дека надвор од контекст го извадивте прашањето на феминката за тоа зошто се самоубил синот на Тина Тарнер. Ај ве молам престанете со непристојните коментари од типот: оди прашај го; што ќе ти да знаеш, ќе оговараш ли И тн... Можеби навистина само чисто информативно прашала, да не човекот си имал проблем со пороци или пак некои внатрешни конфликти, не бара тука детално анализи да се извршат за причината за прекинување на животот. Сепак е позната личност, и тие на телевизија делуваат како да си го имаат целиот живот средено, па кога ќе се случи нешто вакво, изгледа како гром од ведро небо. Пример, Робин Вилијамс, кој би претпоставил дека со депресија имал проблеми па тоа го довело до работ на животот, и тн. Во секој случај, жално, тешко на неговите најблиски.